„Автентична, вистинска и неопходна“ се само дел од пофалбите што за новата серија „Genera+ion“. Приказната започнува со една млада жена која седи пред јавен тоалет во трговски центар и ја моли својата пријателка да излезе од тоалетот. Пријателката болно изјавува дека не и е добро, и одеднаш сме сведоци на една испаничена девојка која на Гугл пребарува „Како да се породиш сама?“. Драматично? Сè уште не сте чуле ниту половина од тоа. Ликовите се интелигентни, ги вербализираат своите потреби, и ние ги следиме во нивните различни животни предизвици, со различни личности, проблеми, желби и егзистенцијална криза. Веќе во првите епизоди се зборува за проблемот со насилства во училиштата, сексуалноста, сексизмот, дискриминацијата, и институциите кои не сакаат да ги слушаат.rnrnПрвата епизода веројатно ќе изгледа ненормално, но поентата на тој петти степен е недоразбирањето на оваа генерација, како и приближувањето на нивниот свет до нас – реалноста на овие млади луѓе е дека гледаат на сè страшно апокалиптично, додека истовремено, се паметни и проникливи. Тие не се осмелуваат да се справат ниту со реалност што вклучува економска нееднаквост, несигурност на приватноста на социјалните мрежи и сите тие „работи за возрасни“. Тие се едноставно премногу зафатени со усогласување на сопствениот внатрешен идентитет и оној што му го покажуваат на светот.rnrnОна што ја прави серијата „вистинска“, и покрај тоа што на почетокот ќе изгледа целосно луда, дефинитивно е фактот дека таа е создадена од таткото Даниел Барнц и неговата 19-годишна ќерка Зелда.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LaW_mdEqwpgrnrnПрочитајте и за овие 5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено.
Во општеството постојат многу видови дискриминација и не можеме да смениме сè одеднаш. Но, некои работи веќе се променија или барем се во процес на промена. Промената значи дека имаме моќ.rnrnДали верувате дека може да се искорени дискриминацијата? Постојат работи што полека почнаа да исчезнуваат во современиот свет, а тој факт предизвикува чувство на оптимизам и верба во иднината. Човештвото може постепено да го промени ставот кон лицата со попреченост, кон расите, кон жените, па дури и да направи промени во модната индустрија.rn
1. Жените можат да бидат добри сопруги и мајки и сепак да работат на исто рамниште со мажите.
rnrn
2. Луѓето со тетоважи не се криминалци, прават тетоважи затоа што им се допаѓаат.
rnrn
3. Нема веќе модни стандарди, затоа што се прифаќаат сите облици и големини на телото.
rnrn
4. Само вие одлучувате кога треба да се случат важните работи во вашиот живот.
rnrn
5. Попреченоста веќе не е причина да зјапате и да покажувате со прст кон некого.
rnrn
6. Бојата е само боја, без разлика дали е на кожата или на нешто друго.
rnrn
7. Домаќинството веќе не е само женска работа.
rnrn
8. Да имате прекумерна телесна тежина веќе не е срамно.
rnrn
9. Никој не е премногу стар или премногу млад за да биде професионалец.
Долго време, многу научници грешеле во врска со составот на Сонцето, сè додека една 25-годишна студентка не напишала неверојатна докторска теза. Овде таа докажала дека Сонцето и другите ѕвезди, воглавно се направено од хелиум и водород.rnrnrnrnСтудентката била Сесилија Пејн-Гапошкин. Но, малкумина ѝ го припишуваат ова откритие неа, бидејќи Сесилија ја изгубила заслугата за едно од најголемите астрономски откритија.rnrnrnrnВо 2002-ра година, деканот на Факултетот за уметност и наука при Универзитетот на Харвард изјавил:rn
„Од нејзината смрт во 1979-та година, жената која откри од што е направен универзумот не доби многу внимание. Во весниците не се спомнуваше нејзиното најголемо откритие. Секој средношколец знае дека Њутн ја открил гравитацијата, Дарвин jа открил еволуцијата, дури и дека Ајнштајн ја открил релативноста. Но кога станува збор за составот на нашиот универзум, учебниците едноставно кажуваат дека најприсутен елемент во универзумот е водородот. И никој никогаш не се прашува како го знаеме ова. По нејзиниот докторат таа предавала во одделот за астрономија, но нејзините лекции не биле наведени во каталогот со насоки. Не ѝ било дозволено отсуство поради истражување, а нејзината мала плата била обележана како опрема. И сепак, таа преживеала и цутела.“
rnrnrnСесилија била родена во 1900-та година во Вендовер, Англија. Уште од рана возраст сонувала да стане научник и сакала да ја исполни нејзината цел. Во 1919-та година добила стипендија на Универзитетот Кембриџ на Колеџот за природни науки. Иако Сесилија успешно го завршила студирањето, не добила диплома бидејќи Кембриџ не им давал дипломи на жените сè до 1948-ма година.rnrnrnrnСесилија сфатила дека со толку малку можности за жените во научната заедница на Велика Британија, единствената опција ѝ била да стане професорка. Сепак, откако се запознала со директорот на Опсерваторијата на Харвард, Харлоу Шејпли, решила да гради кариера во областа на науката и се преселила во САД.rnrnrnrnПродолжува на следната страница…rnrn
Едно ново истражување од Универзитетот во Аризона покажало дека и во судницата постои полова пристрасност. Психолозите направиле лажно судење во кое 3 женски и 3 машки адвокати ја дале својата изјава во врска со судење за убиство користејќи го гневот како емоционална алатка.rnrnrnrnИспитаниците имале задача да ги оценат адвокатите во однос на нивната ефикасност кога покажувале гнев. И машките и женските испитаници изјавиле дека гневните адвокати биле моќни, со натпреварувачки дух и дека би ги најмиле. Гневните адвокатки, од друга страна, биле гледани како хистерични и неефикасни.rnrnЏесика Салерно, професор по психологија и главен научник во истражувањето изјавила:rn
„Кај добриот адвокат се очекува да покаже традиционални машки карактеристики на суд – гнев, агресија и моќ. Но она што се случува е мажите имаат корист од ова однесување, додека жените се казнети за истото. Гледаме драми од судници во кои адвокатите покажуваат емоции и има вистински огномети. Луѓето очекуваат адвокатите да се однесуваат на овој начин. Ова однесување е одлично за мажите, но за жените има негативен ефект.“
rn
„Ги замоливме испитаниците да кажат колку гневни се актерите. Тие сметаа дека и мажите и жените се подеднакво гневни. Гневните мажи се сметаа за поефективни и испитаниците сакаа да ги најмат. Ова не важеше за жените. Испитаниците сметаа дека гневните жени се помалку ефективни и не сакале да ги најмат. Сите ние растеме во иста култура. Изложени сме на истите полови стереотипи. На долгорочен план ова значи дека адвокатките нема да можат да ја демонстрираат моќта што луѓето ја очекуваат од нив. За жал ова има лошо влијание на нивната кариера и нивната ефикасност со судиите.“
Како што полека се приближуваме на третата декада од 21-ви век, луѓето низ светот постепено стануваат свесни за интолеранцијата, опресијата и поделеноста. Сепак, жално е што сѐ уште постојат места каде човечките и граѓански права секојдневно се прекршуваат на најнеподнослив начин и ниедна земја не е имуна на тоа.rnrnrnrnИмаме уште многу да учиме за промовирањето на солидарноста и толеранцијата на глобално ниво, како и борбата за праведни и инклузивни општества. Не смееме да дозволиме дискриминацијата да се шири ако сакаме да опстанеме како човечки вид. Во продолжение прочитајте за најчестите примери на дискриминација во светот која зазема многу форми и против која треба да продолжиме секојдневно да се бориме.rn
1. Полова дискриминација
rnrnrnЖените и девојките низ светот континуирано се соочуваат со полова дискриминација скоро секој ден. Ова се преведува во различни форми на насилство, во лимитации и ограничувања во можностите како на приватен, така и професионален план (како образованието и вработувањето), па дури и преку стереотипните говори и говорот на омраза. Според Обединетите нации, се проценува дека 35% од жените глобално искусиле физичко насилство од своите партнери или други лица, а повеќето од нив го доживеале тоа пред да наполнат 5 години. Понатаму, околу 70% од сите жртви на трговијата со луѓе се женски лица. Ова се само дел од статистиките на посериозните случаи на дискриминација кои ги покажуваат насилствата со кои жените се соочуваат. Во зборовите на добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзеи :rn
„Не можеме сите да успееме ако половина од нас се воздржани и ограничени.“
rnЖенските права се човечки права и сите заслужуваат еднакви можности.rn
2. Расна дискриминација
rnrnrnМилиони луѓе низ светот секојдневно се соочуваат со расна дискриминација. Системскиот расизам продолжува да влијае врз малцинствата. Ова посебно се забележува во правниот систем на САД, каде афро-американците се 6 пати повеќе апсени од белите луѓе. Во 2014-тата година, податоците од извештаите на ФБИ покажуваат дека 6.727 луѓе биле жртви на насилство и криминал од омраза и 48.3% од нив биле цел на напаѓачите само поради нивната раса. Но, Америка е само мал дел од целокупната расна дискриминација, но добар пример дека треба да се направи, прифати и прослави различноста.rn
3. Дискриминација по сексуална ориентација
rnrnrnЛГБТ заедницата е постојано изложена на најразлични форми на опресија. Дури 80 држави од светот имаат закони кои ги забрануваат истополовите бракови или дискусиите за правата на геј популацијата. Во некои од нив, хомосексуалноста е казнувана со смрт и дури и во оние земји каде таа е легална, постојат многу други рестрикции. Никој не треба да се суди или прогонува по нивната сексуална ориентација. Тоа е основната дефиниција на апсурдот.rn
4. Религиозна дискриминација
rnrnrnКако и со векови наназад, така и денес религиозната дискриминација претставува глобален проблем од толкав размер, што често е причина за најразлични конфликти. Со минатогодишните терористички напади во Сан Бернандино и Париз, процентот на криминал и насилство од омраза против муслиманите тројно се зголемил. Според истражувањата, една четвртина од светските религиозни групи се соочуваат со непријателства и неприфаќање во своите држави. Понекогаш, ова се јавува во форма на социјално неприфаќање, но многу влади ставаат забрани и рестрикции на одредени религиозни групи. Општо гледано на сите лимитации на религијата, истражувањата покажале дека околу 39% од земјите имаат високи или многу високи религиозни рестрикции. Тоа значи дека 5,5 милијарди луѓе живеат во општества со овие рестрикции. Религиозната слобода е стандард кој треба да се држи во секое модерно општество и секој треба да има право да биде она што ќе го избере и да живее според она во кое верува или не верува.
Секојдневно лоши и навредливи коментари се упатени кон жените поради различни причини, од животните избори до нивниот изглед. Бразилската илустраторка Керол Росети во мај оваа година започнала проект насловен како „Жена“, чија цел е да се бори против родовите стереотипи и предрасуди како и родовата дискриминација.rnrnРоуз одлучи да нема деца. Без грижа Роуз. Мајчинството е избор, а твојата одлука не те прави помалку жена.rnrnПогледнете дел од нејзините илустрации. Кое е вашето мислење? Дали се согласувате со напишаното?rnrn
И покрај добро познатата бесмисленост на етничката, верската и сите други видови нетолеранција кои може да се замислат, овој апсурден проблем сè уште е широко распространет. Сепак, за разлика од владејачката состојба, науката покажува дека пријателствата меѓу припадници на различни етнички заедници се многу пожелни поради тоа што носат корист за младиот човек.rnrn„Национализмот е детска болест. Тоа се сипаниците на човештвото.“ – Алберт АјнштајнrnrnПрофесорот Анке Муниксма од Универзитетот во Гронинхен, Холандија, во своето докторско истражување барала одговор на прашањето дали средношколците во мултиетнички средини се чувствуваат безбедно или дискриминирано. Резултатите откриле дека децата кои негувале пријателства со другари од друга етничка заедница се чувствуваат побезбедно и помалку се плашат од агресија или заплашување во училиштето, за разлика од оние деца кои се дружеле само со ним сличните.rnrnИсто така, се покажало дека чувството на сигурност било поизразено кај децата од малцинската етничка група кои имале поголем број пријатели од друга националност. Тоа за Муниксма е показател дека во ситуација кога децата од малцинствата можат полесно да склопуваат пријателства со оние од мнозинската група, тоа кај нив го намалува чувството дека се жртви по каква било линија. За жал, истражувањето не дало резултати дали истото важи и за мнозинската група, затоа што тоа не било предмет на истражување.rnrnСè на сè, оваа студија покажува дека совладувањето на меѓуетничките пречки во раната адолесценција носи корист за самите деца.rn
„Етничката разноликост може да се искористи за создавање другарства меѓу деца од различни етнички заедници, па барем дел од децата во училиштата во големите урбани средини ќе имаат корист од тоа,“ додава Анке Муниксма.
Сте се запрашале ли некогаш дали сте женски шовинист? Доколку мислите дека мажите се емоционално недостапни, бесчувствителни, неспособни да искажат чувства, да созреат и вистински да сакаат, тогаш најверојатно сте женски шовинист.rnrnrnrnВо текот на еден експеримент, во средината на еден голем и убав аквариум било поставено стакло. Секогаш кога рибите ќе пробале да пливаат до другата страна на аквариумот, ќе се удреле во стаклото и се враќале назад. По одредено време, рибите сфатиле дека нивниот простор е ограничен и не се упатувале кон другата половина од аквариумот. Кога стаклото било тргнато, рибите воопшто не се ни обиделе да пливаат до другата страна. Иако ништо не ги запирало, тие останале ограничени на едната страна поради тоа што им се случувало во минатото. И ние луѓето сме исти како и рибите од овој експеримент. Ограничените верувања нè запираат да живееме среќен, исполнет живот и да се движиме таму каде сакаме.rnrnТоа стакло најчесто самите си го поставуваме и самите се ограничуваме. Стануваме неспособни да согледаме колку добри работи постојат околу нас. Се ограничуваме со мислите како: Сите мажи се исти, Никогаш нема да најдам маж кој ќе знае да ме сослуша, или Мажите не знаат што е тоа љубов.rnrnНо, сте се запрашале ли себеси дали вие сте проблемот? Да, навистина постојат мажи со сите спротивни карактеристики од принцот на бел коњ, но исто така, постојат и жени кои не се чувствителни и емоционално отворени и не мора да значи дека тоа се машки особини. Сте се запрашале дали со негативниот пристап ги одбивате од себе сите шанси да сретнете маж со добри квалитети?rn
Поради што стануваме женски шовинисти?
rnОграничени верувања од детството – Ако во детството сте виделе или чуле за многу примери каде жените се оставени или повредени, тоа ви се врзува во глава и останува таму.rnrnВлијанија од културата и општеството – Ако општеството и целокупното опкружување, вклучувајќи го домашното воспитување, така влијаело врз вас, тогаш нормално дека нема да верувате во постоењето на чувствителни и разбрани мажи.rnrnНегативни исходи од претходни искуства – Поради лошите искуства знаеме често да се ограничиме себеси и да изгубиме верба во среќна иднина. Ако сте се нашле во врска или минлива романса со човек кој не ги исполнил вашите критериуми, нешто што мора да запомните е дека не се сите исти.rnrnНели верувањето дека жените се оние кои се почувствителни, поразбрани и оние кои вистински сакаат, ги дискриминира мажите? Нели со таквите верувања сме нефер? Таквите верувања нè прават женски шовинисти, а тоа и немаше да биде така опасно ако не ни го попречуваше целосно патот кон среќата.rnrnЕве ја големата филозофија: Кога верувате, кога сте убедени дека нештата се такви и ништо не може да ве разубеди, најчесто баш тоа и го наоѓате. Наместо постојано да собирате докази како мажите се бесчувствителни, обрнете внимание на оние кои се поинакви. За ваше добро, тргнете го стаклото кое ве ограничува да пливате слободно таму каде сакате.
Многу денешни реклами не се во согласност со човековата етика и моралните стандарди, но кога ќе ги погледнете овие реклами од минатото, ќе сфатите дека денешниве се одлични. Покрај тоа што се дискриминаторски, деградирачки и расистички, повеќето од нив содржат лаги, но сакале или не, тие се дел од историјата и најверојатно вечно ќе останат таму.rn