КАФЕ ПАУЗА

Tag: линии

  • Што значат белите линии на пилешкото месо?

    Што значат белите линии на пилешкото месо?

    Суровите пилешки гради обично имаат бледо розова боја и се сметаат за чисто месо. Како и да е, во последно време почесто можеме да видиме пилешко месо со бели линии. Едно истражување спроведено на Универзитетот во Болоња сугерира дека овие бели линии се посериозни отолку што мислиме.rnrnШто значат белите линии на пилешкото месо?rnrnРезултатите од истражувањето се објавени во списанието Italian Journal of Animal Science и откриваат дека белите линии се пронајдени во 12% од примероците. Исто така, се покажало дека пилешкото месо со бели линии содржи 224% повеќе маснотии од вообичаеното пилешко.rnrnИстражувачите претпоставуваат дека белите линии се резултат на некој нов начин на кој се одгледуваат животните со што се користи препарат кој го забрзува нивниот раст во пократок временски период. Тие исто така откриле дека денешните кокошки ја достигнуваат потребната тежина за продавање двојно побрзо отколку пред 50 години. Освен тоа, се продаваат и двојно потешки од порано.rnrnПоради големата побарувачка на пилешко месо во Западот, птиците ги хранат со додатоци кои можеби се причина за намалување на мускулите и зголемување на маснотиите во месото. Иако истражувањето покажало дека пилешкото месо со бели линии е безбедно за јадење, истражувачите се сомневаат дека ова месо содржи помалку протеини и има полош вкус од „нормалното“ пилешко.rnrnПрочитајте и која е најголемата грешка при подготовката на пилешко: ако го правите ова, месото ќе биде преполно со бактерии.

  • Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

    Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

    Повеќето луѓе ја забележуваат првата појава на брчки во своите доцни 20-ти и раните 30-ти години, а тие се повидливи кај лицата со сува и потенка кожа. Брчките се неизоставен дел од процесот на стареење и никој не ги сака, но и покрај сите козметички и хируршки процедури, не постои начин да ги спречите или трајно да ги отстраните. Покрај годините, брчките може да откријат и многу поважни работи за вашето здравје. Погледнете се во огледало и ако вашето лице има повеќе брчки на одредени места, тоа можеби укажува на некои потенцијални здравствени проблеми.rn

    Хоризонтални линии на челото

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnХоризонталните линии што се појавуваат на челото се нарекуваат и „брчки од грижа“ и со право се наречени така. Лицето кое ги има овие линии на челото најчесто секојдневно преживува голем стрес и ако тие се многу нагласени, тоа значи дека навистина треба да забавите и да ги ревидирате вашите приоритети. Покрај тоа, овие линии може да бидат знак дека внесувате премногу шеќер и пиете многу малку вода.rn

    Брчки над левата веѓа

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област се директно поврзани со слезината. Ако забележите дека линиите во близина на левата веѓа за кратко време стануваат поизразени, тоа би можело да биде знак дека слезината не работи како што треба и не би било лоша идеја да посетите лекар и да проверите што не е во ред со овој орган. Освен тоа, слезината се стимулира со одредени видови слатка храна, па внимавајте на количеството шеќер што го внесувате и препорачливо е да јадете суво овошје наместо преработени шеќери.rn

    Брчки над десната веѓа

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие се показатели за нивото на токсини во вашето тело. Црниот дроб е поврзан со кожата, поточно со брчките што се појавуваат во близина на десната веѓа. Значи, ако тие линии се појавуваат почесто од вообичаено, тоа би можело да биде знак за нерамнотежа на црниот дроб. За да го решите ова, преминете на органска храна која вклучува зелен и лиснат зеленчук и обидете се да ги елиминирате силните зачини, внесувањето премногу протеини и да ја намалите солта во вашата исхрана.rn

    Брчки над носот

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnБрчките во оваа област може да бидат знак дека страдате од алергии, но тие, исто така, може да бидат показател за прекумерна вознемиреност и стрес. Покрај тоа, овие брчки може да бидат поврзани и со намаленото либидо поради дисбалансот на половите хормони.rn

    Длабоки брчки на краевите на очите

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnТие често се појавуваат кај луѓе кои „се смеат со цело лице“, но исто така, може да бидат знак и на слаб вид и напнатост во очите или страбизам. Овие брчки, исто така, се поврзуваат со некои внатрешни органи, особено со црниот дроб, со бубрезите и со желудникот, а се појавуваат при нарушувања на животниот стил и се знак дека треба да ја подобрите исхраната и да го намалите внесот на алкохол.rn

    Брчки на краевите на устата

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnОвие брчки се поврзани со функцијата на дебелото црево и може да укажуваат на тоа дека нешто во дигестивниот систем не работи правилно. Можете да си помогнете со пиење повеќе вода, консумирање храна богата со витамин Д, пробиотици и редовно вежбање.rn

    Брчки од смеење

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnСпецифичните линии што се протегаат од носот до устата на границата со образите се поизразени кај луѓето со заоблено лице. Доколку се силно изразени, тие може да бидат знак на лошо функционирање на панкреасот, што може да се подобри преку консумирање производи како лук, боровинки и грозје.rn

    Брчки над горната усна

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnРазвојот на длабоки вертикални линии над горната усна е редовна појава кај пушачите. Иако усните стануваат малку отечени и искривени, основната причина за вертикалните линии на усните е пушењето и прекумерната изложеност на сонце.rnrnСепак, брчките на усните се поврзани и со слезината и може да укажуваат на слабо функционирање на овој орган. Подобрувањето на исхраната преку внесување најразличен зеленчук, вклучувајќи моркови и репка, може да биде корисно за здравјето.rn

    Брчки на вратот

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите на вратот се природен феномен и стануваат поизразени како што стареете. Тие може да бидат резултат на прекумерна тежина, а исто така, може да сигнализираат и здравствени проблеми со тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда може да се подобри преку внесување цинк во организмот и намалување на внесот на глутен во вашата исхрана. Меѓутоа, ако состојбата на вашата тироидна жлезда се влошува со текот на времето, најдобро е да побарате лекарска помош.rn

    Брчки под долната усна

    rnМестото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје rnrnЛиниите што се создаваат помеѓу долната усна и делот на брадата значи дека акумулирате премногу негативна енергија. Ако забележите дека линијата под долната усна е сè поизразена, одвојте малку време за да се опуштите и да го промените пристапот на решавање на проблемите.rnrnПогледнете ја оваа програма од 9 вежби со кои ќе се ослободите од брчките и салото на лицето.

  • Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

    Како брзо да се ослободите од линиите од сончање?

    Сигурни сме дека внимателно ја нанесувате кремата за сончање. Но, на плажа се заспива многу често, па така можете да се разбудите со непосакуван дезен на вашата кожа. За среќа, има начин како да се ослободите од линиите предизвикани од сончањето.rn

    1. Пилинг

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnНа овој начин всушност го отстранувате горниот слој од кожата за да започне процесот на избелување. Доколку сте изгорени, почекајте неколку денови бидејќи во спротивно ќе чувствувате болка.rn

    2. Сок од лимон

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnСокот од лимон е природен ексфолијант, но е многу понежен бидејќи не бара триење. Разредете го сокот со мед за да не ве гори премногу. Оставете ја смесата на проблематичните места 25 минути, па потоа исплакнете.rn

    3. Краставица

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnПостои причина зошто често гледате краставици на очите на луѓето – тие се полни со вода и витамин Ц, па ја хранат кожата. Ова е клучно за намалување на линиите од сончањето. Можете да наредите неколку парчиња краставица, или да направите пире од неа и да го нанесете на проблематичното место. Оставете да делува 20 минути.rn

    4. Компир

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnКомпирите имаат многу вода, па затоа помагаат во лекувањето на изгорениците од сонце. Ако линиите повеќе наликуваат на изгореници, искористете компир. Исечете го на тенки парчиња и нанесете го на проблематичните места. Оставете да делува 15 минути и потоа отстранете го.rn

    5. Лажен тен

    rnКако брзо да се ослободите од линиите од сончање?rnrnАко ниеден од предложените начини не делува, останува да нанесете лажен тен на линиите со четка за шминкање. Оставете да делува во текот на вечерта, а потоа искористете нежен ексфолијант, како сок од лимон, за подобар изглед.rnrnЗа да ги избегнете изгорениците, погледнете како правилно да ја нанесете кремата за сончање.

  • Апстрактните линии се новиот тренд во светот на тетоважите

    Апстрактните линии се новиот тренд во светот на тетоважите

    Новиот тренд во светот на тетоважите го носи духот на Матис на вашата кожа. Исто како портретите на францускиот сликар, тетоважите сега имаат апстрактни форми и се нацртани со фини линии.rnrn1-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_rnrnТрендот се нарекува еднорака или еднолиниска тетоважа, бидејќи како што и самото име кажува, направени се од само една линија. Како главен мотив за овие тетоважи пронаоѓаме лица, контури на тело, цветови и животни. На прв поглед е тешко да се каже што всушност тетоважата би требало да претставува.rnrn2-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_rnrnКолку повеќе тетоважата е нецелосна и апстрактна толку е поинтересна и пооригинална. Овие тетоважи никогаш не се изработуваат во боја, бидејќи иглата само ги следи фините надворешни линии, односно контурите.rnrn3-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку ви се допадна оваа идеја и сакате да имате една ваква тетоважа на вашето тело, тогаш ви претставуваме неколку идеи кои може да ви послужат како инспирација…rnrn6-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 7-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 8-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 10-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 0-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 4-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_ 5-apstraktni-linii-se-noviot-trend-vo-svetot-na-tetovazhite-www.kafepauza.mk_rnrnПогледнете ги и овие минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни!

  • Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

    Што можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?

    Сигурно сте забележале дека површината на прстите помеѓу трите зглобови не е еднаква. Се верува дека токму должината на секој од трите дела на прстот може да го одреди карактерот на личноста, а тоа особено важи за малиот прст. Трите линии на малиот прст можат да ви помогнат да дознаете сѐ за себе, но и за другите…rnrnШто можат да ви откријат линиите на малиот прст за вашиот карактер?rn

    Прв дел

    rnАко првиот дел помеѓу зглобовите, оној што е најоддалечен од дланката, има најголема должина, тоа значи дека оставате длабок впечаток кај луѓето. Тие ве сметаат за лидери, бидејќи се издвојувате од толпата и секогаш кога имаат проблем, ви се обраќаат токму вам за совет.rn

    Среден дел

    rnАко средниот дел од прстот ви е најдолг, тоа е знак дека сте многу нежни и грижливи. Вие се грижите за сите луѓе околу вас и претставувате вистинска мајчинска фигура. Многу сте сочувствителни и сечие страдање го чувствувате како свое.rnrnОд друга страна, пак, доколку овој дел од прстот ви е најкраток, тоа значи дека многу сте тврдоглави и не отстапувате од вашите уверувања дури ни тогаш кога знаете дека грешите. Токму затоа, понекогаш сте напорни за околината.rn

    Трет дел

    rnДоколку третиот дел од вашиот прст, оној што е најблиску до дланката, е пократок од останатите два дела, многу сте смирени и ретко се случува да го повишите тонот или да кажете лош збор. Многу сте искрени, но и наивни, бидејќи очекувате дека сите треба да се како вас, па честопати имате проблеми поради таа ваша особина.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за себе, прочитајте што кажува линијата на срцето на вашата дланка за вашиот живот.

  • Дознајте што откриваат линиите на рачниот зглоб за вашата иднина

    Дознајте што откриваат линиите на рачниот зглоб за вашата иднина

    Хиромантија или читање од дланка е древна вештина која ги влече своите корени уште од далечното минато. Според верувањата, во нашите рачни зглобови и дланки се кријат знаци што можат да ни ја откријат иднината. Оваа вештина потекнува од Хинду астрологијата и брзо се пренела од Азија во Европа, по што и самиот Аристотел се заинтересирал за неа па го пренел своето знаење на Александар Македонски. Тој многу често користел хиромантија за да го процени карактерот на неговите ученици. Оваа пракса се пренесувала низ вековите, но денес многумина ја сметаат за празноверно верување.rnrnДознајте што откриваат линиите на рачниот зглоб за вашата иднинаrnrnПовеќето луѓе слушнале за читањето од дланка, но малкумина знаат за читањето на линиите кои се наоѓаат рачниот зглоб, односно „алката“ која се наоѓа на дното од дланката. Тоа се оние линии на внатрешната страна од нашите зглобови кои ја одвојуваат раката од дланката. Се верува дека колку повеќе линии имате толку подолго ќе живеете. Поголемиот дел од луѓето имаат 2-3 линии, а ретки се оние со 4 линии.rnrnПрвата алка ги означува 23-28 години од животот, втората 46-56 години, а третата 69-84 години. Четвртата претставува повеќе од 84 години живот. Подвиткајте ја дланката навнатре за да можете појасно да ги видите линиите и почнете со анализирање…rn

    Прва линија

    rnПрвиот ред е најважен. Ако линијата е јасна, непрекината и длабоко дефинирана, тогаш можете да очекувате дека ќе уживате во добро телесно здравје и сила. Ако линијата е нејасна, прекршена и слабо дефинирана, тогаш личноста се смета за слаба.rn

    Втора линија

    rnВтората линија го одредува богатството на личноста. Ако е јасно дефинирана, рамна и непрекината, тогаш можете да очекувате благосостојба и среќа.rn

    Трета линија

    rnТретата линија е поврзана со славата и моќта. Ако е рамна и непрекината, тогаш најверојатно ќе бидете многу влијателни во текот на животот.rn

    Четврта линија

    rnОваа линија е обично паралелна со третата и доаѓа како нејзино продолжување. Ако сте едни од ретките луѓе кои ја имаат линијата, таа само ви ги зацврстува и зајакнува можностите за слава поврзани со третата линија.rnrnСакате да дознаете повеќе за вашата иднина? Научете како сами да си ја прочитате судбината од дланка.

  • Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

    Дознајте за што служат линиите на вашите дланки

    Линиите на дланките не служат само за предвидување на иднината. Тие имаат многу посериозна научно докажана улога, поради што се навистина многу важни. Рацете и дланките се делови од телото кои најмногу ги користиме. Тие за да се прилагодат на сите активности за кои ги користиме како држење, растегнување, дигање, куцање, пишување и многу други, мораат постојано да го менуваат својот облик. Да бидеме попрецизни, кожата која ги прекрива мора да се прилагоди на сите комплексни положби.rnrnДознајте за што служат линиите на вашата дланкаrnrnТука главна улога имаат линиите на дланката. Имено, тие линии познати како набори и бразди помагаат на кожата да се рашири и потоа повторно да се собере во зависност од тоа што правиме со рацете, односно тие ја делат дланката на така наречени делови за свиткување. Линиите ѝ овозможуваат на кожата да се превитка преку дланката кога го менуваме нејзиниот облик, на пример кога ќе ја стиснеме во тупаница или ќе ги превиткаме рацете. Со други зборови, кога не би ги имале тие линии, кожата на дланките би висела.rnrnПогледнете ја внимателно вашата дланка и ќе забележите дека секоја линија се наоѓа точно на местото каде дланката се превиткува. Истото важи и за линиите на лактите, колената, зглобовите итн. Линиите кои ја држат нашата кожа настануваат уште додека сме во утробата на мајката, околу 12 недели по зачнувањето. Дебелината и бројот на линиите зависи од многу фактори како што се расата и генетиката.rnrnПовеќето луѓе имаат три главни линии на дланката, а некои имаат само една што може да е знак за абнормален развој на бебето во утробата, односно Даунов синдром, фетален алкохолен синдром или други генетски нарушувања.

  • Погледнете во вашата дланка: Што ви вели оваа линија за среќата во љубовта?

    Погледнете во вашата дланка: Што ви вели оваа линија за среќата во љубовта?

    Лакот може да биде затворен, така што да изгледа како круг, но може и да биде составен од повеќе лакови. Оваа област се нарекува Венерин круг или љубовен појас.rnrn(1) Погледнете во вашата дланка: Што ви вели оваа линија за среќата во љубовта?rnrnНемојте веднаш да се разочарате ако ја немате оваа линија на дланката, бидејќи таа не се поврзува со добри новости, туку само ги обележува оние луѓе кои се емотивно чувствителни, односно луѓето кои се склони на љубовни проблеми.rnrnАко вашиот Венерин круг е затворен, односно полн, тоа значи дека вие ќе доживеете голем број разочарувања во љубовта. Ако го имате овој круг на вашата дланка, тогаш најдобро е да не ги сфаќате овие разочарувања толку сериозно и фатално, туку како еден вид лекции. Секој мора да научи одредени тешки лекции во животот, но за вас тоа ќе биде љубовните.rnrn(2) Погледнете во вашата дланка: Што ви вели оваа линија за среќата во љубовта?rnrnАко линијата е во облик на полукруг, тоа значи дека во еден период од вашиот живот ќе имате потешки љубовни проблеми, но ќе најдете начин како да се справите со нив и да ги надминете. Потоа ќе бидете посилни.rnrnАко постојат повеќе лакови, тоа значи дека вие сте едноставно премногу емотивна и чувствителна личност. Ретко кој може да се носи со вашата специфична чувствителност, па токму затоа може ќе ви биде потребно повеќе време за да го најдете вистинскиот партнер за вас.

  • Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

    Во секоја брчка ни е запишана судбината: Дознајте што откриваат вашите?

    Ако сте премногу загрижени, под стрес или исхраната не ви е балансирана, сето тоа може да се види на вашето лице. Погледнете што зборуваат брчките за вас.rnrn1-vo-sekoja-brchka-e-zapishana-sudbinata-doznajte-shto-otkrivaat-vashite-kafepauza.mkrn

    Чело

    rnХоризонталните брчки упатуваат на преголема загриженост, а кај младите личности се знак на преголема конзумација на шеќер, млечни производи и растителни и животински масла и масти. Две вертикални брчки измеѓу веѓите упатуваат на лутина или потисната лутина која може да изразува нетрпеливост, фрустрација и/или здодевност. Ако брчките се спуштаат надолу кон коренот на носот, може да означуваат грижа и прекумерна концентрација.rn

    Образи

    rnВертикалните линии на образите се знак на голем и континуиран стрес. Назолабијалните брчки (кои се спуштаат покрај коренот на носот до врвовите на устата) се линии на животната смисла или целта и покажуваат колку долго всушност живеете во стварниот живот. Ако се предлабоки, а сè уште немате 50, можеби е време за чистење на вашиот живот од разни верувања и идеи, но и за детоксикација, бидејќи ова подрачје е поврзано со дебелото црево.rn

    Усни

    rnСитните вертикални линии над горната усна упатуваат на премногу грижи – време е да почнете малку да се посветите на себеси. Често се порпапратени со кратки брчки на разочараност кои од аглите на усните се спуштаат косо кон вилицата. Ситните вертикални линии кои се наоѓаат под долната усна означуваат огорченост и незадоволство од животот.rn

    Брада

    rnВертикалните линии на брадата тешко се видливи кај младите личности, а се поврзуваат со рационални или ирационални стравови. Често кожата на тоа подрачје добива изглед на кора од портокал.rn

    Очи

    rnБрчките кои од надворешниот агол на окото во лак се искачуваат кон горе зборуваат за среќа и радост, а оние кои се спуштат кон јаболчниците или уште пониско се знак дека сте имале повеќе тага отколку радост во животот.rnrnrn

    Во секоја брчка е запишана нашата судбина

    rnБрчките на лицето сведочат за нашите години, но јасно ги откриваат и нашиот карактер, судбината, здравјето, како и тоа дали сме предодредени за успех и за што сме талентирани. Ова се основите на физиогномиката, наука за личноста, која први почнале темелно да ја проучуваат и користат старите Кинези. Погледнете што зборуваат за вас најизразените брчки кои ги имате на лицето.rnrnЗнак на снаодливост – Две или три линии кои хоризонтално го пресекуваат челото се сметаат за добар знак. Челото со две брчки често е знак на среќа кај успешните и снаодливи луѓе. Челото со три линии укажува на голема смисла за уметност и е одраз на книжевен талент.rnrnЗнак на популарност – Три, а со годините и повеќе долги, неиспрекинати линии кои одат преку челото образувајќи голем лак укажуваат на човек со исклучителна популарност. Таквата личност ужива длабока почит од својата околина и има широк круг на пријатели. Луѓето од овој тип можат да стекнат огромна слава и живеат долго и среќно без посебни грижи и неволји.rnrnЗнак на тешка судбина – Длабока, вертикална линија во средината на челото не е многу добар знак. Меѓу кинеските физиогномисти таа го добила името „висечка игла“. Таа линија означува закана за личната сигурност или претставува навестување на лоши односи меѓу сопружниците.rnrnМеѓутоа, некои луѓе имаат т.н. компензирачки црти, како што се на пример класичните, идеални веѓи, очи и нос, кои на таквата личност ѝ помагаат да се варди несреќата. „Висечката игла“ често се сретнува кај луѓе на високи позиции, меѓу кои и кај членовите на власта, но и меѓу актерите, што говори за високиот интелектуален потенцијал на тие луѓе.rnrnЗнак на успех – Помеѓу двете веѓи се наоѓаат две кратки паралелни линии кои укажуваат на успех во раководството, индустријата или културата. Таквата личност е истовремено мислител и добар организатор на работата со која се занимава. Таа поседува сè што е потребно за брлијинатна кариера.rnrnЗнак на амбициозност – Доколку помеѓу двете веѓи се наоѓаат три прави линии, тоа е знак дека личноста може многу рано да се искачи на скалите на општествениот успех до самиот врв. Но, ако се трите вертикални линии искривени, тоа укажува на предиспозиција за психичко нарушување, а можеби и за криминални тенденции.rnrnЗнак на среќа – Една единствена хоризонтална линија која поминува по средината на челото е знак на убав и благороден живот. Таквата личност ќе има успех со сите потфати кои ќе ги направи, особено во младоста. Меѓутоа, доколку таа линија се наоѓа преблиску до веѓите, можни се непријатности во текот на тинејџерските денови.rnrnЗнак на слава – Необичните линии на челото во облик на ромб претскажуваат долг живот и исклучителна слава. Таквите линии се карактеристични за писателите, сликарите, музичарите и другите креативни професии.rnrnЗнак на болест и негативност – Тенките, кратки, кривулести и раштркани хоризонтални линии на челото говорат за личност со лошо здравје, за колебливост и безволен карактер. Дури и ако заземаат позиција за која се заинтересирани, таквите луѓе остануваат злопамтила.rnrnЗнак на лоша среќа во љубовта – Доколку личноста има по три вертикални линии под секое око, тоа значи дека може да има несреќен брак, кој ќе заврши со развод.rnrnЗнак на раѓање син или ќерка – Доколку бремената жена има кратки црти околу горните и долните усни, голема е веројатноста дека ќе роди син. Доколку нема, на свет ќе донесе ќерка.

  • Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

    Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекува

    Фокусирајте се на делот од дланката кој е под малиот прст и откријте на колку години ќе стапите во брак, дали ќе бидете среќни во вашата врска како и дали можеби нешто прекрасно ве очекува во брзо време…rnrn(1) Погледнете ги линиите на вашите дланки и откријте каков брак ве очекуваrn

    1. Во близина на линијата на срцето

    rnДоколку имате две или повеќе линии, одберете ја најдолгата. Тоа е знак за брак во раните години, можеби околу 20-тата.rn

    2. Во близина на основата на малиот прст

    rnИ покрај тоа што е знак за доцен брак, вие сигурно со тек на време ќе најдете добар партнер. Шансите за брак ќе дојдат помеѓу 35 и 50 години, па токму затоа не се откажувајте!rn

    3. Точно на средината помеѓу линијата на срцето и основата на домалиот прст

    rnНиту премногу рано, ниту премногу доцна, вие најверојатно ќе стапите во брак околу 30-тата година.rn

    4. Многу линии

    rnВие имате многу пријатели од спротивниот пол. Доколку постои една подолга линија помеѓу кратките, тогаш тоа е знак дека ќе имате среќа во бракот.rn

    5. Една многу долга линија

    rnВие ќе сакате некого со целото ваше срце. Вие сте благословени со долг и среќен брак.rn

    6. Ѕвезда допрена до линијата на бракот

    rnОва е знак дека наскоро нешто многу добро ќе ви се случи. Можеби ќе започнете со врска, ќе стапите во брак или пак ќе добиете дете. Исто така ќе се зголеми и заинтересираноста кон вас од спротивниот пол.rn

    7. Линијата оди нагоре

    rnТоа е знак дека вашите желби за брак се зголемуваат. Има големи шанси дека набрзо ќе го пронајдете вашиот идеален партнер или пак, доколку веќе сте во врска, со сигурност ќе имате среќен брак.rn

    8. Линијата оди надолу

    rnВие изгледа сте ја изгубиле својата жилавост поради работата или стресот, па токму затоа сега сте премногу внимателни при избирањето партнер. Доколку сте во брак, тоа може да е знак дека сопругот/сопругата собира незадоволство во себе, па можеби е време за отворен разговор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.