Се наближува крајот на оваа година и полека ги одбројуваме последните денови. Ве фаќа празнична еуфорија, но заглавени сте на работа или имате за учење и се плашите дека ќе ве одмине новогодишната радост? Не грижете се, еуфоријата е тука. Еве што сè може да направите за да си ја разубавите оваа недела.rnrn
rn
Смејте се хистерично
rnСмеата го продолжува животот и тоа е точно! Смејте се хистерично и заразете ги и другите со вашата смеа. Може тоа да биде поради шегата која сте ја чуле или урнебесната епизода од вашата омилена комедија. Едноставно ослободете се и изнасмејте се.rnrn
rn
Темелно исчистете нешто
rnТој куп облека или сметките и листовите на подот. Земете и исчистете нешто што одамна го одложувате, па уживајте во вашето дело.rnrn
rn
Јавете им се на пријателите
rnНе им пишувајте, не праќајте пораки, туку ѕвонете им и слушнете се. Кажете што ви лежи на душата, како се чувствувате, што има ново, израдувајте се, насмејте се, споделете.rnrn
rn
Прочитајте нешто што навистина го сакате
rnМоже тоа да биде вашата омилена поема или вашата омилена книга кога сте биле деца. Завиткајте се во ќебе и прочитајте нешто за свое задоволство.rnrn
rn
Танцувајте како да ќе нема утре
rnТанцувајте како луди, движете се, скокајте, замислувајте се дека сте на голема музичка сцена. Танцувајте како никој да не ве гледа и ослободете се од негативната енергија.rnrn
rn
Зближете се со членовите на вашето семејство
rnЈавете им се на родините со кои одамна не сте се чуле. Направете им кафе наутро на вашите родители или изненадете ги со домашно подготвено јадење. Оваа недела посветете си ја на себе и на вашите најблиски.rnrn
rn
Излакирајте се во омилената боја
rnЗапрете за миг и налакирајте ги вашите нокти во омилената боја.rnrn
rn
Поспијте подолго
rnДали е одговорно однесување излежувањето во кревет? Не. Но, направете го тоа следното утро.rnrn
rn
Купете си нешто за ваше задоволство
rnНапорно работевте, олеснете си го паричникот за ваше сопствено задоволство.rnrn
rn
Направете си го омилениот оброк
rnЗгответе си нешто што ви е по ќеф, не мислете на калориите.rnrn
rn
Побарајте ги старите пријатели
rnЗнаете, другарот од средно со кој кога и да се видите само спомнувате одење на кафе но никако да се договорите. Јавете му се и договорете средба.rnrn
rn
Направете добро дело за некој кој не го познавате
rnНаправете му добрина на оној кој прв пат го гледате. Колку и да звучи како клише.rnrn
rn
Прегрнувајте ги луѓето најсилно што можете
rnЗатрчајте се кон вашата мајка и прегрнете ја долго и силно без апсолутно никаква причина.rnrn
rn
Едноставно не правете ништо
rnКога последен пат ги кренавте нозете во вис, слушавте музика и уживавте без да правите нешто посебно, без да брзате, без да мислите на обврските и роковите?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn