КАФЕ ПАУЗА

Tag: долна облека

  • Што открива за вас изборот на долната облека?

    Што открива за вас изборот на долната облека?

    Исто како стилот што го преферирате, така и изборот на долната облека во голема мера го одразува вашиот карактер. Склоноста да носите удобна, секси или друга долна облека ги открива вашите афинитети, како и тоа колку уживате во сексот. Иако повеќето жени имаат долна облека за секакви пригоди, како онаа резервирана за спиење, за „оние“ денови, за пријатни прошетки и за акција во спалната соба, овој пат е важна долната облека во којашто се чувствувате најдобро.rn

    Црна долна облека со чипка

    rnШто открива за вас изборот на долната облека?rnrnВие сте личност која знае што сака и знаете како да го добие тоа. Имате силен карактер и префинет стил. Вие не се менувате за никого и не сте слеп следач на трендовите. Доминантни сте во врската и вашиот партнер знае што може да очекува од вас. Уживате во вашата долна облека и ја избирате со голема љубов и внимание.rn

    Едноставна бела долна облека

    rnШто открива за вас изборот на долната облека?rnrnВие сте романтична душа и личност што ги негува нежните чувства и се стреми кон хармоничен однос. Верувате во себе, но не им го наметнувате вашиот став на другите. Вие сте толерантни и знаете како да им пристапите на другите. Вашата грижлива природа се манифестира во сите вашите постапки.rn

    Црвена секси долна облека

    rnШто открива за вас изборот на долната облека?rnrnБојата на страста и на нескротливото водење љубов. Сакате да бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Аплаузот и пофалбите се секогаш добредојдени. Вие сте личност која ги нагласува своите добри страни и ги користи до максимум. Сакате да ги заведувате сите околу вас и уживате во машките воздишки.rn

    Нежни розови нијанси

    rnШто открива за вас изборот на долната облека?rnrnВие се одликувате со вашата љубов кон животот и со неговите убавини. Вие сте личност со авантуристички дух и подготвени сте секогаш да одите чекор понатаму. Неуморни сте и сакате да искусите сè што ќе ви понуди животот. Вие сте популарни во друштвото токму поради овие ваши карактеристики.rnrnПрочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.

  • 9 типа долна облека што секоја жена треба да ја има

    9 типа долна облека што секоја жена треба да ја има

    Без соодветна долна облека, нема добро да ви прилега ниту една стилска комбинација, па затоа е добро да знаете какви парчиња долна облека треба да има секоја жена за да биде привлечна во секоја пригода.rnrn9 типа долна облека која секоја жена треба да ја имаrn

    1. Градник со корпи

    rnОсновното парче што веројатно секоја жена веќе го има во фиоката за долна облека е градник од полиестер или памучни корпи. Тоа е градник што ја сака секоја маица затоа што не оцртува и покрива сè што треба. Во зависност од потребите, има градник со и без „push-up“ корпи, а добро е да го имате овој градник во црна и беж боја.rn

    2. Градник од чипка

    rnПри изборот на градник, треба да му се даде предност на комфорот пред естетиката, но секоја жена има потреба од најмалку еден градник со чипка или сатен. Ваквите модели не се нужно непријатни, тие служат како „тајно оружје“ затоа што жените се чувствуваат попривлечно и помоќно во нив. Облечете ги тогаш кога ви е потребна малку поголема самодоверба.rn

    3. Градник без рамки

    rnМалку помалку возбудливи се градниците без рамки затоа што често ни предизвикуваат главоболки, но штом ќе го пронајдете моделот кој ви одговара, ќе се ослободите од многу проблеми. Тој е идеална опција за повеќето кроеви на фустани, без разлика дали сакате да го потенцирате деколтето или да го сокриете. Поголема поддршка на градите овозможуваат оние градници кои имаат поширок ластик во задниот дел и најмалку три токи.rn

    4. Класични памучни гаќички

    rnТие ја задоволуваат основната улога и се удобна бариера помеѓу интимните делови и облеката. Памукот никогаш нема да создаде иритација и црвенило и е лесен за одржување бидејќи може да се пере на секоја температура. Повеќето женски фиоки треба да се состојат од вакви гаќички во неколку основни бои.rn

    5. Танга-гаќички

    rnГаќичките кои подеднакво ги сакаат и жените и мажите се тангите. Сите сакаат да ги видат, а кога жените ги избираат од практични причини, главно за да го избегнат ефектот на двоен задник. Тие се чест избор зад под фустанот или панталоните и има многу голем избор – од сатен и чипка до памук.rn

    6. Гаќички со невидлив раб

    rnЗаедно со тангите ова е најчестата форма на гаќи наменети за носење под тесна облека или облека изработена од потенки материјали, поради невидливиот раб, а овие гаќи не се видливи надворешно. Тие главно се изработени од удобен микрофибер, и треба да бидат во боја на вашата кожа бидејќи е добро да имате долна облека за сите бои на панталони, фустани и здолништа.rn

    7. Маичка со тенки рамки

    rnМаичките со тенки рамки ги претпочитаат повеќето жени затоа што тие го прегрнуваат телото во ладни денови, а се невидливи дури и под тенки кошули. Маичките од памук се идеални за секој ден, додека оние изработени од полиестер во беж или црна боја може да се носат под проѕирни кошули или блузи.rn

    8. „Боди“

    rnОва е парче долна облека што жените или го сакаат или не го сакаат. Тоа одамна ја надмина својата улога како долна облека и стана парче што гордо се покажува. За дневни прилики, има „бодиња“ од обоен памук што можете да ги облечете самостојно или под џемперот, а „бодињата“ од чипка или сатен се за вечерни прилики и добра идеја е да ги облечете под вашата јакна.rn

    9. Тесна маица

    rnОвој крој е особено добар за вас за време на сезоната на џемпери. Маиците со рамки или со кратки ракави ќе ве прегрнат и ве заштитат од материјалите што ја иритираат кожата, а ќе се заштитите и од пречесто капење бидејќи целата пот останува на нив.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да станете поженствени?

  • Какви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?

    Какви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?

    Според статистичките податоци, ретко со случува мажите да бидат конзервативци, но понекогаш нема да можете ни да претпоставите што мислат тие за вашиот изглед.rnrnКакви женски фризури, парфеми, долна облека и маникир сакаат мажите?rn

    Високи чорапи

    rnЧленовите на Британското психолошко друштво и на Здружението за семејна терапија авторитативно се изјаснуваат: главниот фетиш за мажите се високите чорапи (а во најдобар случај подвезиците). Чорапите се возбудливи затоа што истовремено и кријат и откриваат тајна и изгледаат и пристапно и недостапно. Забраната и недостапноста го заоструваат примитивниот нагон кој го принудува човекот да го испита посакуваниот предмет.rn

    Долна облека

    rnНа прво место е чипката, на второ свилата, а „гумените“ ткаенини слични на неопренот од кои обично се шијат спортски градници, се наоѓаат на третото место. Но, памукот не е почитуван материјал.rn

    Боја на облеката

    rnПостојат само две бои кои се добитна комбинација: црна и црвена. Според мажите, белата боја не може да се комбинира со сè и честопати изгледа рустикално. Што се однесува до лесните или пастелните нијанси, со нив нема проблем ако ја истакнуваат бојата на вашата кожа, очите и косата бидејќи мажите обрнуваат внимание на ваквите нијанси.rn

    Стил

    rnВо однос на дизајнот, за жал, нема да претпоставите. Мажите дале тврдоглави и збунувачки одговори во текот на анкетирањето. Дури и истите парчиња од чипка се перципираат на различни начини: за некои тоа е „вечер со свеќи и романтика“, a за други „поздрав од црвениот кварт“. Поради тоа, потпрете се на вашиот вкус и интуиција.rn

    Кармин

    rnНеодамна, научниците од Универзитетот во Манчестер откриле која нијанса на кармин е најатрактивна. За време на експериментот, мажите гледале фотографиите на жени и еве ги резултатите: мажите поминале околу 8 секунди проучувајќи ја сликата на жената со црвен кармин, 6 секунди на жената со розов кармин и 2 секунди проучувајќи ги усните без кармин. Резултатите од едно француско истражување покажале дека келнерките со црвен кармин добиваат 50 % повеќе бакшиш за разлика од останатите колеги. Околу 90 % од учесниците во истражувањето признале дека црвената боја на усните потсвесно се смета за моќна сексуална порака.rn

    Фризура

    rnБојата на косата не им е важна на мажите. Исклучително ретки се оние мажи кои сакаат само русокоси или паѓаат само на црвенокоси. Но, мажите едногласно гласаа за должината на косата и за стајлингот – уредно стилизирана коса, со должина веднаш под рамењата. Само 2 % од мажите ги привлекуваат плетенки и пунџи.rn

    Маникир

    rnОние што мислат дека мажите не забележуваат вакви ситници, грешат. Сосема спротивно: според мислењето на посилниот пол, една девојка треба да биде убава буквално до врвовите на ноктите. Повеќе од 90 % од испитаниците признале дека на првиот состанок повеќе би ѝ простиле на девојката неотстранети влакна отколку лош маникир.rn

    Облик и должина на ноктите

    rnМажите ги привлекуваат нокти малку подолги од врвовите на прстите или многу кратки, заоблени или квадратни нокти, а се плашат од долги нокти.rn

    Боја на ноктите

    rnЦрните, темносивите и кафеавите бои мажите ги доживуваат како нечистотија на ноктите, а неонските бои ги иритираат. Покрај тоа, психолозите се согласуваат со мажите дека неонските нијанси имаат негативни ефекти врз перцепцијата на сликата на една личност. Но, мажите го одобрија класичниот француски маникир во нежни бои, како и црвената боја.rn

    Дезени на ноктите

    rnМажите едноставно не можат да ги „сварат“ цвеќињата, лентите и камчињата на ноктите. Поради некоја причина, секоја креативност на ноктите ги вознемирува.rn

    Парфем

    rnМажите се привлечени од природниот мирис на партнерката, а не од парфемот. Некои експерти веруваат дека „природниот“ мирис се однесува на тоа како мирисате по туширање, односно мирисот на чиста кожа пред да нанесете лосион и крем. Други инсистираат на тоа дека дури и мирисот на пазувите игра улога. Но, во секој случај, таков мирис е невозможно да се измисли во лабораторијата за парфеми. Затоа, одберете парфем по ваш вкус, но избегнувајте премногу силни парфеми бидејќи не сакате мажот да си замине од состанокот со главоболка.rnrnПогледнете и што сакаат мажите од нивните сопруги, а што од љубовниците.

  • Никогаш немојте да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите! Еве зошто…

    Никогаш немојте да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите! Еве зошто…

    Според докторката Лиса Акерли, многу луѓе носат валкана долна облека иако се уверени дека е испрана и чиста. Таа вели дека класичното перење во машина е често погрешно, доколку температурата не е доволно висока.rnrnНикогаш немојте да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите! Еве зошто...rnrnНиските температури не ги уништуваат сите бактерии што се собираат на гаќите, па така, после перењето тие всушност не се сосема чисти. При повторното облекување, всушност ги враќате бактериите на себе, и тоа на најинтимните делови од телото.rnrnИсто така, според д-р Акерли, долната облека која се пере на ниски температури никако не би требало да се комбинира со други работи:rn

    „Секое перење на гаќите на температура под 60 степени нема да ги убие бактериите. Затоа никогаш немојте да ја перете долната облека заедно со кујнски крпи и пешкири на ниска температура, бидејќи така испраните крпи не би ги сакале во близина на вашата кујна.“

    rnДоколку од некоја причина не можете да ја перете долната облека на висока температура, д-р Акрели препорачува да додавате антибактериски средства за перење облека кои уништуваат до 99% од бактериите.rn

    Како да се справите со дамките од менструална крв на гаќите?

    rnМоже да се случи прашокот за перење и перењето на 90 степени да не помогне, особено ако се работи за засушени дамки од крв на гаќите. Но, во тој случај ќе ви помогне хидрогенот. Прво, исперете долната облека во ладна вода за да излезе сета крв колку што е можно, а потоа само на дамките нанесете течен хидроген. Потоа, гаќите исперете ги на вообичаениот начин, во машина или на рака.rnrnПрочитајте ги и овие 10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека.

  • Што ќе се случи ако премногу долго ја носите долната облека?

    Што ќе се случи ако премногу долго ја носите долната облека?

    Кога последен пат сте фрлиле гаќи и градници? Ако не можете да се сетите, време е да инвестирате во нова долна облека. Ние најчесто ги фрламе старите парчиња кога ќе се скинат или пак, кога бојата целосно ќе им се промени. Но, изгледа дека тоа е предоцна. Ако предолго ја носите истата долна облека, дури и покрај редовното перење, таа може да има негативни последици на здравјето.rnrnrn

    Кога е време за нов градник?

    rnВо истиот момент кога градникот ќе ви стане неудобен, без разлика на причината, време е за нов. Ако градникот не ви ја дава потребната поддршка, грбот ќе почне да ви страда. Токму затоа и се препорачува еднаш годишно да ги проверувате градниците и сите оние што веќе не ви се точни да се фрлат. Од друга страна пак, се препорачува постојано да имате најмалку три градника со цел да можете редовно да ги перете. Но, колку повеќе имате, толку помалку ќе ги носите па тие подолго ќе ви траат. Уште подобро ако ги перете рачно.rn

    Кога е време за нови гаќички?

    rnАко вашите гаќи ја изгубиле бојата, се растегнале или едноставно ви станале неудобни, време е за инвестирање во нови модели. Покрај тоа што тие подобро ќе изгледаат и вие поудобно ќе се чувствувате, исто така и ќе се заштитите од несакани реакции на кожата, предизвикани од грубите рабови на износените гаќи. Исто така, иако на повеќето модели се препорачува перење на 30 или 40 степени за да се зачуваат изгледот и бојата, подобро е да се перат на 60 степени за да се убијат сите бактерии.

  • Експертите советуваат: Од голема важност е долната облека што ја носите за време на вежбање

    Експертите советуваат: Од голема важност е долната облека што ја носите за време на вежбање

    Веројатно барем еднаш сте биле во ситуација со часови да барате кои се најдобрите патики за трчање или која облека најдобро ја впива потта. Но дали некогаш сте обрнале внимание на долната облека што ја носите за време на вежбање?rnrnrnrnИако најверојатно одговорот е не, погрешната долна облека може да има лошо влијание врз вашето здравје. Доколку топлината, потта и триењето кои настануваат за време на вежбањето се „заробат“ поради лошата долна облека, може да се појават габи кои пак предизвикуваат разни инфекции. Според ова, жените се изложени на поголем ризик доколку не внимаваат на долната облека.rn

    „Жените со постоечки проблеми се особено чувствителни и треба да обрнат дополнително внимание на нивните тренинзи“, изјавила Рене Местад, главна на одделот за гинекологија во болница во Сиракуза.

    rnДоколку и мажите и жените сакаат да го зачуваат нивното здравје, потребно е да следат едно важно правило – без разлика што носите, најдобриот начин да ја спречите инфекцијата е веднаш да ја соблечете облеката за вежбање и да се истуширате по тренингот.rnrnИсто така ако носите облека од памук, повторно правите грешка. За вежбање најдобро е да одбирате материјали како полиестер, најлон или спортска волна. Овие материјали се направени така што ја отстрануваат влагата од вашата кожа. Природните материјали како памукот можеби се полесни за вежбање, но не заборавајте дека тие впиваат многу добро, па можат да ја иритираат кожата.rnrnКога станува збор за обликот на долната облека, идеални се класичните гаќи и оние со форма на бикини. Доколку сепак сакате да носите танга, важно е да знаете дека во текот на вежбањето таа може да се помести. На овој начин фекалните бактерии ќе завршат на погрешно место и може да настане инфекција.rnrnОткако ќе ја одберете долната облека, осигурете се дека ви дава поддршка, но да не ве стега премногу. Додека ја одбирате облеката, на етикетите побарајте ги и зборовите антимикробно и синтетички материјал.rnrnЗнаете ли кои видови долна облека можат да бидат лоши за вашето здравје?

  • 10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека

    10 грешки кои ги прават жените при купувањето долна облека

    Сигурно ви се има случено во продавница да ви се допадне некое парче долна облека и веднаш да го купите. Но, без разлика колку бил убав градникот, најпрво треба добро да размислите. Ова се 10-те најчести грешки кои ги прават скоро сите жени кога купуваат долна облека. Дали можете да се пронајдете?rn

    1. Материјалот на градникот

    rn(1)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНемојте да носите долна облека со чипка во комбинација со тесни блузи и панталони. Вашата долна облека речиси сигурно ќе се познава и ќе го уништи вашиот изглед. Одберете долна облека која е мазна, а најдобро е да носите градник без жици.rn

    2. Долна облека за обликување

    rn(2)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНекои жени толку многу сакаат да изгледаат како модели што многу често купуваат долна облека за обликување со помал број. Ова не само што не изгледа добро, туку е и штетно за вашето тело. Немојте да ја носите оваа долна облека подолго од 6 часа, особено ако е со помал број.rn

    3. Големина на градникот

    rn(3)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnНекои девојки сметаат дека помалиот градник може да направи нивните гради да изгледаат поголеми. Ако градникот е премал може да го спречи протокот на крвта, а ако е преголем може да ви предизвика болки во грбот. Рамките на градникот не треба да ви паѓаат, а корпите не треба да притискаат ништо. Ако сакате вашите гради да изгледаат поголеми купете пуш-ап градник.rn

    4. Боја

    rn(4)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnМожеби црниот градник под белата блуза некогаш било во тренд, но денес изгледа невкусно и се смета за непристојно. Кога носите бела облека, градникот нека биде со месо боја. Истото важи и за гаќите.rn

    5. Градник по дома

    rn(5)10-greshki-koi-gi-pravat-zhenite-pri-kupuvanjeto-dolna-obleka-kafepauza.mkrnrnПостои верување дека штом ќе си дојдете дома најдобро е веднаш да се ослободите од градникот и да им дозволите на градите да се одморат. Но, ова важи само за девојките со мали гради. Ако вашите гради се големи и не носите градник, може да се истегнат лигаментите на градите. По дома најдобро е да носите спортски градник. Тој е удобен, ѝ дозволува на вашата кожа да дише, и најважно од сè – им нуди поддршка на вашите гради.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 5 модели на долна облека кои ги задоволуваат сите женски потреби

    5 модели на долна облека кои ги задоволуваат сите женски потреби

    Со оглед на тоа што поголемиот дел од жените носат долна облека 24 часа дневно, добро е да се знае кои модели на гаќички би требало да се наоѓаат во секоја женска фиока и кои ќе ги задоволат сите женски потреби, од удобност до заведување.rnrn1-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Гаќички со невидлив раб

    rnОвој крој на гаќички за секој ден ви се потребни кога носите тесна облека или облека која е направена од тенки материјали, бидејќи нема да се оцртуваат. Избирајте гаќички без строги рабови, а таквите најчесто се изработуваат од удобни, растегливи материјали.rnrn2-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rn

    2. Гаќички во боја на вашата кожа

    rnКолку повеќе бојата на вашата долна облека се совпаѓа со бојата на вашата кожа, толку помалку ќе биде видлива под проѕирната облека. Овие гаќички се добри и кога во некој бутик испробувате костим за капење или нови гаќички, бидејќи подобро ќе видите како ви одговараат. Секако помеѓу вашата долна облека имајте гаќички во боја на вашата кожа со невидлив раб.rnrn3-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rn

    3. Гаќички за вежбање

    rnЗа да можете целосно да му се посветите на вашиот тренинг без постојано да мислите дали е сѐ во ред со вашата долна облека, во текот на вежбањето изберете гаќички од меки микровлакна кои ја пропуштаат влагата и потта, односно вашата кожа останува сува и свежа.rnrn4-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Секси гаќички

    rnБез разлика дали тие се изработени од сатен, со чипка, интересен додаток, врвци, панделки – кога ќе ги облечете овие гаќички би требало да се чувствувате најсекси. Жената која носи секси гаќички се чувствува и посамоуверено, па нека тие бидат вашиот избор и во ситуациите кои не се поврзани со сексот, кога едноставно ви е потребна мала доза на дополнителна самодоверба.rnrn5-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rn

    5. Гаќички за менструација

    rnЗа оние денови во месецот најпрактични се памучните гаќички со висок струк кои покриваат повеќе од половина задник. Ќе ви овозможат удобност и сигурност без да се грижите за нивната естетика и функционалност.rnrn6-5-modeli-na-dolna-obleka-koi-gi-zadovoluvaat-site-zhenski-potrebi-www.kafepauza.mk_rnrnВо продолжение прочитајте за 5-те видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје.

  • 5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангите

    5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангите

    Во последно време носењето танги полека излегува од мода и на сцена се враќаат обичните гаќички. Добро познатите памучни модели имаат низа предности, а ова се главните 5 причини зошто тие се подобри од тангите…rnrn5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангитеrn

    1. Поудобни се

    rnВо оваа категорија, обичните гаќички несомнено ги надминуваат тангите. Тие не се „вовлекуваат“ во необични места, не иритираат и не предизвикуваат болно црвенило.rn

    2. Тие се идеални за време на менструацијата

    rnОбичните гаќи овозможуваат максимално чувство на сигурност во текот на менструацијата. Влошките и тампоните се неудобни сами по себе и ниту една жена не сака уште и да размислува дали ќе ѝ се појави дамка на незгодно место. Токму затоа обичните гаќички се совршен сојузник во борбата против несаканите дамки и се најудобниот модел гаќи што која било жена може да ги носи за време на менструацијата.rn

    3. Полесно се одржуваат

    rnТангите спаѓаат во категоријата на чувствителна облека, па затоа треба да внимавате како ги перете. Тие се ситни, па затоа можат да се „изгубат“ во текот на перењето доколку не ги ставите во посебна мрежичка, но и тогаш не се перат онолку темелно колку што би требало. Обичните памучни гаќички можете да ги перете на сите температури. Белите без размислување можете да ги ставите на 90 степени на вриење, а можете да ги перете и на пониска температура.rnrn5 причини зошто обичните гаќички се подобри од тангитеrn

    4. Подобри се за здравјето

    rnДолната облека треба да служи како бариера помеѓу нашите интимни делови и облеката која воглавно е груба и може да предизвика иритација. Поради тоа, обичните гаќички добиваат уште еден плус во споредба со тангите. Имено, тенката лента на тангите се наоѓа точно помеѓу анусот и вагината. Постојано е во движење, па така може да дојде до лесен пренос на бактерии до вагината и уринарниот тракт. Гинеколозите не им препорачуваат на жените кои имаат чести проблеми со уринарни и вагинални инфекции да носат танги и ги советуваат да бираат обични гаќи.rn

    5. Не ги „гушат“ интимните делови на телото

    rnОбичните гаќички се прозрачни и овозможуваат да влезе воздух до најинтимните делови на телото. Тангите и останатите секси гаќички се изработуваат од материјал што не е прозрачен или само делот помеѓу нозете е од памук, а останатиот е од синтетика. Токму тие делови не пропуштаат воздух, па затоа се создава голема количина на влага која е погодна за развој на инфекции. Обичните гаќички се изработуваат од чист памук без примеси на синтетички материјал.rnrnВо продолжение прочитајте за 5-те видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје.

  • Принцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакции

    Принцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакции

    Сите девојки понекогаш сакаат да се облечат како нивните омилени принцези од Дизни, но тука мислиме на облекување фустани, а не долна облека. Можете да ги замислите овие принцези соблечени по градник и гаќички? Очигледно сопствениците на продавницата за долна облека „Yandy“ можеле, па креирале 6 секси комбинации инспирирани од ликовите на Дизни. Луѓето имаат поделени мислења во врска со ова.rnrn(11) princezite-od-dizni-dobija-svoja-dolna-obleka-i-predizvikaa-mnogu-burni-reakcii-kafepauza.mkrnrnОд Пепелашка, па сѐ до Снежана, вашите омилени принцези сега можете да ги видите во поинакво секси издание, облечени во чипкана долна облека со имиња од типот „Бессона фантазија“. Вистинско изненадување е тоа што костимите воопшто не се скапи и чинат помалку од 30 долари од парче.rnrnИако на некои луѓе не им пречи возрасниот пристап кон нивните хероини од детството, на други, пак, многу им е непријатно тоа што детските цртани филмови се претвораат во долна облека. Во продолжение погледнете ја секси верзијата на принцезите од Дизни…rn

    Јасмин

    rnПринцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакцииrn

    Снежана

    rnПринцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакцииrn

    Покахонтас

    rnПринцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакцииrn

    Ариел

    rnПринцезите од Дизни добија своја долна облека и предизвикаа многу бурни реакцииrnrnПродолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите принцези од Дизни во долна облека…rnrn