Благодарение на BeautySpot, сега ќе можете да ја носите вселената околу вашиот врат. Популарниот бутик за накит Etsy shop креирале колекција од модни додатоци наречена „Твојата вселена“ која се состои од ѓердани, белегзии, обетки и прстени од смола, месинг и сребро, во кои се претставени небеските тела од соларниот систем.rnrn
rnrnВисоко квалитетниот, рачно изработен накит е создаден од колекција фотографии од вселената кои ги покажуваат различните осцилации на планетите од Млечниот пат, преработени на начин кој ги открива дури и најситните детали. Резултатот е интересен и се состои од едноставни, колоритни текстури кои одговараат со секоја модна комбинација и се соодветни за секоја пригода. Да се забележи и отслика комплексноста на ѕвездите е една привилегија која нè потсетува колку всушност е неверојатен и чудесен нашиот свет.rnrn
Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце















