Денес, Венера која минува низ знакот Стрелец и Нептун кој минува низ знакот Риби се во предизвикувачки аспект. Кај вас може да се појави чувството на вина или некаков инстинкт да им помагате на другите, додека вашите потреби ќе останат незадоволени. Сонувате со отворени очи, додека реалноста очајно се обидува да ве разбуди. Доколку бидете внимателни, ќе забележите мали, но важни знаци покрај патот.rnrnrnrnВаквата состојба може да потрае неколку дена. Не се однесувате кон нештата на разумен начин, можеби сте во некаква заблуда, можеби сакате да живеете во заблуда, а притоа ја избегнувате реалноста. Не сакате да се соочите со вистината и тоа може да ви донесе проблеми особено доколку овој процес трае подолго време.rnrnГо гледате светот низ розови очила што може да предизвика кај вас состојба на еуфорија, возбуда, занес, вљубеност, но во моментот не се сите карти отворени. Некој во ваша близина носи маска, се обидува да ве заведе, се прикажува во подобро светло отколку што навистина е. Вие пак, бегате од сето тоа и не сакате да си признаете дека е така.rnrnОва сознание нека ви послужи да станете посвесни за тоа што очекувате во вашите односи со другите. Запрашајте се: зошто сме заедно? Дали навистина сакам да бидам со него/неа? Што ни е заедничко? Дали оваа врска ќе му помогне на мојот личен развој?rnrnЦелта на овие прашања е да ве натераат да вложите труд, време и енергија за да ја анализирате вашата врска. Доколку сфатите дека врската не придонесува за вашето созревање како личност, тогаш подобро би било да ја прекинете.rnrnТокму малите знаци на кои ќе наидете ќе ве потсетат дека не е сè така розово и ќе ве насочат кон вистинскиот пат.rnrnОткако дознавте какви предизвици ве очекуваат денес, можеби ќе сакате да дознаете и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.rnrnИзвор: atma.hr
Прашањето што постојано го слушаме во текот на овој период е: „Каде за Нова година?“. Речиси сите веќе имаат испланирано како ќе ја прослават новогодишната ноќ и со нетрпение го очекуваат нејзиното доаѓање. Крајот на годината е одбележан со гужви, редици и брзање. Сите купуваат подароци и нова облека за Нова година до последен момент. Тоа може многу да нервира, особено ако не ја чувствувате празничната еуфорија.rnrnrnrnМожеби сте се презаситиле од сите тие скапи дочеци каде што ќе има премногу луѓе и музика што не ви се допаѓа. Доколку се чувствувате вака, не грижете се, не сте единствени. 31-ви декември можете да го поминете онака како што сакате. Слободно подарете си ден за опуштање само за себе. Еве што можете да правите за Нова година ако не сакате да излегувате од дома, но сакате да се одморите и накратко да заборавите на обврските што ве чекаат…rn
Книга или списание
rnОдберете нешто што нема да ви бара премногу концентрација. Лесните романи и женските списанија се одличен избор. Тие ќе ви овозможат да запловите во светот на фантазијата и да заборавите на сите ваши грижи.rn
Музика
rnПуштете си го вашиот омилен музички албум и веднаш ќе се чувствувате подобро и посреќно. Сите ваши проблеми ќе исчезнат барем за момент.rn
Топла напивка
rnПодгответе си шолја од вашиот омилен пијалак и едноставно седете во мир и тишина и размислувајте за што сакате. Можете и да го прелистувате вашето омилено списание и да најдете инспирација за тоа како да го уредите домот или да го промените стилот на облекување.rnrnrn
Топла бања
rnТоплата бања е одличен лек за зголемениот стрес. Различните соли и миризби ќе ви ги опуштат умот и телото.rn
Омилената серија или филм
rnДури и да нема нови епизоди од вашата омилена ТВ серија, постојат толку многу други со кои би можеле да се опуштите секогаш кога ќе имате време.rnrnНе заборавајте дека кога за Нова година по полноќ ќе почнат да ви пристигнуваат пораки со честитки на мобилниот телефон, не морате веднаш да одговорите на нив доколку не сакате. Вашите поблиски луѓе и онака ќе сакаат да поразговарате подолго и убаво да се видите во текот на наредните денови.
Време е да ве фати предновогодишната еуфорија, време е да го украсите домот и да ја промените позадината на вашиот компјутер. За да ви помогнеме да ја одберете совршената позадина за вашиот компјутер, направивме потесен избор од најубавите новогодишни десктоп позадини. Сè што треба да направите е да кликнете на сликата која би сакале да ја зачувате и ќе ви се отвори во напишаните димензии. Уживајте, забавувајте се и одберете ја најубавата за вас!rnrn(1920×1200)rnrn(2400×1350)rnrn(1920×1200)rnrn(2048×1280)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(1800×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(2400×1350)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(2560×1600)rnrn(3504×2336)rnrn(1936×1296)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)rnrn(2800×1867)rnrn(1920×1200)rnrn(1920×1200)
Се наближува крајот на оваа година и полека ги одбројуваме последните денови. Ве фаќа празнична еуфорија, но заглавени сте на работа или имате за учење и се плашите дека ќе ве одмине новогодишната радост? Не грижете се, еуфоријата е тука. Еве што сè може да направите за да си ја разубавите оваа недела.rnrnrn
Смејте се хистерично
rnСмеата го продолжува животот и тоа е точно! Смејте се хистерично и заразете ги и другите со вашата смеа. Може тоа да биде поради шегата која сте ја чуле или урнебесната епизода од вашата омилена комедија. Едноставно ослободете се и изнасмејте се.rnrnrn
Темелно исчистете нешто
rnТој куп облека или сметките и листовите на подот. Земете и исчистете нешто што одамна го одложувате, па уживајте во вашето дело.rnrnrn
Јавете им се на пријателите
rnНе им пишувајте, не праќајте пораки, туку ѕвонете им и слушнете се. Кажете што ви лежи на душата, како се чувствувате, што има ново, израдувајте се, насмејте се, споделете.rnrnrn
Прочитајте нешто што навистина го сакате
rnМоже тоа да биде вашата омилена поема или вашата омилена книга кога сте биле деца. Завиткајте се во ќебе и прочитајте нешто за свое задоволство.rnrnrn
Танцувајте како да ќе нема утре
rnТанцувајте како луди, движете се, скокајте, замислувајте се дека сте на голема музичка сцена. Танцувајте како никој да не ве гледа и ослободете се од негативната енергија.rnrnrn
Зближете се со членовите на вашето семејство
rnЈавете им се на родините со кои одамна не сте се чуле. Направете им кафе наутро на вашите родители или изненадете ги со домашно подготвено јадење. Оваа недела посветете си ја на себе и на вашите најблиски.rnrnrn
Излакирајте се во омилената боја
rnЗапрете за миг и налакирајте ги вашите нокти во омилената боја.rnrnrn
Поспијте подолго
rnДали е одговорно однесување излежувањето во кревет? Не. Но, направете го тоа следното утро.rnrnrn
Купете си нешто за ваше задоволство
rnНапорно работевте, олеснете си го паричникот за ваше сопствено задоволство.rnrnrn
Направете си го омилениот оброк
rnЗгответе си нешто што ви е по ќеф, не мислете на калориите.rnrnrn
Побарајте ги старите пријатели
rnЗнаете, другарот од средно со кој кога и да се видите само спомнувате одење на кафе но никако да се договорите. Јавете му се и договорете средба.rnrnrn
Направете добро дело за некој кој не го познавате
rnНаправете му добрина на оној кој прв пат го гледате. Колку и да звучи како клише.rnrnrn
Прегрнувајте ги луѓето најсилно што можете
rnЗатрчајте се кон вашата мајка и прегрнете ја долго и силно без апсолутно никаква причина.rnrnrn
Едноставно не правете ништо
rnКога последен пат ги кренавте нозете во вис, слушавте музика и уживавте без да правите нешто посебно, без да брзате, без да мислите на обврските и роковите?rnrnrnrn rnrn
Раѓањето на една љубовна врска со добра перспектива пред себе, трае околу 9 месеци, исто колку и целиот период во бременоста, до раѓањето на новиот живот. Таа врска на крај може да заврши со раскинување, може и со заеднички живот, но ова емоционално патешествие мора да се помине.rnrnrn
Прво тримесечје
rnВо првите три месеци со нас доминира еуфоријата. Деновите ги трошиме во размислување за нашата нова љубов и кроиме планови за тоа како ќе тече следната средба. Во партнерот не гледаме ништо негативно, па дури и нејзините/неговите мани за нас се многу симпатични. Одличниот секс и добрата забава додека сè уште трае запознавањето, нè тераат да помислиме дека сме со вистинската личност.rn
Второ тримесечје
rnВо второто тримесечие веќе ги доведуваме во прашање идеалите за нашиот партнер. Маните кои до сега ни биле интересни, почнуваат да ни пречат и полека почнуваме да се сомневаме во совршената слика која сме ја имале за него/неа. Ова е период во кој почнуваме да бележиме плусеви и минуси за врската.rn
Трето тримесечје
rnВо овие три месеци веќе доволно се познаваме со партнерот за да можеме да развиеме посериозна комуникација, така што проблемите ги решаваме со разговор и врската уште повеќе се зацврстува. Доколку проблемите не можат да се решат, ова е времето кога врската се прекинува.rnrn rnrn
Доколку сакате летово да бидете дел од голема маса на весели луѓе кои создаваат еуфорична атмосфера, танцувајќи и врискајќи на ритмите кои доаѓаат од сцената, проверете кои се најинтересните летни музички фестивали кои наскоро ќе се одржат во нашето соседство.rn
Exit
rnОд своето основање во 2000 година, па до денес, фестивалот Exit стана еден од најпознатите летни музички фестивали, не само на Балканот, туку во целиот свет. Високото реноме на организаторите годинава им помогна да соберат извонредна екипа изведувачи, меѓу кои најзвучни се: Guns ‘n Roses, Duran Duran, Plan B, Avicii, Erykah Badu и многу други. Се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад од 12 до 15 јули. Редовната цена за една влезница е 3.650 денари, а може да се купи и еднодневна влезница која чини околу 2.000 денари. За околу 6.000 денари може да се следат буквално сите настани.rnrn
Hideout
rnНа јадранскиот остров Паг се наоѓа прекрасната плажа Зрче за која многумина сметаат дека ја надминува убавината и забавата што ја нуди Ибица. Во рамките на фестивалот Hideout гостуваат многу диџеи кои прават дива денска и ноќна журка на плажата и на сплавовите. Влезниците се доста скапи, за трите дена од 29 јуни до 1 јули надминуваат 120 евра, но и покрај тоа за летово сите се веќе распродадени.rnrn
Fresh Island
rnСо завршувањето на Hideout нема да престане фестивалската атмосфера на Зрче. На 5 јули почнува фестивалот Fresh Island каде што доминираат имиња од хип-хоп музиката, како Nas и Eve. Билетите се доста поеvтини од Hideout, со цена од 40 евра за трите дена.rn
Spirit of Burgas
rnИако првото издание беше во 2009 година, најпознатиот летен фестивал на брегот на Црното Море веќе ги привлекува младите од цела Европа. Благодарение на медиумската поддршка од MTV, годинава меѓу другите ќе настапат и Armin van Buuren, Korn и Richie Hawtin. Ако сакате да се препуштите на еуфоријата и на духот на Бургас, треба да бидете таму од 3 до 5 август со најмалку 30 евра в џеб за еднодневна влезница, додека тридневната чини 100 евра.rnrn
INmusic Festival
rnОвогодишното издание на фестивалот INmusic ќе се одржи од 28 до 30 јуни. На сцената на Островот на хрватската младост на езерото Јарун во Загреб ќе се појават еден куп афирмирани имиња како Franz Ferdinand, Mando Diao, The Cranberries, Plan B и многу други. Цените за влезниците се движат од 50 евра нагоре.rnrn
Rockwave Festival
rnЛокацијата на фестивалот Rockwave е во Малакаса, на неколку километри оддалеченост од Атина. За тридневната влезница во износ од 85 евра во периодот од 30 јуни до 2 јули, во живо ќе можете да ги видите Ozzy Osbourne, Iggy Pop and Tthe Stooges, Paradise Lost, Machine Head, The Prodigy и други.rnrn
Elevation Music Festival
rnЗвучните имиња кои ќе се појават на сцената во Софија се Sean Paul, Cypress Hill, Kosheen, Fatboy Slim, Erykah Badu и Breakbot ветуваат една од најдобрите забави на Балканот за летото 2012. Elevation Music Festival се одржува од 22 до 24 јуни, а задоволството да се следи чини 50 евра.rn
Rock ‘n Coke
rn фестивалот Rock ‘n Coke се одржува секоја година кон крајот на август и почетокот на септември во Истанбул. Организаторите сè уште немаат објавено детали за овогодишното издание, но имајќи предвид дека минатите неколку години тука настапиле Linkin Park, Travis, The Prodigy, Moby, Limp Bizkit, Franz Ferdinand, The Smashing Pumpkins, Muse, The Cure, може да се очекува дека и годинава за цената од 60 евра ќе се добие фантастична забава.rnrn
The Garden Festival и Electric Elephant
rnThe Garden Festival и Electric Elephant се два сосема различни фестивали, но поради сличната програма и фактот што се одржуваат еден по друг во Задар, може да се купи една карта и за двата фестивали која чини нешто под 200 евра. Билет за секој фестивал поединечно чини 110 евра. The Garden Festival ќе започне на 4 јули и ќе трае до 11 јули, додека петдневниот Electric Elephant започнува веќе следниот ден на 12 јули. Се пушта главно електронска музика.rnrn
Soundwave Music Festival
rnSoundwave Music Festival ќе се одржи за време на викендот од 20 до 22 јули во малото далматинско гратче Тисно, во близина на Шибеник. Иако редовната цена на влезниците се движи околу 130 евра, жителите на поранешна Југославија имаат можност да ги купат по повластена цена од 80 евра. Помеѓу изведувачите на овогодишносто издание се De La Soul, Fink, DJ Yoda, Craig Charles и многу други.rnrn
Конечно можеме да ја поздравиме пролетта – периодот од годината кој ја препородува замрената природа и ѝ дава интензитет на животната енергија во сите нас. Мистичното влијание на ова годишно време ни ги буди сите скриени пориви кои стрпливо тлееле додека студенилото владеело околу нас, давајќи ни чувство на бескрајни можности. Нека следните цитати ја разбудат пролетната еуфорија во вас и нека ве инспирираат да го искористите ова време најдобро што можете.rnrnrn
„Пролет е кога животот е жив во сè.“ – Кристина Росети
rn
„Дојде прекрасната пролет, а кога природата ја обновува својата убавина, и човечката душа е подготвена повторно да заживее.“ – Хериет Ен Џејкобс
rn
„Седи во тишина, не прави ништо, пролетта доаѓа, тревата сама расте.“ – Зен поговорка
rn
„Април внесува младешки дух во сè.“ – Вилијам Шекспир
rn
„Пролетта е омиленото годишно време на сите во светот. Сè е можно во мај.“ – Едвин Веј Тил
rnrn
„Оптимистот е човекова персонификација на пролетта.“ – Сузан Џ. Бисонет
rn
„Без сомнение, најголемата радост во пролет се децата кои тогаш излегуваат надвор.“ – Едгар Гест
rn
„Со доаѓањето на пролетта, природата ни вели: Ајде да се забавуваме.“ – Робин Вилијамс
rn
„Тоа е пролетна треска. Така се вика. Кога ќе те фати, сакаш, не знаеш баш што, но знаеш дека те боли срцето од што го сакаш толку многу.“ – Марк Твен
rn
„Ја сакам пролетта насекаде, но кога би можела да бирам, секогаш би ѝ посакувала добредојде в градина.“ – Рут Стаут
rnrn
„Науката нема пронајдено поефикасен лек за смирување од пролетниот сончев ден.“ – В. Ерл Хол
rn
„Во пролет, љубовта се разнесува низ ветрот. Внимавај на летечките страсти и бакнежи кои ти фучат околу главата.“ – Ема Расин Дефлер
rn
„Пролет – период на искусување на бесмртноста.“ – Хенри Торо
rn
„Април го подготвува зеленото светло и така светот сфаќа дека треба да тргне.“ – Кристофер Морли
rn
„Пролетта покажува што може Бог да направи од едноличниот и валкан свет.“ – Вирџил Крафт
rn
„Денот кога Бог ја создал надежта веројатно е истиот ден кога ја создал и пролетта.“ – Берн Вилијамс
rnrn
„Пролетта ги ослободува цвеќињата за да ја насликаат насмеаната земја.“ – Реџиналд Хебер
rn
„Пролет е кога си свиркаш дури и додека чевлите ти се полнат со раскашавен снег.“ – Даг Ларсон
rn
„Ниедна зима не трае вечно. Ниедна пролет не пропушта да дојде.“ – Хал Борланд
rn
„Пролетта е будењето на земјата. Мартовските ветриња се утринското прозевање.“ – Луис Гризард
rn
„Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.“ – Пабло Неруда