Грижата за децата отсекогаш била напорна работа. Треба постојано да внимавате на нив, секојдневно да ги учите на нешто ново, но и да им го задржувате интересот. Понекогаш овие навидум едноставни задачи се невозможни за изведување. Без разлика колку го сакате вашето дете, понекогаш сигурно сакате да имате и малку помош. Со развојот на технологијата, смартфоните полека станаа едни од помошниците.rnrn
rnrnПолни со апликации за учење и за забава, смартфоните се совршените асистенти кои не само што го држат детето зафатено, туку и му помагаат да научи нешто. Но колку се всушност штетни за детскиот мозок?rn
Што кажува новото истражување?
rnНационалниот институт за здравје го започнал првото истражување од овој вид со цел да открие какво влијание има времето поминато пред екран врз детскиот мозок. Научниците следат околу 11.000 деца на возраст од 9 и 10 години и го набљудуваат начинот на којшто ги користат смартфоните, времето поминато со нив и влијанието од оваа активност. Една од авторките на истражувањето, Гаја Даулинг, тврди дека ќе добијат добар увид за зависноста од екрани.rn
Раните резултати не изгледаат добро
rnИако истражувањето сè уште се одвива, веќе има некои рани резултати. Тие покажале дека дури и околу 2 часа интеракција со екран можат да бидат штетни за вашето дете. Бидејќи во истражувањето се набљудува и мозочната активност, децата кои користеле екрани биле замолени да направат тест за јазик и когнитивни способности. Резултатите биле застрашувачки – тие имале помалку поени од стандардното очекување од децата.rnrnПа како една ваква навидум едукативна технологија се претвора во нешто штетно? Доктор Димитри Кристакис има навистина едноставен одговор – кога децата користат телефони, тие комуницираат со дводимензионални објекти и учат дводимензионални вештини. Проблемот е што тие не живеат во дводимензионален свет. Кога ќе ги тргнат очите од екранот и ќе се соочат со тродимензионалниот свет, реалноста ги „удира“ во лице. Не знаат како навистина да се однесуваат во овој целосно нов 3Д (реален) свет. Треба одново да учат, а ова учење е тешко бидејќи треба да го одделат од она што веќе го научиле од времето поминато пред екран.rnrnОва може да се докаже со навистина едноставен експеримент. Замислете си дека сакате да го видите детето како ги користи мозокот и креативноста за да изгради структура со коцки на екран, користејќи виртуелни коцки во контролиран виртуелен свет. Подоцна кога ќе му дадете реални коцки тоа ќе се збуни. Ќе треба да ја научи интеракцијата одново, а за ова ќе му биде потребно повеќе време од вообичаено.rn
Кое е решението?
rnМозочните скенирања покажале нешто ужасно – децата кои минуваат над 7 часа дневно пред екран можат да се соочат со прерано слабеење на нивниот кортекс. Родителите би требало да бидат загрижени за ова. Американската академија за педијатрија предлага дека треба да постои строго ограничување за употребата на смартфони од страна на децата. Тие препорачуваат времето поминато пред екран да се ограничи само на видео повици. Ако децата имаат дозвола да користат смартфони, треба да се под постојан надзор. Заедничкото гледање/користење е најдобро – децата го искусуваат 2Д светот, но од друга страна треба да комуницираат со реалната личност која ја користи направата со нив.rn
Основни правила
rnОвие водичи за употреба на смартфоните од страна на децата се засновани на почетните резултати од истражувањето. Сепак, потребна е основа за сите правила која ќе се добие по завршувањето на истражувањето. Научниците се надеваат дека штом ќе дојде крајот, ќе се појават нови области за истражување и ќе се покаже дали зависноста од екран е реална или не. Исто така ќе се открие и колку е навистина штетна и ќе добиеме подобри насоки за употребата на технологија.rnrnСветот се менува брзо, понекогаш дури и пребрзо за нас. Не знаеме дали технологијата што ја користиме навистина ни помага или не. Човечкиот мозок е комплициран, па најдобро е да се држиме до тестираните методи сè додека не дознаеме што ни носи оваа нова технологија.rnrnДоколку сте загрижени дека и вашето дете поминува премногу време пред екран, пробајте да ја зголемите неговата физичка активност со некои од најдобрите вежби за деца.


rnrnЧитањето книги брзо ја исцрпува батеријата и затоа многумина мораат да купат и Киндл е-читач, чија батерија трае и до 30 часа. Јотафонот ги поседува особините и на смартфон и на Киндл во еден уред. На едната страна има ЛЦД екран на смартфон, ист како и кај сите други смартфони. Од другата страна има Е-Инк екран, погоден за читање книги затоа што не ги заморува очите како ЛЦД екранот и овозможува добра читливост на дневна светлина. Најдобро од сè, промената од ЛЦД на Е-Инк екран ја штеди батеријата. Ова е само првиот ваков уред кој се појавил на светскиот пазар и засега се продава по цена од околу 700 долари.rnrn
rnrn rnrn

rnrn

rnrnДоколку и тоа не ви е доволно, огледалово ќе започне и да комуницира со вас, давајќи ви потсетници за важните состаноци и известувања за промените на временската прогноза. Дополнително тоа може и да ви ја прилагоди собната температура и да ви ја замрачи светлината во просторот.rnrn
rnrn
Од компанијата велат дека ЛЕД екранот ќе биде компатибилен на секое стандардно тркало за велосипед, овозможувајќи им на сите корисници да си го монтираат на тркалата и да приредат подвижно лајтшоу, додека ги вртат педалите низ улиците. Најдобриот дел од оваа идеја е тоа што сликите на ЛЕД екраните може да си ги избере самиот велосипедист, според негов вкус и стил кој сака да ѝ го покаже на јавноста.
На тој начин „The Monkey Light Pro“ им овозможува на корисниците да ја уредат која сакаат слика и безжично да ја симнат на нивните екрани. Тоа значи дека на велосипедот може да се врти лого, текст, па дури и анимации. Производот доаѓа со вградена слика, која ќе се врти на тркалата додека да се одлучите за да ставите нешто ваше. Полупровидниот екран е видлив од двете страни од велосипедот, а стабилноста на сликата е одржлива при возење со брзина од 16 до 64 км на час.
Со помош на сајтот за собирање донации од луѓе ширум светот за поддршка на големи и мали бизнис идеи 
Цртежите во вашите гаџети направени со оваа необична уметничка четка, изгледаат подеднакво убаво како оние на хартија или на платно. Преку следните видеа, погледнете како точно функционира оваа алатка, која на пазарот треба да се појави веќе наредниот месец, по цена од 34.95 долари.rn

Овој телевизор е првиот 3Д телевизиски сет кој го доловува потенцијалот за гледање 3Д во домашни услови. Неговиот екран не прикажува заматена 3Д слика како останатите плазма и ЛЕД 3Д телевизиски дисплеи, кои ги видовме изминатава година, што е бонус на неговата извонредна светлина со која се карактеризира.
3Д видео содржините имаат живост и длабочина колку што е тоа воопшто возможно, со остар квалитет на сликата и мазни движења, без затреперувачки ефект, каков што може да се види и кај најновите 3Д телевизори. Едноставно кажано, ова е најдобриот 3Д телевизор досега, а беше претставен на големото изложбено шоу за технологија
Друга предност која ја има LG OLED 3D пред останатите телевизори од неговиот ранг е дека троши многу помалку енергија во споредба со други LCD и плазма телевизори. Сите нови телевизори во линијата „
Покрај овој телевизор, кој веројатно ќе биде предизвик и за длабоките џебови, останатите телевизори од истата линија исто така имаат некои добри својства. Освен скоро невидливата рамка, тие се и паметни телевизори кои се базираат на софтверска платформа, онаа на LG, NetCast, или пак на Google TV OS. Покрај тоа, тие вклучуваат опции за користење широк спектар на апликации, 3Д видео стриминг, можност за пребарување и веб прелистувач кој подржува Flash и HTML 5.
Карактеристичниот дизајн „Cinema screen“ го поседуваат 3Д телевизорите од средната и високата класа на овој производител. 55-инчниот 3Д телевизор кој ќе се продава по цена од 5 бројки изразена во долари, ќе се појави на пазарот во втората половина од годината.rnrn
Проектот на компанијата е наречен „Почувствувај го екранот“ и е базиран на ултраниска електрична струја. Таа создава привлечна сила меѓу екранот и вашиот прст, ја повлекува неговата кожа и ви овозможува реално чувство на она што го гледате на фотографијата.rnrnВо системот има инкорпорирано електростатично поле, кое произведува различни степени на триење, а главната тајна на компанијата е во трајниот и неверојатно тенок слој на екранот, кој ги пренесува електро-вибрациите и може да го собере во речиси секој уред. Тој може лесно да се прилагоди на секоја површина, без разлика дали е таа мазна, рапава, крива, мека или тврда.
За разлика од уредите за контролирање видеоигри, овој екран нема подвижни делови во него, така што тој е сосема тивок, без вибрации и со брзо реагирање на вашиот допир. Во моментот системот е во рана развојна фаза, но се очекува да стане достапен на пазарот веќе наредната година. Во меѓувреме, преку следното видео погледнете како функционира прототипот, кој неодамна го промовираше компанијата:rn
Идејата е „Little Printer“ да претставува нов пријател во вашата средина, во домот или на работното место. Користи повеќе апликации, односно публикации, на кои можете да се претплатите за да ги добивате во вашата дневна печатена верзија. Тоа може да е потсетник за родендените на вашите пријатели и роднини, судоку, насловите од познатите весници и списанија и тоа според темата што ве интересира итн.
Се управува со помош на вашиот мобилен телефон, а има поддршка за Ајфон и за Андроид базирани смартфони.
Изумителите од
Ќе може да почне да се нарачува во 2012 година. Детали околу цената и спецификацијата на хартијата која ќе ја користи сè уште не се објавени.rn