КАФЕ ПАУЗА

Tag: добар

  • 10 знаци дека тој е навистина добро момче

    10 знаци дека тој е навистина добро момче

    Добриот човек се однесува со другите како што тој сака тие да се однесуваат со него. Тој не прави добри работи само за своја корист или за внимание. Ако не сте сигурни дали момчето со коешто излегувате е добар човек или само се преправа дека е добар, овие 10 знаци ќе ви го помогнат да го откриете тоа затоа што тие се карактеристични за добрите момци.rnrn10 знаци дека тој е навистина добро момчеrn

    1. Ве почитува

    rnАко тој е навистина добар, ќе ве почитува. Тој ве почитува затоа што и вие сте личност исто како него и заслужувате да бидете третирани така. Учтивоста на човекот зборува многу за автентичноста на неговата добрина.rn

    2. Прифаќа „не“ како одговор

    rnДобрите луѓе никогаш нема да се обидат да манипулираат со вас за да кажете „да“. Ако ја одбиете нивната понуда, тие со почит ќе ја прифатат вашата одлука. Доброто момче нема да ве натера да се чувствувате лошо затоа што сте искрени и нема да се труди да ве премисли.rnrnМомчето што се преправа дека е добро може да се обиде да ве убеди да се премислите, а ако не се премислите, тој може да почне да ве навредува како резултат на тоа што е одбиен.rn

    3. Тој е трпелив

    rnДоброто момче е трпеливо. Тој разбира дека сите созреваат и напредуваат различно, како индувидуално, така и во врската. Тој нема да ви врши притисок да правите нешто што не сакате.rnrnТој исто така е спремен да го следи вашето темпо на движење затоа што добрите момци сакаат да се чувствувате удобно. Добриот човек знае кога сте подготвени за следниот чекор и нема да ви врши притисок.rn

    4. Не ги обвинува другите за своите неуспеси

    rnСите прават грешки, но добрите момци ја преземаат одговорноста за своите постапки и не се обидуваат да ја префрлат вината на другите.rn

    5. Мисли пред да дејствува

    rnДоброто момче знае дека и најмалите постапки може да имаат многу големи последици, па затоа пред да дејствува, прво размислува.rnrnДобрите момци не сакаат да ги повредат другите со своите постапки, така што одвојуваат време да размислат за тоа што треба да направат, само за да не повредат некого.rn

    6. Не очекува комплименти

    rnДобрите момци не чувствуваат потреба за докажување. Тие се добри затоа што сакаат да бидат добри, а не за да добијат признание и комплименти за нивните добри дела.rnrnДоброто момче со задоволство ќе ги цени комплиментите, но тие не се задолжителни за него. Тој нема да ви каже што сторил само за да добие комплимент.rn

    7. Тој е љубезен кон другите и им помага на непознати

    rnНавистина е лесно да се однесувате добро со луѓето што ги познавате. За да видите дали некој е навистина добар човек, треба да видите како се однесува со луѓето што не ги познава.rnrnДоброто момче ги почитува луѓето што се помалку моќни, послугата и другите членови на персоналот. Тој е љубезен кон сите.rn

    8. Знае да прости

    rnТој е свесен дека може да згреши и поради тоа им простува и на другите. Добрите момци знаат дека држењето лутина нема да користи никому, па затоа простуваат и продолжуваат понатаму.rn

    9. Ги прифаќа другите такви какви што се

    rnЕдна од причините зошто тој е добар човек е поради тоа што ги прифаќа луѓето такви какви што се и не се обидува да ги смени. Наместо тоа, тој ги сака и ги цени за тоа што се.rn

    10. Тој е доверлив

    rnДоброто момче нема да ве извиси и ќе ви каже однапред дека не може да прави планови. Тој знае дека не е учтиво да чекате некого многу долго за на крајот да не се појави.rnrnПрочитајте кои знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.

  • Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

    Сексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбие

    Сексот не е само активност, туку и идеја. Нашите идеи за сексот се комплицирани, па со тоа го комплицираме и самиот чин. Но, ова не мора да биде вака.rnrnСексот е добар кога повеќе не ви е грижа дали партнерот ќе ве одбиеrnrnНа почетокот, сè изгледа поедноставно бидејќи ве водат хормоните. Но штом во љубовта ќе се вмеша животот, можно е желбата за секс постепено да се намалува. Сексот станува поредок, а секој чин станува долг и сложен процес. Доколку партнерите се поврзани, тие ќе најдат и други начини за уживање – шетање, готвење, гледање филм… Доколку знаат дека слободното време што го имаат ќе го потрошат на секс, ќе чувствуваат само фрустрација. Поради ова, луѓето се одлучуваат и на живот без секс.rnrnОвде улога имаат и годините. Можеби изгледате добро, но телото не реагира и не се однесува како кога сте биле во 20-тите. Доколку сметате дека страсниот секс значи долготрајна ерекција, влажност и оргазам, сигурно ќе наидете на проблеми. Поради тоа, важно е да се прилагодите на вашата сегашна ситуација.rnrnЛуѓето најчесто сакаат сексот да биде природен и спонтан. Но многумина одбиваат да се потрудите во врска со сексот, па се враќаат на ниво на адолесценција – започнуваат афери, се допишуваат со некого и остануваат заглавени со ниско либидо.rnrnРешението е во сексуалната интелигенција, којашто ќе ја развиете кога ќе ги прифатите информациите од партнерот, вашите емоционални вештини и кога ќе станете свесни за вашето тело. На овој начин, можете да ја искажете вашата сексуалност.rnrnСите сакаат комбинација од блискост и уживање. Но нема да го добиете ова доколку за време на сексот се фокусирате на тоа како изгледате, мирисате или звучите. За да го подобрите сексуалниот живот, мора да престанете да си кажувате што не можете или не смеете.rnrnЛуѓето минуваат многу време обидувајќи се да ги спречат несаканите емоции за време на сексот. Се плашат од реакцијата на партнерот, па не кажуваат доволно за себе, но не прашуваат и што сака партнерот. Добриот секс бара доверба помеѓу партнерите и способноста да се прифати одбивањето. Исто така важно е партнерот да ве привлекува, не само физички, дури и ако тој не го мисли тоа.rnrnЗа исполнувачки секс важна е уште една претпоставка – партнерот да може да се справи со сопствената непријатност, бидејќи веќе е возрасна личност. Секоја мисла која ве тера да се посомневате во вашите или во способностите на партнерот да управува со својата „возрасна“ сексуалност, го намалува задоволството.rnrnДознајте и какво е влијанието на нередовниот секс врз здравјето.

  • 13 знаци дека вашиот сопруг е фантастичен татко

    13 знаци дека вашиот сопруг е фантастичен татко

    Што е подобро од тоа да имате партнер кој е одличен сопруг? Да имате партнер кој е и одличен татко! Сигурно вашиот сопруг сака да биде одличен татко и прави сѐ што може за да биде најдобар, а ова се знаците што го издвојуваат од останатите…rn

    1. Може солзите да ги претвори во насмевка

    rn(1)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnВашиот сопруг има магија која може да го претвори скршеното срце во стомаче полно со смеа.rn

    2. Ја менува влажната постелнина

    rn(2)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnКога вашето детенце се префрла во вашиот кревет бидејќи го измокрило неговиот, вашиот сопруг станува, го чисти детскиот кревет и повторно се враќа на спиење.rn

    3. Вие сте на прво место

    rn(3)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnТој знае дека работењето на врската со неговата сопруга е еден од најдобрите начини да биде одличен родител на своите деца.rn

    4. Прави децата да се чувствуваат важни

    rn(4)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnВашиот сопруг прави секое од вашите деца да се чувствува важно. Всушност, секое од нив е убедено дека е омиленото дете.rn

    5. Ги заштитува децата од „чудовишта“

    rn(5)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnКако што знаеме, чудовиштата се голема закана за децата. Па, вашиот сопруг проверува под креветот и гардероберот за да се осигури дека вашите малечки се безбедни. Тој би направил сè за да ги заштити.rn

    6. Им пее серенади

    rn(6)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnВашиот сопруг се согласува да ги забавува децата па дури и со најчудните барања, бидејќи тоа е она што го прави еден татко одличен.rn

    7. Ги лакира

    rn(7)13-znaci-deka-vashiot-soprug-e-fantastichen-tatko-kafepauza.mkrnrnТој не се плаши да се впушти во „женски“ активности. Всушност, тој ужива во нив бидејќи на овој начин е дел од животот на неговата ќерка.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 знаци кои со сигурност покажуваат дека сте заљубени во добар маж

    10 знаци кои со сигурност покажуваат дека сте заљубени во добар маж

    Сигурно некогаш сте се запрашале дали сте заљубени во добар маж. Постојат многу работи кои мажите ги прават, врз основа на кои вие добивате слика дека тие се добри. Сепак, често се случува да погрешите во проценката, и тоа е нормално, затоа што некои мажи знаат да бидат неискрени и манипулативни.rnrn2.10-nachini-koi-pokazhuvaat-deka-ste-zaljubeni-vo-dobar-mazh-kafepauza.mkrnrnАко сте имале такви искуства, не грижете се. Било – поминало, имате лекција и искуство кои ќе ви служат во иднина, но ако сакате подетално да дознаете каков маж е навистина добар маж, прочитајте ги овие 10 знаци кои сигурно покажуваат дека мажот е добар.rn

    1. Тој ја поседува својата моќ

    rnКВАЛИТЕТНИОТ МАЖ стои цврсто зад своите одлуки. Тој го балансира своето време во зависност од своите приоритети. Тој е исклучително посветен на секоја негова улога, било тоа да е љубовниот партнер, улогата на татко, работник или некоја друга. Ги прифаќа одговорностите за своите постапки и никогаш не ги обвинува ниту забошотува своите обврски.rn

    2. Тој применува директна и искрена комуникација

    rnМАЖОТ КОЈ ВЕ ПОЧИТУВА ќе ви ја довери вистината. Со него знаете точно на што сте. Не ве лаже и не ве манипулира. Тој е самоуверен во неговата способност за продуктивна комуникација која вклучува емоции. Бара решенија за проблемите без никакви пасивно-агресивни испади или расправии во кои би ја покажувал својата моќ. Тој се однесув трпеливо и сочувствено, знаејќи дека тоа е најцврстото стојалиште на кое треба да се постави во врската.rn

    3. Тој прави да се чувствувате безбедно во неговото присуство

    rnМАЖОТ КОЈ НА ВАС ГЛЕДА РАМНОПРАВНО, сака да се чувствувате безбедно. Тој ги надминува своите граници за да биде сигурен дека вашите потреби се исполнети. Никогаш не ве заплашува и не се поставува насилнички кон вас. Исто така, никогаш нема да ве деградира со погрдни имиња или да зборува за вас со други. Ваквото однесување е непознато за него. Тој ги почитува вашите потреби и не ве осудува. Тој сака да ја чувствувате неговата љубов.rn

    4. Тој е кавалер затоа што навистина се грижи, не затоа што е обврзан

    rnСИГУРНИОТ МАЖ сака да ве разгали со љубов, но не затоа што луѓето мислат дека треба. Тој верува во вашите способности да се грижите за себе, но го исполнува кога прави работи со кои ви покажува дека се грижи за вас. Тој несебично ви го подарува своето внимание, не само кога вие тоа ќе го побарате или кога нему му одговара. Не го интересира како работите изгледаат за другите, туку се фокусира на тоа како вие ја чувствувате љубовната врска.rnrn1.10-nachini-koi-pokazhuvaat-deka-ste-zaljubeni-vo-dobar-mazh-kafepauza.mkrn

    5. Тој ја прифаќа, но не ја очекува вашата грижа

    rnЦВРСТИОТ МАЖ е длабоко благодарен за сето она што вие го правите за него. Тој ништо не очекува, но ја прифаќа вашата грижа како акт на љубов. Тој ве гледа како партнер, а не како цимер или мајка или како личен асистент. Тој го бара она што му треба од вас верувајќи дека и вие ќе го побарате од него она што вам ви е потребно. Тој е сосема способен да се грижи за себе, но благодарно ја прифаќа поддршката која вие му ја давате.rn

    6. Тој напорно работи, но знае и добро да се забавува

    rnГРИЖЛИВИОТ МАЖ ги знае своите граници и знае како да ја одржува својата добросостојба. Тој дава сè од себе на работа и за семејството, но знае и кога треба да се забавува. Добро го третира своето тело. Гневот нема место во неговиот живот, затоа што тој простор го исполнува со здрави навики. Тој зрачи со позитивна енергија и ја вреднува забавата.rn

    7. Тој ги цени вашите способности, дури и кога самите не можете

    rnСАМОУВЕРЕНИОТ МАЖ не е загрозен од вашите способности, ниту ги обезвреднува. Всушност тој гледа позитивно на вашиот потенцијал. Никогаш не ве споредува или осудува. Тој ја задржува неговата претстава за вашиот потенцијал дури и кога вие се чувствувате обесхрабрени или исцрпени. Тој се воодушевува и ги слави вашите успеси.rn

    8. Тој ве прашува за дозвола

    rnОБЅИРНИОТ МАЖ не кажува, тој прашува. Го почитува вашето мислење, ги проценува вашите размислувања и сериозно ги сфаќа вашите чувства. Тој е одлучен, но не одлучува самиот за двајцата. Тој се обидува да го задржи фокусот на вашите заеднички цели и визии. Неговото барање за дозвола значи еднаквост во вашата врска.rn

    9. Тој слуша

    rnВНИМАТЕЛНИОТ МАЖ ви остава простор и време за да можете да ги споделувате работите со него. Тој искрено ужива слушајќи ги вашите размислувања и сфаќања. Постојано е љубопитен и страстен за да разбере како ви се одвиваат работите. Тој со задоволство придонесува во вашите разговори, но исто така одвојува време и да ве сослуша. Ве слуша со леснотија и со љубов, не поради обврска.rn

    10. Тој храбро љуби

    rnМАЖОТ ПОЛН СО ЉУБОВ ја прифаќа ранливоста. Тој ги изразува своите чувства великодушно со цел континуирано да го храни вашиот дух. Остварува контакт со очи. Редовно ги споделува своите чувства преку зборови и дела. Со мир и стабилност, тој постојано ви го подарува неговото срце, одново и одново. Тој е безрезервен во изразувањето на неговата љубов и има доверба дека вие ќе му ја возвратите љубовта.

  • 10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

    10 нешта кои добриот маж никогаш не би ѝ ги направил на својата сакана

    Почнувајќи од најобичните и секојдневни работи, па сѐ до оние сериозните и важни карактеристики на една врска, партнерството треба да е едно убаво доживување. На секоја жена ѝ е потребен маж кој ќе ја сака и почитува и покрај сѐ, а тогаш кога не е сѐ во ред и се јавуваат проблеми, тој ќе го намали лошото влијание така што ќе биде покрај неа. Со други зборови, добриот маж никогаш не би ги направил следниве работи.rnrn(1)-10-neshta-koi-dobriot-mazh-nikogash-ne-bi-i-gi-napravil-na-svojata-sakana-kafepauza.mkrn

    1. Тој никогаш не би наоѓал замерки за нејзиниот изглед

    rnАко се тргне од фактот дека ја сака девојката покрај себе, може да се претпостави дека ќе ја сака без разлика на тоа дали косата ѝ е средена или не. Она што уште помалку би го направил е нагласување на некои вакви ситници од физичкиот изглед бидејќи со тоа само ќе направи таа да се чувствува лошо. Добриот маж размислува пред да каже нешто бидејќи не сака да ја повреди жената која ја сака.rn

    2. Тој никогаш не би ја нарушил нејзината приватност

    rnСекој има право на своја приватност и свој простор. Врската која се базира на доверба ја сочинуваат маж и жена кои ја почитуваат приватноста на другиот. Навистина, во врска не би требало да постојат тајни, но факт е дека не се кажува секогаш сѐ. Добриот маж никогаш не би ја загрозил врската и не би ја навредил својата сакана со тоа што ќе ја наруши нејзината приватност.rn

    3. Тој никогаш не би ја обесхрабрил

    rnПоддршката и меѓусебното бодрење на партнерите се неопходни во една врска. Потребно е да знаете дека може да се потпрете на некого и дека тој некој е тука и покрај вас за секоја работа. Добриот маж никогаш намерно не би ја обесхрабрил својата сакана бидејќи дури и кога не се согласува со неа, доколку таа е решена, тој е свесен дека со негодувањето само ќе ја навреди.rn

    4. Тој никогаш не би побарал таа да му докажува колку вреди

    rnСвесно или не, во секоја врска се случува едниот партнер да му докажува и укажува на другиот колку тој вреди и дека неговото однесување не е во ред. Добриот маж знае колку вреди жената покрај него и е свесен за тоа колку таа му значи. Тој ја сака покрај себе, знае зошто и токму затоа никогаш не би ѝ наметнал чувство дека треба постојано да му докажува колку всушност вреди.rn

    5. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува како последното нешто кое му паднало на памет

    rnСосема е нормално секој од партнерите да има социјален живот надвор од врската, очекувано е партнерите да работаат и да се зафатени, а и веројатно е дека во текот на денот ќе им излезат уште милион работи кои ќе треба да ги завршат веднаш. Но и покрај сето ова, со добар распоред се постигнува сѐ. Добриот маж никогаш не би дозволил неговата сакана да се наоѓа најдолу на листата на приоритети во неговиот живот.rn

    6. Тој никогаш не би направил таа да се чувствува осамено во врската

    rnВрската треба да е целосна спротивност на осаменоста. Таа треба да претставува љубов, среќа, исполнетост, задоволство. Партнерството кое го претставува самата врска значи да се биде со некој заедно во сѐ – заедно да ги споделувате убавите и лошите моменти, заедно да правите работи, заедно да се смеете. Иако е понекогаш нормално да се чувствувате депресивни и тажни, врската значи заедно со некој да поминувате и низ тоа. Добриот маж никогаш не би дозволил таа што ја сака да се чувствува осамено во заедница која го означува токму спротивното.rn

    7. Тој никогаш не би ја изневерил жената која ја сака

    rnЉубовта се потпира на меѓусебното почитување. Невозможно е да сакате некого кого не го почитувате и не го цените. А кога некого почитувате и сакате, тогаш никогаш намерно не би го повредиле така што ќе го изневерите со некој друг. Доколку веќе имате желба да бидете со друга личност, тогаш е фер да бидете искрени со партнерот. Добриот маж никогаш не би ја изневерил својата сакана бидејќи знае дека така ќе ѝ го скрши срцето на милион парчиња и ќе ја изгуби засекогаш.rn

    8. Тој никогаш не би ја навредил со непочитување

    rnДодека за некои парови е важно каква слика презентираат пред другите, факт е дека она што е навистина важно е како тие се однесуваат кога нема никој во близина. Почитувањето на партнерот е многу важно, а најмногу се огледува во оние секојдневните работи и моменти. Добриот маж никогаш не би покажал нешто помалку од почит кон жената која ја сака бидејќи таа го заслужува тоа.rn

    9. Тој никогаш не би избегнувал важни разговори

    rnСакале вие или не, врската бара многу работа и посветеност, па и крпење одвреме-навреме. Тоа значи дека ќе треба да се соочите со реални проблеми кои неминовно ќе се појават, па ќе ве очекуваат еден куп важни разговори со партнерот. Дури и кога немате желба да разговарате на некоја тема, доколку е витална за вашата врска, порано или подоцна таа ќе излезе на површина. Добриот маж никогаш не би избегнувал вакви важни разговори и не би го одложувал проблемот за понатаму бидејќи е свесен дека со разговор може да се решат многу работи.rn

    10. Тој никогаш не би ја злоупотребувал

    rnФизички или психички, злоупотребата може да се јави во секоја форма во која може да ја замислите. Тоа може да биде насилство во облик на тепање, силување, мачење, навредување, понижување и многу други работи. А никој нема право да го прави тоа на друга личност бидејќи никој не го заслужува тоа. Сето ова потекнува од желбата да се покаже сила и доминантност во однос на некого, а таков човек во животот не му треба на никого. Добриот маж никогаш не би ја злоупотребил таа која ја сака бидејќи за него врската е еднаквост и почитување.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    Иако многумина не би поверувале, постојат многу знаци кои покажуваат дали тој е добар во кревет дури и ако никогаш не сте го виделе на дело. Овие нешта укажуваат на добар љубовник, па ако сте љубопитни продолжете да читате.rnrn10-znaci-deka-toj-kje-bide-dobar-vo-krevetrn

    1. Сака да знае како се чувствувате

    rnВе прашува како ви поминал денот, како се чувствувате, што е тоа што ве прави среќни. Ако тоа го прави секојдневно, постои голема веројатност да биде исто толку заинтересиран за тоа што сакате а што не во кревет.rn

    2. Знае каде да ве допре

    rnСекој негов допир како да е однапред испланиран да ги испровоцира вашите ерогени зони. Истото очекувајте го во кревет.rn

    3. Прави да се чувствувате полни со самодоверба

    rnВе третира како да сте најубавото и најсекси суштество на светот. Ако ви влева толкава самодоверба ќе бидете помалку свесни за мааните на вашето голо тело, што ќе резултира со подобар секс.rn

    4. Вреден е и амбициозен

    rnИако ова ви звучи смешно, ако тој е вреден и амбициозен секогаш ќе биде за акција наместо мрзеливо да лежи и секогаш ќе сака да поттикнува нови нешта и промени.rn

    5. Добро игра

    rnЗнаеме, и ова ви звучи смешно. Но, оној кој игра добро и знае да се опушти додека игра, негува посебна страст и нема срам од своите чувства.rn

    6. Воспоставува интензивен контакт со очи

    rnЗнае како да си игра и да освојува со очите. Самиот негов поглед прави да ви се затресат колената. Да, тој очигледно знае што прави.rn

    7. Не избрзува

    rnНе се обидува да ви ја пикне раката под блуза 10 секунди после поздравот. Тоа значи дека е воздржан, ненападен и веројатно ќе издржи многу подолго тогаш кога ќе биде потребно.rn

    8. Не осудува

    rnНе осудува често и прифаќа промени и различни мислења и сфаќања. Тоа значи дека е отворен за промени и на интимно поле.rn

    9. Се чувствувате удобно во негово друштво

    rnНе се плашите, не чувствувате потреба да се преправате. Ако нешто ви пречи и му кажете да прекине тој престанува. Многу е важно како се чувствувате во негово друштво и каква енергија пренесува, исто колку што е важно колку ве почитува и ги слуша вашите желби и потреби.rn

    10. Самоуверен е

    rnШто значи дека ќе биде слободен па и двајцата ќе се чувствувате убаво и удобно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што значи да се биде добар татко?

    Што значи да се биде добар татко?

    Често знаеме да спомнеме за почитта која ја заслужуваат мајките и да им купиме цвеќе на 8-ми март. Но, колку често помислуваме на нашите татковци и љубовта и грижата која ни ја посветуваат нам? Ова се карактеристиките на добриот татко, кој исто како и сите луѓе не е совршен, но секогаш ќе биде посебен во очите на ќерка си.rnrnЕве каков татко ѝ треба на секоја девојка, па ова нека биде пример за сите идни татковци.rnrnШто значи да се биде добар татко?rnrn1. Татко кој ја сака и почитува својата сопруга и кој покажува нежност и љубов кон неа и во јавност. Кога девојката ќе порасне ќе ги бара овие квалитети и кај својот сопруг.rnrn2. Татко кој ги почитува своите родители како и родителите на неговата сопруга и се грижи за нив. Таквиот татко е вистински пример за своите ќерки кои ќе научат да бидат грижливи а не себични.rnrn3. Татко кој не пцуе и избегнува да пуши цигари или пие алкохол пред своите деца, а со тоа ги учи да не им се покорат на овие пороци кога ќе пораснат.rnrn4. Татко кој е присутен, не само физички. Едноставно е тука и вклучен е во процесот на созревање и растење на неговата ќерка. Знае за нејзините проблеми, слабости и грижи и ѝ помага да ги надмине.rnrn5. Татко кој често ја носел на раменици кога била малечка.rnrn6. Татко кој ќе ја потапка ќерка си по рамо покажувајќи ѝ поддршка и влевајќи ѝ храброст. Тој ја чита нејзината трема и загриженост пред некој голем чекор во животот и тука е да ѝ даде сигурност.rnrn7. Татко кој додека неговата ќеркичка била мала ја држел во раце, ја фрлал во воздухот за веднаш потоа да ја фати во своите прегратки. Така ја научил својата ќерка да не се плаши од височини.rnrn8. Татко кој се однесува како суперхерој дури и тогаш кога и самиот е исплашен и несигурен.rnrn9. Татко кој ќе ја научи својата ќерка макар на една „машка“ работа како менување гума од автомобил, на пример.rnrn10. Татко кој нема да покаже нервоза и да го изгуби трпението пред својата ќерка без разлика колку денот му бил стресен. Ќе се труди недоразбирањата со другите да ги решава на мирен начин и да не покаже агресивност пред својата ќерка.rnrn11. Татко кој знае кога и како да повлече граници за да не ја размази својата ќерка.rnrn12. Татко кој дава пример за здрав и активен живот. Внимава на својата исхрана и се занимава со некаков спорт.rnrn13. Татко кој знае внимателно да критикува, но и да дели пофалби.rnrn14. Татко кој никогаш не го заборава роденденот на ќерка си.rnrn15. Татко кој ги разбира (или покажува дека се труди да ги разбере) проблемите на една тинејџерка.rnrn16. Татко кој знае отворено да зборува со ќерка си за многу животни проблеми и ситуации.rnrn17. Татко кој се однесува добро со пријателите на неговата ќерка.rnrn18. Татко кој умее да зборува со својата ќерка за љубов и за врски а особено за начинот на кој момците размислуваат. Тоа што неговата девојка расте нема да дозволи сосема да ги оддалечи еден од друг. Наместо тоа ќе остане инволвиран во животот на ќерка си.rnrn19. Татко кој се грижи за ќерка си и за тоа што веќе почнала да излегува со момчиња.rnrn20. Татко кој нема да дозволи некој да не ја почитува неговата ќерка.rnrn21. Татко кој ѝ дозволува на ќерка си да застане зад воланот откако ќе добие возачка дозвола.rnrn22. Татко кој ѝ верува на ќерка си и ѝ дава поголема слобода како што расте, истовремено давајќи ѝ до знаење дека неговата доверба не смее да биде изневерена.rnrn23. Татко кој знае без никаква причина да ја прегрне ќерка си и не се плаши да покаже дека ја сака иако е веќе голема девојка.rnrn24. Татко кој ја поддржува ќерка си во остварувањето на нејзиниот сон.rnrn25. Татко кој скришно ќе ги избрише солзите на денот кога неговата ќерка ќе се омажи.rnrn26. Татко кој ќе посвети исто толку љубов и грижа за своите внуци.rnrn27. Татко кој е горд на својата ќерка и не ја споредува со други. За него таа е совршена.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да знаете дека тој би бил добар татко?

    Како да знаете дека тој би бил добар татко?

    Конечно помислувате дека сте го нашле вистинскиот. Тој е речиси совршен, сè што некогаш сте посакувале. Ќе дојде со вас во вегетаријански ресторан иако би убил за голем хамбургер, или ќе ве чека со часови пред бутици додека завршите со шопингот. Проблем? Се замислувате во иднина со него, но не сте сигурни како би се снашол во улогата на татко.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rnrnПостои разлика помеѓу грижлив и посветен татко и друг кој не е толку грижлив и емоционално отворен со своите деца. Модерниот, грижлив маж знае дека единствената негова работа не е да го „носи лебот дома“ и да биде емоционално недостапен во остатокот од денот. Грижливиот татко ќе оди на родителски средби, ќе ги чува децата и нема да пропушти ниеден натпревар или претстава. Тој е оној кој ќе го исклучи телевизорот за време на ручек, бидејќи знае дека тоа е време за семејството.rnrnГо бараме невозможното? Не баш. Такви мажи постојат. Еве како да знаете дека и вашето момче е еден од нив.rn

    До кој степен ѝ е посветен на работата?

    rnМожеби градењето на неговата кариера го исцрпува и му одзема многу време. Разбирливо е некогаш едноставно да нема време за многу работи. Но дали е таков постојано? Дали постојано ја носи работата со себе и по завршувањето на работното време? За да биде грижлив татко, присутен за своите деца, тој мора да развие способност обврските едноставно да ги остава на работа, а слободното време да му го посветува на семејството.rn

    Колку е инволвиран во вашиот живот?

    rnРечиси секогаш ви нуди помош? Знае што ви се случува, какви проблеми имате во моментов? Маж кој ќе ве однесе на лекар, ќе ви ја смени гумата од автомобилот, кој е заинтересиран за случувањата во вашиот живот и активно инволвиран во истиот, има потенцијал да биде одличен татко. Тој ќе биде исто така, дури и повеќе грижлив и внимателен кон своите деца. Ќе се труди да биде инволвиран и ќе знае што се случува, а нема да се однесува како странец.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rn

    Дали има пријатели кои веќе имаат деца?

    rnКако реагира во присуство на деца? Како се однесува со децата на своите пријатели? Како реагира на приказните кои родителите ги раскажуваат за своите деца? Дали неговите реакции се, Леле па тие немаат никаков социјален живот, или Одвај чекам и јас да имам едно? Останува самите вие да си дадете одговор на овие прашања.rn

    Каков е неговиот однос со татко му?

    rnКаков е или каков бил неговиот однос со татко му? Дали кон него чувствувал стравопочит, дали често бил изреволтиран и бесен на својот татко, за што најмногу имале несогласувања? Голема е веројатноста дека проблемите кои ги имал со својот татко ќе ги пренесе и на своите деца. Односот кој го имал со татко му, со сигурност ќе влијае на неговиот однос како родител. Доколку има неразрешени проблеми со својот татко, помогнете му да им стави крај, за да не ги пренесе и на децата кои во иднина би ги имале.rnrnКако да знаете дека тој би бил добар татко?rn

    Како се справува со неочекувани моменти и промени?

    rnКако се однесува која ќе дојде до ненадејна промена на планот, кога ќе се случи нешто неочекувано? Дали реагира бурно и нервозно или смирено се труди да ја поправи ситуацијата? Улогата на родител носи многу неочекувани моменти и ситуации. Преку одредени ситуации во сегашноста, ќе знаете како тој би се справил со нив.rnrnНикој со сигурност не може да каже колку добар родител би бил. Тоа е нешто што мора да се искуси. Најчесто луѓето покажуваат една целосно поинаква страна откако бебето ќе се роди. Но постојат многу показатели во сегашноста според кои ќе имате претстава колку тој би бил успешен во улогата на татко, колку би бил заинтересиран и инволвиран во целиот процес на одгледување на децата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар цимер?

    Како да бидете добар цимер?

    Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn

    Бидете педантни

    rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Не ги чепкајте туѓите работи

    rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер

    rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Создадете правила на игра

    rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn

    Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер

    rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Чистење

    rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn

    Сепак…

    rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.