Дали се сеќавате на својата детска соба? Сигурни сме дека во неа сте се чувствувале среќни и безбедни. Но, за некои родители императив е да ги претворат собите на нивните деца во магични светови, место кое ќе им послужи како вистинска инспирација на децата. Уметницата позната како Дарина се чини дека е совршениот избор за оваа идеја. Таа ги трансформира детските соби во рачно насликани мурали кои ги доловуваат чудата на природата и детската имагинација.rnrnrnrnСекој мурал наликува на сцена од анимиран филм. Од мајмуни кои се нишаат на гранките од дрвјата во џунглата, па сè до величествените китови кои пливаат во океанот, се добива впечаток дека животните оживуваат на ѕидовите. Секој мурал навестува некакво движење за да ги поттикне децата да замислат што е тоа што ќе се случи следно. Еден мурал дури и прикажува ракета што полетува во вселената!rnrnВо продолжение погледнете дел од овие инспиративни мурали.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnОткако ги погледнавте овие преубави мурали за детски соби, можеби ќе сакате да ги погледнете и неверојатните мурали со слонови кои ја разубавуваат околината.rnrnИзвор: mymodernmet.com
Изгледот на домот може значително да се промени со мали измени, а истото важи и за детската соба. Најлесен начин за значително трансформирање на детската соба е да бојадисате еден ѕид или сите ѕидови во различни нијанси, а можете да изберете од нежни пастелни нијанси до впечатлива тиркизна или розова боја.rnrnrnrnИсто така, можете да ја освежите просторијата со тапети со атрактивни детали или со нов тепих.rnrnПонекогаш, најдобрата декорација на домот е составена од предмети што веќе ги имате – книги, играчки и фотографии. Организирајте ги уредно, наредете ги и ставете ги на видливи места.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за уредување на детската соба.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете кои се најголемите трендови во уредувањето на ентериерот за 2021 година според ТикТок.
Ако го реновирате домот, тогаш дефинитивно вреди да ѕирнете на оваа социјална мрежа и да ги откриете популарните бои и актуелните трендови што креативните лица и професионалците ги објавуваат на своите профили. Кога станува збор за новите трендови, токму ова е најдобриот начин да пронајдете идеи што ќе ги имплементирате во вашиот простор. Креативците кои се активни на оваа социјална мрежа честопати се чекор понапред и можат да ви дадат преглед на идеите што допрва доаѓаат, па ако се подготвувате да ја декорирате детската соба, може да најдете инспирација во нивните решенија.rn
rnТапетите можат на генијален начин да ја пополнат просторијата и да внесат живост без да треба да ја оптоварувате со дополнителни парчиња.rn
Бохо стил
rnВо последните неколку сезони, детските соби во бохо стил полека станаа најпопуларни, барем кога станува збор за Инстаграм. Ратан, плетени детали и неутрални, земјени бои – сето тоа се вклопува во простории инспирирани од бохо стилот.rn
Унисекс соби
rnРодово неутралните простории стануваат сè попопуларни, односно собите за девојчиња не се украсени само во розова боја, а оние за момчиња во сина боја. Родителите го пренесуваат стилот на целиот дом и во детската соба, а деталите како што се играчките ќе откријат чија е просторијата.rn
Земјени бои
rnАко не сте голем љубител на бохо стилот, земјените бои во уредувањето се само еден од неговите елементи што можете да ги имплементирате. Беж и кафеавите нијанси можат многу убаво да се комбинираат со други бои и да создадат топла оаза.rn
Ако сè уште не сте ја украсиле просторијата за вашето бебе, овие два вида декор може да ви помогнат во тоа. Првата тема е тропска, а втората е во џунгла стил. Двете се многу популарни во последно време и со нив можете да создадете забавна просторија за вашите најмили.rnrnrnrnАко сте одбрале стил, палетата на бои е очигледна. Тропските сцени се весели, светли и игриви. Во нив доминираат бои како зелена и жолта боја и кафени тонови. Вашиот избор во овој случај може да биде неутрална позадина со мебел и играчки во впечатливи бои или весел тапет на ѕидот во комбинација со едноставен мебел и детали. Пригушените тонови, па дури и црно-белите комбинации се совршени за тропскиот декор.rnrnМебелот од ратан изгледа фантастично во вакво опкружување. Но, ако не се вклопува во вашиот модерен или минималистички концепт, секогаш можете да се придржувате до основните тонови како што се белата и бојата на светло дрво. Ѕидовите се соодветни за уметничко изразување и за претворање на едноставниот простор во прекрасен тропски остров или во џунгла. Големите лисја, меките кадифени играчки, завесите и тепихот со тропски принт ќе создадат прекрасна атмосфера. Забавувајте се додека ја уредувате собата на вашето бебе затоа што сигурно ќе му биде забавно да игра во неа додека расте.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете како да ја уредите вашата градина во весел медитерански стил.
На родителите и на децата не им е лесно постојано да престојуваат во иста просторија за време на карантонот. Меѓутоа, додека возрасните обично се свесни колку пари, време и напор се потребни за преуредување на ентериерот, децата не забележуваат колку вредат некои предмети, туку прво гледаат дали се погодни за игра. Поради тоа, имагинацијата е многу важна кога е неопходно да ја промените „сценографијата“ на детето затоа што му е здодевно.rnrnrnrnДетската соба може претпладне да биде училница, аеродром за „пилотски“ мајстори во попладневните часови, а навечер сцена за „младата ѕвезда“ со помош на импровизиран микрофон на штанд и добро поставени ламби кои се насочени кон сцената.rnrnДетската соба може да биде и истражувачки камп во џунглата или просторија на врвот на волшебниот замок. За сето ова не е потребно да имате многу реквизити.rnrnИзберете ѕид каде што можете да го нацртате нешто. Доволно е да го преместите бирото, да покриете две столчиња со чаршафи, да ја пуштите вистинската музика и да ја смени светлината. Играјте со детето, бидете член на екипажот и подгответе чај или сок и послужете ги останатите членови на семејството. Погледенете ги сликите подолу за повеќе идеи.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnПогледнете ги овие 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст, а сè што ви треба имате дома.
Корисникот на Редит, познат како Dericrw, заедно со неговата сопруга направиле соба со тема од Војна на ѕвездите за нивниот син, со надеж дека ќе го натераат да спие во посебна соба. Кој би можел да одолее на ова? „Каупслата“ за спиење од Милениум Фалкон е голема колку брачен кревет и е закачена на таванот.rnrnrnrnОстатокот од бродот е нацртан на ѕидот зад креветот. Покрај тоа, во капсулата има и вентилатор за циркулација на воздухот, како и ЛЕД светилки. Навистина неверојатен проект.rnrnrnrnНа спротивниот ѕид од креветот има телевизор. Под екранот се наоѓа кутија за „оружја“, каде што стојат играчките. ЛЕД светилките светат во разни бои.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnТаткото напишал дека за овој проект им бил потребен околу еден месец, а работеле само за време на викендите. Па, ако вашите син или ќерка се љубители на оваа приказна, еве одлична идеја како да ги израдувате со нова соба!rnrnrnrnrnrnПогледнете ги и овие кул идеи за уредување на детски соби.
Дизајнирањето и декорирањето на детските соби е многу интересно и забавно искуство, а резултатите може да ги воодушеват не само децата, туку и возрасните. Дизајнерот Стив Кул ја исполнил фантазијата на едно дете, претворајќи ја неговата соба во неверојатен морски свет со фантастични тродимензионални елементи.rnrnrnrnВо оваа уникатна соба ќе добиете впечаток како да сте неколку метри под површината на морето, опкружени со сина вода, морски суштества и корали. Погледот од долу на бродот кој плови и кој се наоѓа на замислена граница помеѓу две синила, дополнително го зголемува овој впечаток.rnrnrnrnНајвпечатливиот елемент во собата е токму големиот пиратски брод кој се протега низ едната страна на собата. До дрвената палуба сместена високо на ѕидот, можно е да се стигне единствено преку малиот мост направен од дрво и јаже.rnrnrnrnНа палубата има кормило, стражарски кули и доволно простор за дополнителен кревет. Но, тоа не е сѐ. Преку дупката во палубата бродот директно се спушта во гардероберот.rnrnrnrnДругиот крај на мостот завршува над затворската ќелија. За да постигне што пореален ефект, дизајнерот вградил и челична врата изградена по нарачка.rnrnrnrnОваа магична соба чува уште едно изненадување. Зад вратите на плакарите скриена е тајна просторија. Сензорите на движење го вклучуваат светлото во просторијата и откриваат интригантна портокалова дупка во ѕидот. Кој е подобриот начин да ја напуштите оваа необична соба ако тоа не е преку шеснаесет и пол метри долгиот тобоган кој води до приземјето на куќата?rnrnrnrn
Секое девојче посакува да има вистинска бајка во својата соба, па кандидатот за најдобар татко за 2016-тата година и корисник на социјалната мрежа Редит, под корисничкото име „radamshome“, решил да ѝ ја исполни оваа желба на својата малечка ќеркичка Лиз. Роб поминал преку 350 часа во текот на 18 месеци за да го изгради овој магичен проект кој го чинел 4.250 американски долари, а за да го направи дрвото структурно стабилно, тој започнал да зема и приватни часови за заварување.rnrnrnrnБетонот на дрвото е толку силен што може да издржи дури тројца возрасни. Роб е артист во индустријата за видео игри и заработува со тоа што гради виртуелни светови, а неговиот најголем страв е моментот кога неговата Лиз ќе наполни 13 години и ќе посака да го извади дрвото од својата соба.rn
„Јас сум професионален дизајнер на видео игри и така и заработувам. Иако знаев дека можам да ја создадам и остварам мојата естетска идеја, не бев спремен за физичкиот напор кој ме очекуваше. За собата нормално ме инспирираше Дизни“, вели Роб на „Имгур“, каде и ги објавил фотографиите од целокупниот финален производ.
Малото место не е пречка за големите идеи. Еве како да ја претворите малата соба на вашето новороденче во вистинска бајка. Овие бебешки соби ќе ве инспирираат да направите нешто навистина супер и вашето дете да расте во прекрасно уредена и пријатна атмосфера.rnrnВо морнарски стилrnrnШарена соба со омилените фустани закачени на ѕид за идната трендсетеркаrnrn
Во просек, ние поминуваме околу 1/3 од нашиот живот во спиење, па токму затоа постелата треба да биде одбрана со внимание. Таа треба да биде удобна и да ве топли кога е ладно, но во зависност од вашите години, и да ве штити од чудовишта. Доколку ви се потребни декоративни идеи и сакате да ја направите совршената атмосфера во вашата детска или спална соба, погледнете ги наредниве неколку постелнини за инспирација.rnrnrnrn