КАФЕ ПАУЗА

Дознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл Хром

Дознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл Хром

Written by

in

Ако ви се чини дека јазичињата отворени во Гугл Хром буквално ви ја јадат РАМ меморијата, тогаш не грешите. Во продолжение ви го даваме одговорот на прашањето колку меморија зазема секое отворено јазиче.rnrnДознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл ХромrnrnСо текот на годините, прелистувачите напредуваа и сега поседуваат многу повеќе функции од порано, а корисниците од нив очекуваат врвни перформанси. Така, се чувствуваме слободни да отвораме многу нови јазичиња додека го користиме Интернетот без да помислиме на потенцијалните последици.rnrnМеѓутоа, големиот број отворени јазичиња дополнително го зголемува користењето на ресурсите на компјутерот. Односно, секое отворено јазиче може да заземе помеѓу 100 и 250 мегабајти внатрешна меморија.rnrnГугл Хром користи разни процеси за своите различни компоненти и иако тоа можеби изгледа неефикасно, тие дозволуваат прелистувачот да функционира добро дури и кога некоја од овие компоненти ќе престане да работи, што е генерално подобро отколку да замрзне или да престане да работи целиот пречистувач.rnrnСо самото тоа, прозорците ќе продолжат да голтаат меморија, но вашиот прелистувач нема да ве изневери.rnrnСепак, во зависност од компјутерот, бројот на јазичиња отворени во Гугл Хром може да го забави уредот. Затоа, бидете сигурни дека ги имате отворено само јазичињата кои ви се потребни.rnrnСледно, прочитајте за овие 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачки бавен.