rn
6. Пумпа за екстракција на течности
rn
rnrnДоколку ве касне змија и не можете веднаш да отидете во болница, овој уред може да ви го спаси животот. Тој е исто така корисен во случај на убод од пчела, оса, комарец или пајак. Пумпата ќе отстрани барем дел од отровот и ќе го намали ризикот од опасно труење.rn
7. Маска за светлосна терапија
rn
rnrnОваа прекрасна маска ќе ве поштеди од директното нанесување на маска за лице. Таа има ЛЕД светла внатре: Сини за заштита од бактерии и црвени за намалување на воспаленија. Препорачливо е да ја ставате маската по 10 минути дневно, цел месец.rn
8. Маска против несоница
rn
rnrnПроизведувачите на овој уред ветуваат дека ќе им ги решат проблемите на луѓето кои не можат да заспијат, стануваат анксиозни, премногу размислуваат и губат концентрација поради надворешни дразби. ЛЕД светлата во маската оддаваат блескава светлина што потсетува на сончеви зраци за време на заспивањето. При будењето тие оддаваат нежна, сина светлина.rn
9. Плочка на која можете да ѝ се јавите
rn
rnrnДоколку некогаш сте ги изгубиле клучевите дома, сигурно сте посакале да можете некако да им се јавите за да ги најдете. Сега постои плочка што ќе ви помогне да ги најдете клучевите. Имено, можете да ѝ се јавите на плочката преку вашиот смартфон. Можете да ја закачите на што било, без разлика дали станува збор за кучешко синџирче, ранец или далечински управувач.rn
10. Паметен градник што дијагностицира рак на дојка во почетни фази
rn
rnrnОвој млад човек од Мексико бил инспириран да создаде „паметен“ градник благодарение на мајка му, која за малку ќе го изгубела животот поради погрешна дијагноза. Градникот се вика EVA и содржи сензори што ја надгледуваат температурата и тежината на градите. Промените на овие параметри покажуваат дека голема количина на крв доаѓа до градите, што значи дека крвните садови „хранат“ нешто друго, најверојатно некој тип рак. Собраните податоци се пренесуваат на посебна апликација која може да ја симнете на смартфон или компјутер.rnrnВо продолжение прочитајте повеќе за тинејџерот кој дизајнирал градник што може да детектира рак на гради.
