КАФЕ ПАУЗА

Tag: ден

  • Кој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за секој хороскопски знак?

    Кој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за секој хороскопски знак?

    Оваа година беше многу непредвидлива, но, за среќа, во новата година може да очекуваме цела нова група среќни денови затоа што некои астролошки настани ќе доведат до особено поволни моменти. Прочитајте кој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за вас и обележете го во вашиот календар.rnrnКој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за секој хороскопски знак?rn

    Овен: 26 март

    rnВенера, планетата на љубовта, ви носи магија, романса и возбуда поради нов и пријатен почеток. Ќе ви се исполнат некои од најпосакуваните желби. Во 2021 година ве очекува целосно ново романтично патување. Очекувајте да почувствувате пеперутки во стомакот.rn

    Бик: 17 јануари

    rnУран, планетата на промените, ќе патува низ вашиот знак цела 2021 година, продолжувајќи со темата на будење и инспирација во вашиот живот. Во јануари може да започне нешто ново и возбудливо во вашиот професионален живот. Вашата кариера може неочекувано да тргне во подобра насока на 17 јануари. Додека овие ненадејни промени може да бидат поразителни за некои, вие сте трпеливи и знаете како да ги искористите сите можности. Во текот на таа седмица, значително ќе бидат зголомени вашите амбиции и вашата мотивација.rn

    Близнаци: 31 мај

    rnНа 31 мај, во средината на сезоната на Близнаците, ве очекува многу среќа и магија. Бидете подготвени да ги прифатите сите астролошки предности и да преземете чекори кон вашата судбина бидејќи среќата ќе биде на ваша страна тој ден.rn

    Рак: 23 јуни

    rnНепосредно по почетокот на сезоната на Ракот, астролошките настани ви носат оптимизам, дарежливост и среќа. Нептун и Венера (која е во вашиот знак на овој датум осветлувајќи го вашиот хороскопски знак со романса) ќе ви помогнат да ги активирате вашите најпријатни фантазии.rn

    Лав: 13 јули

    rnПодгответе се да почувствувате кулминација на магијата кога станува збор за романтиката и за креативноста. На овој ден започнува нов циклус во односите, што може да донесе многу свежа енергија во вашиот љубовен живот и повторно да ја заживее вашата креативност кога станува збор за страста. Вашиот љубовен живот ќе биде многу возбудлив, а задоволството и романтиката ќе ве чекаат на секој агол. Искористете го овој креативен поттик додека започнувате нов циклус.rn

    Девица: 12 јули

    rnАстрологијата ви носи нови можности во љубовта – ќе ви помогне да ги решите сите проблеми во врската и да го продлабочите вашиот романтичен однос. На 12 јули, вашата владејачка планета Меркур ќе формира хармоничен аспект со Јупитер во Риби, внесувајќи јасност, отвореност и длабочина во вашата комуникација во рамките на партнерствата.rn

    Вага: 6 септември

    rnВашата владејачка планета Венера ги изнесува на виделина вашиот вкус за уметност и раскош, како и вашите романтични чувства, па кога ќе формира магичен аспект со Јупитер на 6 септември, тие чувства ќе претераат. Двете поволни планети ќе се усогласат во ваша корист на тој ден, ќе го зголемат вашето задоволство и ќе ви донесат романтична љубовна приказна од епски размери.rn

    Скорпија: 17 ноември

    rnНа овој ден ќе се чувствувате како да можете целосно да ја искористите вашата моќ и ќе успеете да ја поврзете вашата сенка со вашето надворешно јас. Тоа ќе ви овозможи да ја претворите вашата болка во голема инспирација што може да ве трансформира. Марс и Венера ви носат дополнителна доза страст и задоволство тој ден, правејќи го совршен за остварување на вашите лични цели.rn

    Стрелец: 21 мај

    rnЗа време на пролетта, вашата владејачка планета Јупитер ќе го осветли вашиот емотивен живот и ќе ви донесе утеха и среќа. Астролошките настани ќе ја поттикнат енергијата во вашиот љубовен живот, а Сонцето, Венера и Меркур ќе се соберат заедно во вашата куќа на партнерствата. Ако сакате да направите некаков потег во вашиот љубовен живот, 21 мај е денот кога можете да изградите нешто што ќе трае долго.rn

    Јарец: 23 август

    rnНа овој ден ве очекува успех во сè што ќе допрете. На работното место ќе се чувствувате длабоко поврзани со вашите професионални потфати и ќе извлечете голема вредност од вашите придонеси. Тоа ќе ја зацврсти вашата позиција, ќе ја подобри вашата креативност и ќе ви помогне да создадете кариерна патека што ќе трае подолго.rn

    Водолија: 11 февруари

    rnОва е исклучително моќен ден полн со можности за вас. Време е да се ослободите од старата кожа и да се трансформирате целосно. Венера и Јупитер ви носат среќа, романса, задоволство, изобилство и раскош. Во текот на овој ден ќе наидувате на среќни можности на секој агол.rn

    Риби: 21 јуни

    rnОвој ден е ден за флерт, забава, креативни потфати и проширување на вашите хоризонти. Ниту една фантазија не ви е далеку од дофатот, па дозволете им на вашите чувства да излезат на површина и да го постигнат тоа што мислите дека е невозможно.rnrnПрочитајте каков нематеријален подарок посакува да добие секој хороскопски знак од Дедо Мраз оваа година.

  • Постои ден во годината кога луѓето најмногу изневеруват

    Постои ден во годината кога луѓето најмногу изневеруват

    Знаевте ли дека постои ден на кој луѓето изневеруваат повеќе од кога било? Барем тоа се информациите од еден англиски портал за онлајн состанување.rnrnПостои ден во годината кога луѓето најмногу изневеруватrn

    Најдолгиот ден во годината

    rnВо истражувањето на порталот се открило дека корисниците се особено активни на 21-ви јуни. Според статистиката, на овој ден дури 65% повеќе корисници бараат авантура надвор од врската. Многумина сметаат дека ова е поврзано со летната долгоденица.rnrnЗа потребите на истражувањето било проучувано однесувањето на 300 активни корисници. Притоа станувало збор за луѓе кои се во стабилна врска, но кои имаат повремена афера. Според порталот, луѓето најверојатно бараат афера или веќе имаат некоја, кратко пред да одат на одмор бидејќи сакаат уште малку забава или промена. После тоа започнува време поминато со семејството каде што ќе нема можност за неверство.rn

    Често се изневерува и на студено време

    rnСепак постоел уште еден датум на кој корисниците на порталот биле многу активни – 18-ти ноември. Имено, на тој ден, дури 30% повеќе корисници го користат порталот за авантура надвор од врската.rnrnШто мислите, зошто жените се одлучуваат на неверство?

  • Децата постари од 2 години не би требало да спијат во текот на денот

    Децата постари од 2 години не би требало да спијат во текот на денот

    Доколку вашето дете не сака да спие во текот на денот, нема потреба да го присилувате на тоа. Според експертите за спиење, попладневниот одмор само го нарушува квалитетот на ноќниот сон кај децата постари од две години.rnrnДецата постари од 2 години не би требало да спијат во текот на денотrnrnИако повеќето родители веруваат дека попладневниот одмор е добар за децата, новите истражувања покажуваат дека всушност има негативно влијание врз здравјето.rnrnСпоред Националната фондација за спиење, децата постари од две години треба да спијат од 10 до 13 часа во текот на денот. Но едно истражување открива дека децата кои после втората година од животот продолжуваат со спиењето во текот на денот, подоцна имаат проблеми со квалитетот на сонот.rnrnИсто така, спиењето во текот на денот може да биде знак дека детето спие премногу. Родителите мора да сфатат дека дневниот и ноќниот сон не се исти. Доколку спиете во текот на денот, само го нарушувате спиењето навечер, кое пак е биолошка потреба.rnrnЗаклучокот на научниците е дека децата постари од 2 години кои не спијат денски имаат поквалитетен сон, а ова сигурно им е важно на сите родители.rnrnПогледнете и зошто бебињата треба да спијат со нивните мајки до 3-годишна возраст.

  • Денес е најмоќниот ден во последните 100 години! Но, што точно значи тоа?

    Денес е најмоќниот ден во последните 100 години! Но, што точно значи тоа?

    Низата 11.11 ни носи чуда, но само ако вистински верувате во нив. Отворете го срцето и ќе се случи чудо! Ако чувствувате дека вашиот живот е забавен, ако сте болежливи и уморни од истите нешта, 11-ти ноември ќе ви донесе свежина во вашиот живот. Овој ден е вибрациски силен поради фактот дека е 11-от ден во 11-от месец.rnrnrnrn1111 или 11/11 поседува посебно духовно значење бидејќи се верува дека тоа е бројот на духовното будење и моќните нови почетоци. Ако често гледате 11:11 на часовникот или сте привлечени од бројот 1111, тоа укажува на фактот дека доаѓа промена или будење што веќе се појавило на хоризонтот.rnrnАнгелите, духовните водачи и вселената исто така ги користат броевите како начин на поврзување и комуницирање со вас. 1111 најчесто се користи од страна на вашите водачи за да ве насочат кон вистинскиот пат. Во нумерологијата, бројот 1 означува нови почетоци, а кога постои во низа, тоа создава силна енергија за будење на својот потенцијал.rnrn11-ти ноември е најдоброто време да го промените својот живот, да ги поставите своите намери и да навлезете подлабоко во нештата за да ја откриете вистината. Нови будења, нови информации и нови нивоа на просветлувања – сите овие нешта се возможни токму на овој ден поради неговата моќна енергија.rn

    Значење за 2018 година

    rnПоследен пат доживеавме универзална година на бројот 11 во 2009 година, а пред тоа во 1910 година. Но, што значи овој датум за оваа година?rn

    Тоа е број на водство, лична моќ и духовна вистина

    rnВо нумерологијата бројот 11 е главен број – тоа значи дека има интензивна и висока вибрациска фреквенција и делува на внатрешните, етерични, магични и трансцендентални области на создавањето. Главните броеви поседуваат голем потенцијал за учење и растење и можат да донесат големи промени во вашиот живот. Бројот 11 е најинтуитивниот број и претставува канал кој води кон потсвеста. Тој е број на водството, лична моќта и духовната вистина.rn

    Шамбала

    rnЗборот „шамбала“ резонира со главниот број 11 во нумерологијата и е совршениот збор што може да ви помогне да го прифатите поголемиот потенцијал на нашата универзална година на бројот 11. Шамбала е санскритски збор што во груб превод означува мир, спокој и среќа. Секој од нас има слобода во нашите срца и умови да одберете да искуси рај тука на Земјата. Имаме можност да живееме живот во којшто сме љубезни кон другите, живееме во согласност со Земјата и сме дел од нешто многу поголемо од нас.rn

    Завршни мисли за овој ден

    rnАко чувствувате дека е потребна промена во вашиот живот и дека нештата едноставно не се онака како што би сакале, тогаш искористете ја енергијата на 11-ти ноември. Отворете го срцето и пуштете ги вибрациите на новите почетоци во вас.

  • 13-ти февруари: Прославете го Денот на пријателките!

    13-ти февруари: Прославете го Денот на пријателките!

    Сигурни сме дека сите сте добро запознаени со Денот на вљубените (Valentine’s Day) што се прославува на 14-ти февруари, но дали некогаш сте чуле за Денот на пријателките (Galentine’s Day), што сè поголем број дами го слават на 13-ти февруари?rnrn13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mkrnrnДенот на пријателките настанал во популарната ТВ серија Паркови и рекреација (Parks and Recreation), кога главната јунакиња Лесли Ноп го измислила овој празник како изговор да ужива со своите најдобри пријателки. Оваа идеја толку многу им се допаднала на девојките ширум светот што тие сè повеќе ги слават женските пријателства токму на овој ден. Датумот е одбран поради тоа што е пред Денот на вљубените, давајќи му до знаење на целиот свет дека нема ништо посилно од женско пријателство.rnrnСе прашувате како се слави овој празник? Не грижете сè, не е ништо комплицирано. Сè што треба да направите е да ги соберете вашите најблиски пријателки и да поминете една вечер со смеење, јадење, пиење, танцување и гледање филмови или серии.rn

    „Ова е најдобриот ден во годината. Секој 13-ти февруари, моите прекрасни дами и јас ги оставаме посилните половини дома и ги славиме жените и нашите силни пријателства“, објаснува Лесли во серијата.

    rn13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mkrnrnЗарем треба да се каже нешто повеќе? Ако одлучите и вие да го прославите овој ден вечерва, тогаш погледнете ги следниве неколку идеи што со сигурност ќе ви се допаднат!rn

    Јадете благо… и сè останато што мислите дека дебелее

    rnДенес е дозволено сè! Без разлика дали станува збор за порција помфрит со илјада сосови или многу благи десерти, вие и вашите пријателки можете бескрајно да уживате во вкусот без да се грижите за својата тежина (барем денес не мислете на неа!). Ова е само еден ден во годината, па гарантирано нема да се здебелите.rn

    Подгответе мали подароци

    rnДоговорете се со пријателките каде ќе се соберете, а потоа фрлете се на работа. Сè што е направено со вашите раце е прифатливо како подарок за Денот на пријателките. Можете да пронајдете некој „направи сам“ проект, да нацртате или да напишете нешто… изборот зависи само од вас.rn

    Време за забава

    rnОсобено ако одамна не сте излегле да се забавувате, оваа вечер може да биде одлична шанса да се изнаиграте како никој да не ве гледа. Не мора дури ни да излезете од удобноста на вашиот дом – сè што треба да направите е да ги наредите вашите омилени песни за танцување во плејлиста и да ги пуштите на најгласно.rn

    Филмски или ТВ маратон

    rnФилмови, серии, пуканки, чаша вино… зарем треба да се каже нешто повеќе?rnrnПрочитајте ги и овие 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка!

  • Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

    Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

    Стариот империјален град Франкфурт на Мајна важи за финансиски центар на Германија, но и за место каде што можете да поминете еден прекрасен викенд. Поради високите згради, овој град уште се нарекува и „Чикаго на Мајна“, но кога ќе се стигне до центарот, ќе се забележат многуте стари згради, традиционални куќи, интересни музеи и прекрасни паркови. Доколку се одлучите за негова посета, еве како да поминете еден ден во овој прекрасен град.rnrnКако да поминете еден ден во Франкфуртrn

    10:00

    rnРомембер е стариот дел на градот, пешачка зона, плоштад со неправилна форма со фонтана и неколку убави згради. Овде се наоѓаат кафулиња, продавници за сувенири, како и згради градени од 15-тиот до 18-тиот век. Пред старите градски куќи се фотографираат сите туристи, а исто така и пред новите од 1908 година и готските цркви свети Леонард и свети Никола. Тука е и историскиот музеј (кој е отворен уште од 1878 година).rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rn

    11:00

    rnВолфганг Гете, најпознатиот германски писател, е роден во Франкфурт, а куќата во која живеел до 1765 година сѐ уште може да се види. Внатрешноста е одлично сочувана, како и мебелот и куклите со кои Гете изведувал претстави за родителите кога бил мал. Исто така има и галерија посветена на славниот писател, а може да се види и дрвената Гете кула која е висока 43 метри и од која има добар поглед на градот.rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rn

    12:00

    rnКулата Турм е единствен остаток од средновековните ѕидови кои го чувале Франкфурт и е една од најстарите во светот.rnrnКако да поминете еден совршен ден во Франкфурт?rnrnПреминете на наредната страница за да видите уште активности кои можете да ги правите во овој град.rn

  • 10 работи што покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицата

    10 работи што покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицата

    Дали има некој што ги мрази неделите? Не одите на работа, алармот ви е исклучен и целиот ден го имате пред себе, за да го исполните со активности што ги посакувате. И покрај тоа што знаете дека недела е најдобриот ден од седмицата, во продолжение погледнете уште десет работи кои ќе ви го потврдат ова.rnrn10 работи кои покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицатаrn

    1. Неделите се наменети за бавно будење

    rnВо недела нема брзање. Можете да спиете до доцна или пак да останете будни уште долго време во вашиот кревет. Во недела е оправдано да бидете и малку мрзливи.rn

    2. Во неделите има најдобра храна

    rnВо недела сите членови од семејството се дома, па така, поминувате заедничко време за појадок или ручек и уживате во меѓусебно споделените моменти.rn

    3. Неделите се наменети за музика

    rnИако многумина не можат да си го замислат кој било ден без музика, сепак, неделите се нешто посебно. Тогаш без брзање и релаксирано можете да ги слушате вашите омилени песни.rnrn10 работи кои покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицатаrn

    4. Во недела се оди во црква

    rnИако модерниот живот е премногу брз, сепак, некои личности имаат навика во неделите да одат во црква, затоа што тоа го сметаат како место каде што може да размислуваат и да се смират.rn

    5. Неделите се резервирани за фудбал

    rnНедела е ден кога повеќето мажи уживаат гледајќи го нивниот омилен спорт.rn

    6. Во неделите можете да бидете природни

    rnДами, ова најмногу важи за вас. Во недела не морате да користите шминка при што ѝ овозможувате на вашата кожа слободно да дише.rnrn10 работи кои покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицатаrn

    7. Неделите се исполнети со мир

    rnНеделите се денови кога можете да уживате самите во свое друштво или пак да се сретнете со вашите најблиски. Во овој ден оставете го стресот на страна и фокусирајте се само на позитивните работи.rn

    8. Неделите се денови за читање

    rnНедела е ден за одмор и релаксација, при што можете да им се посветите на вашите омилени книги, а притоа да не бидете во брзање.rn

    9. Неделите се денови за семејството

    rnВо овие денови можете да имате прекрасни активности со вашето семејство, на пример да излезете на заедничка прошетка, да пазарувате заедно или пак едноставно заедно да гледате некој филм.rnrn10 работи кои покажуваат дека неделата е најдобриот ден од седмицатаrn

    10. Неделите се денови кога треба да земете длабок здив

    rnДоколку не уживате во долгото спиење, тогаш неделните утра се одлично време за да издвоите неколку минути за медитација или за релаксирање.

  • Како изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?

    Како изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?

    Не постои човек на планетава кој може апсолутно секој ден да го помине „нормално“. Меѓутоа, луѓето со анксиозност мислат дека нивниот обичен ден не е нималку сличен на деновите на „нормалните“ луѓе. Секојдневните работи, како што се одењето во пошта или плаќањето сметки, другите луѓе ги извршуваат со леснотија, но за анксиозните ваквите обврски претставуваат голем проблем. Тоа е така затоа што тие премногу се грижат и секогаш го очекуваат најлошото, дури и кога нема оправдана причина за нивниот страв. Доколку немате проблеми со анксиозноста, сигурно не му придавате големо значење на тоа чувство и немате поим низ што поминуваат анксиозните луѓе секој ден. Но, ако страдате од анксиозност, веројатно ќе се согласите дека вашиот обичен ден е поразличен од деновите на останатите луѓе. Па, како изгледа денот на анксиозните луѓе?rnrnКако изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?rn

    3 часот наутро: Будење без причина

    rnНе сте имале кошмар. Едноставно сте се разбудиле од нигде никаде, сте почнале да зјапате во таванот и да се прашувате што ќе се случи доколку утре ви се расипе автомобилот и немате како да отидете на работа. Луѓето со анксиозност се грижат за работи за кои постои мала веројатност дека ќе се случат. Откако еднаш ќе се разбудите, тешко ви е повторно да заспиете. Ужасно е чувството кога знаете дека е премногу рано за да станете и да правите нешто продуктивно, па само лежите така бесцелно во креветот.rn

    7 часот наутро: Станувате уморни и нервозни

    rnЗамислете колку исцрпени би се чувствувале доколку сте спиеле само неколку часа со постојано прекини! Изнемоштено станувате од креветот, но немате време за да се влечкате. Имате толку многу обврски што треба да ги завршите. Премногу сте вознемирени за да појадувате како што треба, па неволно џвакате енергетско чоколатце и ја пиете вашата стандардна доза утринско силно кафе, додека истовремено се прашувате дали вашиот шеф одлучил да ве отпушти преку ноќ.rn

    8.30 часот: Излегувате од дома во брзање

    rnСте заборавиле нешто. Знаете дека сте заборавиле нешто. Трчате низ дневната соба неколку минути и се обидувате да се сетите што сте заборавиле да ставите во чантата, а ви е неопходно за да го преживеете денот. Секој обид е залуден, па истрчувате од дома и сакате да компензирате со тоа што купувате уште едно кафе по пат до работа. Е сега веќе срцето навистина силно ви бие. Чекајте малку! Да не го заборавивте шпоретот вклучен? А пеглата?rnrnКако изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?rn

    9.00 часот: Пристигнувате на работа и со страв муабетите со колегите

    rnПрашањата од типот: „Како го помина викендот?“ и „Ја гледаше ли последната епизода од ’Живи мртовци’“? се вообичаени за повеќето луѓе, но на анксиозните многу тешко им паѓаат. Постојано се плашат дека ќе кажат нешто чудно што ќе го уништи целиот групен разговор. Или, пак, се плашат дека ќе кажат нешто несоодветно и навредливо. Ако дојде до тоа, сите ќе почнат да ве мразат и ќе го убедат шефот да ве отпушти.rn

    12.00 часот на пладне: Ручек со луѓе што ве нервираат

    rnНе се работи за тоа дека не ги сакате луѓето, туку едноставно се чувствувате непријатно во близина на оние кои ги почитувате. Треба да одите во ресторан што го одбрал вашиот колега, место каде што не сте биле претходно. По пат, вие постојано размислувате како ќе изгледа ресторанот. Дали е самопослуга? Дали ќе знаете што да нарачате? Дали ќе биде премногу гласно? Одвај чепнувате од храната бидејќи се плашите дека луѓето со кои седите на маса ќе помислат дека не знаете да јадете пристојно.rn

    15.00 часот: Крај на работниот ден

    rnНа работното време му доаѓа крајот и вие чувствувате притисок да ги завршите сите ваши обврски. Почнувате да се плашите дека тоа е невозможно. Сите други луѓе би го нарекле тоа стресен период, но вие почнувате да се сомневате во вашите способности. Не сте сигурни дали сте доволно паметни или дали сте јаделе доволно за да го издржите целиот тој притисок. Ова е исто така периодот од денот кога почнувате да ги одбегнувате луѓето по секоја цена. Не сакате да дознаат дека сте поназад од останатите.rnrnКако изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?rn

    18.00 часот попладне: Време за вежбање

    rnСте чуле повеќе пати дека вежбањето може да направи чуда за вашата анксиозност. Го знаете тоа, но не е толку лесно да отидете во салата за вежбање. Прво и основно, само во овој период од денот можете да одите, а баш тогаш има најмногу луѓе во секоја сала за вежбање. Зјапате во вашето ранче со опремата и почнувате да размислувате како сите луѓе таму ќе бидат во форма, колку чудно ќе изгледате на лентата за трчање и колку глупаво ќе делувате додека чекате да се ослободи некоја справа. „Не, благодарам“, си помислувате и решавате да се обидете да вежбате дома.rn

    19.30 часот: Вечерата е готова

    rnУморни сте по долгиот ден, но тоа не значи дека треба да одморите. Се допишувате со пријателите некое време и гледате вести кои ви потврдуваат дека навистина се ближи крајот на светот. Потоа, седнувате да разговарате со вашите родители кои постојано се жалат дека не ве гледаат доволно и принудени сте да ги ислушате сите семејни драми, по што посакувате да сте се преселиле во странство веднаш штом сте завршиле факултет. За да се правите со предизвиканата анксиозност, грицкате глупости. Ја ставате во уста секоја можна крцкава и утешителна храна и грицкате додека не се прејадете, па на крајот немате ниту волја ниту потреба да зготвите и да јадете нормална вечера.rn

    22.00 часот навечер: Се обидувате да читате

    rnЗнаете дека е време да си легнете, па останувате склопчени на каучот, ги прегледувате Фејсбук профилите на вашите пријатели и поранешни партнери и ги разгледувате нивните навидум совршени животи. Потоа, почнувате да пребарувате некои теории на заговор и читате за Илуминатите и други слични тајни организации. Наместо да ги оставите електронските уреди и да прочитате вистинска книга, вие го земате телефонот и почнувате да ги бришете старите пораки и фотографии. Што ако телефонот ви „цркне“ поради недостатокот на меморија?!rnrnКако изгледа денот на луѓето кои страдаат од анксиозност?rn

    23.45 часот: Сѐ уште будни

    rnСте легнале во кревет, но вашите мисли талкаат некаде. Се сетивте на моментот во средно училиште кога ве истепале поради некоја причина, не се сеќавате зошто, но важно сте се чувствувале лошо. Потоа, почнувате да си ги правите најлошите можни сценарија за утрешниот ден. „Дали го исклучив шпоретот?“, оваа мисла ви се врти уште некое време додека анти-депресивните самовили не дојдат да ве спасат и да ве одведат во земјата на неквалитетни соништа.

  • Како да направите работниот ден да ви помине побрзо?

    Како да направите работниот ден да ви помине побрзо?

    Колку пати сте погледнале низ прозорецот во вашата канцеларија и сте посакувале да бидете надвор, уживајќи во свежиот воздух, или пак дома, каде што би можеле безгрижно да се одморате? Сигурно многу пати го имате почувствувано ова, но не грижете се, ве разбираме! Понекогаш работните денови минуваат премногу бавно, а на крајот вие завршувате целосно исцрпени. Поради тоа, денес ви прикажуваме неколку начини што ќе ви помогнат да ја победите досадната секојдневна рутина и да направите времето да ви минува малку побрзо.rnrnЕве како да направите работниот ден да ви помине побрзоrn

    1. Пронајдете работа во која ќе уживате или одреден интересен проект во вашата тековна работа

    rnИдеално, вие би барале работа каде што со нетрпение би очекувале да одите секој ден, но не губете ја надежта и во онаа која во моментов ја работите.rn

    „Ако е тешко да најдете работа за која ќе имате страст, пронајдете задача или проект во коишто би станале експерти“ препорачува Џен Девол, тренер за кариера и живот за женски професионалци. „Пронајдете можности за учење за да го подобрите вашето разбирање, поврзете се со луѓе кои знаат повеќе и вежбајте го тоа!“

    rn

    2. Оставете си ужина во одредена фиока во вашето биро

    rnКога ќе го имате омиленото јадење во ваша близина, вие ќе можете да го подобрите расположението.rn

    „Пополнете ја вашата фиока со здрава ужина за да ја задржите енергијата и со некои од вашите омилени работи кон кои со нетрпение очекувате да посегнете“, вели Хали Крафорд, тренер за кариера и основач на веб-сајтот HallieCrawford.com

    rn

    3. Разговарајте 5 минути со вашиот колега

    rnНе мора постојано да разговарате за работата.rn

    „Потребно е да внесеме забава во нашиот работен ден, затоа што тоа го намалува стресот и може да го подобри тимското работење“, вели Девал. „Поставете прашање кое не е поврзано со работата и започнете разговор. Изберете каква било тема и зборувајте за тоа 5 минути.“

    rn

    4. Прошетајте

    rnНе мора постојано да седите на едно место. Станете и прошетајте.rn

    „Прошетајте за време на оброкот или пак, откако ќе извршите некоја поголема задача“, препорачува Девал. „Одењето ќе ви даде енергија и исто така може да ги ве ослободи од стресните проекти на работа.“

    rnСакате да направите нешто поинтересно?rn

    „Одредете си кафе−прошетка со вашите колеги, при што одеднаш ќе внесете кофеин, свеж воздух и позитивни разговори“, вели Ребека Далек, тренер за кариера и лидерство за жени.

    rnЕве како да направите работниот ден да ви помине побрзоrn

    5. Побарајте други работи

    rnАко сте малку послободни и ви е досадно, можете креативно да го искористите времето.rn

    „Истражувајте ја конкуренцијата“, вели Џил Џакинто, експерт за работна кариера. „Тоа може да ви даде некои идеи што ќе ги искористите во вашата компанија, а е и многу поинтересно отколку постојаното прегледување на вашиот имејл.“

    rn

    6. Работете со луѓе кои ви се допаѓаат

    rnРазмислете околу ова. Ако во ваша близина имате колега кој постојано се жали за сѐ, почнувајќи од најмалите неважни работи, па сѐ до новиот менаџер, вие едвај ќе чекате да помине денот, постојано гледајќи во часовникот и одбројувајќи го времето.rn

    „Ова е од клучно значење за целокупно задоволство на работното место, па и да направите вашиот ден да помине побрзо“, вели Далек.

    rn

    7. Фокусирајте се на вашите достигнувања, а не на долгата листа со обврски

    rnНе дозволувајте вашите тековни работни задачи да ви предизвикуваат стрес.rn

    „Колку повеќе се фокусирате на она што успешно сте го извршиле во текот на денот, толку побргу ќе напредувате, бидејќи ќе бидете помалку совладани од наредната работа која е на листата и наместо тоа ќе уживате во оствареното“, вели Крафорд.

    rn

    8. Слушајте инспиративна музика после секоја извршена задача

    rn

    „Дозволете си да ‘се изгубите’ во некоја песна, па веднаш штом таа ќе заврши, повторно вратете се на работа“, препорачува Девал. „Ова е уште една ментална пауза каде што намерата е да се фокусирате на тоа како песната прави да се чувствувате, тоа не е музика која ќе направи само да не ги слушате вашите колеги.“

    rnТаа препорачува да започнете со омилената музика додека пиете кафе, па како што доаѓа крајот на работниот ден, преминувајте на повесела, енергична музика.rnrnЕве како да направите работниот ден да ви помине побрзоrn

    9. Купете интересни канцелариски материјали и интересни додатоци за вашата работна маса кои ќе предизвикаат насмевка на вашето лице

    rnКрафорд сугерира да изберете фотографии од вашите пријатели и семејството, интересни папки или пенкала во боја.rn

    „Чувајте ги работите професионално, секако, но доколку имате интересни работи на вашето биро, тоа ќе предизвика да се насмевнете“, вели таа. „Доколку има потреба, можете да ги сокриете овие работи кога ќе дојде некој клиент.“

    rn

    10. Посетете презентација на вашите колеги од друг оддел

    rnЏакинто го препорачува ова, бидејќи гледајќи како дејствуваат другите оддели, вие ќе можете да го задржите фокусот на вашата компанија и да гледате на неа од поинаков аспект. Поголемиот фокус помага побрзо да ви помине работниот ден.rn

    Којзнае, можеби и ќе научите некој нов трик“, дополнува тој.

    rn

    11. Променете ја локацијата

    rnАко имате можност за флексибилно работно место, тогаш тоа е одлично.rn

    „Понекогаш новата локација ви дава нова перспектива“, вели Далек.

    rnВашиот работен простор не е толку удобен? Едноставно поместете го вашиот лаптоп на друга локација, барем во период од половина час.rn

    12. Наградете се на крајот од работната недела

    rnВеќе знаете колку е важно да ги исполните работните цели и обврски.rn

    „Секоја недела поставете си пет цели кои сакате да ги достигнете и распоредете си го времето да работите на нив секој ден“, предлoжува Девал. „Ако ги исполните целите и го пополните вашиот ден со продуктивност, наградете се! Ова може да ви ја зголеми довербата и да направи да се чувствувате исполнето кога ќе си одите во петок.“

    rnЕве како да направите работниот ден да ви помине побрзоrnrnЗапаметете ги овие работи и вметнете ги во вашиот дневен распоред оние кои најмногу ви одговараат, па ќе бидете изненадени колку брзо ќе помине вашиот работен ден.

  • 29 начини да се релаксирате по напорниот ден на работа

    29 начини да се релаксирате по напорниот ден на работа

    Колку често ви се случува да се вратите дома по напорниот работен ден и да се чувствувате сосема исцрпено и под стрес? Секогаш постои начин да се релаксирате и да се наполните со позитивна енергија. Во продолжение следуваат неколку совети за брзо враќање на насмевката на вашето лице:rnrn1. Пуштете си едно видео на Јутјуб од неповторливиот Боб Рос и неговата емисија „The Joy of Painting“. Покрај тоа што ќе научите да сликате неверојатни пејзажи, неговиот смирен глас и едноставни потези ќе ве релаксираат и ќе ве пренесат во еден друг, креативен свет.rnrn(1) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn2. Мирисајте лимон. Некои истражувања посочуваат дека со инхалација на мириси од лимони или портокали може да се намали стресот, депресијата, заморот, нервозата и анксиозноста.rnrn3. Обидете се со онлајн шопинг. Секогаш може да се најде некое интересно парче облека, чанта, моден додаток, книга…rnrn4. Доколку домашните обврски ви предизвикуваат стрес, доколку сте во можност побарајте помош од професионален сервис или повикајте ги најблиските пријатели кои би можеле да ви помогнат при чистењето и пеглањето. Во добро друштво, нема ни да забележите кога сте ги завршиле обврските.rnrn5. Сепак, доколку треба сами да ја завршите работата, направете го тоа полека и без никаков притисок. Некои истражувања докажуваат дека миењето садови ги намалува стресот и анксиозноста. Поради тоа, застанете смирено покрај мијалникот и ослободете ги мислите.rnrn6. Опуштете се во када полна со топла вода и пријатна миризба. За дополнителна релаксација дозволете си и една чаша вино.rnrn(2) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn7. Обидете се со длабоко дишење, јога или медитација.rnrn8. Вежбајте. Под вежбање може да подразбирате и неколку склекови за време на рекламите додека ја гледате омилената ТВ серија. На тој начин ќе согорите неколку калории, а и ќе се ослободите од стресот.rnrn9. Најдете онлајн водич за медитација, за конкретната состојба во која што се наоѓате.rnrn10. Читајте хороскоп. Дури и да не верувате во астрологијата, читањето хороскоп може да биде едноставна забава која ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од негативните работи.rnrn11. Обидете се со јога која ќе ви помогне да ги стопите анксиозноста и стресот.rnrn(6) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn12. Почнете да читате нова книга.rnrn13. Планирајте некое патување. Без оглед дали тоа патување може да го реализирате дури за неколку месеци, сепак е забавно да пребарувате опции и да гледате неверојатни фотографии од местото коешто сакате да го посетите.rnrn14. Масирајте си ги стапалата.rnrn15. Или гледајте видеа во кои експерти даваат совети како да се релаксирате преку масажа. На тој начин ќе научите нешто ново, а и самото видео може да ве опушти.rnrn16. Јадете авокадо. Авокадото изобилува со витамин Б, што помага во намалувањето на стресот.rnrn(3) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn17. Кога сме веќе кај храната, најдобро може да ве релаксира една голема чинија со шпагети или макарони.rnrn18. Ах, да. Не заборавајте да ги прелиете со омилениот сос.(Не се грижете за калориите, сепак сте имале тежок ден).rnrn19. Излезете на 30-минутна прошетка. Ќе се изненадите колку смирени и со чисти мисли ќе се вратите дома.rnrn20. Гледајте ја омилената серија со својот партнер. Доколку сте сами, поканете ги најдобриот пријател/ка и заедно уживајте во вечерата пред екраните.rnrn21. Оставете ги сите обврски настрана и гледајте прекрасни фотографии од најубавите острови на светот. Тие ќе ве префрлат во една друга димензија и веднаш ќе почувствувате позитивни вибрации. Можеби и ќе добиете идеја за вашата следна дестинација.rnrn(4) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn22. Не грижете се дека премногу се грижите. Според некои истражувања, тоа е знак дека сте многу интелигентни.rnrn23. Напијте се малку вода со лимон пред легнувате в кревет и наутро, веднаш по станувањето од спиење.rnrn24. Обидете се да се смирите со боенки за возрасни. Има голем избор, а можете да ги најдете и онлајн.rnrn25. Лакирајте си ги ноктите.rnrn26. Купете си свежо цвеќе и ставете го во вазна. Така ќе го освежите домот и ќе го наполните со прекрасни мириси и бои.rnrn(5) 29 начини да се релаксирате по напорниот денrnrn27. Пуштете смешни видеа, особено релаксираат оние во кои главните улоги ги имаат животните.rnrn28. Обидете се со градинарство. Не мора да имате вистинска градина. Доволна е и една саксија во која ќе ги насадите омилените зачини, цвеќиња или можеби некое необично тропско овошје.rnrn29. Доколку не помогне ниту една од претходните идеи, не заборавајте дека секогаш постои сладоледот, слаткиот десерт во комбинација со чаша вино.