КАФЕ ПАУЗА

Волшебна детска соба која ќе ве остави без зборови

Дизајнирањето и декорирањето на детските соби е многу интересно и забавно искуство, а резултатите може да ги воодушеват не само децата, туку и возрасните. Дизајнерот Стив Кул ја исполнил фантазијата на едно дете, претворајќи ја неговата соба во неверојатен морски свет со фантастични тродимензионални елементи.rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrnВо оваа уникатна соба ќе добиете впечаток како да сте неколку метри под површината на морето, опкружени со сина вода, морски суштества и корали. Погледот од долу на бродот кој плови и кој се наоѓа на замислена граница помеѓу две синила, дополнително го зголемува овој впечаток.rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrnНајвпечатливиот елемент во собата е токму големиот пиратски брод кој се протега низ едната страна на собата. До дрвената палуба сместена високо на ѕидот, можно е да се стигне единствено преку малиот мост направен од дрво и јаже.rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrnНа палубата има кормило, стражарски кули и доволно простор за дополнителен кревет. Но, тоа не е сѐ. Преку дупката во палубата бродот директно се спушта во гардероберот.rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrnДругиот крај на мостот завршува над затворската ќелија. За да постигне што пореален ефект, дизајнерот вградил и челична врата изградена по нарачка.rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrnОваа магична соба чува уште едно изненадување. Зад вратите на плакарите скриена е тајна просторија. Сензорите на движење го вклучуваат светлото во просторијата и откриваат интригантна портокалова дупка во ѕидот. Кој е подобриот начин да ја напуштите оваа необична соба ако тоа не е преку шеснаесет и пол метри долгиот тобоган кој води до приземјето на куќата?rnrnВолшебна детска соба која ќе ве остави без зборовиrnrn