Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn
Бидете педантни
rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrn
rn
Не ги чепкајте туѓите работи
rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrn
rn
Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер
rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrn
rn
Создадете правила на игра
rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn
Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер
rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrn
rn
Чистење
rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn
Сепак…
rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
