Артистката Паула Шиау, уште позната и како „Ресити“, создава накит кој изгледа како да е дел од бајките и приказните. Таа користи свежо набрани и потоа исушени цветови кои херметички ги затвора во полирана и стврдната смола или деликатни стаклени садови закачени на синџирчиња. Можеби најуникатниот и најспецифичниот дел од работата на Ресити е тоа што цветовите никогаш нема да овенат, па така вечно ќе останат симбол на романсата и нежноста претставена во нејзиниот рачно изработен накит.rnrn
rnrnИнаку, Паула моментално студира уметност и дизајнира накит како хоби, имајќи целосна поддршка од своето семејство. Таа се надева дека еден ден ова нејзино хоби ќе прерасне во идна работна кариера.rnrn
rnrn
Рачно изработен накит со цвеќиња кои никогаш нема да овенат















