Луѓето кои редовно се занимаваат со спортски активности или седат подолго време на работното место, како и постарите личности, може да чувствуваат болка во зглобовите, нозете, грбот и вратот. Во тие случаи тие најчесто земаат разни аналгетици кои моментално ја олеснуваат болката, но најчесто не се долготрајно решение за проблемот. rnrn
rnrnВо тие случаи, проблемот е во „подмачкувањето“ на зглобовите. Поедноставно кажано, ако вашите зглобови не се подмачкуваат доволно, тогаш доаѓа до претерано триење и вкочанетост помеѓу коските и ‘рскавицата, а како резултат на тоа се јавува болка. За да ја олеснете или спречите болката, постои еден природен, едноставен и евтин лек кој може да ви помогне во подмачкувањето на зглобовите и ‘рбетот, а станува збор за желатинот.rn
Зошто желатинот?
rnЖелатинот е природен производ кој најчесто се добива од преработка на тетивите, коските, ‘рскавиците и слоевите на кожата на говедата. Освен тоа што може да се купи во маркетите како состојка за домашни слатки, исто така, може да се најде во многу готови производи, а меѓу најпознатите се гумените бонбони (погледнете го пакувањето за да видите дали се работи за желатин од животинско потекло, а не растително).rnrnНо, додека честата консумација на гумени бонбони и не е препорачлива поради големата количина шеќер, чистиот желатин може да има одлично влијание на организмот. Тој се состои од две аминокиселини: пролин и хидросипролин. Токму тие две аминокиселини помагаат во зајакнувањето, односно за дравувањето на сврзното ткиво во случај на повреда.rnrnСекако е занимливо да се спомне и тоа дека желатинот помага во зајакнувањето и на мускулното ткиво, па така и на најважниот мускул во човечкото тело – срцето. Желатинот им дава еластичност на тетивите и лигаментите, го спречува развојот на остеопороза и артритис. Исто така, помага во одржувањето и подобрувањето на менталните способности, го регулира метаболизмот, одлично делува на обновувањето и еластичноста на кожата, косата и ноктите.rnrn
rn
Како да се консумира?
rnЖелатинот треба да се консумира еднаш на ден, барем месец дена, кога поголемиот дел од луѓето би требало да започнат да чувствуваат подобрување, односно намалување на болката во зглобовите, мускулите и така натаму. Во принцип, нема ограничување во временскиот период во кој се консумира желатинот, со оглед на тоа дека станува збор за природно хранлива состојка, но сепак се препорачува консумација во текот на шест недели, а потоа може да се направи пауза од четири до шест месеци.rnrnФакт е дека желатинот во својот првобитен облик, без додатоци, нема пријатен мирис и вкус. Но, секако може да се комбинира со здрави намирници, како што се јогуртот, медот, овошните сокови и така натаму.rnrn
rn
Основниот рецепт е:
rn
- rn011
- 5 грама желатин во прав – две рамни лажички
- 60 милилитри ладна вода
rn011
rn
rnВо фрижидер оставете го желатинот за да набабри преку ноќ, а наутро промешајте го и испијте го на празен желудник.rnrnМоже и да испробате да зготвите супа/желе од коски и ‘рскавици (секако, би било најдобро да купите коски од домашно одгледани животни) која исто така е одличен начин за внесување желатин во телото.



















rn
rnrnВо тенџерче измешајте ги остатокот од сокот со шеќерот и варете на средна температура додека не се растопи шеќерот. Штом зовре смесата, тргнете го тенџерчето од огин. Оваа смеса префрлете ја во садот со другата смеса со желатин и измешајте. Оставете малку да се излади и потоа распоредете ја смесата во тавче за печење, во калапи за мраз или во модли за колачиња. Ставете ги во фрижидер да стојат 3 часа.rnrnПотоа извадете го садот од фрижидер и одлепете ги гумените бонбони. Не грижете се, нема да се скинат доколку внимавате на количината на состојките. На крајот фрлете ги во сад со шеќер за да не се лепат едни од други.rnrnЗа да си направите црвчиња, желатинската смеса од тавчето пренесете ја на даска за сечкање и со остар нож исечете ја на ленти. Други интересни форми можете да добиете ако користите модли за колачиња, а за различни вкусови едноставно експериментирајте со овошните сокови.rnrn
rnrn rnrn
rnrnПроблемот е само во тоа што, и покрај нивната ефикасност тие се прилично скапи, односно околу 50 денари лента за една употреба, а за најдобар ефект и чисто лице, важно е да се користат често (еднаш неделно). Интересната девојка во видеото, нашла начин како да направи леплив материјал, кој брзо се суши и се „лупи“ од лицето, а чини малку пари.rnrn
rnrn
Начинот на приготвување е лесен и едноставен, исто како приготвување обично желе, но со додавање на вашиот најомилен алкохолен пијалак.rnrn
За сервирањето потребни ви се пластични чаши кои претходно ќе ги напрскате со масло во спреј, но доколку немате, само премачкајте ги со салфетка, претходно малку натопена во сончогледово масло. Ова е паметен начин да не ризикувате вашето желе да се залепи на пластичните чаши, а сепак воопшто нема да се насетува вкусот од претходно намачканото масло.rnrnКога чашите ќе бидат спремни, наполнете ги со приготвениот пијалак и ставете ги да отстојат во фрижидер 2-4 часа.rnrnДоколку сакате да експериментирате, пијалакот може да го приготвите во најразлични бои во зависност од желатинот кој ќе го користите.
И за крај уживајте, но и конзумирајте одговорно. 🙂



rnrnrn