Погледнете ја оваа листа од 10-те најстрашни луди железници во светот од кои на момент ќе ви застане срцето. Почнувајќи од најкратките и најбрзите, па сѐ до најдолгите и највисоките, наредниве ролеркостери со години ги преплашуваат и најголемите авантуристи ширум светот.rnrn
rn
1. Сребрена ѕвезда
rnrn
Europa Park, Раст, Германија
rnrnИскривувајќи ги лицата на најхрабрите во Германија од 2002 година, Сребрена Ѕвезда е највисоката луда железница во Европа. Употребувајќи систем на бавно искачување со помош на синџир-лифт, таа ги води авантуристите до височина од 73 метри и потоа ги турка во пад со брзина од 130 километри на час и 4Г вертикална сила.rnrnrn
2. Кулата на теророт
rnrn
Dreamworld, Квинсленд, Австралија
rnrnОригиналната Кула на теророт, по своето лансирање во 1997 година, одвои над 8 милиони авантуристи од нивниот ручек. Потоа во 2010 година, оваа луда железница била преправена и претворена во уште пострашна верзија. Оние кои ќе се осмелат да се возат на неа се катапултирани од тунел нагоре кон вертикалната кула, достигнувајќи брзина од 161 километар на час за само неколку секунди. На врвот, на околу 35 метри височина, вие на една секунда „висите“ неподвижни и во бестежинска состојба, а потоа нагло паѓате кон земјата во застрашувачкиот тунел.rnrnrn
3. Челичен Змеј 2000
rnrn
Nagashima Spa Land, Мије префектура, Јапонија
rnrnЧеличниот Змеј можеби веќе не е најбрзиот и највисокиот ролеркостер во светот, но сѐ уште е најдолгиот. Количината на челик која била употребена за да се изгради го прави еден од најскапите досега составени. Настрана од тоа, монструозната големина на Челичниот змеј лесно го сместува во 10-те најстрашни луди железници во светот.rnrnrnrn