КАФЕ ПАУЗА

Tag: продуктивност

  • Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

    Кои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?

    Летото сега е во полн ек, се релаксирате покрај вода, уживате во сонцето, но летниот период може да биде одличен и за планирање. Дури и кога седите на лежалка покрај море можете да работите на вашите нови соништа.rnrnКои 4 работи треба да ги направите до крајот на летото за да имате успешна есенска сезона?rnrnСекоја сезона носи свеж воздух, желба за промени, здрави навики и нови цели. Доколку сакате есента како период по летото да ви ги донесе најубавите плодови, време е да се посветите на организацијата на вашето време уште сега.rnrnДури и ако е уште лето, за големите планови е потребно време. Така, можете да ги планирате следните неколку месеци од сега, за да избегнете стрес и анксиозност во септември, кога ќе се чувствувате преоптоварени да преземете каква било акција.rnrnАко ги направите овие 4 чекори до крајот на летото, може да имате повеќе успех во есента отколку што сте замислиле:rn

    1. Направете генерален план

    rnНовата сезона е одлична можност да започнете нов план, со свежа енергија. Затоа, имајте на ум одредени насоки. На пример, замислете дека конечно ќе присуствувате на курсот на кој сакате да се запишете или дека ќе научите некој странски јазик. Не мора детално да ги планирате сите ваши акции, доволно е да имате општа идеја за претстојниот период.rn

    2. Организирајте ги вашите цели

    rnШто сакате од оваа есен? Повеќе мир, акција, внимание, релаксација или решителност? Важно е да бидете свесни за тоа што ви треба и да преземате конзистентни чекори додека не стигнете таму каде што сакате да бидете. Откако ќе одредите што сакате, време е да се запрашате што треба да направите за да ги постигнете вашите цели. Тоа може да се однесува на запишување курс или дури и на универзитет, инвестирање во бизнис или нешто специфично што ќе ви помогне да започнете да работите кон вашите соништа.rn

    3. Уште сега почнете со првите чекори

    rnОткако ќе направите план и ќе разберете кои се вашите цели, секако, следува акција. Во текот на оваа фаза, сè можете да претворите во ваша корист. Доколку сакате да се храните поздраво и да изгубите или да добиете некој килограм, веќе можете да почнете да се придржувате до мали навики кои ќе ве доближат до целта. Ако сакате да научите странски јазик, преземете ја апликацијата или гледајте видеа на Јутуб за почетници. Овие едноставни трикови ќе ви помогнат да ја започнете есента полни со мотивација и желба за успех.rn

    4. Организирајте ги плакарите

    rnНикогаш не потценувајте ја моќта на добро организираниот плакар! Дури и ако изгледа како мал чекор, организираната гардероба може да направи чуда кога станува збор за вашето расположение и продуктивност. Замислете само колку време ќе заштедите ако имате сè при рака! Одвојте неколку часа во текот на викендот за да ја средите облеката што ја имате. Чувајте ги вашите омилени парчиња облека и донирајте или рециклирајте го остатокот. Чувајте ја вашата облека по категории, за секогаш да знаете каде да најдете одредени парчиња.rnrnОткако прочитавте за работите кои треба да ги направите во текот на оваа лето доколку сакате да бидете поуспешни во есента, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 4 совети за успешно започнување на денот

    4 совети за успешно започнување на денот

    Доколку го читате ова сигурно сте од оние кои сакаат да бидат колку што е можно продуктивни, но едноставно тоа не им оди од рака. Клучот се состои во тоа да не го игнорирате алармот наутро и да не го одложувате моментот кога ќе решите да станете од кревет. На тој начин ќе имате доволно време ефективно да го поминете денот пред вас без да чувствувате стрес или да морате да брзате да ги завршите навреме своите обврски.rnrn4 совети за успешно започнување на денотrn

    1. Спијте најмалку 7 часа и разбудете се рано

    rnМожеби на почетокот ова ќе ви се чини тешко, но за кратко време ова ќе се претвори во навика и ќе се навикнете на оваа рутина за помалку од една недела. Запомнете, разбудете се со првиот аларм и надминете го искушението да го одложувате.rn

    2. Грижете се за вашето тело

    rnСега е време да појадувате. Појадокот им дава гориво на телото и мозокот по ноќниот пост. Истражувачите веруваат дека појадокот може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, кое, пак, ги регулира апетитот и енергијата. Не заборавајте и да пиете вода на секој половина час. Водата го поттикнува вашиот метаболизам да работи, му помага на вашето тело да ги исфрли токсините и му дава гориво на вашиот мозок. Значи, имате доволно причини да пиете многу вода во текот на денот.rn

    3. Грижете се за вашиот ум

    rnВашиот ум е оној кој ќе ве води низ стоте одлуки во текот на денот, некои поважни, а некои помалку. Значи, подготовката на вашиот ум треба да биде клучен чекор во раните часови од денот.rn

    4. Планирајте го денот

    rnНапишете ги на лист хартија вашите приоритети. Ако се двоумите за некоја од задачите, размислете како и дали би можеле навремено да ја извршите. Доколку сметате дека е невозможно да ја завршите денес, исфрлете ја од списокот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те утрински тренинзи за поголема продуктивност.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Утринското кафе не ја зголемува продуктивноста, а еве зошто!

    Утринското кафе не ја зголемува продуктивноста, а еве зошто!

    Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, со оглед на фактот дека секојдневно се консумираат над две милијарди шолји од овој пијалак. Не е тајна дека луѓето пијат кафе и поради неговиот вкус и поради ефектите што наводно ги има врз телото.rnrnУтринското кафе не ја зголемува продуктивноста, а еве зошто!rnrnЕфектите на кафето врз продуктивноста се добро познати и добро документирани, а многумина го нарекуваат „дрога на капитализмот“, благодарение на неговата незаменлива моќ да ни помогне да ги завршиме работите – толку многу што во 1950-тите, паузата за кафе била дел од американскиот закон благодарение на неговата способност да „придонесува за поголема ефикасност и да доведе до подобри деловни перформанси“. Ова се случило откако било откриено дека работниците во фабрика за вратоврски можат да завршат исто толку работа за шест часа колку што работеле претходно за осум, под услов да имаат по две паузи за кафе на ден.rnrnМеѓутоа, според новото истражување на Универзитетот во Њукасл во Австралија идејата дека кафето ви „дава“ дополнителна енергија е всушност лага – всушност, тоа само „краде енергија“ од остатокот од денот и создава долгорочен замор. Како го знаеме тоа? Сè се сведува на соединението наречено аденозин.rn

    Што е аденозин?

    rnАденозинот помага да се регулира циклусот сон-будење. Како што се будите и почнувате со работа во текот на денот, нивото на аденозин се зголемува бидејќи тоа е нуспроизвод од употребата на енергија во вашите клетки. Кога ова соединение се врзува за рецепторите, му дава знак на вашето тело да ја троши енергијата побавно, што прави да се чувствувате уморни. Кога одите на спиење, потрошувачката на енергија се намалува, нивото на аденозин се намалува и се будите освежени.rnrnТука влегува во игра кофеинот. Можеби сè уште се чувствувате малку поспано кога ќе се разбудите (недостатокот на сон и стресот се виновни) па затоа земате шолја кафе. Кофеинот во вашето кафе е сличен по форма на соединението аденозин, па се врзува за истите рецептори, блокирајќи ги неговите ефекти и правејќи да се чувствувате помалку уморни.rnrnСепак, аденозинот што кофеинот го блокира не исчезнува. На крајот, кофеинот се разложува и целиот акумулиран аденозин се врзува за рецепторите што ги барал. Затоа, кофеинот всушност никогаш не ви дава дополнителна енергија туку само ви купува време пред да ве достигне заморот.rnrnЗа да имате корист од кафето и покрај овие негативни ефекти, барем кога станува збор за вашата продуктивност, треба да го консумирате во вистинско време.rn

    Пијте кафе подоцна во текот на денот

    rnКортизолот е хормонот на стрес кој прави да се чувствувате будни. Овој хормон е присутен во најголеми количини кога ќе се разбудите. Така, можеби нема да ви треба кафе наутро.rnrnПокрај тоа, колку помалку аденозин има во вашето тело, толку помалку ќе се чувствувате уморни и помалку кофеин ќе може да го блокира аденозинот. Значи, има смисла да пиете кафе подоцна во текот на денот кога веќе се чувствувате повеќе уморни; во тој случај, кофеинот ќе може полесно да го надомести недостатокот на енергија.rnrnСекако, не треба да пиете кафе доцна бидејќи тоа ќе ви го наруши сонот, а без добар сон можете да заборавите на продуктивноста, будноста, фокусираноста и другите позитивни ефекти на кафето.rnrnОткако прочитавте за влијанието на утринското кафе врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и дали кафето може да ја подобри меморијата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 10 зен правила кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни

    10 зен правила кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни

    Не мора да бидете зен монах за да ги почувствувате придобивките на зен будизмот. Доволно е да ги следите овие едноставни правила кои ќе го направат вашиот живот посреќен и исполнет. Ќе го почувствувате ефектот на овие вежби само доколку тие станат дел од вашата секојдневна рутина.rnrn10 зен правила кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни rn

    1. Посветете се само на едно нешто

    rnОва правило е едноставно, а ќе ви помогне да се фокусирате. Со други зборови, кога правите нешто, фокусирајте се целосно на она што го правите. Една зен поговорка вели: „Додека се движите, движете се. Додека јадете, јадете.“rn

    2. Не брзајте

    rnОбмислувајте ги нештата пред да ги направите и избегнувајте ги случајните и непромислените постапки.rn

    3. Пред да поминете на следната задача завршете ја претходната

    rnОткако ќе ја завршите задачата на која се фокусирате тогаш можете да преминете на следната.rn

    4. Работете помалку

    rnОва правило не се однесува на мрзеливоста. Се работи за идејата да бидете селективни при изборот на задачи на кои треба да се фокусирате.rn

    5. Оставајте простор меѓу обврските

    rnОва правило ќе ви помогне да се опуштите и да размислите што е тоа што правите и зошто го правите тоа.rn

    6. Креирајте сопствени ритуали

    rnПреку ритуалите им давате важност на нештата на кои работите. Тоа, од друга страна, значи дека ритуалите служат како потсетник за тоа колку одредени нешта ви се важни во животот.rn

    7. Одвојте време за одредени работи

    rnЌе ви биде полесно да развиете навика за извршување одредени задачи доколку самите си одредите време од денот кога ќе треба да ги извршувате. Така, направете си список на нешта кои ќе ги правите во одреден момент, како време за јадење, работа или одмор. Тоа ќе ви помогне да бидете попродуктивни.rn

    8. Посветете време на медитација

    rnВо животот на зен монахот, медитацијата е еден од најважните моменти во текот на денот. Можете да ја практикувате медитацијата во кое било време од денот, доволно е да седнете, да се опуштите и да ги набљудувате реакциите на вашето тело како и она што се случува околу вас.rn

    9. Насмевнете се и помагајте им на другите

    rnЗен монасите поминуваат голем дел од својот ден во служба на другите и на овој начин учат за понизност и емпатија. И вие можете да го следите ова правило така што ќе им помагате на другите во вашата заедница преку волонтирање или организирање добротворни манифестации.rn

    10. Готвењето и чистењето на домот како еден вид медитација

    rnОва е одличен начин за вежбање на фокусот. Така, во одреден дел од денот посветете го вашето целосно внимание додека бавно ги извршувате овие задачи. Тоа ќе ви помогне да бидете присутни во моментот и да се концентрирате на она што го правите.rnrnОткако прочитавте како зен правилата можат да ви помогнат да бидете попродуктивни, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те зен правила што ќе ви помогнат да се ослободите од напнатоста и да бидете среќни.rnrnИзвор: hackspirit.com

  • Финансиски хороскоп до 29 мај: Повеќе продуктивност и поголеми можности за заработка!

    Финансиски хороскоп до 29 мај: Повеќе продуктивност и поголеми можности за заработка!

    Во текот на оваа недела, положбата на планетите ќе влијае поволно врз нашата продуктивност и желба за работа. Еве што ни предвидуваат астролозите до 29 мај во поглед на финансиите.rnrnФинансиски хороскоп до 29 мај: Повеќе продуктивност и поголеми можности за заработка!rn

    Овен

    rnВе очекуваат важни моменти во поглед на финансиите. Од голема важност е да направите пресметка пред да плаќате и внимателно да го испланирате семејниот буџет. Од друга страна, запаметете дека големите промени почнуваат од малите нешта. Освен тоа, ве очекува и можност за заработка!rn

    Бик

    rnЗапочнува идеалното време за состаноци, деловни преговори и решавање правни проблеми. Полека ќе научите како да ја развиете својата вештина за убедување, особина која особено ќе ви биде корисна на работа. Од друга страна, харизмата, упорноста и интелигенцијата ќе ви помогнат да ги остварите вашите финансиски цели.rn

    Близнаци

    rnВо текот на оваа недела ќе донесете мудри одлуки, паметно ќе управувате со финансиите и ќе вложите во она што би можело да ви биде од голема корист во иднина. Ако се држите до вашите цели, ќе можете да заработите повеќе со помалку труд.rn

    Рак

    rnФокусирајте се на одржување на вашиот авторитет во тимот. Сега е моментот да го зајакнете вашиот углед, да работите уште повеќе и да стекнете нови знаења за да останете на лидерската позиција. Од друга страна, ова не е добро време за одложување на плаќањата или позајмување пари. Сабота ќе биде идеален ден за купување и инвестирање.rn

    Лав

    rnОваа недела ќе имате можност да одморите со оглед на намалените работни задачи. Сепак, обидете се да не посветувате премногу време во работа. Од друга страна, пазете се од негативните луѓе кои се обидуваат да ве саботираат. Продолжете со позитивните мисли и не дозволувајте никој да ви ја разниша самодовербата.rn

    Девица

    rnПосветете им се на деловните врски така што ќе остварите нови познанства и ќе вложите повеќе напор во одржување на старите, но и ќе ги развиете вашите социјални вештини. Работете и на зајакнување на тимскиот дух што е многу важно за успешен бизнис. Не заборавајте дека мотивацијата може да ви помогне да постигнете голем финансиски успех!rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

    Сакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!

    Сите ние, кој помалку кој повеќе, сме „научени“ да се жртвуваме за другите и да ги ставаме нашите потреби на второ место бидејќи на тој начин сметаме дека ќе станеме подобра личност. Сепак, таквото однесување може негативно да се одрази врз нашите животи на начин што нè спречува да ги оствариме нашите цели. Во реалноста, секогаш им се посветуваме повеќе на другите отколку на себеси и нашите желби. Во продолжение прочитајте зошто треба да ни биде приоритет грижата за себе.rnrnСакате да бидете продуктивни? Поставете ги вашите приоритети на прво место!rn

    1. Кога себеси ќе се ставите на прво место ќе ви биде полесно да се фокусирате на целите

    rnЗа да ги постигнете вашите цели потребна е многу енергија и труд што непрестајно ќе ги давате од себе. Потребна ви е јасна слика, енергија и ментална јасност што ќе ви помогнат да работите напорно секој ден. Многумина не успеваат да ги остварат своите цели токму поради тоа што ја трошат енергијата во грижата за другите.rn

    2. Повеќе фокус = поголема продуктивност

    rnНеорганизираноста влијае врз продуктивноста. Кога вашите мисли се раштркани во сите насоки, не можете да се фокусирате и да соберете доволно енергија што ќе ве крепи во целиот тој процес. Свесни сте дека при поставувањето цели ви треба план. Доколку вие се ставите на прво место, пак, ќе ви овозможи да направите план преку кој ќе се фокусирате на конкретните чекори и активности што треба да ги преземете за да ги постигнете вашите цели.rn

    3. Ќе ви биде полесно да поставите одредени граници

    rnДлабоко во себе знаете кога треба да кажете „не“, наместо „да“. Кога ќе се согласите со нешто што може да го попречи вашиот фокус, имате чувство како нешто да ве „јаде внатре“. Доколку се ставите себеси и сопствените цели на прво место, тоа ќе ви помогне и да поставите граници. Поставувањето граници е дел од здравиот начин на живот. Морате да бидете цврсти докрај за тоа што дозволувате, а што нема да толерирате во вашиот живот. На тој начин ќе престанете да им угодувате на другите и ќе почнете да ги задоволувате сопствените потреби.rn

    4. Продуктивност = возбуда

    rnНајверојатно една од причините поради која луѓето не ги постигнуваат своите цели е недостатокот на возбуда. Доколку она на кое работите не ви пружи никаква возбудливост, недостатокот на инспирација може да ја намали вашата продуктивност. Тоа значи дека ќе ви биде потребна многу енергија за да ги надминете неуспесите и да останете фокусирани.rn

    5. Ќе се ослободите од очекувањата

    rnНие сме научени дека за да бидеме добри личности, треба да се грижиме за она низ кое поминуваат другите. Доколку си поставите приоритети ќе сфатите дека вие и само вие сте одговорни за вашиот живот, а тоа ја вклучува и вашата ментална состојба. Ова ќе ви помогне и да се ослободите од туѓите очекувања. Запомнете дека ова е ваш живот и дека треба да го живеете онака како што вам ви одговара. Кога нема да им дозволите на другите да ви влијаат преку нивните очекувања за тоа што треба да правите и како треба да го правите, ќе имате повеќе енергија и ќе бидете попродуктивни.rnrnОткако прочитавте како да ја зголемите вашата продуктивност така што ќе се ставите на прво место, можеби ќе сакате да ги прочитате и будистичките правила што ќе ви помогнат правилно да ги поставите вашите приоритети.rnrnИзвор: lifehack.org

  • 6 здрави ментални навики кои можат да ви помогнат да бидете попродуктивни во 2022 година

    6 здрави ментални навики кои можат да ви помогнат да бидете попродуктивни во 2022 година

    Сигурно се прашувате како да останете продуктивни покрај сите обврски и брзиот начин на живеење. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со 6 здрави ментални навики кои ќе ви го подобрат животот во 2022 година.rnrn6 здрави ментални навики кои можат да ви помогнат да бидете попродуктивни во 2022 годинаrn

    1. Започнете да пишувате дневник

    rnПосветете се пред сè на запишување на позитивните работи што ви се случиле во текот на денот. Без разлика дали се работи за успех на работа, или некакво едноставно задоволство, вреди да го запишете на хартија. Пишувањето дневник навечер пред заспивање ќе ви одземе само неколку минути, а од друга страна може значително да го намали стресот и да го подобри квалитетот на спиењето.rn

    2. Вдишете длабоко

    rnСекогаш кога чувствувате дека сте под стрес, вдишете длабоко и повторете ја оваа вежба пет пати. Со менување на шемата на дишење можете да ги намалите стомачните болки кои честопати се манифестираат како резултат на стрес.rn

    3. Поминувајте повеќе време надвор

    rnДури и кога надвор е ладно обидете се да поминувате повеќе време надвор на свеж воздух, а тоа благотворно ќе делува врз вашето тело и умот. Истовремено, прошетката во природа може да ви го подобри расположението, особено по завршувањето на стресниот работен ден.rn

    4. Вклучете се во волонтерски активности

    rnИстражувањата покажале дека волонтирањето може значително да ги намали стресот, анксиозноста и депресијата.rn

    5. Најдете време за медитација

    rnДури и во деновите кога сте најмногу зафатени обидете се да одвоите пет или десет минути за медитацијата. Медитацијата придонесува за зголемување на сивата материја во мозокот и ги намалува негативните ефекти од промените на расположението.rn

    6. Пијте повеќе зелен чај

    rnСтудиите покажале дека зелениот чај може да ја намали анксиозноста, но и да ги зголеми фокусот и концентрацијата.rnrnОткако ги прочитавте нашите предлози од 6 здрави ментални навики за поголема продуктивност, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со 5 утрински тренинзи за поголема продуктивност.rnrnИзвор: huffpost.com

  • 5 утрински тренинзи за поголема продуктивност

    5 утрински тренинзи за поголема продуктивност

    Ако сакате да ја зголемите продуктивноста, да имате повеќе енергија и да бидете поуспешни во постигнувањето на вашите цели во текот на денот, би било добро да вежбате наутро. Идејата за утрински тренинг им звучи страшно на многумина, но благодарение на утринските вежби, може да станете попродуктивни, а покрај тоа, да согорите масни наслаги и да се чувствувате подобро. Еве неколку утрински тренинзи за поголема продуктивност.rn

    Кардио

    rnhttps://youtu.be/YIsMs_T2NPornrnОвој тренинг не е случајно најпопуларната форма на вежбање – значително придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем, го стимулира лачењето на ендорфинот и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.rn

    Јога

    rnhttps://youtu.be/Nnd5Slo02usrnrnЈогата ќе ви помогне да се разбудите полесно, а исто така влијае на концентрацијата во текот на денот и спречува пад на нивото на енергија.rn

    Пешачење

    rnhttps://youtu.be/bPv__oDWIVUrnrnПешачењето е најлесен начин да се опуштите и да ги наполните батериите пред напорниот работен ден.rn

    Пилатес

    rnhttps://youtu.be/zTLGjyt1GdQrnrnОвој вид вежбање го раздвижува целото тело, ве прави посилни и повнимателни и ви дава енергија за остатокот од денот. Идеален утрински тренинг за поголема продуктивност!rn

    Тренинг со висок интензитет

    rnhttps://youtu.be/nBDnJBqRMpkrnrnНишто нема да ве расони подобро од овој вид тренинг. Особено се препорачува за луѓе на кои им е тешко да се разбудат наутро.rnrnПрочитајте што треба да правите наутро за убав почеток на денот.

  • 5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот

    5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресот

    Издржавме и пристигнавме скоро до 2021 година, можеби единствената за која никој не те праша „Каде одиш за Нова година?“ и тоа е со добра причина. Време е да влеземе во следната година ментално и физички организирано, да йа ставиме на прво место грижата за себе и да бидеме, колку што можеме, позадоволни од себе.rnrn5 едноставни навики за зголемување на продуктивноста и намалување на стресотrnrnАко работите од дома, треба да вклучите работни практики и да вежбате мали трикови што ја зголемуваат продуктивноста, ги подобруваат перформансите и му донесуваат мир на умот.rnrnИскористете го почетокот на годината за новогодишни резолуции со цел да ја зголемите вашата енергија, ефикасност и да го отстраните стресот од работниот ден. Еве пет основни навики што треба да ги вметнете во вашата дневна рутина за да ги направите месеците пред вас попродуктивни и помалку стресни.rn

    1. Поставете рекорд

    rnПоставете време за рутинска задача. На пример, колку време ви треба за да подготвите појадок? Да прочитате и да одговорите на 12 пораки? Или да подготвите неделен извештај? Свртете ги овие рутински задачи во конкуренција со самите себе и видете колку брзо можете да ги решите. Ќе бидете изненадени колку можете да постигнете за еден ден, наместо да „влечете“ две задачи до крајот на работното време.rn

    2. Бизнис аутфит и дома

    rnОблечете се во облека што ќе ве направи самоуверени, професионални и продуктивни. Има неколку истражувања и докази кои ја поддржуваат теоријата дека облеката влијае на тоа како се чувствуваме и се однесуваме. Според д-р Нина Васан, психијатарка и клинички асистентка на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд облеката ја обликува вашата ментална состојба и продуктивност. Кога сте заглавени дома цел ден, она што го носите може да го постави тонот на она што го правите. Облечете го парчето во кое најдобро се чувствувате психички да се подготвите за работа.rn

    3. Организирајте го просторот

    rnСредете го вашиот работен простор, архивирајте ја вашата е-пошта или сортирајте ги зачините по азбучен ред. Потоа застанете за момент, одвојте време да си честитате за добро завршената работа и само тогаш преминете на првата задача на списокот. Докажано е дека секоја успешно завршена задача, дури и ако станува збор за редење на теглички со зачини, ни дава мотивација за следната.rn

    4. Подигнете го нивото на енергија

    rnГо слушате ова цело време, но со причина. Многу е важно да се движите! Во студија на Универзитетот во Џорџија, истражувачите ги поделиле субјектите во три групи: низок интензитет, умерен интензитет и контролни групи (оние без вежбање). За време на шестнеделниот експеримент, двете групи за вежбање пријавиле зголемување на нивото на енергија во споредба со контролната група. Дури и оние со помал интензитет на вежбање пријавиле помал замор. Трчајте по скалите, шетајте низ зградата или направете неколку јога пози или пилатес.rn

    5. Прославете ги вашите успеси

    rnВо домашна работна средина, тешко е да добиете потврда и пофалби што често сте ги чуле во канцеларијата. Поминаа деновите кога колегите можеа да ве тапнат по грбот за време на пауза или вашиот шеф може да ви честита на „одличната презентација“ додека одите покрај неговата канцеларија. На вас е да ги признаете и прославите вашите достигнувања и успеси.rnrnПрочитајте и како да ја задржите самодовербата откако ќе ја изгубите работата?

  • Дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни?

    Дали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни?

    Повеќето луѓе сакаат да слушаат музика додека работат на некој проект, со цел да ја зголемат нивната продуктивност. Но, зошто речиси сите го имаме овој „инстинкт“ и дали има некоја вистина зад него?rnrnДали слушањето музика на работа навистина ве прави попродуктивни?rnrnМузиката го подобрува здравјето и функцијата на мозокот на неколку начини, а често ги чувствуваме придобивките без воопшто да знаеме дека музиката е причината.rn

    „Таа ја подобрува интелигенцијата, расположението, продуктивноста и го намалува стресот кај луѓето од сите возрасти. Музиката е одлична за мозокот бидејќи го активира речиси секој дел од него. Постојаното слушање музика резултира со поздрав мозок“, изјавила доктор Кетрин Џексон, лиценциран клинички психолог.

    rnКолку што е корисно слушањето музика, од свирењето музички инструмент има уште поголеми придобивки.rnrnМузиката била дел од човечката комуникација и поврзаност илјадници години. Кога слушаме музика, нашето расположение се подобрува и се чувствуваме посреќно. Како резултат, кога слушаме музика додека работиме, ќе бидеме посреќни и под помалку стрес. Ова резултира со зголемена продуктивност и точност, како и добивање подобри и покреативни идеи.rnrnИстражувањата покажале дека слушањето музика без текст може да го подобри вниманието и перформансот. Воглавно, оваа музика има ефект на „бела врева“, каде што слушателите искусуваат подобрена емоционална состојба.rnrnНо, истражувањата исто така покажале дека вкусот на музика може да има поголемо влијание од типот на музика што се слуша. Како и да е, слушањето музика има влијание врз природната шема за препознавање на мозок и центрите за предвидување и води до лачење на допамин. Како резултат се намалува стресот, се подобрува вниманието и се зголемува целокупната продуктивност.rnrnМожеби најважното нешто е што музиката ни помага да слушаме. Вистинското слушање значи полнење на мозокот со грижа и енергија. Исто така тоа значи промена на човечките врски. Кога ќе научите да слушате и да се фокусирате, можете да ја насочите вашата продуктивност и да го извлечете максимумот од себе, а сето ова додека ја слушате омилената песна.rnrnПогледнете и кои видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.