КАФЕ ПАУЗА

Tag: забави

  • 3 хороскопски знаци кои најмногу ќе се забавуваат ова лето

    3 хороскопски знаци кои најмногу ќе се забавуваат ова лето

    Во текот на летото деновите се подолги и сакаме да се забавуваме колку што е можно повеќе. А, ако им се верува на ѕвездите, ова ќе им биде најубавото лето во животот на овие 3 хороскопски знаци.rnrn3 хороскопски знаци кои најмногу ќе се забавуваат ова летоrn

    Лав

    rnЗапочнете да правите планови колку што е можно побрзо. Ве очекува лето исполнето со страст, а на 22 јули влегуваме и во сезоната на Лавот. Вашиот љубовен хороскоп е во ваша корист, па околу 23 јули би можеле да го најдете вашиот принц на бел коњ (ако тој не е веќе со вас).rn

    Водолија

    rnОва лето ќе бидете полни со енергија. Ве очекува лето исполнето со уживање во сонцето и дружење, а овие собири ќе ви донесат многу убави работи.rnrnАко сте слободни ќе уживате во флеротот, а на повидок е нова романтична врска. Оние кои се во врска ќе уживаат во времето поминато со партнерот.rn

    Јарец

    rnОва лето ќе биде спектакуларно за вас. Сите ваши желби ќе се остварат без да се трудите премногу – материјални, романтични, сексуални… Ве очекува среќно лето, а есента ќе ја дочекате исполнети со многу спомени.rnrnПрочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат вистинската љубов ова лето.

  • Писмо до девојката која постојано се забавува од онаа која си ја научила лекцијата

    Писмо до девојката која постојано се забавува од онаа која си ја научила лекцијата

    Постојано се вели дека треба да се забавуваме додека сме млади. Нѐ советуваат дека треба да ги искористиме 20-тите години за да ги направиме сите луди и незаборавни работи, пред да се смириме и да основаме семејство. Секако дека ова се најубавите години за забавување, но дали треба да се проба буквално сѐ? Каде треба да се повлече границата пред да стане предоцна? Прочитајте го ова искрено писмо од девојката која ја научила лекцијата на потешкиот начин до онаа која постојано сака само да се забавува…rnrnПисмо до девојката која постојано се забавува од онаа која си ја научила лекцијатаrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗдраво девојко,rnrnСе надевам дека ќе го видиш ова писмо пред да излезеш викендов и дека ќе го прочиташ до крај. Многу е важно. Зборувам од искуство и не сакам да ти ја уништам забавата, само сакам да те предупредам за некои работи.rnrnКога наполнив 21 година, чувствував дека сите врати ми се отворени. Времето го поминував во дотерување, облекување тесни фустани и носење високи потпетици. Секоја вечер излегував, пиев пиво и шотови со друштвото, се опијанував и правев будала од себе.rnrnБев млада и не сакав да бидам здодевна и да ги почитувам правилата. Ќе има време за примерно однесување кога ќе остарам и ќе се омажам. Па затоа, излегував многу. Пиев алкохол, имав секс без обврски, се бакнував со девојки за да привлечам внимание. Со неколку зборови: Изигрував будала. По некое време забележав дека моите пријателки пиеја, но сепак се однесуваа нормално. Јас не престанував со пиење додека не почнев да плачам во некој ќош. Губев свест и им се јавував на моите бивши дечковци за да се видиме.rnrnНаредното утро се будев со дупки во сеќавањето. Другарките ме потсетуваат на сите засрамувачки работи што сум ги направила, а остатокот од денот го поминував со главоболка и грижа на совест. Но, потоа ќе се сетев дека сум млада и дека луѓето на мои години така и „треба“ да се однесуваат. Губењето на контролата ми носеше посебно чувство на задоволство. Алкохолот ми дозволуваше да кажам и направам работи кои би се срамела да ги направам на трезно.rnrnСтанав позната како „Откачената“. Тоа ми се чинеше како сладок прекар кој се однесува на мојата забавна и спонтана природа, но ми требаше време да сфатам дека момците всушност ме сметаа за „лесна“ девојка. Добив репутација за која не бев ни свесна.rnrnМомците ме искористуваа и не ми се јавуваа никогаш повторно. Деновите ми поминуваа во мамурлак и се чувствував безвредно. Кога сите мои пријатели се средуваа и работеа на нивната иднина, јас се забавував. Забавите беа многу повозбудливи од одењето на факултет и работата. Очајно се обидував да ја исполнам духовната празнина со алкохол и машко внимание, но тоа никогаш не беше доволно.rnrnТребаше да поминат 10 години и да изгубам сѐ за да сфатам дека има поважни работи во животот од пиењето. 20-тите години од животот ми се како во магла. Никогаш нема да си ги вратам тие години назад. Наместо да одам на факултет, се опијанував. Наместо да штедам пари, ги трошев. Наместо да поминувам време со семејството, јас излегував со друштвото. Сега имам 31 година и немам кариера, бидејќи не се посветив на образованието. Не можам да си изградам дом, бидејќи никогаш не тргнував пари на страна. Не можам да поминувам време со родителите, бидејќи и двајцата починаа во моите 20-ти години.rnrnЖивотот поминува и ништо не е постојано. Му доаѓа крајот додека да трепнете. Мора да го искористиме тоа малку време што го имаме на светов најдобро што можеме и ова го зборувам од искуство. Не треба да трошиме време на пиење и „мување“ со идиоти. Не велам дека треба да се замонашите, но треба да ја знаете границата!rnrnПатувајте. Истражувајте го светот. Млади сте и имате цел живот пред вас. Вашиот дух е слободен и може да оди каде и да посака. Створете моменти вредни за сеќавање. Медитирајте. Спознајте се себеси и заљубете се во вашата душа. Бидете авантуристи и зграпчете го денот! Ќе дојде времето кога ќе го запознаете вистинскиот и ќе основате семејство, но мали се шансите за тоа ако се облекувате непристојно и се „клатите“ по дискотеки.rnrnНаучете да се сакате и цените себеси. Бидете одговорни и денес направете нешто за кое во иднина ќе бидете благодарни. Ви ветувам дека деловите од сложувалката самите ќе се наместат и животот ќе ви биде прекрасен.rn

    Со љубов,

    rn

    Девојката која си ја научи лекцијата на потешкиот начин

    rn[/message_box]

  • Како да го искористите слободното време со пријателките ова лето?

    Како да го искористите слободното време со пријателките ова лето?

    Заврши школската година и немате веќе обврски за на училиште или факултет па пред вас е цело лето кое може да го поминете правејќи сè што сакате. Како да не го минете залудно ова слободно лето, истовремено креирајќи прекрасни и незаборавни спомени од вашето дружење?rnrnКако да го искористите слободното време со пријателките ова лето?rn

    1. Основајте книжевен клуб

    rnГолеми се придобивките од читањето книги како и од основањето книжевен клуб. Соберете ги вашите пријатели кои се љубители на добри книги и основајте ваш книжевен клуб. Тоа ќе биде супер причина да се собирате макар еднаш неделно на кафе и да разговарате за омилените книги и автори како и за конкретна книга која сте ја прочитале изминатата недела.rn

    2. Направете неколку летни журки/собиранки со различни теми

    rnБез разлика дали подготвувате журка за повеќе луѓе или само за најблиските пријателки, направете да биде незаборавна. Забавите нека бидат со одредена причина или повод и тематски смислени. За совети како да подготвите совршена летна забава кликнете тука.rn

    3. Не пропуштајте ги театрите и забавите на отворено

    rnДоколку сте љубители на театарот задолжително присуствувајте на театарските претстави што се организираат во вашиот или пак во друг град. Потоа може да ги споделите вашите впечатоци и импресии. Исклучок не се и забавите на отворено бидејќи од летните журки ретко кој не заминал со добри спомени.rn

    4. Направете дневник за ова лето

    rnКупете голема тетратка каде ќе споделувате мисли, шеги и анегдоти кои не смеат да бидат заборавени. Може да лепите и слики. Кога по повеќе години ќе се навратите на вашиот дневник ќе се смеете до солзи.rn

    5. Испробајте кул летни фризури и стилови

    rnЛетото е време кога може слободно да испробувате нови стилови. Променете го вашиот стил во нешто што навидум воопшто не сте вие и видете како ќе ви годи. Менувањето на стилот е еден начин да го истакнете вашето алтер его. Летото е период кој ви дозволува да бидете слободни и луди. Кога од есен ќе се вратите на своите обврски може да бидете оние старите, но секогаш со себе ќе ги имате летните лудории.rnrnКако да го искористите слободното време со пријателките ова лето?rn

    6. Волонтирајте заедно

    rnЗачленете се во организација каде ќе може да волонтирате и да придонесете за нечија благосостојба. Ќе направи да се чувствувате добро за самите себе, ќе ширите познанства, искуства, ќе го зајакнете вашето другарство и ќе знаете дека времето не ви минало залудно.rn

    7. Испланирајте незаборавно патување

    rnЗаштедете макар за еден викенд настрана од вашето постојано место на живеење и не заборавајте да направите безброј фотки кои ќе го обележат вашето незаборавно летување.rn

    8. Пишувајте кратки приказни

    rnОдличен начин да го минете времето заедно и да ја усовршите вашата способност за пишување. Почнете вие една приказна и оставете ја до пола, нека ја продолжи вашата другарка која подоцна ќе ја предаде на друга од пријателките. Којзнае што ќе напишете на крај. Ако ништо друго, барем добро ќе се насмеете.rn

    9. Помогнете си во преуредување на вашите соби

    rnКога веќе рековме дека летото е време за промени, истото важи и за вашите соби. Оваа недела ја менувате собата на една од пријателките. Што би промениле, што би одзеле, што би додале? Можеби ќе заминете до таму што ќе менувате бои на ѕидовите. Не е важно, важно ќе се забавувате и ќе си помогнете една на друга.rn

    10. Рачно изработувајте предмети и украси

    rnВреме е вашата креативност да работи со полна пареа. Изработувајте предмети од глина или хартија. Доколку добро се усовршите може дури и да ги продавате што ќе му годи на вашиот буџет.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лудиот ноќен живот на Закинтос

    Лудиот ноќен живот на Закинтос

    Откако денот ќе го поминат сончајќи се на беспрекорните плажи и уживајќи во баровите покрај нив, забавата за посетителите на Закинтос не престанува. Заоѓањето на сонцето го означува само почетокот на лудиот ноќен живот.rnrnЛудиот ноќен живот на ЗакинтосrnrnНоќите на Закинтос се диви. Секоја забава таму е дива. Штом се стемни, клубовите почнуваат брзо да се полнат со млади луѓе, кои со помош на гласната музика и не многу скапиот алкохол танцуваат и создаваат еуфорична атмосфера која трае сè до изгрејсонце. Се пушта главно електронска музика, но има и клубови и барови кои прават журки со музика од минатиот век, хип-хоп или рок забави, а се наоѓаат и караоке забави. Покрај тоа клубовите ангажираат и жонглери, дувачи на оган, организираат пена парти, тивки диско журки, разни други тематски забави и сè друго што им паѓа на памет и е интересно.rnrnЛудиот ноќен живот на ЗакинтосЛудиот ноќен живот на ЗакинтосrnrnСето тоа не е многу скапо дури и за нашиот стандард. Ретко се плаќа за влез во некој клуб или бар, освен кога гостува некој познат диџеј. Просечната цена на едно пиво е 2 евра, жестоките пијалаци се за околу половина евро поскапи, а безалкохолните се движат под две евра. Во повеќето клубови често пати кога ќе платите за еден пијалак добивате уште еден гратис.rnrnТоа гарантира незаборавна забава. Утредента наполнете се со енергија дремејќи на прекрасните плажи, па вечер пак одново.rnrnЛудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтос Лудиот ноќен живот на Закинтосrnrn rnrn

    реклама
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најлудите забави во светот

    Најлудите забави во светот

    Од журки на плажа до борби со домати, од родео до карневали, во светот постојано се случуваат луди забави. Ако сакате да доживеете незаборавни моменти, ова се најлудите забави во светот кои треба да ги посетите.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Холи во Индија

    rnХоли е дводневен фестивал на бојата во Индија, кој се слави еднаш годишно, во март. Учесниците на овој фестивал фрлаат парфимиран обоен прав, боја и вода едни врз други, претворајќи се самите себе во шарени слики, размачкани од глава до пети во најразлични бои. Овој религиозен и традиционален настан ги претставува обновувањето и ослободувањето на „внатрешниот Пикасо“ во еден поинаков, хинду стил.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Карневалот во Рио де Жанеиро

    rnНајдобро време да го посетите Рио де Жанеиро е за време на карневалот, кога можете да уживате во сензацијата од бои, пердуви и самба. Шест дена низ улиците на Рио парадираат костумираните учесници, движејќи се во ритамот на афро-бразилската музика. Освен во карневалот, не заборавајте да уживате и во песочните бразилски плажи и вкусните коктели.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Родеото во Калгари

    rnОваа година беше одбележана 100-годишнината од најголемото родео во светот, родеото во Калгари кое се одржа од 6-ти до 15-ти јули. Секоја година родеото во Калгари привлекува повеќе од 1 милион посетители годишно, а вклучува паради, сценски настапи и натпревари во јавање бикови, влечење јаже, тркање околу буриња и слично. Продавниците се уредени во каубојски стил, а храната се состои од месо подготвено на скара и пиво.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Ла Томатина во Шпанија

    rnЛа Томатина претставува борба со домати која се одржува во шпанскиот град Буњол. За време на овој настан, низ улиците течат реки од сок од 100 тони презреани црвени домати. Ла Томатина настанала во 1945 година и оттогаш борбата со домати се одржува секоја последна среда од месецот август. Овој настан е само еден од многуте фестивали и улични забави кои се случуваат во Шпанија.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Забавата на полна месечина во Тајланд

    rnСекој месец, за време на полната месечина, туристи од целиот свет ја поминуваат ноќта забавувајќи се на плажата Haad Rin. Околу 20.000 патници си го наоѓаат своето место на плажата во форма на полумесечина, пијат евтин алкохол наточен во кофи и играат во ритамот на техно музиката. На оваа забава се препорачува да отидете боси затоа што големи се шансите да ги изгубите чевлите, посебно ако го консумирате локалното виски „Самсунг“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Октоберфест во Германија

    rnТанцувањето полка, препознатливиот германски колбас и пивските градини се синоним за 16-дневниот фестивал на пивото, Октоберфест. Како што кажува самото име, Октоберфест се одржува во октомври, во Минхен и привлекува околу 6 милиони луѓе годишно. Традицијата на Октоберфест е стара 200 години. Најголемиот фестивал на пивото опфаќа 14 шатори со пиво, саем на вртелешки, костумирани поворки и концерти под отворено небо.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Марди Грас во Њу Орлеанс

    rnКога станува збор за најлудите забави, не може да се заобиколи Марди Грас кој се одржува во срцето на Францускиот кварт во Њу Орлеанс. Централната парада исполнета со многу алкохол се случува долж улицата Бурбон. Марди Грас всушност е прослава на јужната декаденција и трае цела недела. Главна карактеристика на Марди Грас е алкохолот кој вклучува многу пиво, виски и неонско зелен пијалак познат како „Рачна граната“.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот „Огнен човек“ во Невада

    rn„Огнен човек“ е визуелно спектакуларен фестивал на уметноста кој се одржува во пустината Невада. Секоја година овој еднонеделен фестивал привлекува луѓе од целиот свет кои доаѓаат тука за да ги прослават човештвото, уметноста, креативноста и музиката. „Огнениот човек“ опфаќа уметност направена од автомобили, огромни инсталации кои испуштаат оган, голи велосипедисти и духовно будење. Сето тоа на крај кулминира со согорувањето на еден масивен портрет.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Фестивалот Роскилде во Данска

    rnФестивалот Роскилде е музички фестивал кој се одржува во Данска. Роскилде трае четири дена, а оваа година се одржа од 30-ти јуни до 4-ти јули. Се смета за еден од најголемите музички фестивали во Европа на кој настапиле Брус Спрингстин, Бјорк, Џек Вајт, бендовите Кјур, Рутс и многу други.rnrnНајлудите забави во светотrn

    Конгресот на Дедо Мразовци, насекаде низ светот

    rnКонгресот на Дедо Мразовци (SantaCon = Santa Claus Convention) е еднодневен настан на кој се собираат пијани Дедо Мразовци кои пеат валкани божиќни песни. Овој настан се случува во средината на декември, насекаде низ светот. Учесниците се луѓе кои се облекуваат како Дедо Мраз, се сретнуваат со своите „колеги“, одат по улиците ѕвонејќи со новогодишни ѕвончиња и пиејќи пиво, сè додека не пристигнат до барот за кој претходно се договориле, каде што ја продолжуваат журката.rnrnНајлудите забави во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ви недостига ли летото?

    Ви недостига ли летото?

    Долги сончеви денови, плажа, море, езеро, сончање, забави на отворено додека не се раздени, уживање во зеленилото на природата, долги ноќни седенки надвор, немање обврски… Сето тоа изгледа многу далечно во времињата кога сме заробени во студенилото на зимата, кратките периоди на дневна светлина, мразот, тешката и дебела облека, и воопшто, здодевноста што ја носат студеното време и секојдневната рутина на извршување на обврските.rnrnВи недостига ли летото?rnrnНосталгичен по летото и безгрижните времиња, младиот американски видео продуцент Семјуел Ибат ги собрал во едно видео од 270 секунди, снимките што ги направил во најдрагиот период од годината за него. Ако и вам ви недостига летото, уживајте во неговото дело и фотографиите и направете си кратка пауза од зимата.rn

    rnВи недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?Ви недостига ли летото?rnrnСепак, немојте да ја заборавите мислата на Џон Ленон: животот е нешто што се случува додека сме зафатени и правиме планови за други работи, па добро искористете го времето и забавувајте се на начинот кој го нуди зимата.rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најскапи забави на сите времиња

    5 најскапи забави на сите времиња

    Богатите и познатите не штедат кога организираат забави, сè со цел да покажат колку се моќни, гостите да си поминат убаво, а медиумите да имаат за што да пишуваат. Ова се петте најскапи забави на светот организирани од светскиот крем.rn

    Забавата на султанот од Брунеи (2006)

    rnПетто место на оваа листа е забавата на султанот од Брунеи, која се одржа во 2006 година, на која присуствуваа нешто помалку од 10.000 луѓе. За нејзината организација тој го олесни својот џеб за 27 милиони американски долари. За да ја направи забавата уште повозбудлива, за прв пат после две децении, тој најави покачување на платите за сите службеници во кралството.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на ќерката на Лакшми Митал (2004)

    rnСветски познатиот индиски магнат, петти најбогат човек според магазинот „Форбс“, организираше неверојатна забава за својата ќерка. Таа заедно со нејзиниот сопруг, својата љубов ја прославија во замок од 17 век во Франција. Вкупната потрошена сума изнесувала огромни 60 милиони долари.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кејт (2011)

    rnСо месеци беше медиумски најавувана дека навистина ќе изгледа како од бајка. Па кога се случи и не беше далеку од вистината. Но секое задоволство има своја цена, па така кралското семејство издвои 70 милиони долари за оваа свадба. Најскапите работи на свадбата беа величествениот фустан на Кејт и тортата.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на Мухамед бен Рашид ел Мактум  (1981)

    rnИако станува збор за свадба организирана пред три декади, оваа забава била вистински спектакл. Премиерот на Обединетите Арапски Емирати за свадбата со својата сакана принцеза Салама, во тоа време издвоил 45 милиони американски долари, што пресметано денеска би значело 100 милиони.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Инаугурацијата на претседателот Обама (2009)

    rnЗабавата која ја организираше претседателот Обама на денот на својата инаугурација, чинела неверојатни 160 милиони американски долари. Во цената биле вклучени забави на неколку места, па токму затоа тој заслужено се наоѓа на првото место.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.