КАФЕ ПАУЗА

Tag: забавен парк

  • Дали знаете која е светската престолнина на сауната?

    Дали знаете која е светската престолнина на сауната?

    На туристичката мапа на Финска покрај Хелсинки, се наоѓа и градот Тампере, мал град кој нуди многу активности, а е честопати занемарен од страна на туристите. Иако се работи за индустриски град чиј приоритет е технолошкиот развој, сепак, може да им понуди на туристите многу забава, почнувајќи од убавата природа и идеалниот терен за пешачење околу езерата кои се наоѓаат тука. Шармот на градот е надополнет со дрвените куќички, кулинарските деликатеси и сауните кои буквално се наоѓаат на секој чекор.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

    Прошетка во природа

    rnПатот околу езерото Хервантајерви е долг околу 5 километри, а е опкружен со шума која се протега до бреговите на самото езеро. Езерото е идеално за риболов, а овде можете да им се воодушевувате и на разноразните видови пеперутки. Доколку имате среќа, по пат можете и да наидете на бобинки.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rnrnРутата Тамеркоски минува низ средишниот дел на Тампере и е долга 4,3 километри. Покрај патот се поставени информативни табли за птиците, вегетацијата, инсектите, рибите и лилјаците кои можат да се пронајдат овде. Тие го илустрираат и човечкото влијание врз животната средина. Сепак, имајте предвид дека прошетките во природа не се целосно достапни во текот на зимата.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

    Уживање во сауна

    rnТампере го нарекуваат и „престолнина на сауните“, па затоа може да биде идеалниот избор за сите љубители на овој вид на релаксација. Овде се сместени и најголем дел од јавните сауни во земјата. Една од најпознатите и најстарите сауни е сауната Рајапорти, отворена во 1906 година. Доколку сакате сауна со поглед кон езерото, посетете ја сауната Рауханиеми или Каупиноја, а доколку сакате извонредна услуга, тогаш сауната Суоменсари е вистинскиот избор за вас.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

    Посета на катедралата во Темпере

    rnКатедралата во Темпере е протестантска црква. Позната е по фреските насликани од страна на Хуго Симберг, еден од најпознатите фински претставници на симболизмот. Фреските се адаптација на „Ранетиот ангел“ и „Градината на смртта“, најпознатите дела на Симберг.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

    Посета на забавниот парк Серканиеми

    rnЗабавниот парк Серканиеми се состои од повеќе атракции кои имаат за цел да понудат забава за целото семејство. Тука се наоѓа и аквариум со околу 200 видови риби, но и планетариум кој дефинитивно морате да го посетите. Најмладите посетители пак, сигурно ќе бидат најмногу воодушевени од посетата на светот на Angry Birds кој нуди околу десет различни атракции.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rnrnОткако прочитавте за светската престолнина на сауната, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

    5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светот

    Во текот на летниот период, сите луѓе го поминуваат слободното време надвор и уживаат во топлите сончеви зраци. Летната забава честопати подразбира посета на забавни паркови и возење на вртелешки, ролеркостери, панорамски тркала и други слични реквизити. За жал, во некои случаи ваквата забава може да тргне наопаку. Иако луѓето се плашат од големите висини и брзини на реквизитите во забавните паркови, ретко кога некој навистина завршува повреден од возење на ролеркостер. Меѓутоа, кога ќе дојде до таква ситуација, последиците се пострашни одошто можете да си замислите. Ако не ни верувате, прочитајте ги следниве 5 примери…rn

    1. Воден тобоган во аквапарк – Калифорнија, САД

    rn5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светотrnrnВо 1997 година, водниот тобоган во аквапаркот Вотерворлд во Калифорнија станал прилично смртоносен. 33 средношколци, кои требале да матурираат, го преоптовариле тобоганот и предизвикале да се сруши поради нивната тежина. За жал, еден од учениците починал, а 32 биле однесени во болница. Подоцна, 17 од преживеаните ученици ги земале нивните дипломи во инвалидски колички.rn

    2. Државен панаѓур во Охајо – Колумбус, Охајо, САД

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=CAEilgg4rEkrnrnНеодамна, во јули оваа година, еден од реквизитите на државниот панаѓур во Охајо се расипал поради што еден човек го загубил животот, а 7 биле повредени. Кога смртоносната вртелешка се расипала, двајца луѓе биле фрлени во воздухот пред да паднат на платформата оздола. Државата и понатаму го истражува овој инцидент. Можете да го погледнете видеото, но ве предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.rn

    3. Раптор – Охајо, САД

    rn5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светотrnrnСекогаш кога во некој забавен парк има поставено знак со натписот „Забранет пристап“ или „Не влегувајте“, сфатете го тоа сериозно. За жал, еден 45-годишен маж не го направил тоа и го загубил животот. Го удрила една од количките на ролеркостерот додека си го барал телефонот.rn

    4. Ролеркостер во Експоленд – Осака, Јапонија

    rn5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светотrnrnВо 2007 година, Јапонија се соочила со голема несреќа во забавен парк кога ролеркостерот излетал од шините. 19-годишно момче загинало, а 19 други луѓе биле повредени. По истрагата, се открило дека еден скршен дел од ролеркостерот бил одговорен за несреќата.rn

    5. Базен со бранови во Екшн Парк – Вернон, Њу Џерси, САД

    rn5-те најстрашни несреќи во забавните паркови ширум светотrnrnАко го земеме предвид името „Погребален базен“ (Grave Pool),слободно можеме да кажеме дека разбрануваниот базен во акциониот парк во Њу Џерси е едно од најопасните места во светот, барем додека сѐ уште постоел. И покрај 12-те спасувачи, едно 15-годишно момче се удавило во 1982 година. Подоцна, во 1984 година, 20-годишно момче исто така се удавило, а на 18 јули во 1987 година и 18-годишно момче ја доживеало истата ужасна судбина. Паркот бил затворен во 1996 година, но повторно бил отворен со истото име во 2014 година.rnrnДа ја разгледаме и позитивната страна на забавните паркови! Погледнете го првиот воден парк за луѓе со посебни потреби.

  • Првиот воден парк за луѓе со посебни потреби

    Првиот воден парк за луѓе со посебни потреби

    Овој аква парк, лоциран во Сан Антонио, Тексас, е првиот во светот кој е направен специјално за луѓето со посебни потреби. Водните забавни паркови се навистина одлична летна активност, особено за малите деца. Но, луѓето со посебни потреби ретко можат да уживаат во овој вид забава.rnrn(1)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mkrnrnОсновачот на паркот, Гордон Хартман, работел рамо до рамо со доктори, пациенти, наставници и негуватели со цел да создаде уникатно искуство за секој што ќе го посети паркот.rnrn(4)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mkrn

    „Нашата цел е да им овозможиме уникатно искуство на сите гости во безбедна и удобна околина“, рекол Хартман.

    rnОвој аква парк е буквално за секого, без разлика дали одите на две нозе или се движите со помош на инвалидска количка.rnrn(5)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mkrn

    „Паркот им ветува вистинска забава на луѓето со физички или когнитивни посебни потреби и тој е место каде што можат да уживаат без граници.“

    rn(2)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mkrn

    Некои од услугите што ги нуди паркот се:

    rn(3)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mkrn

      rn

        rn011

      • Родителите добиваат посебни нараквици со кои можат да ги лоцираат нивните деца во секој момент.
      • rn011

      • Секој милиметар од паркот е достапен за инвалидска количка.
      • rn011

      • Температурата на водата може многу брзо да се промени доколку има посетители кои се чувствителни на студена вода.
      • rn011

      • Бесплатно е изнајмувањето на водоотпорни инвалидски колички.
      • rn011

      • И најдобро од сè, влезот за деца со посебни потреби е бесплатен.
      • rn

      rn

    rnПогледнете повеќе информации од овој воден парк на следната страница…rnrn

  • Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот

    Пуштете се по 10-те најстрашни луди железници во светот

    Погледнете ја оваа листа од 10-те најстрашни луди железници во светот од кои на момент ќе ви застане срцето. Почнувајќи од најкратките и најбрзите, па сѐ до најдолгите и највисоките, наредниве ролеркостери со години ги преплашуваат и најголемите авантуристи ширум светот.rnrn10-те најстрашни луди железници во светотrn

    1. Сребрена ѕвезда

    rnrn

    Europa Park, Раст, Германија

    rnrnИскривувајќи ги лицата на најхрабрите во Германија од 2002 година, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.rnrnrn

    2. Кулата на теророт

    rnrn

    Dreamworld, Квинсленд, Австралија

    rnrnОригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.rnrnrn

    3. Челичен Змеј 2000

    rnrn

    Nagashima Spa Land, Мије префектура, Јапонија

    rnrnЧеличниот Змеј можеби веќе не е најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот, но сѐ уште е најдолгиот. Количината на челик која била употребена за да се изгради го прави еден од најскапите досега составени. Настрана од тоа, монструозната големина на Челичниот змеј лесно го сместува во 10-те најстрашни луди железници во светот.rnrnrnrn

  • Тајниот свет на Дизниленд

    Тајниот свет на Дизниленд

    Во Дизниленд сè изгледа совршено. Тоа е добро дизајниран свет од фантазијата, но за сè да оди како подмачкано, овој забавен парк користи некои тајни техники.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Мачешко обезбедување

    rnИако Дизниленд не потврдува, гласно се шпекулира дека за отстранување на несакани гости од животинскиот свет паркот користи некогаш питоми мачки кои денес се однесуваат како да се диви. Денот тие го поминуваат во специјални кафези, а ноќе шараат низ целиот парк во потрага по натрапници. Наводно, овој метод се употребува од 1957 година, кога одговорните од паркот не успеале да избркаат сто мачиња-скитници, па се решиле да ги искористат „услугите“ на подивените мачки.rn

    Скриениот Мики Маус

    rnЛикот на Мики Маус може да се забележи насекаде низ тематските паркови на Дизни, но него го има дури и онаму каде што никој не може да го види на прв поглед. За Дизни работат специјално обучени инженери-дизајнери кои вешто успеваат да го скријат познатиот лик на места каде што не се забележува. Така, дизниевиот јунак го има на цветните тапети во амбулантата, на бродот на Карипските пирати, па дури и на ролеркоустерот Вселенска Планина (Space Mountain). Само тие знаат колку точно Мики Мауси има во Дизниленд.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Алкохол далеку од дофатот на децата

    rnНикаде во Дизниленд не се продава алкохол, освен во добро скриениот Клуб 33. Тој бил изграден во времето додека Волт Дизни бил жив како место каде што требало да се забавуваат потенцијалните инвеститори. Денес таму можат да влезат само 487 гости кои се на список, а ред се чека и по 14 години. Порано од тоа можат да влезат само луѓе од политиката, славни ѕвезди и други луѓе со силни врски.rn

    Оптички илузии

    rnВо Дизниленд ништо не е баш онака како што изгледа благодарение на дизајнерите кои многу умешно креираат оптички илузии. Така на пример, планината Матерхорн всушност е еден не многу голем рид, иако изгледа огромен. Трикот е во тоа што дрвјата во подножјето се повисоки и изгледаат поблиску, а оние на врвот се пониски, создавајќи илузија дека се таму далеку во облаците.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

    Работниците имаат актерски задолженија

    rnВо Дизниленд секој работник има актерски задолженија. Секој од нив мора да следи прецизен код на однесување со кој нема да се задира во магијата на паркот. Сите мораат да се однесуваат како да се во светот на карактерот кој го претставуваат со цел да не ја нарушат сликата на посетителите за него, а носење брада, долги нокти или бојадисана коса не доаѓа предвид.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“

    Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“

    Ултрапопуларната игра наменета за паметни телефони, не престанува да го тресе светот. По неверојатно големиот број преземања на играта (повеќе од 700 милиони), неколкуте продолженија, најавата за снимање на филмски серијал, користењето на познатите птички во маркетинг кампањи, сега во Финска се отвори и првиот официјален забавен парк инспириран од неа. Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Минатата година ваков парк се отвори во Кина, но без дозвола на креаторот на играта. Ова е првиот официјален парк кој е направен во соработка со креаторот на играта, компанијата „Rovio Entertainment“.Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Директорот на паркот изјави дека неговата цел е да ги мотивира посетителите, без разлика дали станува збор за деца или за возрасни, да вежбаат и да уживаат на отворено. Од компанијата „Rovio Entertainment“ изјавуваат дека нареден чекор е отворање на ист ваков парк во Велика Британија, а целта е да станат познат бренд како Дизниленд. Парковите нема да бидат големи колку оние на Дизни, ќе зафаќаат многу помалку простор и во иднина би се направиле во секој поголем град, како посебен парк или како дел од веќе постоечки.Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“Се отвори забавен парк инспириран од играта „Angry Birds“
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Возбудливиот свет на Ферари во Абу Даби

    Возбудливиот свет на Ферари во Абу Даби

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnПрекрасниот забавен парк „Светот на Ферари“ е начинот на кој што богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати го изразија своето воодушевување од познатиот автомобилски бренд и нивната трофејна историја во Формула 1. Тие дел од пустината ја претворија во возбудлив забавен парк во којшто посетителите можат да ја реализираат страста кон автомобилизмот преку бројните атракции сместени под препознатливиот покрив со логото на Ферари. Забавниот парк се наоѓа на површина од 200.000 метри квадратни на островот Јас Ајленд во Абу Даби.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиЗа нешто помалку од 50 евра посетителите добиваат дневна влезница со која можат да користат која било од големиот број луди возења, кино сали, примероци од старите модели на Ферари и многу други работи.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиАтракциите варираат од симулација на Ф1 трка за деца и 3Д шоу кое детално го прикажува животот на еден Ф1 инженер, па сè до „Formula Rossa“ – најбрзата луда железница во светот која достигнува брзина од 240 км/ч, возење на вистински Ф1 симулатор, реконструкција на Формула 1 трките гледано од боксот на механичарите, како и возење низ живописните предели на Италија со вистински Ферари 250 Калифорнија Спајдер.Возбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу ДабиВозбудливиот свет на Ферари во Абу Даби
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Игра на неделата: Креатор на луди железници

    Игра на неделата: Креатор на луди железници

    Лудите железници низ светот се составен дел од секој модерен забавен парк. Оваа интересна игра ќе ви овозможи барем виртуелно да создавате луди железници или поинаку познати како ролеркостери, со цел да ја поминете мисијата. Играта е едноставна и се игра само со помош на маусот. Нивоата стануваат се потешки, како што напредувате во играта, а за сите нејаснотии погледнете ги туторијал-видеата кои се достапни во менито „How to play“. Игра на неделата: Креатор на луди железнициУживајте во играта на неделата…

    rnrn