КАФЕ ПАУЗА

Tag: дезодоранс

  • Необични места на кои можете да нанесете дезодоранс

    Необични места на кои можете да нанесете дезодоранс

    За што најчесто го користите дезодорансот? Најверојатно само за едно или две места за да го спречите потењето и непријатните мириси, поточно за она за што е наменет. Меѓутоа, некои бјути блогерки и личности кои сакаат да експериментираат, ги испитуваат овие производи и пронаоѓаат нова намена за нив. Можеби за некои веќе имате чуено, а другите сигурно ќе ве изненадат, но во секој случај дезодорансот можете да го нанесувате и на овие места.rnrn1-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    1. Лице

    rnЗвучи чудно, но всушност овој трик успева. Заради својата специфична структура, но и останатите состојки кои ги содржи, дезодорансот можете да го нанесете на кожата на лицето за да ја матирате. Ова е одлично решение во текот на летните денови, особено за Т зоната која најмногу „сјае“ од лачењето маснотии.rnrn2-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    2. Пети

    rnКако и секогаш, кога купувате нови сандали или високи потпетици, но и рамни обувки, се случува да ви создаваат плускавици кои изгледаат доста лошо и ужасно болат. Затоа пред носењето, нанесете рол-он дезодоранс на пределот на петите и во внатрешноста на обувките, со што ќе создадете своевиден слој на лубрикант кој ќе го спречи триењето и создавањето несакани последици.rnrn3-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    3. Коса

    rnПред сѐ, треба да имате дезодоранс со „невидлива“ формула, а не со бела, за да не остане видлива трага подоцна. Кога ќе го нанесете на оваа линија, односно на границата помеѓу кожата на челото и остатокот од косата, го спречувате потењето кое е доста зачестено кога ќе дојдат топлите денови. Со овој трик ќе го избегнете „мокрото лице“, но и извитканите влакненца околу челото.rnrn4-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    4. Бикини зона

    rnПределот на кожата кој го третирате со бричење или депилирање знае да покаже исипување и да се појават ситни, црвени точки, посебно на делот каде што костимот за капење завршува. Слободно поминете го тој дел со дезодоранс, па тој ќе го спречи нивното создавање и ќе имате кожа која ќе изгледа чисто и совршено. Ова важи и за внатрешната страна од колковите, кои честопати во текот на летото заради триењето може да бидат исипани.rnrn5=vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    5. Дланки

    rnЧесто се случува заради нервоза, во текот на некоја напната ситуација или едноставно заради жештината, нашите дланки да се потат. Слободно нанесете и малку протријте ги рацете со дезодоранс, кој нема да биде леплив кога ќе се исуши и ќе успеете да ја спречите оваа појава која знае да нервира и да создава несигурност.rnrn6-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rn

    6. Гради

    rnВо текот не летото честопати се случува да се испотите под градите, па доколку немате прилика да се истуширате, тогаш може да се создаде и црвенило, непријатно чешање, а уште понезгодно е кога сето тоа ќе се забележи во некоја тесна блуза што сте ја облекле. Затоа пред сѐ, нанесете дезодоранс под градите, почекајте да се исуши и овој проблем ќе биде решен, бидејќи е спречено нешто воопшто да се појави.rnrn7-vi-otkrivame-nekolku-neobichni-mesta-na-koi-mozhete-da-nanesete-dezodorans-www,kafepauza,mk_rnrnА, кога сме веќе овде, тогаш ве запрашуваме дали знаете кој е вистинскиот начин за нанесување дезодоранс.

  • Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

    Дали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!

    Сигурно сметате дека ја одржувате вашата лична хигиена на добро ниво, особено кога станува збор за нешто едноставно како што е нанесувањето дезодоранс. Ако и покрај оваа постапка вашите пазуви сѐ уште имаат непријатен мирис, тогаш најверојатно правите нешто погрешно. Погледнете кои се највообичаените грешки и во иднина трудете се истите да ги избегнувате.rnrnДали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!rn

    Користите погрешен производ

    rnДезодоранс и антиперспирант се два различни производа. Ако ве загрижува само мирисот, тогаш користете дезодоранс. Антиперспирантите содржат алуминиум-хлорид, состојка која ги блокира потните жлезди. Ако пак многу се потите, тогаш користете антиперспиранти.rn

    Го нанесувате во погрешно време

    rnДезодорансот може да се нанесува во кое било време во текот на денот, но за антиперспирантите најпогодна е вечерта. Тоа е време од денот кога најчесто најмалку потите. Не е правило, но антиперспирантот подобро ќе се врзе за кожата пред другиот ден да се зголеми количината на пот.rn

    Не ставате доволна количина

    rnПонекогаш не е доволно да нанесете само малку од некое средство. За да ја избегнете несаканата дамка под пазувите, на пример кога сте на некој важен состанок, не штедете и нанесете поголема количина антиперспирант на целото подрачје за да бидете сигурни дека сте ги покриле сите потни жлезди.rnrnДали и вие погрешно го нанесувате дезодорансот? Еве кој е вистинскиот начин да го правите тоа!rn

    Користите производ со силен мирис

    rnДали чувствувате дека понекогаш пазувите ве иритираат, по малку ве печат или ве чешаат? Жените кои имаат чувствителна кожа мора да избегнуваат дезодоранс со силна миризба, затоа што тие ја иритираат кожата. Пред да почнете да го нанесувате под вашите раце, испробајте ги на дланката (каде што ставате парфем) или пак едноставно изберете некои што немаат мирис.rn

    Користите ист дезодоранс уште од многу одамна

    rnАко го нанесувате како што треба, но и покрај тоа чувствувате дека сте испотени, тогаш можеби е време да го смените производот. Можеби потните жлезди веќе се навикнале на таа формула. Телото може да развие резистенција на антиперспиранти и ако не престанете да потите, ќе ви се јават мокри дамки под пазувите, а на овој начин растат микроорганизмите кои носат непријатен мирис.rnrnДоколку се одлучите за природен производ, тогаш наместо дезодоранс, искористете го ова овошје за да имате суви и миризливи пазуви!

  • Наместо дезодоранс, искористете го ова овошје за суви и миризливи пазуви

    Наместо дезодоранс, искористете го ова овошје за суви и миризливи пазуви

    Постои добра причина зошто човечкото тело произведува пот. Во неа постои соединение познато како дермицидин кој ги убива несаканите бактерии пред тие да успеат да пронајдат пат и да се вовлечат во телото.rnrnОвошје кое дава подобри ефекти од дезодорансот и ги прави вашите пазуви суви и миризливиrnrnМеѓутоа, на работата на дермицидинот ѝ пречат антиперспирантите, што поради алуминиумите и токсините кои ги содржат, ги затвораат потните жлезди. Така бактериите на телото се множат и навлегуваат во крвотокот. Покрај ова, алуминиумот и токсините од антиперспирантите се одговорни за Алцхајмерова болест, рак и проблеми со репродуктивните органи. Затоа е препорачливо да се префрлите на природните варијанти на дезодоранси, кои можете да ги најдете на пазарот. Станува збор за лимета, овошје кое не само што е целосно безбедно, туку и се смета за многу поефикасно од купените дезодоранси.rnrnОвошје кое дава подобри ефекти од дезодорансот и ги прави вашите пазуви суви и миризливиrn

    Како да ја користите лиметата?

    rnЗемете една свежа лимета и пресечете ја на половина, а потоа добро намачкајте ги пазувите. Оставете да се исуши и дајте ѝ време на лимонската киселина да почне да работи, па потоа облечете се.rn

    Зошто е добра за вас?

    rnПотта сама по себе нема непријатен мирис, туку тој е предизвикан од габи и бактерии кои дермицидинот не успеал да ги отстрани, па тие продолжуваат да напредуваат. Сокот од лимета има антибактериски својства и така ве ослободува од непријатниот мирис. Покрај тоа, наместо како комерцијалните дезодоранси кои само го „маскираат“ непријатниот мирис, лиметата спречува тој воопшто и да се појави!

  • 3 начини да направите свој дезодоранс

    3 начини да направите свој дезодоранс

    Aнтиперспирантите најчесто се базирани на алуминиумски соединенија кои можат да предизвикаат невролошки проблеми, како резултат на затворањето на потните жлезди. Но, интересното е дека потта не мириса сама по себе. Мирисот на телото доаѓа од бактериите кои се хранат со нашата пот. Доколку ги сопрете овие бактерии, вашето тело секојдневно ќе биде свежо.rnrn(0)-3-nachini-da-napravite-svoj-dezodorans-kafepauza.mkrnrnПродавниците за здрава исхрана продаваат природни дезодоранси. Може да забележите дека тие често содржат сода, чаеви или други природни есенцијални масла, калиум и алуминиумова сол, којашто ги нема истите ефектите како алуминиумските соединенија, поточно алуминиум хлоридот кој се користи во конвенционалните антиперспиранти. Сите горенаведени се ефективни и природни инхибитори на бактериите, а маслата додаваат пријатна арома (за разлика од синтетичките мириси).rnrnЕве 3 рецепти за дезодоранси кои можете да ги направите сами!rn

    1. Антиперспирантска пудра

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 дел сода бикарбона
    • rn011

    • 6 делови органски скроб од пченка
    • rn011

    • Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Измешајте и добро затворете ја смесата во стаклена тегла за да не влегува воздух.
    2. rn011

    3. Ставајте умерено на пазувите.
    4. rn

    rn

    2. Антиперспирантски крем

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 дел сода бикарбона
    • rn011

    • 1 дел шеа путер
    • rn011

    • 1 дел органско кокосово масло
    • rn011

    • Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Загрејте го шеа путерот на кратко во микробранова печка или во тенџере за да омекне, а потоа измешајте го со другите состојки.
    2. rn011

    3. Чувајте го во затворена стаклена тегла. Нанесувајте во мали количини.
    4. rn

    rn

    3. Антиперспирантски стик

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 дел сода бикарбона
    • rn011

    • 2 дела природен шеа путер
    • rn011

    • Неколку капки есенцијално масло по ваш избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn011

    1. Загрејте го шеа путерот на кратко во микробранова печка или во тенџере за да омекне, а потоа измешајте го со другите состојки.
    2. rn011

    3. Смесата ставете ја во празна амбалажа од антиперспирантски стик. Нанесувајте нежно на пазувите.
    4. rn

  • Совети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбоната

    Совети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбоната

    Иако сода бикарбоната главно се користи за чистење или за ослободување од непријатните кујнски мириси, често забораваме дека нејзината намена е многу поголема и дека можете да ја употребите и за личната нега на лицето и телото.rnrnСледуваат 10 начини на кои можете да ја употребите сода бикарбоната во секојдневната нега.rn

    1. Миење на рацете

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnЧесто се случува антибактериските сапуни за раце да не ја отстранат целата нечистотија или маснотија од рацете. Доколку со вода помешате малку сода бикарбона и ја протриете смесата низ дланките, веднаш ќе го решите овој проблем.rn

    2. Шампон за суво миење

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку неочекувано ви се потроши шампонот за коса или сакате брзо да ја „измиете“ косата без потоа да ја сушите со фен, сода бикарбоната може да ви помогне. Нанесете ја на коренот и нежно протријте за да се впие целата маснотија од косата.rn

    3. Природен дезодоранс

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку барате природен дезодоранс без алуминиум, можете да ја употребите сода бикарбоната. Само помешајте ја со вода или пробајте некои рецепти со есенцијални масла за арома.rn

    4. Избелување на забите

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnСмесата од сода бикарбона и вода може да ги отстрани дамките од кафе, црвено вино или цигари. Помешана со малку хидроген пероксид, оваа комбинација ќе делува како вистинско средство за избелување на забите со кое ќе заштедите и пари.rn

    5. Пилинг за кожа

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnАбразивните честички кои се во составот на сода бикарбоната ја прават идеална за ексфолијација на кожата. Можете да ја додадете во вообичаениот пилинг за кожа или да направите смеса со вода.rn

    6. Избелување на ноктите

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку често сакате да менувате лакови за нокти во различни бои, жолтилото кое тие го оставаат на ноктите после нивното отстранување сигурно ви е познато. За да ги избелите ноктите, направете смеса од сода бикарбона и хидроген пероксид. Нанесете ја на ноктите со четка за заби и оставете ја 3 до 5 минути. Потоа само измијте ги рацете.rn

    7. Отстранување на препратите за самопотемнување

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnДоколку имате дамки од неправилно нанесен лосион за самопотемнување на телото, можете лесно да ги отстраните со смеса од сода бикарбона и лимонов сок.rn

    8. Чистење на четките за шминкање

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnИако повеќето од нас користиме сапун и масло, сода бикрбоната исто така може да биде доста делотворна. Неколку кафени лажички сода бикарбона растворени во топла вода веднаш ќе ги отстранат остатоците од шминка од вашите четки, а оваа смеса е добра и за чистење на четката за заби и четките и чешелите за коса.rn

    9. Освежувач на здивот

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnХраната која содржи шеќер и киселини може да ја наруши природната pH вредност во устата и да предизвика лош здив. Плакнењето на устата со топла вода и сода бикарбона ќе ги отстрани непријатните мириси и ќе придонесе за општото здравје на вашата уста.rn

    10. Нежна кожа

    rnСовети за убавина: 10 начини да ја употребите сода бикарбонатаrnrnНе е во прашање урбана легенда – сода бикарбоната навистина го смирува црвенилото на кожата и чешањето. Помешајте ја со својот вообичаен гел за туширање кој редовно го користите за уште подобар ефект.

  • Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале на памет

    Необични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале на памет

    Едно од нештата во вашиот дом кои можете да ги искористите за многу работи е дезодорансот, но малку луѓе знаат за неговите алтернативни употреби. Погледнете ги овие 5 помалку познати, но дефинитивно одлични начини на кои можете да го употребувате дезодорансот во стик…rnrnНеобични употреби на дезодорансот кои сигурно никогаш не би ви паднале напаметrn

    1. Против плускавци

    rnНанесете го дезодорансот на местото каде што вашите чевли ве притискаат и каде што очекувате дека би можел да се појави плускавец. Тој ќе делува како бариера помеѓу кожата и чевелот и ќе го спречи појавувањето на плускавците.rn

    2. Против непријатна миризба на стапалата

    rnНамачкајте ги вашите суви табани со дезодоранс пред спиење и следниот ден тие нема воопшто да се потат, а со тоа и ќе ја спречат појавата на непријатната миризба.rn

    3. Против потење под градите

    rnДамите со големи гради често имаат проблем со потењето под градите, но тоа можете многу брзо да го решите така што ќе нанесете мал слој од дезодорансот под нив, пред да облечете градник. Кога сме кај потењето, со него можете дури и потењето околу коренот на косата да го спречите. Само во овој случај користете проѕирен дезодоранс со цел да не се забележува на вашата коса.rn

    4. Против врати кои чкрипат

    rnНамачкајте ги шарките на вратите со дезодоранс со цел да го отстраните здодевниот звук на чкрипење при нивното отворање.rn

    5. За освежување на шкафот

    rnДезодорансот може да послужи и како освежувач на вашиот шкаф. Сè што треба да направите е да го тргнете неговото капаче и да го оставите во аголот од полицата со цел да го исполни со пријатна миризба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Одличен трик за отстранување на дамките од дезодоранс на облеката

    Одличен трик за отстранување на дамките од дезодоранс на облеката

    Сигурно ви се случило да се облечете за некаде и додека се гледате на огледало пред излегување да забележите дека имате бели дамки од дезодоранс под мишките. Наместо нервозно да се пресоблекувате и да нурнете повторно во плакарот, барајќи соодветна замена за маицата или кошулата која сте ја облекле, применете го овој едноставен трик, кој е ефикасен во отстранување на лошите дамки, а потребен ви е само пар стари хулахопки.rnrnodlichen-trik-za-otstranuvanje-na-damkite-od-dezodorans-na-oblekata-kafepauza.mkrn

    Трик 1: Хулахопки

    rnЗамотајте ги хулахопките кои и онака планиравте да ги фрлите и направете ги во вид на сунѓер. Тријте го проблематичното место. Доколку дамката не е тврдокорна, би требало брзо да ја снема. За стари, тврдокорни дамки, може да треба да триете малку подолго, но по некое време и тие ќе исчезнат.rn

    Трик 2: Влажни марамчиња

    rnКако бекап варијанта, во случај кога немате стари хулахопки за фрлање, можете да се послужите и со влажни марамчиња, а доколку ја забележите дамката порано, никако немојте да го пеглате парчето облека, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата и ќе ја направи дамката потешка за отстранување.rn

    Трик 3: Тексас

    rnДамките од дезодоранс може да се отстранат и со тексас. Затоа старите или омалени тексасни парчиња облека не ги фрлајте, туку исечете ги на парчиња и чувајте ги за кризни ситуации. Трикот исто така функционира со триење на проблематичното место. Но, треба да внимавате, бидејќи некои тексас материјали може да пуштаат, па затоа прво тестирајте на мал дел, за да не ја направите евентуално работата уште пострашна.

  • 7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

    1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

    2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

    3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

    4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

    5. Темелно измијте ја косата

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

    6. Смирете го стомакот

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

    7. Наполнете ја кадата со вода и сода

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.