КАФЕ ПАУЗА

Tag: екологија

  • „Трагедии“ во Шведска: Рециклираат толку многу што честопати остануваат без ѓубре, па треба да го увезуваат

    „Трагедии“ во Шведска: Рециклираат толку многу што честопати остануваат без ѓубре, па треба да го увезуваат

    Во последните децении, шведската влада се соочи со проблем со кој повеќето земји никогаш не се соочиле. Им недостасува ѓубре!rnrn„Трагедии“ во Шведска: Рециклираат толку многу што честопати остануваат без ѓубре, па треба да го увезуваатrnrnЗвучи бизарно, но кога рециклирате ѓубре и ќе останете без материјали што другите треба да ги фрлат – увозот е сосема нормална опција. Каде оди шведското ѓубре? Кај согорувачите што го претвораат во енергија. На пример, Швеѓаните исто така се загреваат со ѓубре. Тие го користат како замена за фосилно гориво. Друго прашање што многумина го поставуваат е како стигнаа до тоа ниво на свест? Звучи скоро надреално, но што едноставно би можело да се каже: каде што има волја, постојат начини.rnrnВластите на сите нивоа се вклучени во процесот, а жителите кои веќе се среќни да поминуваат време во природа неволно ја прифатија идејата што ќе помогне да се задржи истата таа природа. Шведските домаќинства рециклираат дури 99% од својот отпад. Од 38% отпад рециклиран во 1975 година, тие ја достигнаа оваа неверојатна бројка. Иако, тие велат дека не е неверојатно, тоа е веќе можно за секого. Сето тоа е дел од „револуцијата за рециклирање“ во Шведска.rnrnТака, Швеѓаните станаа увозници на ѓубре, што им доаѓа најмногу од Норвешка. Ѓубрето се увезува и од други европски земји како Германија и Холандија. Сепак, тие посочуваат дека согорувачите исто така не се идеално решение – сигурни сме дека со толку многу волја и напор, тие наскоро ќе најдат подобри методи. Ах! Само кога би можеле да бидеме во чекор со нив.rnrnПрочитајте ги и овие 15 неверојатни факти за животот во Шведска кои сигурно не сте ги знаеле.

  • Најзелените градови во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природата

    Најзелените градови во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природата

    Овие пет градови се големи и се значајни во своите земји. Сите тие имаат долги патишта и модерни згради, но сето тоа е направено во хармонија со природата. Било посветено големо внимание на одржливиот развој и градовите сега изгледаат неверојатно.rn

    1. Копенхаген

    rnНајзелени во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природатаrnrnСо текот на годините, данската престолнина освои многу награди поврзани со екологијата. Со одличната инфраструктура за велосипедизам и можноста за пливање речиси во центарот на градот, тешко е да не бидете фасцинирани. Исто така, има многу зеленило, па Копенхаген е град целосно скроен по мерка за човекот.rn

    2. Ванкувер

    rnНајзелени во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природатаrnrnОвој канадски град е сместен веднаш до Тихиот Океан и до дивите планини на Британска Колумбија и има природна предност кога е во прашање одржливоста. Користејќи обновлива енергија и хидроенергија, воздухот во градот е свеж и чист и за разлика од многу северноамерикански градови, Ванкувер промовира и урбан начин на живот, што покажува дека неговите улици се преполни со живот. Во Ванкувер има двесте паркови, од кои најимпресивен е паркот Стенли.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Chantal Vignola (@chantalvignolarealestate)

    rnrn

    rnrn

    3. Амстердам

    rnНајзелени во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природатаrnrnГрадот одамна е синоним за велосипедизам, „прошаран“ е со канали, па не треба да ве изненадува тоа што е еден од најзелените градови во светот. Посетете го обновениот поранешен индустриски центар на „Амстердам Норд“ и опуштете се покрај водата или истражете ги руралните предели. „Норд“ стана и креативен центар на градот, каде е можно да се посетат многубројни галерии, ресторани итн.rn

    4. Сингапур

    rnНајзелени во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природатаrnrnИако најчесто се поврзува со сјајни облакодери и екстремна чистота, Сингапур е најзелениот азиски град. Како мал остров без природни ресурси, тој сепак најде начин за иновација заснована врз екологијата. За локалното население, градините на покривите на зградите одамна станаа начин на живот. Ако патот ве носи таму, не само што ќе ги погледнете блескавите облакодери, туку ќе уживате и во зеленилото.rn

    5. Рејкјавик

    rnНајзелени во светот: 5 модерни градови кои живеат во хармонија со природатаrnrnИако не е премногу голем (има 115 000 жители), Рејкјавик е одличен пример за град кој користи обновливи извори на енергија. Топлата вода, греењето и електричната енергија доаѓаат од хидроцентрали и геотермални извори. Тоа значи дека можете да уживате во топли извори, загреани надворешни базени и свеж воздух. Најхрабрите може да ја посетат геотермалната плажа Наутолсвик, каде се среќаваат ладното море и топлата геотермална вода.rnrnПогледнете ги 6-те најубави мостови на светот.

  • 9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

    9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата

    Годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна и над 100 милиони животни умираат затоа што јадат пластика. Никој не може да ги промени своите навики одеднаш, но секој може да направи еден мал чекор и да придонесе за спасување на планетата. Прочитајте кои се деветте работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите Земјата.rn

    1. Производство на храна што никогаш не се консумира

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnСпоред Организацијата за храна и земјоделство на САД, годишно се фрла една третина од храната што се произведува за човечката потрошувачка, приближно 1,3 милијарди тони. За да се произведе толку голема количина храна, се користат милиони растенија и се сечат дрвјата низ целиот свет. Според податоците, овошјето и зеленчукот се храна што најмногу се фрла, а потоа следува морската храна.rn

    2. Крстарење

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnБродовите за крстарење се пловечки градови и го загадуваат воздухот исто како и градовите, а можеби и повеќе. Податоците покажуваат дека квалитетот на воздухот на палубата на бродот е сличен на оној во најзагадените градови во светот. Се проценува дека годишно умираат над 50.000 Европејци како резултат на загадувањето што го предизвикуваат бродовите.rnrnПокрај тоа, бродовите за крстарење фрлаат ѓубре и ги испуштаат горивото и канализацијата директно во океаните.rn

    3. Купување премногу облека

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnМодната индустрија е еден од најголемите загадувачи на воздухот и втор по големина загадувач на водата. Индустријата е исто така одговорна за намалување на нивото на водата. Памукот, кој е најпопуларниот материјал што се користи за производство на облека, е многу жедна култура. За памукот потребен за производство на една кошула се трошат околу 2.700 литри вода. Оваа количина вода е еднаква на онаа што едно лице ја пие за 2 и пол години.rnrnСледниот пат кога ќе размислувате да купите нова облека, потсетете се дека 1 човек од 9 луѓе ширум светот нема пристап до чиста вода и дека околу 4,6 милиони луѓе умираат секоја година заради загадување на воздухот.rn

    4. Пуштање вода во тоалетот

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnМожеби звучи одвратно, но не мора да пуштате вода секој пат кога ќе одите во тоалетот. На пример, можете да го правите тоа на секоја втора употреба. Едно истражување од 1999 година открива дека пуштањето вода во тоалетот опфаќа околу 27 % од дневната потрошувачка на вода што ја прави една личност. Споредете го тоа со другите активности, како што се перењето алишта, што претставува 22 % од дневната потрошувачка на вода или туширањето кое опфаќа 17 % од дневната потрошувачка.rn

    5. Користење стапчиња за еднократна употреба

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnАзиската кујна е вкусна и многу популарна. Но, стапчињата што се користат за јадење имаат огромно негативно влијание врз животната средина. Само во Кина, годишно се произведуваат околу 80 милијарди пара дрвени стапчиња за еднократна употреба. За да се задоволи оваа огромна побарувачка, секоја година се сечат околу 4 милиони дрвја.rnrnОва големо уништување на шумите доведува до лизгање на земјиштето и неможност да се задржи водата, а тоа доведува до поплави. Исто така, уништувањето на шумите придонесува и за глобалното затоплување.rn

    6. Пиење кафе

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnКафето е популарен пијалак, а неговите придобивки се добро познати. Едно истражување открило дека пиењето кафе може да го зголеми животниот век на една личност за 2 години. Но, лошата вест е дека индустријата за кафе не е еколошка. Фармите со кафе сега се поштетни за животната средина од кога и да било порано. Исто така, хартиените чаши за еднократна употреба во коишто се служи кафето придонесуваат за уништувањето на шумите.rn

    7. Користење влажни марамчиња

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnВлажните марамчиња можеби се корисни, но тие не се пријатели на животната средина. Најголемиот дел од нив содржат пластика, а потоа стигнуваат и до океаните. Морските суштества ги консумираат влажните марамчиња мислејќи дека се медузи. Многу луѓе ги фрлаат во тоалетот и предизвикуваат блокада на канализацијата бидејќи тие не се распаѓаат лесно. Од материјалите што ја затнуваат канализацијата, влажните марамчиња опфаќаат околу 93%.rnrnИсто така, влажните марамчиња содржат опасни материи што можат да предизвикаат осип на кожата.rn

    8. Користење батерии за краткотрајна употреба

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnБатериите за краткотрајна употреба што ги користите во часовниците и во калкулаторите, дури и оние што се полнат (кои по одреден број на полнења треба да се фрлат) и батериите што ги користите во лаптопите, во телефоните и во другите уреди се исклучително штетни за околината. Тие содржат еден или повеќе од следниве исклучително токсични метали: кадмиум, олово, цинк, манган, никел, сребро, жива, литиум, како и киселини.rnrnОткако ќе ги фрлите, овие батерии се одговорни за загадувањето на воздухот затоа што кога ќе почнат да се распаѓаат ослободуваат штетни гасови што предизвикуваат глобално затоплување. Овие штетни хемикалии се апсорбираат и во почвата и предизвикуваат загадување што може сериозно да влијае врз вегетацијата и врз животниот век на почвата. Кога врне дожд, овие хемикалии стигнуваат и до водата и неа ја загадуваат.rn

    9. Користење бричеви за еднократна употреба

    rn9 работи што треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетатаrnrnБричењето се смета за составен дел од личната хигиена на многу луѓе. Токму затоа, големата побарувачка на производи со жилети не е изненадување. Всушност, неодамнешниот извештај покажува дека во 2018 година, 163 милиони потрошувачи во САД користеле бричеви за еднократна употреба. Овие бричеви се состојат од пластика и од гума што не се биоразградливи, а најчесто завршуваат на депонии и никогаш не се рециклираат.rnrnПрочитајте на кое место на Земјата не може да се развие живот.

  • Роберт Дауни Џуниор има мисија да ја исчисти планетата за 10 години

    Роберт Дауни Џуниор има мисија да ја исчисти планетата за 10 години

    Секој суперхерој на Марвел може да ја спаси нашата планета од еколошка криза, но овој пат актерот Роберт Дауни Џуниор, алтер егото на Ајронмен, доаѓа да ја спаси планетата.rnrnРоберт Дауни Џуниор има мисија да ја исчисти планетата за 10 годиниrnrnАко ги сакате филмовите на Марвел, тогаш знаете дека ликот на Роберт Дауни Џуниор, Тони Старк, е посветен на спасување на светот користејќи напредна технологија. А сега се чини дека актерот го следи примерот на Ајронмен. Тој најави дека во 2020 година ќе ја лансира организацијата наречена „The Footprint Coalition“. Тој има план да ја исчисти целата планета во период од 10 години со употреба на вештачката интелигенција.rnrnТој својата идеја ја претстави на конференцијата Amazon Re: Mars, состанок што се осврна на предностите на напредната роботика и машините, особено оние на вештачката интелигенција. Актерот не сподели многу детали за проектот, но напомена дека вештачката интелигенција може да биде од корист за луѓето доколку се користи за добро.rn

    „Со роботиката и нанотехнологијата можеме значително да ја исчистиме планетата, ако не и целосно, во период од 10 години“ вели актерот.

    rnПа, треба да почекаме до април 2020 година за да видиме како ќе изгледа целиот проект. Во меѓувреме, можете да го посетите веб-сајтот на организацијата и да ги следите сите новости поврзани со овој прекрасен проект.rnrnВе интересира оваа тема? Еве како да станете еколошки свесна личност.

  • Како да станете еколошки свесна личност?

    Како да станете еколошки свесна личност?

    Медитацијата ни помага да станеме свесни за своите постапки, навики и однесување, но ни покажува и како да се ослободиме од нив. Исто така, медитацијата и свесноста ни помагаат да сфатиме дека сме дел од систем со луѓе кои влијаат врз нас, но и дека сме дел од планетата.rnrnКако да станете еколошки свесна личност?rnrnДоколку сте почнале, или барем размислувате да почнете да медитирате, вие сте на вистинскиот пат. Сега размислете зошто сте почувствувале потреба да тргнете на ова патување. Доколку погледнете длабоко во себе, ќе сфатите дека причината е тоа што ви е потребна промена. Оваа промена мора да настане во вас и треба да ги имате потребните ресурси за неа.rnrnОд моментот на нашето раѓање, ние сме во непрекината интеракција со планетата, дел од екосистемот. Ги користиме ресурсите на планетата на стотици начини за стотици наши потреби. Со помош на свесноста, навистина можете да сфатите дека медитацијата не е само потрага по себе, туку и прецизно позиционирање во глобалниот координатен систем.rnrnПотребно е навистина да сфатите дека всушност само ја позајмуваме планетата од нашите деца. Помислете на ова следниот пат кога ќе користите пластична кеса. Запрашајте се колку всушност ви е неопходна во тој момент.rnrnСледниот пат кога ќе одите во продавница, разгледајте ги сите пакувања околу себе. Потоа размислете дали би можеле да консумирате поразлични продукти. Дали постои друг начин да ги спакувате јаболката и бананите и да ги однесете дома? Веќе со години слушаме за нашето негативно влијание на планетата, но доколку навистина живееме во моментот и научиме да го набљудуваме своето однесување, можеме да ги направиме потребните промени.rnrnАвторот Ричард Хајнберг истакнал колку е важно да користиме обновливи изводи на енергија. А ние сме оние кои треба да ги избереме и да ги користиме.rnrnИсто така, Ричард укажува на тоа колку е важно отпадот што го оставаме зад себе да го распоредуваме паметно, бидејќи нашите деца се оние кои ќе ги најдат остатоците. Едно шокантно истражување покажало дека дури и во нашиот организам останува околу 30% од пластиката.rn

    5 совети за еколошко освестување

    rn1. Секој ден вежбајте свесност. На овој начин значително ќе ги проширите вашите погледи и сфаќања за вашето место на планетата.rnrn2. Со техниката насочено внимание ќе се промени и вашето сфаќање за материјалните потреби. Ќе одите да купувате само кога сте смирени и кога можете рационално и одговорно да разберете зошто ви се потребни некои работи. Ќе сфатите дека мнозинството работи кои сте ги сакале, нема воопшто да ги купите.rnrn3. Консумирајте помалку, купувајте производи без пластично пакување и не земајте кеси во продавница, туку користете платнена торба.rnrn4. На работа, во домот, каде и да можете, обидете се да рециклирате и помогнете им на другите да сфатат колкав е ефектот на она што го правите.rnrn5. Ветете дека ќе направите најмногу што можете за да ѝ помогнете на планетата.rnrnПогледнете ги и овие еко-свесни начини да направите значајна промена за планетата.

  • 10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

    10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знае

    Научните откритија се појавуваат побрзо отколку што луѓето можат да ги разберат, па околу секоја научна тема постојат многу митови, а овде спаѓа и екологијата. Луѓето кои се обидуваат да ги направат нивните животи „почисти“ испуштаат значајни детали, или едноставно погрешно интерпретираат одредени мислења и верувања. Па, погледнете некои од најпознатите факти за нашата околина и дознајте ги ситните детали што се кријат зад нив.rn

    1. Мислиме дека откажувањето од месо ќе ја намали емисијата на јаглерод

    rn10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знаеrnrnБез сомнение, месната индустрија емитува повеќе јаглерод од одгледувањето зеленчук. Па, вегетаријанството има позитивно еколошко влијание. Но, производството на одредени млечни производи може да нанесе многу штета. Доколку не јадете месо но консумирате млечни производи, речиси и да не правите разлика. Кога станува збор за исхраната, најдоброто што можете да го направите за планетата е да бидете вегани.rn

    2. Мислиме дека честото вриење вода е штетно

    rn10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знаеrnrnКоличеството јаглерод што го емитувате зависи не само од тоа колку често вриете вода, туку и од видот на вашиот вокал. Електричните бокали побрзо ја загреваат водата, но струјата потребна за нив произведува речиси 3 пати повеќе стакленички гасови за разлика од гасот. Па за да ја заштитете околината, најдобро е да користите бокал за на шпорет или шпорет на гас.rn

    3. Мислиме дека користењето еколошки детергенти е безбедно

    rn10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знаеrnrnЕколошките детергенти навистина содржат биоразградливи и растителни состојки што не се многу токсични. Но всушност најлошо влијание на климатската промена има вриењето на водата. Доколку најдете еколошки детергент кој е ефективен на ниска температура, тоа е одлично. Во спротивно подобро е да одберете обичен детергент, отколку да ја зголемувате температурата на водата.rn

    4. Мислиме дека купувањето локални продукти ја штити околината

    rn10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знаеrnrnИндустријата за транспорт има големо влијание врз околината, па затоа е побезбедно да купувате локални производи наместо увезени. Колку подалеку патувал продуктот, толку полошо влијание има на околината. Но, локално не секогаш значи најдобро. Квалитетот и еколошката вредност на продуктот зависат од регионот. На пример, истражувањата покажале дека цветовите одгледани во сончевата Кенија емитуваат помалку јаглерод, за разлика од оние одгледани во холандските стакленици. Траењето на транспортот е важно, но не е единствениот факт што треба да го земете предвид.rn

    5. Мислиме дека пелените за повеќе употреби ќе ја спасат планетата

    rn10 горчливи вистини за екологијата што секој треба да ги знаеrnrnГрадските депонии се полни со пелени. Но наводно, пелените од платно се поопасни кога станува збор за глобалното затоплување. И овој пат виновно е перењето на висока температура, сушењето и пеглањето. Се препорачува да купувате пелени за една употреба, или воопшто да не ги употребувате.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 15 еко-свесни начини да направите значајна промена за планетата

    15 еко-свесни начини да направите значајна промена за планетата

    Апатијата може да биде навистина штетна. Поради неа не се грижиме за нас, другите луѓе и светот околу нас. Апатијата е недостаток од грижа, незаинтересираност и отсуство на емоции. Кога ќе размислите за состојбата на нашата планета, ќе ви стане јасно дека апатијата, како и незнаењето, се огромен проблем. Нашите океани остануваат без риби и се премногу загадени. Земјата се труе, животните се истребуваат, храната е преполна со вештачки загадувачи, климата се менува, шумите умираат…rnrn15 еко-свесни начини да направите значајна променаrnrnВреме е за промена, а таа промена може да започне со вас. Кога ќе прифатите еко-свесен начин на живеење, ќе направите голема разлика. Не само што ќе заштедите пари, туку ќе се подобри вашето здравје и ќе инспирирате и други да почнат да живеат на тој начин. Погледнете како можете да почнете со промената.rnrn1. Не купувајте импулсивно. Поставете си правило според кое ќе почекате 24 часа пред да одлучите дали треба да купите нешто. Одложувањето е клучно кога станува збор за трошење пари.rnrn2. Дами, размислете за употреба на менструални чашки или влошки за повеќе употреби, наместо тампони и влошки за една употреба. Просечната жена употребува од 12.000 до 16.000 влошки тампони во текот на животот, со ова додавајќи 125-150 килограми отпад. Продуктите за повеќе употреби не само што ќе го намалат загадувањето, туку ќе ви заштедат и многу пари. Менструалните чашки и влошките за повеќе употреби можат да ви траат и до 10 години.rnrn3. Рециклирајте сè што можете. Пластика, хартија, стакло, алуминиум, картон, покуќнина, облека… Што и да е, рециклирајте.rnrn4. Секогаш кога можете, одете пеш, со велосипед или со јавен превоз наместо со автомобил. Многу луѓе сфаќаат дека кога го прават ова, воопшто не им е потребен автомобил.rnrn5. Намалете со консумирање, или ако можете целосно откажете се од месото и продуктите од животинско потекло. Знаете ли дека животинската агрикултура е одговорна за 51% од целата емисија на стакленички гасови? Покрај тоа, вегетаријанскиот или веганскиот начин на исхрана ќе помогне да ја намалите експлоатацијата на животните, ќе го намалите ризикот од рак, ќе го подобрите целокупното здравје и уште безброј други придобивки. Најдобро е да почнете со вегетаријанска исхрана кој вклучува јајца и млечни производи. Потоа, ако вашето тело ви овозможува, постепено откажете се и од нив. Важно е добро да се информирате за хранливите состојки кои ќе треба да ги надоместите. Веганската исхрана не е за секого, па немојте да бидете строги кон себе. И само намалување на консумирањето животински производи ќе направи голема разлика.rnrn6. Заменете ги хемиските средства за чистење. Овде спаѓаат средствата за садови, за прозорци, за бањи и слично. Најдете производи кои се биоразградливи.rnrn7. Поддржувајте ги локалните фармери, особено оние кои одгледуваат органска храна.rnrn8. Разгледајте што е понудено како алтернатива за употребата на вода, струја и греење.rnrn9. Дами, купувајте органска или еко-пријателска козметика секогаш кога тоа е можно. Избегнувајте ги компаниите кои тестираат на животни.rnrn10. Исполнете ја градината со локални растенија. Со ова ќе му помогнете на дивиот свет да напредува.rnrn11. Собирајте ги остатоците од овошјето и зеленчукот и вратете ги во земјата. Ова ќе ви заштеди пари на хемиски алтернативи.rnrn12. Наместо да добивате писма по пошта, пријавете се за писма и брошури кои ќе ги добивате електронски. На овој начин ќе заштедите хартија и ќе ви биде полесно ако често патувате.rnrn13. Престанете да користите пластични кеси со секое пазарување. Носете торба или кеса од дома.rnrn14. Заштедете енергија перејќи со студена вода, сијалиците променете ги со штедливи и исклучувајте ги од струја апаратите што не ги користите.rnrn15. Моментално во светот има 7,4 милијарди луѓе. До 2050-та година се очекува тој број да се искачи до 9,6 милијарди. Пренаселеноста е во голем дел одговорна за многуте проблеми на Земјата. Па, запрашајте се дали навистина сакате да родите уште едно дете. Можеби подобра алтернатива е да посвоите.rnrnЗнаете ли кои утрински навики се штетни за природата?

  • 8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

    8 утрински навики кои се штетни за околината и како истите да ги промениме

    Земјата е една прекрасна планета која константно е загрозена токму од припадниците на највисоката линија на цивилизација – луѓето. Затоа, наместо да соучествуваме во нејзиното уништување, сите треба свесно да се вклучиме во заштитата. Во пресрет на Денот на планетата Земја, на 22 април, треба да се вложиме многу повеќе за заштита на животната средина, бидејќи тој воздух го дишеме и таа вода ја пиеме.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rnrnОва е мал потсетник за тоа како лошите и нееколошки утрински навики може да се претворат во нешто корисно. Следејќи ги овие совети, вие им помагате на ретките видови животни што подолго да опстанат, да има доволно чиста вода за пиење и да се спречи загадување на водите и почвата.rn

    1. Предолги утрински туширања

    rnСтоењето под туш можеби потсетува на свеж водопад, но на овој начин се троши многу повеќе вода отколку што би се потрошило доколку се туширате држејќи го тушот во рака, со млазот насочен директно кон телото. Исто така, внимавајте водата да биде исклучена додека се премачкувате со пена за туширање.rn

    2. Фрлање храна и хранливи остатоци во ѓубре

    rnОрганските остатоци од храната, како што се лушпите од банана или делот околу семката на јаболкото може да се користат како природно средство за ѓубрење. Освежете ги собните цвеќиња со блендирани остатоци од овошја или зеленчуци и додајте во ѓубривото кое го користите. На овој начин ја намалувате исфрлената количина на хранлив отпад за 31%.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rn

    3. Возење автомобил до работа

    rnУпотребата на лично возило за одење до работа може да биде оправдана доколку делите трошоци за гориво со пријатели или колеги. Во спротивно, кога во метежот се собрани стотици автомобили во кои е присутен само возачот, се зголемува и концентрацијата на издувни гасови во воздухот. Јавниот превоз, пешачењето или возењето велосипед се секогаш подобра опција од автомобилот.rn

    4. Користење пластика за пакување на храната

    rnКористите пластична фолија за пакување на храната? А пластични кеси? Решението е едноставно, набавете си кутија за ручек што ќе ја миете по секое користење, виткајте го сендвичот во хартија и користете платнени торби за пазарување.rn

    5. Ги оставате светлата вклучени и полначите во штекер

    rnЗалудно е трошењето на електрична енергија во денови кога е сончево и кога не сте дома. Слично е и со полначот за мобилниот телефон – секогаш вадете го од штекерот кога полнењето е завршено.rn

    6. Купување вода во пластично шише

    rnОва е лесен, едноставен и евтин начин да обезбедите вода за пиење, но со секое ваше купување на флаширана вода, вие го зголемувате ризикот за уште поголемо загадување на океаните со пластика.rnrn8 утрински навики кои се штетни за околината и како да ги промениме?rn

    7. Водата тече додека ги четкате забите

    rnНема потреба од дополнително губење вода. Овие истечени литри од чешмата за некого се скапоцени. Следниот пат кога ќе четкате заби, исклучете ја чешмата и пуштете ја кога ќе дојде плакнењето на ред.rn

    8. Користите хартиени бришачи за раце

    rnМногу попрактично од перење крпи, но и поризично за животната средина, најпрво затоа што за производство на хартија страдаат дрвјата, а потоа и што искористеното парче често станува дел од неселектирано ѓубре.rnrnДозволете ѝ на вашата свест да работи во ваша корист, но и во корист на планетата која сè уште е наш дом.rnrnПотсетете се и на овие зачудувачки факти за земјата.

  • Бик, Девица и Јарец: Кои се доблестите на земјените знаци?

    Бик, Девица и Јарец: Кои се доблестите на земјените знаци?

    Откријте во што се наоѓа нивната сила и посебност, што сакаат и на што се восхитуваат земјените знаци.rnrn1-bik-devica-i-jarec-koi-se-prednostite-na-zemjenite-znakovi-www.kafepauza.mk_rnrnБикот, Девицата и Јарецот се склони да го напуштат градскиот живот и да отидат да живеат на пуст имот во склад со природата. Ќе ги исфрлат автомобилите и ќе започнат да користат велосипед, ќе изградат соларни панели на кровот на својата куќа, највнимателно ќе рециклираат и ќе протестираат против секој вид загадување. Креативно ќе градат „паметни куќи“ и ќе се погрижат да имаат одржлив развој.rnrnПрипадниците на земјените знаци може да се сметаат за чувари на природата, чувари на Земјата. Нутриционизмот и исхраната за нив се прашање на одржување, па многу ќе им биде важно еколошкото производство на храна, но и екологијата воопшто.rnrn2-bik-devica-i-jarec-koi-se-prednostite-na-zemjenite-znakovi-www.kafepauza.mk_rnrnСвојата сила ја црпат од реалноста, од создавањето храна, убавина, здравје, од средувањето на светот околу себе. Ќе внесуваат различни практични иновации во секојдневието кои ја олеснуваат работата и го подобруваат здравјето.rnrnСвојата необичност понекогаш ќе ја изразат со украсување на телото. Сакаат тетоважи, веруваат во вежбањето и со задоволство ќе се облекуваат во природни материјали. Лесно ќе ја прифатат својата необична страна, бидејќи не им е преголема грижа за туѓото мислење.

  • 5 генијално осмислени пешачки премини за животни

    5 генијално осмислени пешачки премини за животни

    Ова се пет генијални архитектонски решенија поради кои возачите и животните не мораат да се грижат дека ќе дојде до некоја непосакувана средба меѓу нив.rnrn

    5 генијално осмислени пешачки премини за животни
    Екодукт, Холандија
    rnrn
    5 генијално осмислени пешачки премини за животни
    Преминот во Националниот парк Баниф, Канада
    rnrn
    5 генијално осмислени пешачки премини за животни
    Гревесмулен, Германија
    rnrn
    5 генијално осмислени пешачки премини за животни
    Монтана, САД
    rnrn
    (5) 5-genijalno-osmisleni-peshachki-premini-za-zhivotni-www.kafepauza.mk
    Божиќните острови близу Австралија

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.