„Сите оние мали бегства, јас ја имам честа да ги насликам. Знаете, оние места на кои сакате да одите, наместо да останете на оние каде што сте.“
rnВака стои на официјалната страна на Кара Ледоне, на познатата Интернет продавница „Etsy“. Кара е американска дизајнерка и креаторка која работи и живее во Њујорк и ги изработува овие рустични, рачно насликани астрономски ѓердани кои во себе ги кријат сите космички тајни на универзумот и што е најважно, можат да се носат за секоја пригода.rnrn
rnrnТаа ги оксидира ѓерданите за да направи да изгледаат постаро и постаромодно и потоа на сите поединечно им додава по една слика изработена со маслени бои. Ниеден ѓердан не е ист со претходниот и нејзините дизајни варираат од земјени до астрономски теми. Во секој случај, кога станува збор за изработката на овие уникатни ѓердани, нејзините креативност и оригиналност не знаат за граници.rnrn
rnrn










rnrn















































rnrn



























































































