Со оглед на тоа што поголемиот дел од жените носат долна облека 24 часа дневно, добро е да се знае кои модели на гаќички би требало да се наоѓаат во секоја женска фиока и кои ќе ги задоволат сите женски потреби, од удобност до заведување.rnrn
rn
1. Гаќички со невидлив раб
rnОвој крој на гаќички за секој ден ви се потребни кога носите тесна облека или облека која е направена од тенки материјали, бидејќи нема да се оцртуваат. Избирајте гаќички без строги рабови, а таквите најчесто се изработуваат од удобни, растегливи материјали.rnrn
rn
2. Гаќички во боја на вашата кожа
rnКолку повеќе бојата на вашата долна облека се совпаѓа со бојата на вашата кожа, толку помалку ќе биде видлива под проѕирната облека. Овие гаќички се добри и кога во некој бутик испробувате костим за капење или нови гаќички, бидејќи подобро ќе видите како ви одговараат. Секако помеѓу вашата долна облека имајте гаќички во боја на вашата кожа со невидлив раб.rnrn
rn
3. Гаќички за вежбање
rnЗа да можете целосно да му се посветите на вашиот тренинг без постојано да мислите дали е сѐ во ред со вашата долна облека, во текот на вежбањето изберете гаќички од меки микровлакна кои ја пропуштаат влагата и потта, односно вашата кожа останува сува и свежа.rnrn
rn
4. Секси гаќички
rnБез разлика дали тие се изработени од сатен, со чипка, интересен додаток, врвци, панделки – кога ќе ги облечете овие гаќички би требало да се чувствувате најсекси. Жената која носи секси гаќички се чувствува и посамоуверено, па нека тие бидат вашиот избор и во ситуациите кои не се поврзани со сексот, кога едноставно ви е потребна мала доза на дополнителна самодоверба.rnrn
rn
5. Гаќички за менструација
rnЗа оние денови во месецот најпрактични се памучните гаќички со висок струк кои покриваат повеќе од половина задник. Ќе ви овозможат удобност и сигурност без да се грижите за нивната естетика и функционалност.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте за 5-те видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје.