КАФЕ ПАУЗА

Tag: причини

  • Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

    Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

    Иако себумот сам по себе не е лош бидејќи го одржува скалпот здрав и ја спречува појавата на кршлива и сува коса, ако го имаме премногу, може да доведе до разни проблеми.rnrnКоја е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?rnrnНајчесто луѓето се жалат на брзо опаѓање на косата, чешање и првут. Како што објаснуваат фризерите, една од главните причини за мрсна коса нема никаква врска со честото миење.rnrnСе работи за стрес. Како што стресот може да се појави на нашите лица преку појава на мозолчиња, акни, темни кругови или црвенило, исто така може да се појави и на нашиот скалп. Експертите велат дека тоа се случува поради промените во нивото на хормоните кои можат да доведат до зголемено производство на маснотии на скалпот, односно себум. Значи, ако косата ни е помрсна од вообичаено, тоа може да биде знак дека треба малку да забавиме во животот и да најдеме време за релаксација.rnrnДруги причини зошто косата станува побрзо мрсна може да се честото или нетемелно миење, користењето на погрешни производи за нега, честото допирање на косата, недостатокот на витамини Б и наглите хормонални промени како што се менопауза или бременост.rnrnОткако прочитавте за стресот како причина за мрсење на косата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

    Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

    Честопати, кога некој сака да ве натера да се сомневате во сопствените зборови и одлуки, тој/таа сака да манипулира со вас. Сигурно ви е добро познат изразот „тој/таа сака да ме полуди“, а тоа е ситуација кога некој ве убедува дека нешто не сте виделе или процениле како што треба, најчесто за да се оправда или да извлече некаква корист.rnrnКои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?rnrnНо, постои и друг вид манипулација што ја практикуваме кон себе – кога човек се убедува во својата слабост, безвредност, недостојност за одредени врски и активности. Станува збор за личност која не верува во себе и има проблем со самодовербата. Еве ги најчестите знаци за манипулација кон себе:rnrn1. Личноста не им верува на своите чувства, ги отфрла и си забранува да ги изразува и манифестира.rnrn2. Повторно и повторно се сомнева во себе и е самокритична.rnrn3. На таков човек му е тешко да носи одлуки и да избира. Цело време се чини дека сè што прави е погрешно и несоодветно.rnrn4. Сомничавост и преценување на туѓите проценки. Постојано ги гледа другите и има страв од неодобрување.rnrn5. Постојано се самокритикува и самопонижува.rnrnОва се најчестите причини зошто личноста се однесува на овој начин:rn

    1. Не верува во себе

    rnПричините се ниската самодоверба, негативните искуства, големиот број неуспеси. Се развиваат негативни верувања во себе и личноста се потпира на нив.rn

    2. Негативно размислување

    rnЧовекот е склон кон песимистичка проценка на сликата за светот и, пред сè, за себе.rn

    2. Ја игра улогата на друг манипулатор

    rnМожно е такво лице да било жртва на манипулација на некоја друга личност, па по извесен период го продолжило истиот принцип на однесување кон себе.rn

    3. Споредување со другите

    rnСтанува збор за луѓе кои постојано се споредуваат со сите останати и сметаат дека не се доволно добри.rn

    4. Недоволна комуникација со себе

    rnЧовекот не е навикнат да се слуша себеси, да ги толкува своите чувства и мисли.rn

    5. Прекумерни амбиции и перфекционизам

    rnТаквиот човек бара премногу од себе, па често е незадоволен од постигнатото.rnrnОткако прочитавте за знаците кои укажуваат на манипулирање на самите себе, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Кои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?

    Кои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?

    Во Ајурведата, древната индиска медицина, интоксикацијата на телото и присуството на штетни материи кои се акумулираат во нашите ткива и кои се нарекуваат „ама“ се наведуваат како една од главните причини за влошување на здравјето и појава на болести.rnrnКои се главните причини за зголемување на токсините во организмот?rnrnОвие штетни материи ги нарушуваат биохемиските процеси во телото, што доведува до нарушување на протокот на информации во нервниот систем, стагнација или блокирање на лимфните и крвните садови, како и нарушување на функцијата на сите други канали кои постојат во нашето тело.rn

    Лошо варење

    rnРазлични фактори може да доведат до појава на токсини во телото. Една од главните причини е лошото варење на храната, што доведува до акумулација на несварена храна и слаба апсорпција на хранливи материи. Несварената храна се претвора во токсини кои го блокираат редовниот проток во сите ткива и се таложат во ткивата, со што се нарушува нивната нормална функција. Главна причина за ова нарушување е неправилната исхрана, што доведува до раст на вата, пита или кафа доша. На пример, ако нашата исхрана е претежно заснована на сува и ладна храна или ако јадеме премногу често и во големи количини сурова храна, можеме да придонесеме за зголемување на вата доша. Пречестата употреба на домати, цимет, цитрус, оцет, топла, солена и кисела храна ќе доведе до зголемување на пита дошата, додека сирењата, јогуртот, сладоледот и другите слатки придонесуваат за зголемување на кафа доша. Лошото варење може да биде предизвикано и од употреба на некомпатибилни намирници, како на пример, истовремено внесување млеко и солена храна, млеко и риба, овошје и јогурт, диња и лубеница во комбинација со која било друга храна. Консумирањето оброци во погрешно време (доцна навечер или помеѓу редовните оброци) може исто така да доведе до лошо варење.rn

    Елиминација на токсините

    rnСледна значајна причина за формирање токсини е слабата елиминација на отпадните материи, што дополнително придонесува за акумулација на нечистотии, а потоа нивна апсорпција во циркулаторниот систем и понатамошна дистрибуција по целиот организам. Варењето само по себе доведува и до отежната елиминација на отпадните материи, но покрај тоа, исклучително значаен фактор е и потиснувањето на природните потреби. Одложувањето на празнењето на мочниот меур и цревата и потиснувањето на гасовите во телото силно ја нарушува елиминацијата на отпадните материи. Употребата на тампони и менструални чаши исто така доведува до нарушување на протокот на енергија во тенката карлица и тенкото црево, што доведува до разни здравствени нарушувања, од ендометриоза до гастроезофагеална рефлуксна болест.rn

    Нерамнотежа на дошите

    rnИнтоксикацијата може да биде предизвикана и од нерамнотежата на вата, пита и кафа дошите предизвикана од лошите дневни навики. Изложеноста на суво и студено или ветровито време, нередовниот сон, исцрпувачките тренинзи, премногу работа и многу стрес ќе доведат до силно зголемување на вата доша и акумулација на токсини што доведуваат до нарушувања во форма на физички слабост, несоница, анксиозност, нередовни и болни менструални циклуси, болести на коскено-зглобниот систем. Интензивната изложеност на високи температури или активности во периодот од 22 до 2 часот по полноќ, честите расправии или гледање агресивни сцени, доведуваат до нарушување на пита доша кои можат да се манифестираат како гастритис, кожни болести, хормонална нерамнотежа, тешки менструации, повторени спонтани абортуси. Спиењето во текот на денот, недостатокот на редовна физичка активност како и изложеноста на студ и влажно време ќе придонесат за појава на нерамнотежа на кафа дошата и ќе се манифестираат, на пример, во форма на астма, дијабетес, дебелина и депресија.rn

    Токсини од надворешната средина

    rnПрисуството на паразити во телото како бактерии и вируси, можат да доведат до интоксикација на клеточно ниво. Од друга страна, присуството на „ама“ во организмот е плодна почва за развој на чести бактериски, вирусни и други инфекции. Токсините од надворешното опкружување се исклучително штетни и опасни, зрачењето на електронските уреди и мобилните телефони сериозно ја нарушува хомеостазата на нашиот организам и доведува до појава на болести. Затоа е важно да се обидеме да ја сведеме изложеноста на овој вид токсини на минимум.rnrnОткако прочитавте за главните причини за зголемување на токсините во организмот, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие ајурведски совети: Здрава исхрана за буден ум, здраво тело и мирно срце.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Чувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!

    Чувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!

    Една од најчестите придобивки од вежбањето е зголемувањето на хормонот ендорфин што придонесува да се чувствувате одлично. Меѓутоа, што се случува кога ќе се чувствувате лошо после тренинг? Во продолжение прочитајте за состојбата наречена „фитнес мамурлак“.rnrnЧувствувате главоболка по тренинг? Ова се можните причини!rn

    Што претставува фитнес мамурлак?

    rnСпоред научниците, оваа состојба може да вклучува болка што ги спречува луѓето нормално да ги извршуваат своите активности, исто како мамурлакот предизвикан од алкохол. Едно истражување покажало дека симптомите на фитнес мамурлакот вклучувале исцрпеност, гадење и главоболки, болки во мускулите, екстремен замор, слабост и мачнина до 24 часа по тренингот.rn

    Зошто се појавува такво чувство после тренинг?

    rnПостојат повеќе биолошки причини поради кои може да се чувствувате лошо после тренинг. За време на вежбањето, резервите на гликоген во мускулите се исцрпени, а телото потоа се бори да го одржи нивото на гликоза во крвта, што може да резултира со чувство на замор и несвестица. Во исто време, со потење губите течност, а со тоа и сол, што го намалува крвниот притисок и предизвикува вртоглавица. Понатаму, чувството на гадење може да биде предизвикано од акумулација на млечна киселина во мускулите – за време на тренингот телото не може да ја задоволи зголемената потреба за кислород, па тоа доведува до формирање на млечна киселина, поради што луѓето се чувствуваат изнемоштени и имаат стомачни болки или грчеви. Сепак, сите овие симптоми може да бидат и знак дека можеби е време да забавите и да ги слушате знаците на вашето тело кои ви кажуваат да промените нешто.rn

    Како да се спречи оваа појава?

    rnПрилагодувањето на тренингот и исхраната е клучен чекор во избегнувањето на овие симптоми. Ако штотуку сте почнале да вежбате, не претерувајте, туку правете сесии со помал и пократок интензитет. Зголемувајте го постепено интензитетот на вежбите бидејќи така вашето тело се прилагодува на тренингот, гради поголема толеранција на млечна киселина и овозможува тренирање без болка.rnrnДури и ако имате искуство, не е паметно да го туркате вашето тело подалеку од точката на нормален напор бидејќи тоа може да доведе до физички, ментални и хормонски проблеми. Задолжително пијте вода за да ги надоместите изгубените течности, загревајте се пред тренинг, не јадете големи оброци пред тренинг и не занемарувајте ги потребите на вашето тело.rnrnОткако прочитавте за причините за главоболка по тренинг, можеби ќе сакате да прочитате и дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • 5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив

    5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив

    Дали некогаш сте посакале да се откажете од вашите цели? Не знаевте како да постапите за одново да добиете мотивација и да продолжите понатаму? Не заборавајте дека најважно е да бидете упорни и да работите на проблемите кои го отежнуваат стигнувањето до целта. Еве пет вообичаени причини поради кои сакаме да се откажеме од нашите цели и како да се справиме со секоја од нив:rnrn5 причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нивrn

    1. Умор

    rnВашиот физички умор влијае на вашиот ум и емоции. Кога сте физички исцрпени, немате волја и мотивација да ги надминете предизвиците.rnrnРешение: Грижете се за вашето тело и погрижете се да се одморите доволно. Не заборавајте дека во просек на возрасните им требаат околу осум часа сон.rn

    2. Обесхрабрување

    rnПонекогаш се чини дека вашите проблеми се трупаат еден врз друг и затоа едноставно сакате да се откажете. Освен тоа, многу е полесно да бегате од вашите проблеми отколку директно да се справите со нив.rnrnРешение: Ослободете се од вашите негативни емоции на здрав начин. Одете на прошетка, водете дневник, поминувајте повеќе време со луѓето што ве прават среќни. Не заборавајте дека бегањето од вашите проблеми само ќе ги влоши.rn

    3. Збунетост

    rnДали некогаш сте го изгубиле фокусот и не сте знаеле по кој пат да одите? Ако е така, не сте сами. Секој барем еднаш во животот го искусил чувството на изгубеност.rnrnРешение: Поврзете се повторно со вашата цел и визија. Каде сакате да бидете за една, две или пет години? Размислете за вашите долгорочни цели и чекорите што морате да ги преземете за да стигнете таму. Кога прецизно ќе ги одредите вашите цели и визии во вас патот пред вас ќе стане јасен.rn

    4. Преоптовареност

    rnИма моменти кога сте се посветиле на премногу обврски и се чувствувате целосно преоптоварени.rnrnРешение: Поставете приоритет на вашите обврски. Не можете да направите сè и затоа неопходно е да се фокусирате на најважните работи.rn

    5. Каење

    rnАко постојано се навраќате на грешките што сте ги направиле во минатото, нема да можете да се фокусирате на иднината.rnrnРешение: Не задржувајте се на минатото бидејќи не можете да го промените. Учете од вашите грешки и применете ги тие лекции на сегашноста и иднината. Фокусирајте се на она што можете да го промените, а тоа сте вие самите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да прочитате и 6 причини зошто откажувањето е најлошиот избор за вас.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Ве мачат песимистички мисли? Ова се можните причини!

    Ве мачат песимистички мисли? Ова се можните причини!

    Дали во последно време се соочувате со песимистичка визија за вашиот живот? Дали наутро се будите депресивни и тажни без никаква возбуда за новиот ден пред вас? Дали се борите да почувствувате макар и ронка надеж во вашата иднина и сето она што е неизвесно? Не сте сами! Чувството на песимизам е нешто што многумина го чувствуваат во моментот, а еве кои се причините за тоа.rnrnВе мачат песимистички мисли? Ова се можните причини! rn

    1. Надворешниот свет

    rnПостојано слушате вести за насилство, катастрофи и несреќи во светот. Така, нормално е да се чувствувате песимистички кога сето она што се случува околу вас е толку збунувачко и неизвесно! Сепак, имајте на ум дека не можете да го контролирате она што се случува во светот, но можете да го контролирате вашиот внатрешен свет.rn

    2. Вашите мисли

    rnВашите мисли понекогаш можат да бидат вашите најголеми непријатели. Така, тие постојано ве бомбардираат со негативна претстава за вас самите. Ви велат дека сте премногу дебели или премногу слаби, недоволно паметни, недоволно успешни, несакани, без пријатели, безнадежни, без никаква цел во животот. Важно е да ги отфрлите навреме овие мисли пред тие да направат штета што само ќе ги влоши работите.rn

    3. Недостиг од грижа за себе

    rnБидете искрени. Дали вистински се грижите за себе? Дали се дружите со пријателите? Дали се храните здраво и спиете добро? Дали ги правите нештата што ги сакате? Сите овие работи се многу важни за да имате позитивен поглед кон светот околу вас, особено доколку станува збор за нешта кои редовно сте ги правеле во минатото.rn

    4. Немате визија за иднината

    rnКога се чувствувате лошо тешко е да гледате со надеж во иднината. Кога едноставно, се чувствувате „заглавени“ во минатото, кога не се грижите за себе и не гледате никаков излез, нормално е да бидете безнадежни во поглед на она што допрва треба да дојде. Сепак, кога ќе се најдете во таква ситуација, обидете се да се потсетите на искуствата од минатото. Сигурно постоеле и други моменти кога сè се чинело безнадежно, но, сепак вие сте продолжиле со вашиот живот. Не заборавајте дека животот се состои од подеми и падови и дека секој нов обид по поразот е, всушност, најголемиот успех.rnrnОткако прочитавте за причините поради кои ве мачат песимистички мисли, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да знаете ако вие сте оптимист, а партнерот е песимист.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?

    Кои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?

    Брзиот начин на живот и секојдневниот стрес на работа се најголемите непријатели на нашето здравје. Во продолжение прочитајте ги најчестите причини за замор кои можеби несвесно ги игнорирате.rnrnКои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?rn

    Дехидратација

    rnЗаморот честопати се јавува како резултат на дехидратација кога телото испушта повеќе течности отколку што прима. Освен тоа, од големо значење е рамномерното консумирање течности во текот на денот. Внимавајте и да не консумирате голема количина на вода 20 минути пред или по оброкот, што може да ги наруши дигестивните ензими во желудникот и да доведе до лошо варење.rn

    Недоволно сон

    rnНе заборавајте дека честопати недостатокот од сон може да доведе до поспаност, губење на концентрацијата, проблеми со меморијата и со извршувањето на работните задачи. Освен тоа, хроничниот недостаток на сон го зголемува ризикот од повреди, несреќи, болести, па дури и смрт.rn

    Намалени физички активности

    rnСпоред едно истражување, физичката активност како возење велосипед, пешачење или пливање може значително да го намали заморот. Освен тоа, овие активности можат и да го подобрат вашето расположение.rn

    Зголемен стрес

    rnЗголемениот стрес предизвикува лачење на кортизол, чие зголемено ниво во организмот доведува до нерамнотежа на шеќерот во крвта, замор на надбубрежните жлезди и губење на телесната тежина. Иако е невозможно да се избегнат сите стресни фактори во вашиот секојдневен живот, сепак може да го смените начинот на кој се справувате со стресот.rnrnОткако прочитавте кои се најчестите причини за замор, можеби ќе сакате да прочитате и три начини за борба против „дигиталниот замор“.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Ова се причините поради кои не можете да бидете успешни како што посакувате

    Ова се причините поради кои не можете да бидете успешни како што посакувате

    Доколку се чувствувате дека не сте успеале да постигнете ниту една од вашите цели иако напорно сте работеле за да ги постигнете, постојат неколку причини за тоа. Прочитајте за што станува збор во продолжение.rnrnОва се причините поради кои не можете да бидете успешни како што посакуватеrn

    Се плашите

    rnСтравот е една од најчестите причини зошто не сте толку успешни како што посакувате. Стравот е тој што ве спречува да ги постигнете вашите цели. Колку и да звучи неверојатно, понекогаш стравот може да биде вашиот најголем непријател, затоа морате да го контролирате и да не дозволите да застане на патот на вашата среќа.rn

    Негативна енергија

    rnНегативната енергија што понекогаш доаѓа од вас, а понекогаш од другите, може да ве спречи да бидете успешни во она што го работите. Доколку сте опкружени со негативни луѓе кои постојано ве обесхрабруваат, можеби е време да стекнете нови пријатели кои ќе ве поддржат и ќе веруваат во она што сте способни да го направите.rn

    Ги одолговлекувате работите

    rnСигурно многумина од вас се почувствувале како губат премногу време без да прават нешто. Решението е едноставно, обидете се повеќе да се фокусирате на дадените обврски.rn

    Се плашите да сонувате за големи работи

    rnСоништата за големите работи можат понекогаш да бидат застрашувачки бидејќи можат да ве натераат да се посомневате во вашата способност да ги исполните. Не заборавајте дека ништо не е невозможно да постигнете ако вложите доволно труд и напор.rn

    Не верувате во себе

    rnЗа да бидете успешни треба да верувате во себе. Постојат многубројни начини на кои можете да ја зголемите вашата самодоверба, а најважно од сè е да не се откажувате.rnrnОткако прочитавте кои се причините зошто не можете да бидете успешни, можеби ќе сакате да прочитате и цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 5 причини зошто сте такви какви што сте

    5 причини зошто сте такви какви што сте

    Сигурно понекогаш ќе се најдете во ситуација кога со часови се обидувате да се анализирате себеси. Во тие моменти размислувате за тоа што е што не ви се допаѓа кај вас и како да се подобрите. Честопати ги занемарувате причините поради кои сте такви какви што сте. Но, доколку се обидете да ги разберете, ќе ви биде полесно да работите на својот личен развој.rnrn5 причини зошто сте такви какви што стеrn

    Вашата реакција кон критиката и желбата да им угодите на сите

    rnСе чини дека по раѓање сте „програмирани“ да ја следите оваа формула, особено доколку сте жена. Жената уште од најмала возраст е условена да им угодува на другите. Таа е научена на манири кои сепак не важат за момчињата. Дали мажот не плаче бидејќи е силен, а жената не плаче затоа што е ладна како карактер? Склоноста кон туѓото угодување ве прави да бидете она што сте.rn

    Колку брзо учите од сопствените грешки

    rnГолем дел од луѓето никогаш не учат од сопствените грешки бидејќи се плашат да си ги признаат, но и да ја напуштат сопствената удобна зона. Така започнуваме врска со некого кој е всушност незаинтересиран за нас затоа што ни поставува некаква цел кон која се стремиме. Некои пак, сè уште ги трпат каприците на своите деца и нивното лошо однесување затоа што тоа се чини полесно отколку да се научи од грешката и отворено да се разговара за проблемот.rn

    Дали имате надеж и верба

    rnВо животот е неопходно да имате цел кон која ќе се стремите, но и надеж и верба во себе дека ќе ја остварите.rn

    Дали ги обвинувате другите за сопствените проблеми

    rnОбвинувањето на другите е типична реакција за синдромот „јас сум жртва“. Не го добивте унапредувањето на работа затоа што вашиот шеф е посебно наклонет кон личноста што ја унапредил на ваше место, вашите деца имаат лоши оценки на училиште бидејќи наставниците го мразат вашето семејство, итн.rn

    Успехот е тој што ќе ви помогне да изградите сопствен став и карактер, а не неуспехот

    rnОва е голема причина зошто сте такви какви што сте. Неуспехот и тешкотиите не можат да го изградат добриот, цврст карактер без разлика на тврдењата на успешните. Успехот ќе ви помогне при зацврстување на карактерот, а вашите победи и времето кога сте биле први ве прави да бидете она што сте.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со причини зошто сте такви какви што сте, можеби ќе сакате да прочитате и 12 навики во однесувањето кои се клучни за личност со добри манири.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • 5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

    5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

    Многу долго чекавте да го доживеете тоа чувство на блаженство што е типично за вљубените луѓе, но што се случува кога другата личност нема да ви ја возврати љубовта? Секогаш кога ќе си помислите: „Ова го чекав! Ова е личноста за која сонував!“, за веднаш потоа да се соочите со скршено срце и разочараност. Можеби не го сфаќате тоа, но имате тенденција да се заљубите во некој кој не може да ви возврати со истите чувства. Во продолжение прочитајте зошто се вљубувате во погрешните луѓе.rnrn5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовтаrn

    1. Не се почитувате и сакате себеси

    rnКако што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот.rn

    2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската

    rnЗа вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот.rn

    3. Не сакате да се збогувате со минатото

    rnСе плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска.rn

    4. Се плашите од интимност и ранливост

    rnСе вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа.rn

    5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате

    rnКога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци.rnrnОткако ги прочитавте причините поради кои се заљубуваме во погрешните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да се случат за да се заљубат две личности.rnrnИзвор: themindsjournal.com