КАФЕ ПАУЗА

Тајниот свет на Дизниленд

Тајниот свет на Дизниленд

Во Дизниленд сè изгледа совршено. Тоа е добро дизајниран свет од фантазијата, но за сè да оди како подмачкано, овој забавен парк користи некои тајни техники.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

Мачешко обезбедување

rnИако Дизниленд не потврдува, гласно се шпекулира дека за отстранување на несакани гости од животинскиот свет паркот користи некогаш питоми мачки кои денес се однесуваат како да се диви. Денот тие го поминуваат во специјални кафези, а ноќе шараат низ целиот парк во потрага по натрапници. Наводно, овој метод се употребува од 1957 година, кога одговорните од паркот не успеале да избркаат сто мачиња-скитници, па се решиле да ги искористат „услугите“ на подивените мачки.rn

Скриениот Мики Маус

rnЛикот на Мики Маус може да се забележи насекаде низ тематските паркови на Дизни, но него го има дури и онаму каде што никој не може да го види на прв поглед. За Дизни работат специјално обучени инженери-дизајнери кои вешто успеваат да го скријат познатиот лик на места каде што не се забележува. Така, дизниевиот јунак го има на цветните тапети во амбулантата, на бродот на Карипските пирати, па дури и на ролеркоустерот Вселенска Планина (Space Mountain). Само тие знаат колку точно Мики Мауси има во Дизниленд.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

Алкохол далеку од дофатот на децата

rnНикаде во Дизниленд не се продава алкохол, освен во добро скриениот Клуб 33. Тој бил изграден во времето додека Волт Дизни бил жив како место каде што требало да се забавуваат потенцијалните инвеститори. Денес таму можат да влезат само 487 гости кои се на список, а ред се чека и по 14 години. Порано од тоа можат да влезат само луѓе од политиката, славни ѕвезди и други луѓе со силни врски.rn

Оптички илузии

rnВо Дизниленд ништо не е баш онака како што изгледа благодарение на дизајнерите кои многу умешно креираат оптички илузии. Така на пример, планината Матерхорн всушност е еден не многу голем рид, иако изгледа огромен. Трикот е во тоа што дрвјата во подножјето се повисоки и изгледаат поблиску, а оние на врвот се пониски, создавајќи илузија дека се таму далеку во облаците.rnrnТајниот свет на Дизнилендrn

Работниците имаат актерски задолженија

rnВо Дизниленд секој работник има актерски задолженија. Секој од нив мора да следи прецизен код на однесување со кој нема да се задира во магијата на паркот. Сите мораат да се однесуваат како да се во светот на карактерот кој го претставуваат со цел да не ја нарушат сликата на посетителите за него, а носење брада, долги нокти или бојадисана коса не доаѓа предвид.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.