КАФЕ ПАУЗА

Tag: нова

  • Што се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?

    Што се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?

    Штом светот ќе се врати во нормала, кога и да е тоа, ова е она што секој хороскопски знак се надева дека ќе го направи:rnrnШто се надева дека ќе направи секој хороскопски знак во текот на новата година?rn

    Овен

    rnСе надевате дека ќе патувате низ целиот свет, наместо да бидете затворени дома.rn

    Бик

    rnСе надевате дека ќе напредувате во вашата кариера и ќе бидете чекор поблиску до вашите соништа.rn

    Близнаци

    rnСе надевате дека ќе одите на романтични состаноци и ќе најдете некој што ќе ви го украде срцето.rn

    Рак

    rnСе надевате дека ќе поминете многу време дружејќи се со вашето семејство и со пријателите во живо.rn

    Лав

    rnСе надевате дека ќе запознаете нови луѓе и ќе одите во нови авантури надвор од вашиот роден град.rn

    Девица

    rnСе надевате дека повторно ќе одите на концерти, на фестивали и на забави.rn

    Вага

    rnСе надевате дека ќе запознаете некоја посебна личност подобро и ќе го направите следниот чекор во вашата врска.rn

    Скорпија

    rnСе надевате дека повторно ќе имате секс и можеби ќе најдете партнер за цел живот.rn

    Стрелец

    rnСе надевате дека ќе имате повеќе енергија да се фокусирате на вашите хобија и да се забавувате.rn

    Јарец

    rnСе надевате дека ќе пиете помалку алкохол и ќе работите помалку часови.rn

    Водолија

    rnСе надевате дека ќе пробате нови рецепти, коктели и десерти.rn

    Риби

    rnСе надевате дека ќе се чувствувате поудобно во вашата кожа.rnrnПрочитајте што му носат ѕвездите на секој хороскопски знак на полето на сексот за време на празниците.

  • Дали е неопходно да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

    Дали е неопходно да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

    Одењето во омилената продавница и купувањето нова облека може да го подобри расположението на речиси секого. Дали и вие, како и повеќето, уште некое време ја пробувате новата облека откако ќе се вратите од шопинг?rnrnДали е неопходно да ја исперете новата облека пред да ја облечете?rnrnИако оваа домашна модна ревија може да биде навистина забавна, често не размислуваме какви последици има на нашето здравје. Имено, неиспраната нова облека може да биде опасна поради разните алергии што може да ги предизвика. Од овде потекнува и прашањето: Дали треба да ја переме новата облека пред да ја облечеме прв пат?rnrnСпоред најновото истражување на Националната агенција за здравствено осигурување од Франција, неопходно е да ја исперете новата облека за да ги избегнете алергиите од одредени хемикалии што се користат при нејзината изработка.rnrnОд јануари 2017-та година, агенцијата започнала истражување со одредени пациенти со цел да го открие влијанието на штетните хемикалии на облеката и обувките. Некои од хемикалиите најдени на гардеробата биле бензидин, хексавалентен хром и никел.rnrnНа новата облека може да има остатоци и од хемикалии како формалдехид кој може да биде опасен, а се користи за одржување на лешовите и деловите од тело на покојните. Во текстилната индустрија се користи за да се спречи гужвањето на материјалот и појавата на мувла. Неговата количина е регулирана со законска граница која многу често е надмината. Од агенцијата побарале да се намали и нивото на хексавалентниот хром во кожните чевли за да се избегнат алергиите.rnrnАко имате иритација или алергија по купувањето нова облека или обувки, веднаш посетете лекар или дерматолог за да го откриете изворот на проблемот. За да избегнете слични ситуации, не заборавајте да ја исперете новата гардероба пред да ја облечете.rnrnДознајте како правилно да ја перете вашата облека.

  • Ученици во меѓународното училиште „Нова“ објавија книга и станаа публикувани автори

    Ученици во меѓународното училиште „Нова“ објавија книга и станаа публикувани автори

    Книгата „Бисерите на Нова“ е на англиски јазик и ќе може да се најде и во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.rnrn1-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mkrnrnУченици од меѓународното училиште „Нова“ станаа публикувани автори и нивните дела за тинејџерството како и за многу други сериозни глобални прашања, се најдоа во книгата „Бисерите на НОВА“ кој вчера беше промовирана во просториите на оваа образовна институција. Со цел да се поттикне креативното пишување, секоја година во јануари се распишува конкурс за нови творби по што професорите од одделот за англиски јазик и литература ги одбираат најдобрите и работат со децата за да ги доразвијат своите приказни преку создавање на автентични карактери, дијалози, конфликти или описи. Ова е втора година како излегува книгата која е на англиски јазик и ќе може да се најде во „Нова“ како и во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.rnrn2-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mkrn

    „Годинешното издание вклучува девет кратки раскази, три литературни интермеца, презентација на уметничкиот опус на наши ученици и автентична корица на книгата. Учениците длабоко ги разоткрија проблемите и анксиозностите на тинејџерската доба, но и сериозно пристапија кон глобалните теми во кои се втурнаа со воодушевувачка сериозност, креативност и оригиналност. Одејќи од космополитски до секојдневни теми распослани по најразлични сценарија, преку лепеза на карактери кои растат и виреат на патот кон светот на возрасните, понудија прошетка од имагинација, футуризам и реализам“ – објаснуваат од училиштето „Нова“.

    rnКнигата сама се наметнала како проект и се работи за збирка која е инспирирана, реализирана и целосно посветена на учениците.rnrn3-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mkrn

    „Мора да напоменеме дека тројца од учениците чии дела се наоѓаат во ова издание на „Бисерите на Нова“ веќе го претворија своите кратки раскази во поглавја на своите идни книги. Среќни сме дека целиот овој проект ги инспирира и поттикнува да работат и да креираат“ – објаснуваат од „Нова“.

    rnПо вчерашната промоција, во меѓународното училиште веќе почнува да се работи и на новиот конкурс и на новото издание на книгата која ќе се најде на полиците во 2017 година.

  • 5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

    5 начини да се справите со несигурноста во новата врска

    Доколку само што сте почнале да се состанувате со некоја личност и после одреден период забележите дека тој или таа се однесува поинаку и почудно, сигурно ќе се вознемирите и ќе се грижите за тоа дали сѐ уште е заинтересиран/а за вас. Што е најдобро да направите кога ќе се соочите со оваа непријатна ситуација? Најпрво, обидете се да размислувате подлабоко пред да дејствувате. Вашиот партнер не ве познава доволно, па доколку реагирате несоодветно, може да помисли дека сте личност којашто има постојана потреба од докажување на љубовта, што не е добар знак. Уште една работа што не треба да ја практикувате е да го/ја демнете на социјалните мрежи, барајќи некој доказ дали во неговиот живот постои друга личност. Сѐ што треба е да останете смирени и да ги прочитате овие 5 совети коишто ќе ви помогнат да бидете потолерантни.rnrnrn

    1. Признајте си дека работите не се во најдобар ред

    rnТрудете се постојано да бидете подготвени да се справите со нејасностите во врската, повеќе отколку што тоа е потребно. Можеби за себеси мислите дека сте личност која само сака забава и дружење, но, лесно и несвесно можете да се поврзете со некој. Знаејќи го ова, вие сте ја добиле половина битка.rn

    2. Грижете се за своите чувства

    rnКога ќе забележите дека некои работи ве повредуваат, размислете добро што е тоа што ви носи непријатни чувства и потрудете се да ги оттргнете. Грижата за своите чувства и својот живот ќе ја зајакне вашата способност да се справите со која било ситуација.rn

    3. Оддалечете се

    rnПонекогаш чувствувате дека сте премногу обземени од непријатни чувства, па не гледате излез од тоа. Честопати ангажирањето во некои активности може да ви го одвлече вниманието од тешките моменти. Обидете се да го исполните вашето време со позитивни активности, па така нема да подлегнете на емоционалните искушенија. На пример, можете да вежбате, да почнете со некој креативен проект или пак, да се препуштите на забава. Сето ова ќе ви овозможи да ја смените вашата емоционална состојба на позитивен начин.rnrnrn

    4. Побарајте поддршка

    rnНе треба целиот процес да го поминете сами. Повеќето личности сметаат дека е корисно да ја имаат поддршката од пријателите во периодот на емоционално тешки времиња. Самиот процес на зборување може да ви помогне да ја намалите непријатноста, а со тоа да ја намалите и веројатноста од донесување лоша одлука.rn

    5. Не потпирајте се на рационализацијата

    rnКако што ќе се обидувате да ги толерирате вашите чувства, ќе забележите глас во вашата глава којшто ќе се обиде да ве убеди да се откажете од вашите напори. Бидете скептични околу ова, па пред да преземете акција, проверете дали тоа е исплатливо.rnrnНа крај, запаметете дека секое искуство ве прави посилни и позрели личности. Со текот на времето, учењето за тоа како да се толерира емоционалната непријатност станува полесно. Развивајте ја способноста да управувате со вашите чувства и ќе забележите дека станувате поотворени кон животот, подготвени за нови предизвици.

  • Успешна академска приказна: Македонката Теодора Филиповска од училиштето „Нова“ продолжува на Универзитетот во Утрехт

    Успешна академска приказна: Македонката Теодора Филиповска од училиштето „Нова“ продолжува на Универзитетот во Утрехт

    Продолжувањето на образованието е тежок избор и процес за секој средношколец. Сепак, успешните приказни како оваа нѐ мотивираат да го бараме и да го добиеме најдоброто за себе.rnrn5-uspeshna-akademska-prikazna-makedonkata-teodora-filipovska-od-uchilishteto-nova-prodolzhuva-na-univerzitetot-vo-utreht-kafepauza.mkrn

    1. Заминуваш во Холандија каде ќе студираш на „Utrecht University“. Кога и како одлучи дека образованието ќе го продолжиш надвор од земјава?

    rnПродолжувањето на моето образование во некој европски град отсекогаш било нешто за што потсвесно сум размислувала. Уште од мала, имав можности да патувам низ светот благодарение на спортот, училиштето, или на моите родители, а секое ново патување за мене претставуваше ново доживување, носејќи со себе нови искуства, впечатоци и желби. Патувањата ми ги прошируваа видиците од година во година, а јас постепено се привикнував на идејата да студирам во некој западноевропски град. Во трета година започнав со изучување на програмата по меѓународна матура во „НОВА“ кога и поактивно почнав да работам на остварувањето на мојата желба.rn

    2. Зошто твој избор е токму овој универзитет?

    rnПри процесот на избор на „идеалниот“ факултет, предвид земав повеќе фактори, меѓу кои се можностите што ги нуди самиот универзитет, квалитетот на наставата и кадарот, околината во која се наоѓа универзитетот, културниот живот, и секако финансиските фактори. Според сите овие критериуми, „Utrecht University“ се покажа како полн погодок. Рангиран е на 56-то место на Шангајската листа на најдобри светски универзитети за 2015, а програмата и наставата се признаени на светско ниво. Од финансиски аспект, стипендијата која што ми беше доделена од универзитетот одигра одлучувачки фактор. Исто така, меѓународниот амбиент на овој западноевропски студентски град е во скалд со моите очекувања во какво местото би сакала да престојувам додека студирам.rnrn4-uspeshna-akademska-prikazna-makedonkata-teodora-filipovska-od-uchilishteto-nova-prodolzhuva-na-univerzitetot-vo-utreht-kafepauza.mkrn

    3. Колку е комплицирано или пак лесно за една средношколка од Македонија да се запише на факултет од ваков калибар?

    rnПовеќето европски универзитети бараат разновидност во однос на националностите на своите студенти, така што средношколците од Македонија се во поволна положба од тој аспект. Од учениците е потребно да постигнуваат континуиран академски успех, да спортуваат или да земаат активно учество во воншколски активности, и со тоа да побудат интерес кај универзитетите. Важно е преку апликацијата ученикот да покаже колку универзитетот би имал придобивка со неговиот прием, и што може ученикот како индивидуа да придонесе за разлика од илјадниците останати апликанти.rn

    4. Каков беше процесот за упис на „Utrecht University“ и дали освен во оваа образовна установа аплицираше и на други места?

    rnИако „Utrecht University“ ми беше приоритет уште од самиот почеток, аплицирав и бев примена на вкупно 8 универзитети, 3 во Холандија и 5 во Велика Британија, чии програми беа најсоодветни со моите барања и замисли за високо образование. Процесот за упис на „Utrecht University“, а воедно и на сите други факултети во Холандија, беше прилично јасно објаснет и олеснет преку порталите за онлајн апликации. Сепак, со тоа што секој универзитет има специфични прашања на кои треба да се одговори преку мотивациското писмо, процесот бара значителен ангажман. Апликациите за универзитетите во Холандија и Велика Британија бараат временски многу работа, импресивно мотивациско писмо, како и богато резиме со активности.rnrn2-uspeshna-akademska-prikazna-makedonkata-teodora-filipovska-od-uchilishteto-nova-prodolzhuva-na-univerzitetot-vo-utreht-kafepauza.mkrn

    5. Кое е твоето работно место од соништата? Каде би сакала да се вработиш?

    rnОна што во моментов го знам е дека своето високо образование ќе го продолжам во областа на биологијата, на истиот универзитет, и ќе ја изучувам молекуларната биологија и екологијата. Во однос на изборот на идна професија, ова прашање во моментот го оставам отворено. Мојата работа од соништата би била таа која што максимално би ги искористила моите знаења и можности, и воедно би ми претставувала повеќе задоволство отколку обврска, исполнувајќи ме во секој поглед.rn

    6. Дали твојата иднина ја гледаш во Македонија или надвор од земјава?

    rnБидејќи себеси се сметам за личност отворена за нови искуства и предизвици, тешко ми е да имам дефинитивен одговор на ова прашање. Доколку ми биде пружена одлична можност, сметам дека би ја прифатила и најверојатно би останала во странство. Но, доколку по завршувањето на моето високо образование имам желба да се вратам во својата држава, и таму да придонесам со своето знаење, секако дека би го зела тоа предвид.rnrn3-uspeshna-akademska-prikazna-makedonkata-teodora-filipovska-od-uchilishteto-nova-prodolzhuva-na-univerzitetot-vo-utreht-kafepauza.mkrn

    7. Средношколка си во училиштето „Нова“. Колку оваа гимназија ти помогна да влезеш токму на „Utrecht University“?

    rnЕдна од причините поради којашто решив својата трета и четврта година средно образование да ги продолжам во „Нова“ беше квалитетот на наставата и ангажираноста на наставниот кадар, чија улога е да му помогне на ученикот во остварување на неговите цели. Советниците и професорите во „Нова“ одиграа важна улога во процесот на аплицирање, помагајќи ми со своите совети, за надминување на предизвиците на кои наидував, разјаснувајќи ми ги нејаснотиите, целосно посветувајќи се на улогата којашто ја имаат. Оваа улога е навистина важна, имајќи предвид дека аплицирањето на светски универзитети беше ново искуство за мене и мојата фамилија, процес во кој се соочивме со голем број прашања и недоумици.rnrnПонатаму, самата меѓународна средина во „Нова“ претставуваше дополнителна мотивација да се вклучам во многу нови активности, како што се HOSIC (Hands-On Students Involvement Conference), организацијата на настанот TEDxYouth@NOVA или пак учеството на меѓународниот одбојкарски турнир. Воншколските активности беа голема придобивка за мене како личност, но и во однос на апликациите, затоа што беа еден од важните фактори, покрај академскиот успех, што ми помогнаа да бидам примена на сите 8 факултети на коишто аплицирав.rnrn1-uspeshna-akademska-prikazna-makedonkata-teodora-filipovska-od-uchilishteto-nova-prodolzhuva-na-univerzitetot-vo-utreht-kafepauza.mk

  • Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

    Учениците од меѓународното училиште НОВА раскажаа хуманитарна „Шеќерна приказна“

    Традиционалната зимска претстава во која играа околу 300 ученици, беше изведена во МОБ. Во холот се продаваа и божиќни декорации, а собраните сретства ќе бидат наменети за СОС детското село.rnrn1-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mkrnrnШумски птици, џуџиња, глувчиња и малечки бубачки во петокот (11 декември) танцуваа и глумеа на сцената во Македонската опера и балет на завршната зимска претстава на меѓународното училиште НОВА. Севкупната актерка екипа беше составена од околу 300 ученици од градинката и основното во оваа образовна институција, а беше поставена „Шеќерна приказна“ по текст на Славко Јаневски. Сторијата за шеќерното дете кое трага по слобода, но и по славејчето чија песна шири среќа, беше раскажана со голем број на танцови точки на познати композиции како и актерски делови.rnrn2-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mkrnrnПо претставата се одржа и коктел на кој, покрај родителите на учениците во НОВА, присуствуваа и претставници на дипломатската заедница во Македонија меѓу кои и американскиот амбасадор, Џес Бејли. Во фоајето на МОБ беше поставен и штанд на кој се продаваа божиќни декорации направени од децата во оваа образовна институција, а севкупниот приход ќе биде искористен да се купат апарати за домаќинство за СОС детското село.rnrn3-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mkrn

    „Се обидуваме речиси на сите наши настани да им дадеме добротворна димензија со цел на нашите ученици да им го потенцираме значењето на помагањето на другите. Идејата е од нашето училиште да излезат личности кои ја вреднуваат хуманоста и таа да стане составен дел од нивното секојдневие и на тој начин чекор по чекор да го прават овој свет подобро место за живеење“ – накратко истакнуваат од НОВА.

    rn4-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mkrnrnСо оглед дека во претставата играат околу 300 ученици, во реализацијата на „Шеќерна приказна“ беа вклучени сите учители во градинката и во основното, голем број на вработени во училиштето кои помогнаа особено во делот на изработка на сценографијата и костимите. Станува збор за традиционален проект и досега ученици во НОВА ги имаат поставено и „Frozen“, „Ромео и Јулија“, „Брилијантин“ итн.rnrn5-uchenicite-od-megjunarodnoto-uchilishte-nova-raskazhaa-humanitarna-shekjerna-prikazna-kafepauza.mk

  • Вештерки, вампири и суперхерои го празнуваа Халовин во меѓународното училиште НОВА

    Вештерки, вампири и суперхерои го празнуваа Халовин во меѓународното училиште НОВА

    Халовин или Ноќ на вештерките се одбележува на 31 октомври и е втор по големина празник во Америка, веднаш зад Божиќ. Луѓето се маскираат и се обидуваат да се уплашат еден со друг додека децата одат од врата до врата извикувајќи “Trick or threat?”, a домаќините им даваат бонбони и чоколади.rnrnНоќта на вештерките традиционално се одбележува и во Скопје, во меѓународното училиште НОВА, каде учениците учествуваат на голем маскенбал и се претвораат во своите идоли, алтер-ега или ликови кои им се допаѓаат.rnrn0-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mkrnrnНајмалечките во оваа образовна институција вчера продефилираа како костури, вампири, пирати, суперхерои и во многу други интересни маски, додека денес ќе се одржи уште една Халовин-забава на која ќе учествуваат децата од повисоките одделенија. Вчера на таванот „летаа“ духови, се слушаше музика како од хорор-филмовите, а не изостана ниту заштитниот знак на овој празник – слатките така што можеа да се вкусат колачиња креативно именувани spider muffins или crunchy ghosts.rnrn2-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mkrnrnНо, освен маските и слатките десерти, Ноќта на вештерките „крие“ и интересна приказна зад себе. Корените на празникот се од пред околу 2000 години од келтскиот фестивал Самаин кој се одбележувал на први ноември. Луѓето верувале дека претходната ноќ мртвите се враќаат како духови, поради што оставале храна на куќниот праг и носеле маски кога излегувале надвор за мртвите да помислат дека се едни од нив. Но во осмиот век, папата Грегори Трети одлучил дека на први ноември ќе се оддава почит на сите светци, а за 31 октомври биле задржани најголемиот дел од веќе постоечките традиции. Со тек на време овој ден стана еден од најголемите празници во САД така што медиумот „Си-ен-ен“ објави дека во 2015 година околу 64 отсто од Американците ќе го празнуваат Халовин, а дури 41,2 милиони деца ќе одат од врата до врата на познатото Trick-or-Treating.rnrn3-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mk 4-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mk 5-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mk 6-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mk 7-veshterki-vampiri-i-superheroi-go-praznuvaa-halovin-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-kafepauza.mk

  • Училиштето НОВА ја продлабочи соработката со Италијанската амбасада

    Училиштето НОВА ја продлабочи соработката со Италијанската амбасада

    Италијанскиот е четврт јазик по зборуваност во светот и го говорат околу 65 милиони луѓе како примарен. Во меѓународното училиште од ова полугодие ќе се изучува во својата изворна форма.rnrn1-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mkrnrnМеѓународното училиште НОВА завчера (19 октомври) потпиша меморандум за соработка со Италијанската амбасада и институтот „Данте Алигиери“ со кој во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик. Статистиките покажуваат дека  италијанскиот е четврт јазик по зборуваност и го говорат околу 70 милиони луѓе како примарен, а во НОВА од ова полугодие ќе се изучува на повисоко ниво.rn

    „Уште од самото основање во НОВА се изучува италијанскиот поради што и голем број на наши ученици го имаат продолжено образованието на некои од најпрестижните универзитети во оваа земја. Но со меморандумот, соработката со ‘Данте Алигиери’ и со Италијанската амбасада ја продлабочуваме, а италијанскиот ќе се изучува во својата изворна форма“ – изјави Венера Новаковска, директорка на НОВА.

    rn2-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mkrnrnМисијата на „Данте Алигиери“ е промоцијата на италијанскиот јазик и култура во Македонија и отворен е 1999 година. На присутните на потпишувањето им се обрати и претседателката на институтот Анастасија Ѓурчинова која воедно е и професорка на Филолошкиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.rn

    „Со НОВА соработуваме долги години наназад, но со меморандумот соработката ја продолжуваме на едно повисоко ниво. Нашите учители ќе го водат курсот кој е насочен кон италијанскиот јазик и култура, а почна од ова полугодие“ – истакна Ѓурчинова.

    rnНа потпишувањето на меморандумот присуствуваше и амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели кој посочи дека оваа свеченост е дел од Неделата на италијанскиот јазик која се одбележува во цел свет.rnrn3-uchilishteto-nova-ja-prodlabochi-sorabotkata-so-italijanskata-ambasada-kafepauza.mkrn

    „Во Вашингтон гостуваат победниците на фестивалот ‘Сан Ремо’, а во Македонија се предвидени активности меѓу кои и оваа соработка со училиштето НОВА. Италијанскиот е јазик на музиката, модата, дизајнот и секако на Формула 1“ – посочи господинот Ернесто Масимино Белели.

    rnИталијанскиот има голем број на дијалекти сепак литературната форма е базирана на тосканскиот дијалект. Покрај луѓето на кои им е примарен повеќе од 100 милиони луѓе го говорат како втор јазик.

  • Известување за меѓународен кошаркарски турнир организиран од Меѓународните училишта НОВА

    Известување за меѓународен кошаркарски турнир организиран од Меѓународните училишта НОВА

    Меѓународните училишта НОВА, како едно од 19-те меѓународни училишта од централна и источна Европа членки на CEESA (Central & Eastern European Schools Association), на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.rnrnizvestuvanje-za-megjunaroden-kosharkarski-turnir-organiziran-od-megjunarodnite-uchilishta-nova-kafepauza.mkrnrnОвогодишниот меѓународен кошаркарски турнир за средношколки (5 до 7 март), ќе биде организиран во Скопје од страна на НОВА. На турнирот покрај тимот на НОВА ќе земат учество и тимови од Меѓународното училиште од Белград, Србија (ISB – International School of Belgrade), Англо-американското училиште од Софија, Бугарија (AAS – Anglo-American School of Sofia), Печерск меѓународното училиште од Киев, Украина (PSI – Pechersk School International, Kiev), Meѓународното училиште од Хелсинки, Финска (ISH – International School of Helsinki) иrnrnМеѓународното училиште од Братислава, Словачка (QSI – Quality School International, Bratislava).rnrnНатпреварите од турнирот ќе се играат на терените во спортскиот центар Борис Трајковски во четврток и петок, и во спортскиот центар Кале во сабота. По завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој), во сабота на 7 март ќе се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите тимови следуваат пехари и медали.rnrnНа самиот турнир фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра. Поради таа причина најголемиот трофеј се доделува на екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.rnrnНа крајот на турнирот исто така се прогласува и All Star Team кој го сочинуваат најдобрите играчи од сите тим. Влезот на турнирот е бесплатен.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.