КАФЕ ПАУЗА

Tag: газирани пијалаци

  • Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?

    Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?

    Кога станува збор за стареењето, нема полош пијалак од газиран пијалак засладен со шеќер. Познато е дека редовното консумирање на овие пијалаци го зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина и одредени болести, а одредени истражувања покажале и дека тие можат да му влијаат на вашето тело дури и на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво и побрзо стареење.rnrnКој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?rnrnСпоред експертите, редовното консумирање засладени пијалаци може да го зголеми ризикот од разни болести како што се зголемена телесна тежина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.rn

    Газираниот пијалак предизвикува стареење

    rnГазираниот сок може да го зголеми ризикот од болести, но исто така може негативно да влијае на клетките на вашето тело. Според една студија од 2014 година, зашеќерените пијалаци можат да предизвикаат предвремено стареење на клеточно ниво.rnrnЗа да ја спроведат својата студија, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF) ги испитувале податоците од 5.309 возрасни Американци на возраст меѓу 20 и 65 години без историја на кардиоваскуларни болести.rn

    Според авторите на истражувањето: „Редовното консумирање на газирани пијалаци засладени со шеќер може да влијае на развојот на болести – не само што ја оптоварува метаболичката контрола на телото врз шеќерот, туку и го забрзува клеточното стареење на ткивата.”

    rnИсто така, истражување од 2021 година, покажало дека консумирањето на засладени пијалаци, како што се газираните, е поврзано со промени во цревните бактерии и цревната флора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа може да доведе до предвремено стареење.rnrnОсвен тоа, важно е и да знаете дека газираните пијалаци можат лошо да влијаат врз бубрезите. Според едно истражување од 2015 година, честото консумирање газирани сокови засладени со шеќер го зголемува ризикот од појава на хронична бубрежна болест.rnrnОткако прочитавте за штетното влијание на газираните пијалаци, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

    Експертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!

    Нови истражувања покажале дека модерниот начин на живеење може да доведе до деменција, при што како главни виновници се наведуваат лошата исхрана и консумирањето нездрави пијалаци. Експертите особено ја посочуваат штетноста на газираните и зашеќерените пијалаци.rnrnЕкспертите тврдат дека консумирањето на овие пијалаци може да предизвика губење на меморијата!rn

    „Можеби за многумина деменцијата претставува нешто неизбежно, но податоците со кои располагаме ни кажуваат дека таа најчесто се појавува како резултат на нездрав начин на живот. Можеби ќе сакате да размислите два пати пред да консумирате газирани пијалаци и други слатки производи бидејќи една од главните причини за губење на меморијата е шеќерот што се наоѓа во храната и разноразните пијалаци“, предупредува нутриционистот Рори Бат.

    rnИстражувањата покажале и дека консумирањето зашеќерени пијалаци може да доведе и до зголемен ризик од развој на Алцхајмерова болест која е и најчестата причина за појава на деменција. Без оглед на видот на шеќерот, без разлика дали се работи за газирани пијалаци, слатки или колачи, откриено е дека оние кои консумираат најмногу шеќер имаат најголем ризик да заболат од Алцхајмерова болест.rn

    „Премногу шеќер во газираните пијалаци е поврзан со дијабетесот тип 2, еден од најголемите фактори за ризик од деменција. Освен тоа, новото истражување откри дека вишокот шеќер во гореспомнатите пијалаци може да го зголеми ризикот од Алцхајмерова болест, а со намалување, пак, на внесот на газираните пијалаци го намалуваме ризикот од развој на деменција во подоцнежните години“, вели докторот и автор на ова истражување, Даг Браун.

    rnОткако прочитавте за најновите истражувања во поглед на деменцијата, можеби ќе сакате да прочитате и за есенцијалното масло кое ги намалува симптомите на деменција.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак?

    Што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак?

    Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело кога пиете газирани пијалаци што се полни со шеќери, како Кока-кола? Ако сакате да го дознаете одговорот на ова прашање, продолжете со читање!rnrnrn

    10 минути по пиењето газиран пијалак

    rnВо вашето тело се имаат насобрани 10 кафени лажички шеќер – доза што е повеќе од доволна за целиот дел, односно повеќе од 100% од препорачаната дневна количини. Не можете да почувствувате дека овој пијалак е толку благ затоа што фосфорната киселина го намалува неговиот интензитет.rn

    20 минути по пиењето газиран пијалак

    rnШеќерот во крвта предизвикува навала на инсулин, а бубрезите со целата сила се трудат да го претворат сиот тој шеќер во маснотии.rn

    40 минути по пиењето газиран пијалак

    rnДо овој момент, кофеинот е веќе целосно апсорбиран во вашето тело, зениците ви се проширени, крвниот притисок ви е пораснат, а бубрезите ги исфрлаат шеќерите директно во крвотокот. Исто така, рецепторите за аденозин во мозокот се блокираат, и ја губите поспаноста.rn

    45 минути по пиењето газиран пијалак

    rnВашето тело произведува интензивно допамин, што ги стимулира центрите за уживање во мозокот, слично како што се случува по една доза хероин.rn

    60 минути по пиењето газиран пијалак

    rnФосфорната киселина ги поврзува калциумот, магнезиумот и цинкот во долниот дел од цревата и го поттикнува метаболизмот. Овој процес станува уште посложен поради високата доза шеќери и вештачки засладувачи што го зголемуваат лачењето калциум. Исто така, кофеинот во пијалакот има диуретско својство, па почесто ќе мокрите, на тој начин губејќи ги натриумот и електролитите во вашето тело. Потоа доаѓа падот на шеќерот, па станувате раздразливи и тромави.rnrnИмајте го сè ова на ум нареден пат кога ќе сакате да посегнете по чаша газиран пијалак. Наместо тоа, направете си кафе или чај, и заштитете го вашиот организам.rnrnДознајте и што ќе се случи со вашето тело ако секојдневно пиете Кока-кола.

  • Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

    Сакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно ниво

    Внесувањето помалку калории и шеќери е речиси најсигурната стратегија за слабеење. Веќе знаете дека крофните, чоколадната торта и слатките го полнат вашето тело со шеќери и калории. Но, она што не го знаете е дека намаленото внесување на газирани пијалаци, сокови и кафиња може да има големо влијание на вашето здравје и тежина. Според науката, дури и не треба целосно да се откажете од шеќерот.rn

    Пиеме премногу газирани пијалаци

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnКонсумирањето газирани пијалаци се нема намалено во последнава деценија. Според истражувањата, просечните луѓе пијат околу 8 лименки од 350 милилитри газирани пијалаци неделно. Значи речиси една лименка дневно. Една лименка од 350 милилитри содржи околу 9 лажички шеќер, а препорачаната дневна доза за возрасни жени е 6 лажички.rn

    Што се случува кога ги пиете калориите?

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnНашите тела не реагираат исто на течните калории како што реагираат на енергијата од тврдата храна. Калориите од пијалаците нема да го намалат вашиот глад како што тоа го прават „вистинските“ калории. Па, голема е веројатноста да внесете повеќе калории. Истражувањата исто така покажале дека луѓето не консумираат помалку калории кога консумираат повеќе енергија од слатки пијалаци. Токму поради ова пиењето на калориите може да предизвика дебелеење.rn

    Постои ли врска помеѓу засладените пијалаци и дебелината?

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnПостојат многу ризични фактори и животни избори кои се поврзани со дебелината, а немаат никаква врска со вашиот начин на исхрана. Но, она што го пиете исто така има голема улога во ризикот од дебелеење. Долгорочните истражувања покажале дека редовното пиење газирани пијалаци може да придонесува најмногу за дебелината. За жал, тоа не е единствената лоша последица од пиењето газирани пијалаци со секој оброк.rn

    Како пиењето шеќери предизвикува дијабетес?

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnДијабетесот се развива кога клетките на телото стануваат отпорни на инсулинот, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Колку повеќе шеќер консумирате, толку поголем е ризикот од дијабетес, без разлика од каде потекнува шеќерот. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат една или повеќе лименки газирани пијалаци дневно, имаат 26% поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2. Сега замислете што би се случило ако го намалите внесувањето на еден пијалак неделно.rn

    Што се случило кога 11.000 жени пиеле помалку газирани пијалаци?

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnЗасладените пијалаци често се причина за дебелина, но дали пиењето помалку ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми? Едно истражување објавено во American Journal of Public Health, открило дека жените кои го намалиле консумирањето газирани пијалаци, во текот на 2 години помалку се здебелиле. Жените кои продолжиле да пијат исто количество газирани пијалаци, или повеќе, ја зголемиле својата тежина за разлика од жените кои пиеле само 1 пијалак неделно. Ова покажува дека со текот на времето, намалувањето на консумирањето газирани пијалаци може да има придонес во слабеењето.rn

    Најлошите засладени пијалаци за вашето здравје и тежина

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnЗа жал, газираните пијалаци не се единствените засладени пијалаци на кои треба да внимавате ако сакате да ослабите. Повеќето пијалаци, иако изгледаат поздрави од газираните, се исто лоши за вас, ако не и полоши. Држете се настрана од овошни сокови, енергетски пијалаци и кафиња со додатоци. Постојат многу поздрави опции.rn

    Најдобрите намирници за слабеење

    rnСакате да ослабите? Скратете само 1 чаша газирани пијалаци на неделно нивоrnrnЈадењето здрава и свежа храна има големо влијание на промената на тежината. Заменувањето на нездравите намирници со поздрави може значително да го намали бројот на внесени калории, а ова пак ќе ви помогне да ослабите. Водата, зелениот чај и црното кафе може да се сметаат за здрави пијалаци. Пиењето повеќе вода е одлично за целокупното здравје, особено ако се борите со вишокот килограми.rnrnПогледнете ги и другите ужасни работи кои газираните пијалаци му ги прават на вашето тело.

  • 5 ужасни работи кои газираните пијалаци му ги прават на вашето тело

    5 ужасни работи кои газираните пијалаци му ги прават на вашето тело

    Иако многумина од нас мислат дека диеталните газирани пијалаци се добра алтернатива за обичните, сепак не е така. Погледнете ги 5-те работи кои навидум здравите газирани пијалаци му ги прават на вашето тело.rn

    1. Можеби тие се причина што не можете да забремените

    rn(2)5-uzhasni-raboti-koi-gaziranite-pijalaci-mu-gi-pravat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnБисфенол А се покажало дека предизвикува намален број сперматозоиди кај мажите и го намалува квалитетот на јајце клетките кај жените. Оваа хемикалија може да се најде на многу алуминиумски конзерви, вклучувајќи ги оние во кои се продаваат пијалаците. Поради хормонално нарушување, оваа хемикалија исто така се поврзува и со зголемен ризик на проблеми при развојот на фетусот. За да ги избегнете овие компликации, држете се настрана од пијалаците во конзерва.rn

    2. Ве здебелуваат

    rn(3)5-uzhasni-raboti-koi-gaziranite-pijalaci-mu-gi-pravat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnИако диеталните газирани пијалаци немаат калории, вашето тело не знае што да прави со вештачките засладувачи, па веднаш ги складира како сало. Исто така, се лажете дека е во ред да изедете повеќе бидејќи вашиот пијалак нема калории. Во едно истражување спроведено од универзитетот во Тексас, се открило дека, во текот на една деценија, луѓето кои пиеле диетални газирани пијалаци имале зголемен обем на половината за 70%, за разлика од оние кои не пиеле. И уште пострашно, испитаниците кои внесувале 2 или повеќе од овие пијалаци, имале 500% поголем обем. Диеталниот газиран пијалак во никој случај не ви помага да ја одржите вашата линија.rn

    3. Ги уништуваат вашите заби

    rn(4)5-uzhasni-raboti-koi-gaziranite-pijalaci-mu-gi-pravat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnСите знаеме дека шеќерот е лош за забите, но пијалаците со киселини може да нанесат исто толку голема штета. Диеталните газирани пијалаци се кисели и нивното пиење им штети на вашите заби. Држете се до пијалаците со мала киселост како млекото и водата.rn

    4. Се поврзуваат со дијабетес тип 2

    rn(5)5-uzhasni-raboti-koi-gaziranite-pijalaci-mu-gi-pravat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnВо 2009 година било спроведено истражување за ефектите на диеталните газирани пијалаци на телото. Истражувањето покажало дека пиењето само еден ваков пијалак дневно, го зголемува ризикот од дијабетес тип 2% до 67% , во споредба со луѓето кои не пиеле.rn

    5. Можно е да се поврзани со мозочен удар и деменција

    rn(6)5-uzhasni-raboti-koi-gaziranite-pijalaci-mu-gi-pravat-na-vasheto-telo-kafepauza.mkrnrnВо неодамнешно истражување била пронајдена поврзаност помеѓу диеталните газирани пијалаци и мозочниот удар и деменцијата. Додека ова истражување сè уште не е цврсто докажано, постојат докази дека ова можеби е вистински проблем. Оние кои консумирале барем еден пијалак со вештачки засладувач дневно, во споредба со оние кои консумирале помалку од еднаш неделно, имале 2,96 пати поголеми шанси за мозочен удар, и 2,89 пати поголеми шанси за деменција.rnrnПа што мислите? Дали ќе се откажете од овие пијалаци или вреди да се ризикува?rnrnПогледнете и неколку рецепти за здрави и освежителни пијалаци со кои можете да ги замените газираните.

  • Што гледате на оваа фотографија?

    Што гледате на оваа фотографија?

    Ако вашиот одговор беше газирани пијалаци, тогаш погледнете повторно. Станува збор за детално изработени торти, од страна на Андрес Фатсо којa е познатa по своите интересни, но реалистични изработки. Најинтересно од сè е што овие газирани пијалаци имаат вкус на Нутела. Би сакале да пробате?rnrnrnrn

  • 5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхрана

    5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхрана

    Кардиолозите се едни од најкомпетентните луѓе кога е во прашање храната која може позитивно или негативно да влијае врз здравјето на срцето и организмот како целина. Токму затоа е добро доколку се послуша некој совет од нивното секојдневно мени и нивните прехранбени препораки. Во продолжение прочитајте кои 5 намирници се препорачливи да се консумираат само во ограничени количини за да се одржува добрата здравствена состојба на кардиоваскуларниот систем.rnrn5 прехранбени производи кои кардиолозите не ги препорачуваат во секојдневната исхранаrn

    1. Црвено месо

    rn

    „Обично избегнувам црвено месо кога и да е тоа возможно, бидејќи месото во хамбургерите на пример е многу солено. На запад сме тренирани да јадеме храна која го зголемува ризикот од срцев удар, дебелина и дијабетес. Важно е да се најде здрава рамнотежа во храната, па затоа јас затоа го избегнувам црвеното месо“ , вели д-р Роналд Џ. Шиб, кардиолог во центарот за долговечност Притикин.

    rn

    „Избегнувам дебели и масни парчиња црвено месо, а доколку сакате да ја јадете оваа храна, пожелно е да ги отстраните дополнителните маснотии“ , предложува д-р Роберт Клонер од кардиоваскуларниот институт во центарот за медицински истражувања Хантингтон.

    rn

    2. Преработени сувомеснати производи

    rn

    „Дефинитивно се држам подалеку од преработените месни производи како сланината, виршлите и другите производи кои содржат големи количини сол и конзерванси“, вели д-р Џенифер Хејт, професорка по медицина на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

    rnСо неа се сложува и д-р Ница Голдберг, директорка на женскиот здравствен центар Џоан Х. Тиш, која смета дека и преработеното мисиркино месо е штетно од истите причини. Таа вели:rn

    „Доколку сакате да јадете сендвич со мисиркино месо, тогаш испечете едно парче од свежо мисиркино месо и ставете го помеѓу две парчиња леб.“

    rn

    3. Слатки печива и колачи од лиснато тесто

    rn

    „Овој вид производи содржат многу шеќери и хидрогенизирани масти, а немаат скоро никаква хранлива вредност. Слатките печива и колачите од лиснато тесто го зголемуваат нивото на лошиот холестерол. Шеќерот може да ја наруши правилната работа на црниот дроб, да предизвика инсулинска резистенција и нарушувања на метаболизмот како што се дијабетес тип 2. Дали печивото од пекарата е толку вредно за да се ризикува?“ – се прашува д-р Адам Сплавер, кардиолог.

    rn

    4. Храна која содржи премногу млечни масти

    rn

    „Се обидувам да избегнувам тешка храна со многу заситени масти, млеко, павлака или сладоледи со голема количина масти“, вели д-р Роберт Клонер.

    rn

    „Избегнувам кремаста храна со дополнителни маснотии и без оглед на тоа колку го сакам, се држам подалеку од сирењето“, додава д-р Роналд Џ. Шиб.

    rn

    5. Газирани пијалаци

    rn

    „Пиењето газирани пијалаци може да има сериозни последици врз организмот. Таквите пијалаци го зголемуваат количеството на инсулинот што доведува до зголемување на телесната тежина и предизвикува разни нарушувања во организмот. Заедно со шеќерот, ваквите пијалаци содржат и фосфорна киселина која ја поттикнува остеопорозата. Ништо подобро не се ниту диеталните газирани пијалаци, а неодамнешните студии потврдиле дека и тие можат да предизвикаат прекумерна тежина“ , вели кардиологот Адам Сплавер.

  • Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?

    Кафето, чајот, енергетските и газираните пијалаци, како и чоколадото се извори на стимулансот кофеин кои луѓето најчесто ги консумираат. Во продолжение прочитајте на кој начин кофеинот од секој од овие производи влијае врз вашиот организам, поконкретно врз вашето однесување и продуктивноста и откријте кои од нив можат да направи најголема штета врз вашата општа здравствена состојба.rn

    1. Кафе

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку кафето не делува премногу стимулативно на вас и го немате она чувство на будност во телото или анксиозност и преголема свесност откако ќе испиете една шолја, тогаш слободно продолжете со неговата консумација за да бидете попродуктивни. Во едно истражување се покажало дека на оние вработени од фирмата кои преминале од кафе со кофеин на кафе без кофеин, им се намалила продуктивноста за 19%. Но, кафето со кофеин е добро да се консумира умерено, што значи не повеќе од 2 до 3 шолји на ден.rn

    2. Чај

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnДоколку сакате да се чувствувате будни и попродуктивни во текот на денот, тогаш најдобар избор е црниот чај. Некои видови можат да содржат и до 70 милиграми кофеин, односно теин во 200 милилитри чај. Како и кафето, така и чајот може да го покачи крвниот притисок, да ја забрза работата на срцето и да ве направи поенергични. Меѓутоа, според резултатите од пребарувањата на Гугл, пронајдени се уште неколку други чести несакани последици од пиењето чај. Најбараните поими се „Зошто имам мачнина во желудникот кога ќе пијам чај?“ „Зошто од чај постојано ми се оди во тоалет?“ и „Зошто од чај постојано ми се спие?“.rn

    3. Енергетски пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnИ додека кафето и чајот се стимулативни пијалаци кои секојдневно се консумираат, со енергетските пијалаци тоа никако не смее да биде така. Иако само еден енергетски пијалак во денот нема да направи сериозна штета во организмот, 2 до 3 енергетски пијалаци можат да предизвикаат аритмија, несоница, мачнина, нервоза, дехидрација и болки во стомакот.rn

    4. Газирани пијалаци

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnГазираните пијалаци би требало да бидат вашиот последен избор кога станува збор за изворите на кофеин. Тие изобилуваат со шеќер и предизвикуваат преголеми осцилации во количината на енергија заради што и не е препорачливо да се пијат.rn

    5. Чоколадо

    rnКој извор на кофеин е најлош за вашиот организам?rnrnЕдно истражување направено од Универзитетот Харвард покажало дека кај оние луѓе кои во текот на испитувањето пиеле по 2 чаши топло чоколадо на ден, во текот на еден месец имале подобра циркулација на крвта во мозокот поради што подобро памтеле и побрзо размислувале. Доколку немате топло чоколадо или не сте во можност да си направите, тогаш стимулирајте се со неколку коцки чоколадо или направете какао. Кофеинот е природна состојка во зрната на какаото, така што секое чоколадо содржи дел од овој стимуланс.

  • 15 неверојатни факти за Кока-кола

    15 неверојатни факти за Кока-кола

    Овој иконскиот американски бренд е препознатлив низ целиот свет и се продава во повеќе од 200 земји. Во просек, над 10.000 пијалаци од Кока-кола се консумираат секоја секунда од секој ден. Можеби веќе ви се познати брендовите како Спрајт и Фанта, но еве неколку факти за Кока-колата кои веројатно не сте ги знаеле досега.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn1. Овој пијалак бил измислен од фармацевтот Џон С. Пембертон од Атланта во 1886-та година. Името го измислил неговиот сметководител, Френк Робинсон, кој исто така убаво знаел да црта и пишува. Тој го создал и уникатниот дизајн кој до ден денес се користи како официјалното лого на Кока-кола.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn2. Кога Кока-колата првпат влегла во продажниот сектор, била продавана како тоник за нерви кој „ја лечел исцрпноста“. Оваа реклама била издадена во 1886 година.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn3. Можеби сте ја слушнале оваа приказна порано, но доколку досега не сте знаеле, таа е целосно вистинита: Првите продукти на Кока-кола содржеле кокаин, но само околу 9 милиграми по чаша. Дрогата во тој период се користела како замена за алкохолот и се мислело дека лечи зависност од опиум. Кокаинот бил отстранет од пијалакот во 1903-тата година.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn4. Од 57 милијарди видови пијалаци кои дневно се консумираат во светот (со исклучок на водата), само 3% (1.9 милијарди) се пијалаци кои се лиценцирани и ѝ припаѓаат на Кока-кола. Сепак, таа е најдистрибуираниот производ на планетата.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn5. Само во две земји во светот не се продава Кока-кола: Куба и Северна Кореја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn6. Оваа компанија прави толку многу различни пијалаци, што ако пиете еден на ден, би ви биле потребни 9 години за да ги испробате сите. Тие имаат портфолио со преку 3.500 пијалаци (и 500 брендови), вклучувајќи сокови, енергетски пијалаци и пијалаци базирани врз соја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn7. Ако секоја капка Кока-кола некогаш произведена би била ставена во шишиња од 240 милилитри кои би биле поставени во висина едно врз друго, тие би стигнале до месечината и назад повеќе од 2.000 пати.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn8. Кока-кола поседува 20 брендови кои генерираат повеќе од 1 милијарда долари годишно во продажба.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn9. Брендот Кока-кола вреди приближно 83,8 милијарди долари. Тоа е повеќе од вредноста на Сабвеј, Пепси, Кеј-еф-си и Будвајзер заедно.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn10. Од компанијата тврдат дека името „Кока-кола“ е вториот збор кој најмногу се разбира во светот, веднаш после „ОК“.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn11. Мексиканците консумираат најмногу Кока-кола во светот, тие пијат околу 745 пијалаци годишно. Американците, пак, консумираат 401 продукт од Кока-кола, на годишно ниво.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn12. Оваа компанија верува дека го измислила концептот на купонот. Тие дистрибуирале купони во доцната 1886 година и веруваат дека тоа било причината што пијалакот се проширил од малата популација на Атланта до секоја држава на САД во рок од само 4 години. Помеѓу 1886-та и 1914-та, секое 10-то шише било дадено бесплатно.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn13. Кока-кола е „виновна“ за имиџот и сликата која денес ја имаме за Дедо Мраз. Оваа компанија ја започнала својата божиќна рекламна кампања во 1920-тата година за да ја зголеми продажбата на пијалакот во зимските месеци. Компанијата користела повеќе слики, но ниедна не се покажала толку популарна како илустрацијата на Хадон Сандблом, кој нацртал весел Дедо Мраз во црвено палто. Илустрацијата се засновала на поемата „Посета од Св. Никола“ од Клемент Мур и неговото скандинавско потекло. Поранешните верзии на Дедо Мраз биле најразлични, од слаб до дебел Дедо Мраз, кој носел облека или во зелена или во кафеава боја.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn14. Во 1985 година, Кока-кола бил првиот пијалак кој бил испратен во вселената.rnrn15 неверојатни факти за Кока Колаrnrn15. Од компанијата изјавуваат дека совршената температура за да се сервира и консумира пијалакот е од 1 до 3 степени Целзиусови.rnrn15 неверојатни факти за Кока Кола

  • Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

    Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

    Како што имаат штетно дејство врз вашиот организам, така газираните пијалаци можат да ѝ наштетат и на нечистотијата во вашиот дом. Еве како можете да ја употребите за чистење.rnrnИсчистете го домот со газирани пијалаци на десет едноставни начиниrnrn1. Отстранете ги масните дамки од ткаенините. Ставете газиран пијалак на мрсната дамка и оставете да отстои така 5 минути пред да ја исперете со чиста вода.rnrn2. Отстранете ја ’рѓата. Едноставно налејте газиран пијалак врз површината која сакате да ја исчистите, оставете да стои така неколку минути и избришете.rnrn3. Отстранување на маснотиите од рерната. Доволно е да отстои 10 минути пред да ја избришете со чиста крпа.rnrn4. Исчистете ги загорените садови. Ставете во нив газиран пијалак и по десет минути тие се спремни за миење.rnrn5. Полирајте ги металните површини. Намокрете ја крпата со нешто газирано и со тоа можете да истриете сè што е метално по дома.rnrn6. Отстранете ги гумите за џвакање од косата или од некоја ткаенина. Намокрете го местото со газиран сок и оставете да отстои 5 минути пред да се обидете да ја извадите гумата за џвакање.rnrn7. Отстранете ги дамките од фломастер на тепихот. Намокрете ја дамката со газиран пијалак 5 минути пред да почнете со перење.rnrn8. Исчистете ја ВЦ шолјата. Налејте газиран пијалак во ВЦ шолјата и оставете да отстои 10 минути пред да пуштите вода, исто како и кај секое друго средство.rnrn9. Отстранете ги дамките од крв. Намокрете и оставете да отстои околу 5 минути пред да почнете со перење.rnrn10. Ја отстранува нечистотијата од фугата. Фугата е она што се става помеѓу плочките, а ако сакате брзо и лесно да ја исчистите од нечистотијата, налејте малку газиран сон на неа околу пет минути пред да почнете со чистење.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.