КАФЕ ПАУЗА

Tag: долари

  • 10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

    10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светот

    За поголемиот дел од светот, стан се купува на кредит, автомобил се издава под закуп, а одморите се отплатуваат на кредитна картичка до 24 месеци. Милионерите припаѓаат на оној мал број луѓе во светот кои не треба да размислуваат за пари.rnrnЕве како ги трошат своите пари и што можат да си дозволат.rn

    1. Мегајахти од половина милјарди долари

    rnМилионерите купуваат јахти, а милијардерите мегајахтите. Во 2010 година, Роман Абрамовиќ ја купи суперјахтата Еклипс, за која плати неверојатни 500 милиони долари.rnrn10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светотrn

    2. Скапи уметнички дела

    rnНајскапата слика некогаш продадена на аукција е дело на Леонардо да Винчи наречено Салватор Мунди (Спасител на светот). Масло на платно од 1500 година, на кое е претставен Исус Христос, продадено на аукција во Кристис за 450 милиони долари. Муштеријата? Саудискиот принц Бадр бин Абдулах бин Мохамед бин Фархан Ал Сауд.rn

    3. Куќа од 100+ милиони долари

    rnНајбогатите луѓе во светот живеат во најскапите домови сместени во изолирани и добро обезбедени места и вклучуваат монументален имот со хелиопади, приватни спортски сали, кина, базени, џакузи и други луксузи. Џеф Безос го купи најскапиот имот во Калифорнија во февруари годинава, поточно дом во Беверли Хилс вреден 165 милиони долари. Од друга страна, најбогатиот Индиец живее со своето семејство во облакодер вреден 2,2 милијарди долари.rn

    4. Вселенско патување

    rnЗа вселенскиот туризам многу се зборува со години, но не е постигнат напредок во приближувањето на оваа активност до „обичните луѓе“. Наса троши 60 до 150 милиони долари за лансирање ракети во вселената, а првиот патник кој патуваше во орбитата на Земјата беше Денис Тито. За оваа авантура плати 20 милиони долари.rn

    5. Учество во филм

    rnНекои богати луѓе навистина мораат да работат напорно за да се најдат на излегувањето на голем филм како што се филмовите на Стивен Спилберг. Другите ги вложуваат своите пари во филм и добиваат продукциска титула.rn

    6. Сопствен авион

    rnМилионери летаат од прва класа и изнајмуваат приватни авиони. Но, само милијардерите можат да си дозволат сопствен авион и да плаќаат висока цена за одржување. Модел како „Галфстрим Г650“ се продава за 65 милиони долари.rn

    7. Приватна подморница

    rnКој размислува да нурка 20.000 милји под вода? Милионерите. Тие лесно можат да си дозволат приватна подморница како Тритон, која чини околу 48 милиони долари и може да стигне до самото дно на океанот.rn

    8. Ретро спортски автомобил

    rnМожеби вие ќе издвоите околу четвртина милиони долари за новиот модел на Тесла. Но, ако сакате да возите ретки колекционерски предмети како Ferrari 250 GTO од 1962 година, ќе мора да издвоите неколку десетици милиони долари. Направени се само 39 примероци од овој модел, а на приватна аукција во 2014 година, еден беше продаден за цели 38 милиони долари.rnrn10 работи што можат да си ги дозволат многу мал број луѓе во светотrn

    9. Зграда со сопственото име

    rnПотребни ви се неколку стотици илјади долари за да основате фондација со свое име. Но, ако сакате вашето име да биде на зграда, ќе мора да издвоите од 15 до 20 милиони долари. Бостонскиот магазин еднаш објави дека ова се цените за именување делови во бостонските болници, односно на фасадите на важни згради.rn

    10. Фонации за кучиња

    rnШто би се случило со вашето омилено милениче во случај на ваша смрт? И богатите размислуваат за тоа.. Наследничката на големата хотелска империја, Леона Хелмсли, му остави дел од хотел на своето кученце кој е вреден околу 12 милиони долари.rnrnПрочитајте кои се 12-те погрешни верувања за богатите луѓе.

  • Најскапо продадените имоти за 2013 година

    Најскапо продадените имоти за 2013 година

    Годинава не се сруши рекордот за најскапо продаден имот, меѓутоа беа продадени неколку големи и скапи имоти, кои вредат многу. Листата е направена според податоци од Форбс, а остануваат уште неколку дена за да се сруши годинешниот рекорд од 75 милиони американски долари.rn

    Куќата на Хауард Маркс, Малибу

    rnИмотот на Хауард Маркс беше продаден во јануари, 2013 година, а ја купи анонимен руски милијардер за огромни 75 милиони американски долари.rnrnНајскапо продадените имоти за 2013 година rn

    Имот во Источен Хемптон, Њујорк

    rnМилијардерот и основач на „SAC Capital Advisors“, Стив Коен во 2013 година го купи вториот најскап имот. Тој за овој имот издвои 62,5 милиони американски долари.rnrnНајскапо продадените имоти за 2013 година rn

    „Casa Casuarina“ – Мајами Бич, Флорида

    rnПоранешниот имот на Џани Версаче, некогаш беше ставен на продажба за 125 милиони американски долари, а во средината на септември на аукција се продаде за 41,5 милиони американски долари.rnrnНајскапо продадените имоти за 2013 година Најскапо продадените имоти за 2013 година rn

    „Castello Del Sol“, Мајами Бич, Флорида

    rnИмотот изграден во медитерански стил, се продаде во месец јуни за 30 милиони американски долари.rnrnНајскапо продадените имоти за 2013 година Најскапо продадените имоти за 2013 година
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 интересни факти за Гугл

    10 интересни факти за Гугл

    Прочитајте неколку не толку познати информации за најпопуларниот прелистувач на светот…rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn1. Гугл проценува дека реклама на почетната страница на пребарувачот би чинела 10 милиони долари. Просторот не е за продажба.rnrn2. Името Google е всушност погрешно спелување на зборот googol – математички израз за бројот 1 проследен со 100 нули.rnrn 3. Тематските логоа на пребарувачот стартуваа во 1998 година, со човече поставено зад логото. Целта била да ги информираат корисниците, дека основачите заминале на фестивалот „Burning Man“ во Невада, САД.rnrn 4. Наместо косилка, компанијата изнајмува кози за да ја испасат тревата околу нејзиното седиште. Во 2009 година, изнајмила 200 кози.rnrn 5. Почетната страница на пребарувачот е достапна на повеќе од 80 јазици. Еден од нив е клингонскиот јазик од „Ѕвездени патеки“ (Star Trek).rnrn10 забавни факти за Гуглrnrn6. Гугл има сопствен диносаурус наречен Стен. Скелетот на T-Rex живее во седиштето на компанијата во Калифорнија.rnrn 7. Пребарувачот Јаху ја испушти шансата да го купи Гугл за 1 милион долари, во 1997 година. Денес тој вреди 200 милијарди долари, а Јаху само 20 милијарди.rnrn 8. Првиот твит на Гугл е: „I’m 01100110 01100101 01100101 01101100 01101001 01101110 01100111 00100000 01101100 01110101 01100011 01101011 01111001 00001010“. Кога бинарните броеви ќе се претворат во букви, тоа значи „I’m feeling lucky“.rnrn 9. Копчето „I’m Feeling Lucky“ го чини Гугл преку 100 милиони долари годишно.rnrn 10. Компанијата има повеќе од 1 милион сервери, односно 2 % од вкупниот број во светот. Може да се пофали и со над 1 милијарда пребарувања дневно.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?

    Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?

    Се чини дека среќата и не е толку скапа, доколку се водиме спрема резултатите од истражувањата направени во САД. Во овие истражувања се мерел општиот впечаток за среќата на членовите на едно семејство и било дојдено до заклучок дека за да бидат среќни потребно е вкупно да заработуваат околу 50.000 американски долари годишно.Колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?Ова истражување го спровело институтот „Marist Institute for Public Opinion“, а од испитаниците било побарано да го оценат своето задоволство во следниве аспекти на животот: семејство, безбедност, станбено прашање, духовен живот, здравје, пријатели, работа, слободно време, финансии и социјален живот и друштвени активности. Исто така, испитаниците морале да ги наведат и своите годишни примања.rnrnАнкетите откриле дека годишниот приход од 50.000 американски долари е клучната точка која ги раздвојува среќните од несреќните. Членовите на домаќинствата кои вкупно заработуваат помалку од 50.000 долари биле значително понесреќни во сите аспекти од анкетата, за разлика од оние луѓе чија фамилија заработувала над оваа сума.rn
    rn

    „Парите со сигурност не можат директно да ја купат среќата, меѓутоа нашето истражување, јасно покажува дека тие се важен фактор за квалитетен живот“ – вели Пол Хоган, претседател и основач на „Home Instead Senior Care“.

    rnЕдно друго истражување објавено во магазинот „The Economist“ кон крајот на 2010 година, покажало слична поврзаност на едно глобално ниво. Според резултатите до кои дошле нивните стручњаци, за населението да биде среќно доволен е БДП од 15.000 долари по лице, кога се мери куповната моќ.rnrnИнтересно е тоа што ова истражување открило дека постојат и одредени исклучоци, па така Бразилците се среќни исто колку и Јапонците, иако заработуваат 4 пати помалку пари.rnrnДека парите не се единствениот критериум за среќата покажува и фактот дека од 1960 година до денеска, БДП по жител во САД е зголемен за три пати, додека нивото на среќата на светско ниво на граѓаните на оваа земја останала на исто место (11-то место). Истовремено некои земји, како на пример Ирска и Нов Зеланд, со многу помал БДП по жител, многу повеќе ги усреќиле своите граѓани. За ова говори и фактот, што една од најбогатите нации во светот, Велика Британија, се наоѓа на 18-то место на оваа листа, зад Костарика и Израел.rnrnПа што мислите, дали во Македонија плата од 15.000 долари годишно е сосема доволно за да бидете среќни? Според слободна проценка станува збор за месечна плата од околу 54.000 денари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најнеобичните монети на 21-от век

    Најнеобичните монети на 21-от век

    Колекционерството на монети е широко распространето хоби. Но, постојат ретки примероци од овие парички со неверојатно висока цена, па оттаму од хоби тоа полека преминува во сериозен бизнис. Американските монети се највредни во светот и покрај нивната куса историја. Нивната вредност варира од десетици илјади долари до милиони долари, во зависност од квалитетот и достапноста. Погледнете неколку од најпознатите и најнеобични монети од различни делови на светот…rnrn

    Најнеобичните монети на 21-от век
    Камерун, 2011 година, 1000 франци
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Монголија, 2011 година, 500 тугрици
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Брегот на Слоновата Коска, 2010 година, 1000 франци
    rnrn
    rnrnНајнеобичните монети на 21-от векrnrn
    Конго, 2007 година, 10 франци
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Либерија, 2001 година, 10 долари
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Австралија, 2011 година
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Либерија, 2005 година, 10 долари
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Остров Палау, 2008 година
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Полска монета од 2008 година, посветена на Олимпијадата во Пекинг, 10 злоти
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Канада, 2002 година, 20 долари
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Бенин, 2011 година, 100 франци
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Островот Ниуе, 2008 година, „Калининград“, монета од серијата „Патот на Амбер“, 1 долар
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Камбоџа, 3000 риели
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Палау, 2007 година, 5 долари
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Островот Ниуе, 2008 година, 1 долар
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Шпанија, 2007 година, истражувачки брод „Hesperides“, 10 евра
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Либерија, 2004 година
    rnrn
    Најнеобичните монети на 21-от век
    Остров Палау, 2010 година, 5 долари – монета со мирис на море од серијата „Чувство за рај“

    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапите слатки задоволства

    Најскапите слатки задоволства

    Список со најскапите десерти за „налудничаво“ богатите луѓе… За останатите, следуваат цени кои едноставно го убиваат апетитот. :-)rnrn1. Дијамантска овошна торта – Ова слатко искушение чини 1.650.000 долари. Дури и оние со најдлабоки џебови добро би размислиле дали да му одолеат. По целата торта се распрснати 223 мали дијаманти, кои секако остануваат кај страсниот љубител на слатки, кој голем дел од своето богатство ќе оддели за ова краткотрајно уживање. Освен дијамантите, останатиот дел од тортата се јаде. Овој екстремно скап десерт е идеја на слаткар од Токио. За да го подготви му требале цели шест месеци, по што го нарекол „Дијамантите: чудата на природата“ и точно на Божиќ го понудил на продажба.Најскапите слатки задоволства2. Најскапите јагоди на светот се на менито на ресторанот „Арно“ во францускиот дел на Њу Орлеанс. Нивната цена е 1.400.000 долари. За овие пари нема да вкусите ништо повеќе од една мала чинија јаготки, сервирани со слатка павлака и со нане. Но, ако погледнете убаво, меѓу овошјето се наоѓа и прстен со 4,7-каратен розов дијамант, кој бил во сопственост на Сер Ернест Касел, англиски кралски финансиски советник. Ова можеби ќе ги збуни вашите рецептори во устата и ќе ви предизвика чувство на најслаткото нешто што сте го вкусиле во животот. 🙂 Покрај овошниот десерт и скапоцениот прстен, добивате и вино од 24. 850 долари. Уживањето е заокружено со џез музика во живо.Најскапите слатки задоволства3. Платинеста торта од 130.000 долари – Во споредба со претходните десерти, овој може да се каже дека е „евтин“. Тортата е поросена со шеќер во прав и покриена со платинест накит, како синџирчиња за на врат, шпенадли, приврзоци, па дури и платинести лисја. Ја приготвил јапонскиот слаткар Нобу Икара и ја посветил на жените. Целта му била да ги убеди да носат платина. Но, очигледно не ги одвратил од нивните најверни пријатели – дијамантите. Икара не успеал да ги продаде ниту идејата, ниту тортата.Најскапите слатки задоволства4. Пудинг во стилизирано Фаберже велигденско јајце – Десертот е направен од четири видови најдобро белгиско чоколадо и од желе од шампањско. Украсен е со листови од злато и со двокаратен дијамант. Оваа чоколадна фантазија чини 30.000 долари. Заслужни се вештите раце на готвачот Марк Губерт од кантри хотелот „Линдет Хов“ во Виндермир, Кумбрија. Десертот го купил британскиот бизнисмен кој тргува со дијаманти, Карл Вајнингер.Најскапите слатки задоволства5. Скапоцено замрзнато чоколадо – Ова е малку поинаков десерт по форма. Ресторанот „Serendipity 3“ во Њујорк ви нуди слатко задоволство, за кое ветува дека никогаш нема да го заборавите. За 25.000 долари ќе се насладите со замрзнат спој на какао од 14 различни држави, млеко и 5 грама 24-каратно злато. Десертот е полеан со слатка павлака и поросен со парчиња тартуфо. Вкусниот деликатес се сервира во сад обложен со злато и украсен со дијаманти. Се јаде со златна лажичка, која можете да ја задржите. Тој некаде пред 2007 година, бил прогласен за најскап десерт во светот, со што тогаш си обезбедил место во Гинисовата книга на рекорди.Најскапите слатки задоволства6. „Тврдината на која ужива рибарот со патерица“ – Овој десерт можете да го вкусите во ресторанот „Galle“ во Шри Ланка, за „скромна“ сума од 14.500 долари. Направен е со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Украсен е со 80-каратен полускапоцен камен аквамарин, кој е поставен врз чоколадната конструкција. Овој десерт не е баш најдобро прифатен меѓу богатите уживатели во слатките. Досега не е продаден ниту еден.Најскапите слатки задоволства7. Необична чоколадна торта – Овој специјалитет можете да го вкусите на источното крајбрежје во САД, се разбира ако сте подготвени да платите 1.000 долари. Десертот се продава во ресторанот „Brule“ во Атлантик Сити, Њу Џерси. Оваа торта се приготвува од темно чоколадо, покриено со италијански лешници. Заедно со слаткото искушение, клиентите добиваат и исклучително скапо португалско вино, ставено во кристален распрскувач.Најскапите слатки задоволства8. Ако некогаш посакате да го пробате вкусот на златото, тука е „Златната торта на султанот“ која се служи во хотелот „Ciragan Palace Kempinski“ во Истанбул. Таа содржи смокви, круши, кајсии, дуњи, кои претходно цели две години стоеле во Јамајкански рум. Сето тоа е полеано со ванила од Француска Полинезија, со карамела, црно тартуфо и лист од 24-каратно злато. Тортата се сервира на сребрена чинија со златен печат и чини 1.000 долари. За да се приготви, потребни се 72 часа. Се приготвува само по нарачка.Најскапите слатки задоволства9. Уште еден десерт на ресторанот Serendipity 3 во Њујорк… Станува збор за најскапата мелба на светот наречена „Златно богатство“. Овој десерт е приготвен во чест на 50-годишнината на ресторанот и се продава по цена од 1.000 долари. Содржи 5 лажици сладолед од таитска ванила, искомбинирана со мадагаскар-ванила, венецуелско чоколадо и лист од 23-каратно злато. Покрај ова, десертот е збогатен и со карамелизирани плодови, марципанови цреши и тартуфо. Сето тоа е поросено со најскапите чоколадни бонбони, a врвот на овој десерт го краси карамелизиран цвет. Заедно со мелбата добивате и мала стаклена чинија со црн кавијар, засладен со портокал, маракуја и армањак.  Десертот се јаде со 18-каратна златна лажица, во кристална чаша.Најскапите слатки задоволства10. Чоколадна Нока – Се работи за специјална серија чоколади од познатата компанија Нока. Ова е веројатно најскромниот десерт во списокот. Чини „само“ 854 долари. За овие пари добивате 450 грама десерт, кој содржи 75% различни видови какао од Еквадорот, Венецуела, Брегот на Слоновата Коска и од Тринидад.Најскапите слатки задоволства
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16-месечно бебе расположено за кеш и за ништо друго

    16-месечно бебе расположено за кеш и за ништо друго

    Се чини дека ова 16-месечно бебенце ја намирисало моќта на парите уште од мали нозе. Намуртено ги одбива сите предлози на мајка му, освен понудата од милион долари. Тука следи и слатка насмевка. :-)rnrn16-месечно бебе расположено за кеш и ништо другоrnrnПогледнете го видеото, гарантираме дека и вам ќе ви предизвика насмевка на лицето.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони долари

    Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони долари

    Наскоро ќе се направи најскапиот стан во светот, кој ќе се наоѓа во Менхетен и ќе има поглед кон Централ парк во Њујорк. Станот е од 1.000 метри квадратни и ќе има стаклени ѕидови. Зградата е сè уште во фаза на изградба, а според плановите би требало да биде населена во 2013 година.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариЕден квадратен метар во овој стан ќе чини 110.000 американски долари или вкупно целиот стан ќе чини 110 милиони американски долари. Зградата е дело на францускиот архитект Кристијан Портзампар и ќе има 95 станови.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариНајскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариЗградата ќе биде заштитена со чувари, на влезот ќе стојат вратари, во неа ќе има затворен базен, џакузи, библиотека, уметничко ателје, фитнес-центар, студио за јога и просторија за негување и бањање на куќни миленици.Најскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариНајскапиот стан во светот ќе чини 110 милиони американски долариrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долари

    Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долари

    Откако паузираше една година поради тоа што стана мајка, ангелот на „Victoria’s Secret“ Миранда Кер е повторно на сцената за да го презентира најновиот скапоцен градник кој ќе чини неверојатни 2,5 милиони американски долари.  Таа ќе го носи градникот за време на ноемвриското шоу на ангелите како и за Божиќниот каталог. Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариГрадникот е изработен во соработка со „London Jewelers“, а на него се истакнати 3.400 скапоцени камења, жолти и бели дијаманти, бисери, бело и жолто злато и аквамарини.  Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариАнгелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариПокрај Миранда, на шоуто кое ќе се одржи во ноември ќе учествуваат и Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Линдзи Елингсон, Лили Олдриџ, Ерин Хитертон и други модели. Ангелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариАнгелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариАнгелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариАнгелот Миранда Кер ќе презентира градник вреден 2,5 милиони американски долариrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 најскапи забави на сите времиња

    5 најскапи забави на сите времиња

    Богатите и познатите не штедат кога организираат забави, сè со цел да покажат колку се моќни, гостите да си поминат убаво, а медиумите да имаат за што да пишуваат. Ова се петте најскапи забави на светот организирани од светскиот крем.rn

    Забавата на султанот од Брунеи (2006)

    rnПетто место на оваа листа е забавата на султанот од Брунеи, која се одржа во 2006 година, на која присуствуваа нешто помалку од 10.000 луѓе. За нејзината организација тој го олесни својот џеб за 27 милиони американски долари. За да ја направи забавата уште повозбудлива, за прв пат после две децении, тој најави покачување на платите за сите службеници во кралството.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на ќерката на Лакшми Митал (2004)

    rnСветски познатиот индиски магнат, петти најбогат човек според магазинот „Форбс“, организираше неверојатна забава за својата ќерка. Таа заедно со нејзиниот сопруг, својата љубов ја прославија во замок од 17 век во Франција. Вкупната потрошена сума изнесувала огромни 60 милиони долари.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кејт (2011)

    rnСо месеци беше медиумски најавувана дека навистина ќе изгледа како од бајка. Па кога се случи и не беше далеку од вистината. Но секое задоволство има своја цена, па така кралското семејство издвои 70 милиони долари за оваа свадба. Најскапите работи на свадбата беа величествениот фустан на Кејт и тортата.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Свадбата на Мухамед бен Рашид ел Мактум  (1981)

    rnИако станува збор за свадба организирана пред три декади, оваа забава била вистински спектакл. Премиерот на Обединетите Арапски Емирати за свадбата со својата сакана принцеза Салама, во тоа време издвоил 45 милиони американски долари, што пресметано денеска би значело 100 милиони.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrn

    Инаугурацијата на претседателот Обама (2009)

    rnЗабавата која ја организираше претседателот Обама на денот на својата инаугурација, чинела неверојатни 160 милиони американски долари. Во цената биле вклучени забави на неколку места, па токму затоа тој заслужено се наоѓа на првото место.rnrn5 најскапи забави на сите времињаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.