КАФЕ ПАУЗА

Tag: држава

  • Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

    Една богата европска земја воведува бесплатен јавен превоз

    Убаво е да се биде богат и да не се размислува за тоа колку пари се трошат за намирници, за гориво или за патни трошоци… Но, богатите размислуваат и за тоа, иако ваквите планирања нив помалку ги оптеретуваат од „обичните смртници“.rnrnЕдна богата европска земја воведува бесплатен јавен превозrnrnЗамислете, живеете во една од најбогатите земји, а надлежните уште најавуваат дека се воведува и бесплатен јавен превоз низ целата држава – со трамваи, автобуси и возови, а вие само си помислувате, „Ах, колку е убав животот!“…rnrnВластите на малата, но богата европска земја Луксембург, решиле од 1-ви март 2020 година јавниот превоз за нивните жители да стане целосно бесплатен. Целта е да се намали загадувањето затоа што, според Евростат, Луксембург има најголем број автомобили по глава на жител во ЕУ, така што властите сакале да ги охрабрат граѓаните да го користат јавниот превоз колку што е можно повеќе.rnrnЛуксембург, еден од основачите на ЕУ, со тоа станува првата земја што ќе има бесплатен јавен превоз. Досега, само некои градови, како што е главниот град на Естонија, Талин или Данкирк во Франција, одлучиле да го сторат тоа.rnrnИако, многу луѓе од некои социјални категории како студентите или лицата под 20 години веќе патуваат бесплатно, многумина ќе имаат корист од овој проект бидејќи превозот дополнително и ќе се модернизира.rnrnМожеби сакате да дознаете и која европска земја беше најдобра за живеење и работа во 2019 година?rn

  • Која европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?

    Која европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?

    Сите ние барем еднаш сме размислувале каков би ни бил животот во друга земја. Кои и да се причините поради кои сте посакувале да ја напуштите земјата каде што живеете и да се преселите во подобра, сигурно дека за таков чекор потребна е силна решителност. Ако сте донеле таква одлука и решени сте да го промените местото на живеење, сигурно се прашувате која земја е најдобра за живеење и работење?rnrnКоја европска земја е најдобра за живеење и работа во 2019 година?rnrnСо економската клима од земјата задоволни се 80% од испитаниците додека дури 86% од нив искажале задоволство и од политичката ситуација.rnrnШвајцарија е прогласена за најдобра земја за живеење и работа. Оваа мала европска земја според листата на банкарската корпорација на Хонгконг и Шангај го симнала Сингапур од тронот кој цели пет години ја носел титулата за најдобра земја.rnrnВисокиот животен стандард, конкурентните плати, но и стабилната политичка и економска слика на државата во голема мера ѝ помогнале да се искачи за седум места во ова време на глобална несигурност.rnrnОколу 82% од луѓето кои се преселиле во Швајцарија поради работа изјавиле дека уживале во подобар животен стандард споредено со нивната држава.rnrnИмено, дури седум од десет од оние кои се преселиле таму сега уживаат во поголемо ниво на расположлив доход со годишна просечна плата од 111.87 долари – што е многу поголема бројка од глобалниот просек од 75.966 долари.rnrnПокрај Швајцарија и Сингапур на врвот се сместени и Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.rnrnДознајте и кои се најдобри градови за живеење во овој момент.

  • Која е најучтивата држава во светот?

    Која е најучтивата држава во светот?

    Најпрво важно е да се открие што всушност значи учтивостa. Дали најучтивата држава е најдобра и најгостопримлива, или пак нејзината учтивост зависи од комплициран систем на етикети и манири што луѓето кои живеат таму и кои ја посетуваат треба да ги следат?rnrnКоја е најучтивата држава во светот?rnrnИзгледа дека критериумите за учтивост би биле различни за сите. Додека вам би ви изгледало неучтиво доколку некој плука на улица, во некои култури никој нема ни да го забележи тоа. Можеби сметате дека кога ќе влезете во продавница и кога продавачот ќе ви обрне внимание е учтив, но тоа не значи дека доколку ве остави сами е неучтив.rnrnЗа среќа, постојат неколку извори кои ги рангираат државите според учтивост во зависност од разни критериуми и анкети. Иако нема победник кој постојано се наоѓа на врвот, барем можеме да сфатиме што значи „учтивоста“. На пример, анкетата HSBC во која учествувале иселеници се фокусирала на квалитетот на животот и економијата во новите држави на иселениците. Предвид се земале факторите како тоа колку е лесно да се најдат пријатели во државата, колку добредојдено се чувствуваат на работното место и колку лесно се адаптирале на новата култура. Во оваа анкета првите три места им припаѓале на Нов Зеланд, Ирска и Австралија.rnrnАнкетата од Светскиот економски форум од 2013-та година била фокусирана на најдобрите места за туристи и се покажало дека најпријателската земја за посетување е Исланд. Нов Зеланд била и на оваа листа, овој пат на второто место, а третото место му припаѓало на Мароко.rnrnМожеби ова не е точна мерка за учтивост, но однесувањето на локалните жители кон посетителите не треба да се изостави. Канада добила „најдобра репутација“ во овој случај.rnrnТреба да се разјасни дека рангирањето според репутација не е поврзано само со манирите и однесувањето, потребно е да се земат предвид и економијата и политиката во една држава. Значи, нема дефинитивен победник во категоријата најучтива држава, но барем знаеме кои држави се истакнуваат за разлика од другите.rnrnДали знаете во која држава е најопасно да се биде жена?

  • Во која држава е најопасно да се биде жена?

    Во која држава е најопасно да се биде жена?

    Според истражувањето од фондацијата Thomson Reuters, Индија е најопасната држава за жените. Извештајот е направен според истражување од 550 експерти во врска со сексуално насилство врз жените, трговија со луѓе, присилена работа, присилен брак и сексуално робје.rnrnВо која држава е најопасно да се биде жена?rnrnИстражувањето било спроведено помеѓу март и мај со експерти од Европа, Африка, Америка, Југоисточна Азија, Јужна Азија и Пацификот. Истражувачите биле академици, медицински лица, членови на невладини организации и социјални коментатори.rnrnИндија се рангирала како најопасна држава не само според горенаведените фактори, туку и поради културните и традиционалните обичаи како напад со киселина, осакатување на женски гениталии, физичка злоупотреба и детски брак.rnrnПодатоците од владата покажуваат дека криминалот против жените пораснал за 83% помеѓу 2007-ма и 2016-та година. Секој час се пријавуваат 4 случаи на силување.rnrnДржавата неколку пати се најде на насловните страни поради големиот број сексуални напади врз жените. Порано оваа година, 8 мажи беа обвинети за групно силување на 8-годишно девојче. Во април 7-годишно девојче било силувано и убиено на венчавка. Илјадници луѓе се кренале на протест по смртта на 16-годишно девојче кое било силувано и запалено живо во нејзиниот дом. Пратеникот Манјунта Гангадхара изјавил:rn

    „Индија покажа невидено непочитување кон жените… Силувањата, силувањата во брак, сексуалните напади и вознемирувања не се намалуваат. Најрастечката економија во светот и лидерот за вселена и технологија е засрамувана поради насилство против жените.“

    rnВо првите 10 се нашла и Америка. Овој податок ги изненадил експертите. Движењата #MeToo и Time’s Up против сексуалното вознемирување ја ставија единствената држава од западот на листата. Оваа година дузина актерки раскажаа за нивните вознемирувања од страна на големите имиња во Холивуд.rnrnОва се 10-те држави во кои е најопасно да бидете жена:rnrn1. Индијаrnrn2. Авганистанrnrn3. Сиријаrnrn4. Сомалијаrnrn5. Саудиска Арабијаrnrn6. Пакистанrnrn7. Демократска република Конгоrnrn8. Јеменrnrn9. Нигеријаrnrn10. АмерикаrnrnДознајте и што им било забранувано на жените во изминативе 100 години.

  • Викенд книга: „Дете 44“ – Том Роб Смит

    Викенд книга: „Дете 44“ – Том Роб Смит

    „Кога стравот ќе го замолчи целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.“

    rn

    Наша оцена: 9/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnvikend-kniga-dete-44-tom-rob-smit-kafepauza.mkrnrnДоколку сте љубители на трилери, на романи кои ве тераат да грицкате нокти, да се соочите со суровата реалност и да бидете во толкаво исчекување што нема да можете да ја оставите книгата на раат, ова е книгата што ја барате.rnrnДејството се случува за време на диктаторството на Сталин во Советскиот сојуз, во општество каде не постои злосторство и навидум сè е подредено онака како што треба да биде. Луѓето кои имаат моќ и функција веруваат дека се праведни и дека се залагаат за одржување на тој совршен поредок. Шпионите се гонат и егзекутираат откако од нив ќе биде извлечено признание и така се заштитува државата од секој внатрешен непријател. Во таа извртена утопија луѓето сепак живеат во страв и неизвесност. Доволно е некој да те чуе да шепнеш нешто против режимот за да бидеш етикетиран како шпион. Дури и татко чиј син бил убиен мора да изјави дека неговото дете загинало во несреќен случај бидејќи државата не признава дека постојат злосторства.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnЛео Демидов е воен херој, припадник на државната безбедност, кој за разлика од многумина од неговите сограѓани, живее (до негде) пристоен живот. Тој е цврсто уверен дека помага во создавањето на тоа совршено општество и дека правилно ѝ служи на државата. Но, работите полека почнуваат да се разнишуваат кога Лео ќе посведочи за тоа како се убива невин човек, бидејќи оној кој еднаш бил етикетиран како шпион, не може да биде вратен назад во совршеното општество. По совршено поставената замка на неговиот непријател, жеден за неговата крв и положба во службата, Лео ќе биде принуден да спроведе истрага за својата убава сопруга Раиса. Во време кога непреданоста кон државата значела смрт за индивидуата, Лео е принуден да одбира на која страна ќе застане – на страната на неговата сопруга, или на страната на државата.rnrnСветот на Лео целосно се руши и тој одеднаш сфаќа дека сè што дотогаш градел не било реално и дека паѓа во вода. Тој воопшто не им служел правилно на своите сограѓани, тој никогаш не придонел за нивната безбедност, напротив, придонел наголемо за нивниот страв. Дури и неговиот брак не се темели на љубов бидејќи она што неговата сопруга го чувствувала кога прифатила да се омажи за него не било љубов, туку страв дека доколку го одбие високиот државен службеник тој ќе најде начин да ѝ се одмазди.rnrnТогаш почнуваат да се случуваат мистериозни и грозоморни сериски убиства на деца низ цела Русија. Обидувајќи се конечно макар за едно нешто правдата целосно да ја изнесе на виделина и да ја спроведе докрај, Лео ќе се впушти во една опасна авантура барајќи го серискиот убиец, монструмот кој посегнува по животите на најмладите. Лео сепак ќе мора да ѝ се спротивстави на државата. За тие убиства сè досега биле осудувани поранешни затвореници, ментално болни и нестабилни личности. Службите се фокусирале на шпионите не на убијците, бидејќи уште еднаш, да се потсетиме, во советска Русија не постојат злосторства.rnrnКнигава ќе направи да ве полазат морници, ќе ве натера да се замислите, да си поставите толку многу прашања, да си ги поврзете нештата. Ја препорачувам на сите оние со силен стомак, сите авантуристи, жедни за добар трилер, за уште една авантура со пишаниот збор, за неизвесност сè до самиот крај. Маестрално дело, висок и интелигентен стил на пишување, „Дете 44“ е нешто што дефинитивно треба да го имате во вашата домашна библиотека.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 21 февруари 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

    Дали сте жртва на системот? Неколку цитати кои укажуваат на тоа

    Заедницата треба да биде добро организирана и не некој да ѝ наредува на индивидуата што да прави. Но дали луѓето навистина можат да владеат со себе? Цитатите во продолжение можат да ви го свртат умот по ова прашање.rn

    „Не сум создаден за да бидам присилуван. Јас ќе живеам по мои правила. Дозволете ни да видиме коj е најјак.“ – Хенри Дејвид Торо

    rndali-ste-zhrtva-na-sistemot-nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Единствениот пљачкаш којшто сум го сретнал е самата држава. Кога одбив да ѝ платам данок кој таа го бара за заштита која јас не ја сакам, самата ме ограби – Кога го изразив моето право на слобода кое државата ми го гарантира, таа ме затвори.“ – Хенри Дејвид Торо

    rn

    „Не се плашам од Маовците, Сталиновците и Хитлеровците.rnrnСе плашам од оние илјадници милиони луѓе кои ги замислуваат нив како ‘авторитети’, ги прифаќаат нивните предлози, плаќаат за нивните империи и ги следат нивните наредби.rnrnНе ми е гајле ако има некој си лудак со глупави мустаќи. Тој не е закана сè додека луѓето не го гледаат како ‘авторитет’.“ – Ларкен Роуз

    rn

    „Кога се намалува сиромаштијата, се намалува и потребата од владата, така што решавањето на проблемот со сиромаштијата од страна на владата е исто како да очекувате еден тутунски комбинат да започне агресивна антипушачка кампања.“ – Стефан Молино

    rn2-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Оној којшто не е способен да им служи на своите сограѓани сака да владее со нив.“ – Лудвиг вон Мизес

    rn

    „Колективистите го гледаат светот како господинот Магу – како една голема дамка. Тие ги унифицираат луѓето во еден општествен миксер, жртвувајќи ги посебните карактеристики кои нè прават тоа што сме. – Лоренс Рид

    rn

    „На владата не треба да ѝ биде дозволено да прави сè што не смеете ни вие. Ако вие не смеете да крадете од вашиот сосед тогаш ни владата не смее да краде од вас.“ – Рон Пoл

    rn3-Dali-ste-zhrtva-na-sistemot-Nekolku-citati-koi-ukazhuvaat-na-toa-kafepauza.mkrn

    „Законот ја стави колективната сила на располагање на оние бескрупулозните, кои сакаат без ризик да ја експлоатираат личноста, слободата и туѓата сопственост. Грабежот го претворија во право со цел тоа право да биде заштитено. Законската одбрана ја претворија во криминал со цел да ја казнат таквата одбрана. Тогаш, кога престанува грабежот? Кога ограбувањето ќе им стане потешко и поопасно одошто да работат.“ – Фредерик Бастиjа

    rn

    „Сте забележале ли како етатистите постојано си ги реформираат своите прирачници? Реформи во образованието, во здравството, даночни реформи, реформа на социјалната заштита. Самиот факт дека тие секогаш се зафатени со реформирање е јасно признание дека не биле успешни првите 50 пати.“ – Лоренс Рид

    rn

    „Да си анархист едноставно значи дека си против агресија, а сфаќаш дека државата неизбежно врши агресија. Ако не си анархист значи дека или си против агресија или мислиш дека државата сепак не врши агресија. Како што кажуваш дека не си анархист, те молам кажи која од овие две изјави те опишува? Дали си за агресија (како социјалистите и криминалците)? Или мислиш дека државата не спроведува агресија (како што мислат децата на кои државата им го испрала мозокот)?“ – Стефан Кинсела

  • Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)

    Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)

    Америка не е држава. Таа е само бизнис.rnrnФилм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)Режија: Ендрју ДоминикrnrnУлоги: Бред Пит, Скот МекНејри, Џејмс Гандолфини, Реј ЛиотаrnrnВреметраење: 97 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 ноември 2012rnrnЖанр: крими трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn„Убивајќи ги нежно“ е крими трилер базиран според книга од истиот жанр која раскажува обична приказна за нелегално коцкање и грабеж, но режисерот Ендрју Доминик во неа видел нешто друго. Го адаптирал сценариото додека светската финансиска криза била во полн ек, па под влијание на случувањата во неа видел приказна за економска криза во економија базирана на коцкање во која не се почитуваат никакви правила. На крај, својата идеја за филм ја конципирал како обид преку борбите во криминалните кругови да ги прикаже состојбите пред и за време на кризата.Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)Во него локалниот мафијаш Марки Тратман (Реј Лиота) во своите простории организира нелегално коцкање за другите локални мафијаши. Свесен дека во тие четири ѕида кружи огромна сума пари од која само дел му припаѓа нему, решава да ангажира двајца луѓе со кои ќе симулира грабеж, ќе им ги земе сите пари без никој да знае за тоа. Операцијата ја изведува успешно, никој не се сомнева во него сè додека една вечер на неколкумина пријатели, исто така криминалци, не им признае дека тој стои зад тој голем грабеж. Поминува без последици поради тоа што присутните во собата не биле оштетени таа вечер, но повеќемина дознаваат за тоа.Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)Информацијата допира и до локалниот криминалец Џон Амато (Винсент Куратола), кому му доаѓа идеја да најми двајца млади луѓе со цел да организира ист таков грабеж. Тројцата сметаат дека сомнежите ќе бидат насочени кон Марки Тратман, а тие на мира ќе си ги трошат парите. Ќе го извршат грабежот, секој ќе замине на своја страна, но мафијата нема да седи со скрстени раце. Еден од нив го најмува платеникот Џеки Коган (Бред Пит), кој треба да го елиминира оној кој ги ограбил. Тој е доволно искусен во работата и не се сомнева во Марки, сметајќи дека не би направил такво нешто по втор пат, и ќе се впушти во потрага по вистинските виновници.Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)Овие случувања ќе ги поврзете со светската финансиска криза со помош на познати политичари. Барак Обама, Џорџ Буш и други редовно ќе ве потсетуваат дека начинот на кој се одвива кризата во наводно некриминалниот свет е многу сличен со тековите во мафијашките кругови. Низ дејството се уфрлени повеќе нивни говори во кои зборуваат за кризата и за тоа што е потребно за да се излезе од неа, а секој од нив е даден во точно определен тајминг согласно со случувањата во криминалниот свет од филмот со цел да ја долови оваа поента.Филм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)Сето тоа може да звучи како многу мудро сценарио и можност за извонреден филм, но за жал „Убивајќи ги нежно“ остава впечаток како на приказната да ѝ фали нешто или како да не е доработена до крај. Приказната за ограбувачите и платеникот сама по себе може да биде едноставна и не премногу интересна, па затоа е неопходно да се поврзе со зборовите на политичарите за да се сфати вистинската димензија на филмот. Инаку тој може да стане по малку неразбирлив и да не се сфати поентата, а без неа филмот тешко ќе ве импресионира. Не е за сечиј вкус, но ако ве интересираат вакви приказни тогаш сигурно ќе ве забавува во ноќите резервирани за филм.rn
    rn

    „Пријателе, Томас Џеферсон е светец затоа што ги има напишано зборовите ‘Сите луѓе се еднакви’, зборови во кои очигледно не веруваше затоа што дозволи децата да му живеат во ропство. Тој е богат, бел сноб на кого му беше преку глава да им плаќа данок на Британците. Е, да, напиша некои убави зборови кои ја разбудија толпата и тие отидоа да умрат за тие зборови додека тој си седеше на раат, си пиеше вино и е*еше робинка. Овој тип (покажува на Обама) ми кажува дека живееме во заедница? Не ме смеј. Живеам во Америка, а во Америка си оставен сам на себе. Америка не е држава. Таа е само бизнис. Ај сега плати ми“. – Џеки Коган

    rnФилм: Убивајќи ги нежно (Killing Them Softly)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

    Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

    Животот понекогаш наликува на лотарија, а една од првите добивки може да биде местото во кое ќе се родите, сугерира најновото истражување спроведено од страна на лондонското списание „The Economist“.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Според истражувањето кое опфатило 80 земји од светот, најдобро место за да се родите во 2013 е Швајцарија, а најлошо е Нигерија.rnrnТимот од „The Economist“ при спроведувањето на оваа студија ги поврзал субјективните фактори на луѓето како што е чувствувањето задоволство од сопствениот живот, со објективните фактори за квалитетен живот, во кои спаѓаат не само степенот на богатство, туку и степенот на криминал, доверба во јавните институции и можноста за водење здрав семеен живот. Географската положба, климата, демографијата, политиката и состојбата во стопанството, се исто така важни фактори кои се земени предвид. Вклучена е и перспективата за иднината, за којашто се користени економските предвидувања до 2030 година, кога децата родени во 2013, ќе станат полнолетни.rnrnСпоред магазинот, после Швајцарија, најдобро е да се родите во Австралија, потоа во скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска, а потоа следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Холандија и Канада. На 10-то место се наоѓа Хонг Конг.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Најразвиени западни земји се САД и Германија кои се наоѓаат на 16-то место, Италија, Франција и Велика Британија кои ги заземаат местата помеѓу 21-во и 27-мо место, а Шпанија и Грција се тек на 28-мо и 34-то место, и покрај тоа што располагаат со убава клима.rnrnНа средината од листата се наоѓаат Куба и Аргентина, кои го заземаат 40-тото место.rnrnОд бившите југословенски држави, најдобро е да се родите во Словенија (32-ро место), а потоа следува Хрватска, која се наоѓа на 46-то место. Потоа следува Србија на 54-то место, додека БиХ, Македонија и Црна Гора ги нема на листата.rnrnОд членките на ЕУ, најлошо е да се родите во Бугарија, која се наоѓа на 61-во место, Романиjа на 56-то место и Литванија на 57-мо место, оценува тимот на „The Economist“.rnrnИнтересен е податокот, дека ниедна од земјите членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) не котираат високо на листата, и покрај високиот економски раст. Кина е на 49-то место, а Русија тек на 72-ро место, на само едно место пред Сирија.rnrnНајлошо место во кое бебе може да се роди во 2013-та година, е Нигерија, а на оваа земја ѝ претходат Кенија, Украина и Бангладеш.rnrnПогледнете ја целата листа со 80 земји.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најсреќни држави за живеење

    5 најсреќни држави за живеење

    Светскиот извештај за тоа каде најсреќно се живее, кој го создава Комисијата на Обединетите Нации, нуди листа според која е јасно во која земја граѓаните се најисполнети од животот кој таа им го нуди. Доколку некогаш решите да се селите, тогаш ова се првите 5 држави, каде луѓето се најсреќни.rn

    Данска

    rnДанска е членка на ЕУ од 1973 година и на НАТО од 1949 година. Животниот стандард е на високо ниво, стапката на невработеност е ниска, а платите се одлични.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Финска

    rnЛуѓето во Финска знаат да направат вистински баланс помеѓу работните обврски и приватниот живот. Тоа е нивната култура и тајниот рецепт за квалитетен и среќен живот.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Норвешка

    rnНорвешка во последните години е една од земјите која е најпосакувана за живеење поради високиот стандард, добрите работни позиции и плати и бесплатното образование.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Холандија

    rnЗемјата на лалињата е една од најлибералните земји, што ја прави многу интересна за живеење.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrn

    Канада

    rnКанада може да се пофали со високо ниво на политичка слобода, друштвени луѓе, здравствена и економска стабилност, како и добри плати.rnrn5 најсреќни држави за живеењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Париз – најпосакувана дестинација на туристите

    Светската трговска организација соопшти дека оваа година ќе се стигне до бројката 1 милијарда луѓе кои патувале во странска држава како туристи. Според прибраните податоци, најпосетувани земји се Франција, САД и Кина. Регионалниот директор на организацијата за Јужна и Северна Америка, Карлос Воглер проценува дека до оваа бројка ќе се стигне оваа година наесен.Париз најпосакувана дестинација на туриститеБројот на туристи кои патувале до овој период од годината за разлика од истиот период лани, е зголемен за 4%. Во бројот на луѓе кои влегуваат во оваа класификација, се само оние кои преноќиле барем една ноќ во друга држава, додека на пример луѓето кои се појдени на крстарење не влегуваат во „пописот“.rnrnСпоред анализите до 2020 година, бројот ќе се зголеми на 1,4 милијарди туристи, додека во 2030 година до 1,8 туристи на светско ниво. Убедливо најпосетуван град од туристите е главниот град на Франција, вечниот град Париз. Да погледнеме зошто е тоа така. Париз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туриститеПариз најпосакувана дестинација на туристите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.