Сигурно ви се има случено во продавница да ви се допадне некое парче долна облека и веднаш да го купите. Но, без разлика колку бил убав градникот, најпрво треба добро да размислите. Ова се 10-те најчести грешки кои ги прават скоро сите жени кога купуваат долна облека. Дали можете да се пронајдете?rn
1. Материјалот на градникот
rn
rnrnНемојте да носите долна облека со чипка во комбинација со тесни блузи и панталони. Вашата долна облека речиси сигурно ќе се познава и ќе го уништи вашиот изглед. Одберете долна облека која е мазна, а најдобро е да носите градник без жици.rn
2. Долна облека за обликување
rn
rnrnНекои жени толку многу сакаат да изгледаат како модели што многу често купуваат долна облека за обликување со помал број. Ова не само што не изгледа добро, туку е и штетно за вашето тело. Немојте да ја носите оваа долна облека подолго од 6 часа, особено ако е со помал број.rn
3. Големина на градникот
rn
rnrnНекои девојки сметаат дека помалиот градник може да направи нивните гради да изгледаат поголеми. Ако градникот е премал може да го спречи протокот на крвта, а ако е преголем може да ви предизвика болки во грбот. Рамките на градникот не треба да ви паѓаат, а корпите не треба да притискаат ништо. Ако сакате вашите гради да изгледаат поголеми купете пуш-ап градник.rn
4. Боја
rn
rnrnМожеби црниот градник под белата блуза некогаш било во тренд, но денес изгледа невкусно и се смета за непристојно. Кога носите бела облека, градникот нека биде со месо боја. Истото важи и за гаќите.rn
5. Градник по дома
rn
rnrnПостои верување дека штом ќе си дојдете дома најдобро е веднаш да се ослободите од градникот и да им дозволите на градите да се одморат. Но, ова важи само за девојките со мали гради. Ако вашите гради се големи и не носите градник, може да се истегнат лигаментите на градите. По дома најдобро е да носите спортски градник. Тој е удобен, ѝ дозволува на вашата кожа да дише, и најважно од сè – им нуди поддршка на вашите гради.rnrnПродолжува на следната страница…rn