Мајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.
Додека нејзиното бебе е во длабок сон, таа околу него создава еден комплетно нов свет, употребувајќи разни предмети што ќе ги најде во нејзиниот дом. Создава сцена околу бебенцето и набрзина прави неколку уникатни фотографии, кои тоа со сигурност ќе ги обожава кога ќе порасне.
На Адел и се потребни само неколку минути за една фотографија, што подразбира создавање идеја, нејзино имплементирање и уредување. Таа е брза бидејќи не сака да го вознемирува бебенцето Мила додека спие и воедно сака да и остане поголем дел од денот слободен за да го помине со целото нејзино семејство.
За нејзините фотографии таа користи евтин фотоапарат Canon IXUS 750, а целава идеја несебично ја споделува со светот преку нејзиниот блог. За Мила е направена и страница на Фејсбук која има над 55.000 обожаватели.
Поради големата популарност на ова невообичаено, но интересно хоби, Адел ќе објави и книга со изработените фотографии, која е закажана да излезе во јануари 2012.
Ако имате бебе, внуче, мало сестриче или братче, сè што ви треба за креирање прекрасни спомени е креативна идеја и малку слободно време за да направите симпатично портфолио, кое ќе сакате да го разгледувате со вашите најблиски во текот на целиот живот.

