Кардиолозите се едни од најкомпетентните луѓе кога е во прашање храната која може позитивно или негативно да влијае врз здравјето на срцето и организмот како целина. Токму затоа е добро доколку се послуша некој совет од нивното секојдневно мени и нивните прехранбени препораки. Во продолжение прочитајте кои 5 намирници се препорачливи да се консумираат само во ограничени количини за да се одржува добрата здравствена состојба на кардиоваскуларниот систем.rnrn
rn
1. Црвено месо
rn
„Обично избегнувам црвено месо кога и да е тоа возможно, бидејќи месото во хамбургерите на пример е многу солено. На запад сме тренирани да јадеме храна која го зголемува ризикот од срцев удар, дебелина и дијабетес. Важно е да се најде здрава рамнотежа во храната, па затоа јас затоа го избегнувам црвеното месо“ , вели д-р Роналд Џ. Шиб, кардиолог во центарот за долговечност Притикин.
rn
„Избегнувам дебели и масни парчиња црвено месо, а доколку сакате да ја јадете оваа храна, пожелно е да ги отстраните дополнителните маснотии“ , предложува д-р Роберт Клонер од кардиоваскуларниот институт во центарот за медицински истражувања Хантингтон.
rn
2. Преработени сувомеснати производи
rn
„Дефинитивно се држам подалеку од преработените месни производи како сланината, виршлите и другите производи кои содржат големи количини сол и конзерванси“, вели д-р Џенифер Хејт, професорка по медицина на Универзитетот Колумбија во Њујорк.
rnСо неа се сложува и д-р Ница Голдберг, директорка на женскиот здравствен центар Џоан Х. Тиш, која смета дека и преработеното мисиркино месо е штетно од истите причини. Таа вели:rn
„Доколку сакате да јадете сендвич со мисиркино месо, тогаш испечете едно парче од свежо мисиркино месо и ставете го помеѓу две парчиња леб.“
rn
3. Слатки печива и колачи од лиснато тесто
rn
„Овој вид производи содржат многу шеќери и хидрогенизирани масти, а немаат скоро никаква хранлива вредност. Слатките печива и колачите од лиснато тесто го зголемуваат нивото на лошиот холестерол. Шеќерот може да ја наруши правилната работа на црниот дроб, да предизвика инсулинска резистенција и нарушувања на метаболизмот како што се дијабетес тип 2. Дали печивото од пекарата е толку вредно за да се ризикува?“ – се прашува д-р Адам Сплавер, кардиолог.
rn
4. Храна која содржи премногу млечни масти
rn
„Се обидувам да избегнувам тешка храна со многу заситени масти, млеко, павлака или сладоледи со голема количина масти“, вели д-р Роберт Клонер.
rn
„Избегнувам кремаста храна со дополнителни маснотии и без оглед на тоа колку го сакам, се држам подалеку од сирењето“, додава д-р Роналд Џ. Шиб.
rn
5. Газирани пијалаци
rn
„Пиењето газирани пијалаци може да има сериозни последици врз организмот. Таквите пијалаци го зголемуваат количеството на инсулинот што доведува до зголемување на телесната тежина и предизвикува разни нарушувања во организмот. Заедно со шеќерот, ваквите пијалаци содржат и фосфорна киселина која ја поттикнува остеопорозата. Ништо подобро не се ниту диеталните газирани пијалаци, а неодамнешните студии потврдиле дека и тие можат да предизвикаат прекумерна тежина“ , вели кардиологот Адам Сплавер.