Секој од нас добро ги знае сите бенефити кои ги носи блендерот во кујната, па во овој текст воопшто нема да зборуваме како тој стана најнеопходниот апарат во кујната. Денес ќе посветиме малку внимание на карактеристиките и функциите кои секогаш треба да ги имате предвид кога одите да го одберете вашиот најдобар пријател во кујната. За многумина тоа е цената, но кога станува збор за правење правилен избор, цената и не игра толку важна улога, туку сплет од многу поважни фактори кои на крајот носат многу подобар резултат. Можеби навидум на сите ни изгледа дека функцијата на сите блендери е иста, но треба да се има предвид дека разликата во резултатот од еден модел до друг е огромна, особено доколку ви е важно да го извлечете максимумот од состојките кои ги користите. Па да почнеме со ред.rn
Моќност на мотор: потенцијалот за блендање хомогена текстура
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=Oiv0U0vJohErnrnМоќноста на моторот е главната карактеристика на сите електрични апарати, па токму затоа е многу важно да одберете доволно моќен мотор кој ќе испорачува максимални резултати. Моќноста на моторот ги дефинира вртежите кои ги прави блендерот, па токму затоа не брзајте и посветете време да ги споредите бројките за јачина и број на вртежи во минута. Не секогаш блендерот кој ви изгледа најдобро надворешно и кој совршено ќе се вклопи со другите елементи во вашата кујна, ќе испорача совршено смути. Секако, имајте предвид дека моторот не е единствениот фактор кој игра улога за совршено блендање. Многу е важен бројот на ножеви и нивниот квалитет, кои во комбинација со моторот ќе ви овозможат да добиете смути на кое ќе ви позавидат.rn
Функционалност: за што ќе го употребувате блендерот? Само за меки состојки? Тврди?
rnНе сите блендери имаат капацитет да ги извршат сите процеси, кои вас ви се потребни. Кога станува збор за блендери, најчестата грешка која многумина ја прават е купување на блендер од понизок ранг, од кој очекуваат дека ќе ги избленда и најтврдите состојки. Ова најчесто резултира со грутчеста текстура, која воопшто не е фина за консумирање, особено доколку станува збор за супа или смути. Пред да одберете блендер, добро размислете за што сакате да го користите. Сакате да правите сладолед од замрзнато овошје? Бебешки кашички? Сакате да смелете јаткасти плодови за правење торти и колачи? Задолжително напоменете ги овие работи на продажниот агент или пак побарајте да ги тестирате овие функции. Тука најголема улога игра опцијата за прилагодување на брзината и острината на сечилата кои треба да се справат со сите состојки подеднакво ефикасно.rn
Квалитет и гаранција: колку долго можете да го користите блендерот, без да се грижите дека ќе се расипе?
rnДоколку не сакате да купувате блендер на секои 2 години, квалитетот секогаш треба да ви е во приоритетните фактори при избор на производ. Покрај реномираното и докажано име на брендот на кој му верувате, секогаш треба да ги проверите условите во гаранцијата и да се распрашате за техничката спремност на сервисот кој би бил тука за вас во случај на проблем со уредот. Брендот кој се грижи за своите корисници, секогаш овие две работи ги има доведено до перфекција.rn
Садови и додатоци: кои ќе ви го олеснат секојдневието
rn
Садовите на блендерите најчесто се направени од стакло или пластика и варираат во својот волумен, најмногу зависно од целосниот дизајн на продуктот. Без разлика кој материјал го преферирате, внимавајте бокалот да е со поголем капацитет за да може убаво да се блендаат состојките во него, да не пропушта воздух кој во комбинација со моќните вртежи ќе допринесат побрзо да оксидира овошјето и зеленчукот, да не прокапува и лесно да се ракува со него. Препорачливо е да одберете блендер со кој доаѓаат чаши со кој можете да си направите смути за носење, бидејќи најчесто се поквалитетни, а и спаѓаат во цената на производот, па нема да имате дополнителни трошоци отпосле.rnrn
При изборот на нов кујнски апарат ви ги препорачуваме новите Viva и Avance блендери на Philips кои навистина ќе ви ја олеснат потрагата по совршен блендер. Viva блендерот има мотор со моќност од 700W и доаѓа со револуционерната Pro-blend 6 технологија која ослободува повеќе хранливи ресички во вашето смути. Од друга страна Avance моделот има мотор од 1400W кој овозможува 35.000 вртежи во минута, давајќи беспрекорно хомогена текстура. Avance моделот доаѓа со Pro-blend 6 3D технологијата која издвојува повеќе хранливи состојки од овошјето и зеленчукот и кој бленда за 50% подобро смути од своите претходници.rnrnНа двата модели вие ја одредувате брзината зависно од тоа дали блендате меки или тврди состојки, со што ја одредувате густината на смутито. Со секој од нив добивате стаклен бокал од 2 литри, во кој има доволно простор состојките убаво да се изблендаат, а дополнително да направите смути за целото семејство. Со Viva моделот добивате една, додека со Avance две чаши за носење, направени од висококвалитетна пластика без BPA супстанци, со кои можете директно да изблендате смути и да го понесете со вас на работа, на вежбање или на прошетка во парк.rnrn
rnrnПодетални информации за блендерите можете да најдете на официјалниот веб-сајт на Philips. Моментално на двата модели има промоции со ограничено времетраење со кои добивате попуст од 20%.

rnrnДетокс програмата може да трае од 1 ден до 2 месеци и може да се заснова само на консумирање вода (еднодневен детокс), како и побалансиран начин на исхрана. Каков тип детокс ќе изберете зависи од вашите потреби и од тоа како се чувствувате. Во овој период, навистина треба да сте претпазливи и строго да се придржувате до правилата и целите кои ќе си ги поставите пред себе. За почеток, намалете ги или целосно исфрлете ги од исхраната сите протеински производи од животинско потекло, секако елиминирајте го црвеното месо (јагнешко и свинско) и пробајте да јадете пилешко месо или риба еднаш неделно. Мора да го исфрлите и алкохолот, како и продуктите кои содржат глутен.rnrnПричината поради која мора да стопираме со алкохолот е поради тоа што го оптоварува џигерот кој е одговорен за справување со токсините во нашето тело. Џигерот ни е потребен за да ги ослободи токсините во периодот додека трае детоксикацијата. Проблемот со глутенот пак, е во тоа што е најтешкиот молекул кој нашето тело треба да го разгради и со тоа дозволува токсините да навлезат во крвта. Можете да ја замените храната која содржи глутен со ориз, просо, киноа или хељда.rnrnФокусирајте се на она што ни го дава природата: повеќе зеленчуци и одредена количина овошје. :)rnrnПлодовите (но не оние кои имаат големо количество шеќер, како бананата), зеленчукот, чаевите од билки и водата ви се најголемиот пријател кога станува збор за детоксикацијата. Многу луѓе процесот на детоксикација го поминуваат со консумирање смутиња. Смутито е совршено за комбинирање на различни здрави плодови во еден оброк, особено кога зборуваме за зелениот зеленчук кој е препорачлив поради тоа што содржи антиоксиданси и е богат со хранливи ресички, витамини и има ниско количество на шеќери (целер, краставица, зелка, магдонос и марула). Многу полесно е да се подготви свежо смути со зелка, овошје и малку целер или ѓумбир отколку посебно да се прават овошна или зеленчукова салата. Затоа би ви препорачале да го започнете денот со смути, за ручек чиниите нека ви бидат полни со различни зеленчуци, плодови без глутен и одвреме-навреме риба или пилешко месо, попладне каснете овошје или повторно смути, а за ужина и вечера уживајте во свежа салата.rnrn
rnrnКога зборуваме за смутито, потребно е да се напомене дека не е важна само неговата содржина, туку и текстурата. Во последно време, се создаде точна дистинкција помеѓу стандардните блендери и блендерите со висока брзина. Стандардните блендери се перфектни за блендирање меки состојки кои содржат повеќе течност, но доколку сакате да изблендирате цврсти состојки како јаткасти плодови или ѓумбир, стандардните блендери не се во можност да ги изблендираат доволно добро, заради што ќе останат крупни парчиња, со што смутито е тешко за пиење. Новите
rn
rnrnПодетални информации околу
rnrnЗа самиот крај, за максимални ефекти во периодот на детоксикација, нè заборавајте и да вежбате. Сепак, фокусирајте се повеќе на кардио вежби и не заборавајте пред и после вежбањето убаво да се истегнете. Погрижете се во овој период од годината здравјето да ви е на прво место.
rnrnДоколку сте загрижени за флуктуирање на 



