КАФЕ ПАУЗА

Tag: апликација

  • Секој може да учествува: Ѕирнете низ туѓ прозорец на кое било место во светот

    Секој може да учествува: Ѕирнете низ туѓ прозорец на кое било место во светот

    Ако секогаш сте уморни од истиот поглед низ вашиот прозорец, оваа веб-страница ви нуди преглед низ туѓ прозорец! Проектот наречен Windowswap („Замена на прозорецот“) беше создаден во карантин со идеја да им помогне на луѓето кои се постојано „заробени“ во куќата поради пандемијата.rnrnСекој може да учествува: Ѕирнете низ туѓ прозорец на кое било место во светотrnrnКреаторите на апликацијата дошле на идеја затоа што често разменувале слики со пријателите за време на карантин. Секој може да учествува, само треба да испратите кратко видео направено од вашиот балкон или прозорец до страницата. Нема дискриминација – она ​​што на некои им изгледа досадно, за други може да изгледа како рај. Веб-страницата е исто така еден вид посветеност на 2020 година, што ни донесе големи промени. Можете да ги видите туѓите ставови и перспективи во целост на оваа страница!rnrnMoжеби ќе сакате да ги пробате и овие апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.

  • Нова апликација со која ќе можете да проверите дали вашето милениче е гладно или вознемирено

    Нова апликација со која ќе можете да проверите дали вашето милениче е гладно или вознемирено

    Хавиер Санчез од Амазон разви интересна апликација MeowTalk, понудена бесплатно на Google Play и App Store. Апликацијата во реално време го „преведува“ мјаукањето на вашето крзнено милениче, за да знаете што сака да каже!rnrnНова апликација со која ќе можете да проверите дали вашето милениче е гладно или вознемиреноrnrnСопствениците му помагаат на проектот со создавање бази на податоци врз основа на кои вештачката интелигенција учи нови „изрази“. Со снимање на мајукања, тие ја развиваат самата програма. Во моментов, MeowTalk нуди тринаесет фрази, вклучително и „Нахрани ме“, „Лут сум“, „Остави ме“rnrnКреаторот на апликацијата објаснува дека мачките, за разлика од луѓето, немаат заеднички јазик, но секоја „комуницира“ на уникатен начин. Од таа причина, нема универзална база на податоци, но тие се разликуваат од сопственик до сопственик.rnrnMeowTalk штотуку оживеа, а крајната цел е да се развие одлична апликација која би го превела јазикот на мачката во реално време.rnrnПрочитајте и за оваа апликација која ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул.

  • Апликација што може да ви украде пари

    Апликација што може да ви украде пари

    Штотуку е откриено дека постои вирус што буквално не може да се избрише од телефонот бидејќи повторно се инсталира. Ова е уште една закана за оние што користат андроид телефони.rnrnАпликација што може да ви украде париrnrnАпликација наречена ai.type, која е инсталирана во повеќе од 40 милиони телефони, купува врвна дигитална содржина без знаење на корисникот. Покрај трошењето пари од сопствениците на овие телефони, апликацијата во позадина објавува и реклами и генерира лажни кликнувања.rnrnБезбедносната компанија „Апстрим“ (Upstream) открива дека апликацијата создала големи проблеми во 13 земји, а моментално најпогодени се Египет и Бразил. Оваа безбедносна платформа досега блокирала 14 милиони сомнителни трансакции што се обидувала да ги изврши апликацијата ai.type.rnrnОвие лажни купувања би ги чинеле сопствениците на андроид телефони над 18 милиони долари потрошени за неовластени купувања.rnrnАпликацијата под името ai.type LTD е развиена од страна на компанија од Израел и се рекламира како бесплатна тастатура за емотикони.rnrnИ покрај тоа што е отстранета од Google App Store, таа е сè уште инсталирана во милиони андроид уреди.rnrnИмате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!

  • Приказна за добра ноќ што ги заспива возрасните за само неколку минути

    Приказна за добра ноќ што ги заспива возрасните за само неколку минути

    Не можете да заспиете навечер? Не сте единствени! Многу луѓе имаат проблеми со спиењето, а сите знаеме дека квалитетниот сон е неопходен за нормалното извршување на секојдневните обврски. За среќа, постои една аудио приказна што веднаш ќе ве испрати во светот на соништата.rnrnПриказна за добра ноќ што ги заспива возрасните за само неколку минутиrnrnСтанува збор за приказна раскажана од страна на актерот Стивен Фрај, кој инаку му е најдобар пријател на Хју Лори, попознат како доктор Хаус. Приказната трае 24 минути и е создадена благодарение на апликацијата за медитација Calm.rnrnПриказната за добра ноќ се вика „Сино злато“ (Blue Gold) и ќе ги одведе возрасните на мрзлива прошетка низ полињата од лаванда во Прованса. Додека да трепнете, ќе се почувствувате поспани и ќе потонете во длабок сон.rn

    „Ве предизвикуваме да останете будни овие 24 минути додека трае приспивното ремек-дело од Стивен Фрај“, напишала компанијата на веб-сајтот.

    rnЌе го прифатите предизвикот? Можете да ја слушнете приказната тука или пак да ја симнете апликацијата. Убав сон!rnrnДоколку имате проблеми со спиењето, прочитајте ја и оваа античка техника за подобар сон.

  • Еден татко создал апликација со која вашето дете не може да ви го игнорира повикот

    Еден татко создал апликација со која вашето дете не може да ви го игнорира повикот

    Ник Херберт мислел дека го решил проблемот со комуникацијата со неговиот син кога му купил мобилен телефон. Но наскоро открил дека тој бил премногу млад.rnrnHands of three messaging teenagersrn

    „Она што мислев дека е решение, се претвори во друг проблем. Бидејќи телефонот е „паметен“, тој можеше да игра игри и да гледа видеа на него. Па тој си го чуваше телефонот на нечујно и кога се обидував да му се јавам, не ми одговараше. Некогаш бидејќи не го слушал телефонот, а некогаш сигурно и затоа што му било срам да разговара со татко му пред пријателите.“

    rn

    Ова го натерало Ник да смисли нешто неверојатно

    rnНик направил апликација наречена ReplyASAP, која му покажува дали син му ја добил пораката но и го тера да му одговори пред да продолжи со играта или игнорирањето. Апликацијата функционира така што кога ќе пратите порака со неа, дури и ако телефонот на примачот е на нечујно тој сепак ќе заѕвони бидејќи повикот е итен. Телефонот ќе продолжи да ѕвони додека не притиснете „snooze for 3 minutes“ или „cancel“. Ако примачот одбере која било од опциите, јавувачот ќе добие нотификација. Тогаш пораката му кажува на испраќачот (или јавувачот) дали повикот е добиен или пораката прочитана.rn

    „Разговарав со Бен и му кажав за идејата, и му се допадна. Тој ќе знае дека кога ќе добие порака од апликацијата станува збор за нешто важно и треба да ми се јави. Исто така, и тој ќе може да ми испраќа вакви пораки, па имаме разбирање дека апликацијата ќе се користи само за важни работи.“

    rnИако апликацијата била наменета за неговиот син, Ник вели дека е одлична и за возрасни кои не се родители.rn

    „Кога разговарав со пријателите за апликацијата, тие најдоа и друга употреба за неа, бидејќи мнозинството од нив го чуваат телефонот на нечујно. Апликацијата можете да ја користете да го пронајдете телефонот, или пак кога итно морате да добиете некој колега од работа.“

    rnАпликацијата е достапна за Андроид и можете да ја најдете тука.rnrnПогледнете ги и овие апликации кои се одлични за сите новопечени родители.

  • Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Повеќе од една година, нуклеарната физичарка Елина Бергланд се борела со властите и злобните наслови во весниците. Сега, нејзината апликација ќе биде првата во светот што ќе биде прифатена како контрацепционо средство.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrn

    „Многу е возбудливо тоа што сега постои одобрена алтернатива за конвенционалната заштита против несакана бременост, како и тоа што е возможно да се заменат лековите со технологија“, изјавила задоволната Елина Бергланд која заедно со нејзиниот сопруг ја развиле идејата по име „Природни циклуси“ (Natural Cycles).

    rnОдобрувањето било дадено од страна на германската инспекција и сертифицираната организација Tüv Süd кои ја сместиле апликацијата во медицинската категорија IIб. Тоа значи дека Природни циклуси официјално нуди нова, клинички тестирана алтернатива за вообичаените контрацептивни средства како што се контрацепционите пилули, инплантите и кондомите.rnrn2015-та била тешка година за брачниот пар. Потешкотиите го достигнале врвот на 25 ноември кога овластените лица од Шведската агенција за медицински производи стапиле во контакт со нив. Тие барале работата на апликацијата да биде прекината за 10 дена, додека агенцијата продолжи со истрагите на оваа тема. Корисниците на апликацијата биле информирани 2 дена пред Божиќ.rn

    „Во тој момент беше тешко. Многу тешко. И покрај сѐ, апликацијата беше создадена со цел да овозможи заштита од несакана бременост“, изјавила Бергланд во едно интервју.

    rnОсвен тоа, информацијата дека Агенцијата за медицински производи ја истражува Природни циклуси излегла во јавност и по нивниот огромен приход од 280.000 долари во октомври 2015 година, тие доживеале драматичен пад.rn

    „До декември нашата заработка изнесуваше 120.000 долари“, открила Бергланд.

    rnБурата продолжила и понатаму. Се појавиле застрашувачки наслови во весниците дека Природни циклуси се обидуваат да ги прелажат младите жени кои не внимаваат на заштитата од несакана бременост, а строгото надгледување од страна на Агенцијата за медицински производи сѐ уште не завршило.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацепциона апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrnrnПо повеќе од една година подоцна, Елина Бергланд и нејзиниот сопруг конечно ја добиле нивната долго очекувана победа. Предвидената двојна заработка за 2016 година паднала во вода поради тоа што изгубиле време на чекање одобрување, но сега е време повторно да се стремат кон нови успеси.rnrnПлановите за проширување на пазарот во САД ќе мора да почекаат додека не добијат одобрување од Американската регулаторна агенција. Но, затоа оваа апликација без проблем ќе се прошири во Велика Британија која веќе претставува еден од најголемите пазари за компанијата.rnrnПа, како функционира оваа апликација? Природни циклуси ја пресметува дневната плодност со помош на алгоритам. За да ја користат апликацијата, жените треба да ја мерат температурата под нивните јазици секое утро и да ги внесат резултатите во апликацијата. Потоа, алгоритамот, кој е создаден специјално за оваа апликација, одредува дали сте плодни тој ден за да знаете дали ќе ризикувате да забремените доколку имате незаштитен сексуален однос.rnrnПриродни циклуси има повеќе од 150.000 корисници во 161 земја, а клиничките истражувања докажале дека користењето на апликацијата е исто толку ефикасно колку и пиењето контрацептивни пилули.rnrnВо продолжение прочитајте кои се најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото.

  • Престанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!

    Престанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!

    Сите ние понекогаш се претвораме во хипохондрици. Признајте дека ви се случило во 3 часот наутро да пребарувате симптоми на Гугл за да откриете какво значење има необјаснивиот осип што ненадејно ви се појавил! Сепак, иако сите сме го направиле ова, не смее да се занемари фактот дека Интернетот претставува црна дупка од погрешни информации кои воопшто не се медицински потковани. Тоа значи дека „болеста“ што сами сте си ја дијагностицирале е далеку од реалноста и само непотребно ќе ве испаничи и исплаши.rnrnПрестанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!rnrnДоколку секогаш го одбегнувате лекарскиот преглед за симптомите што ве загрижуваат и претпочитате сами да си поставувате дијагноза, сигурни сме дека многу ќе ви се допадне најновата апликација за здравје. Станува збор за апликацијата Buoy создадена од страна на доктори од медицинскиот факултет на Харвард. Со помош на вештачка интелигенција, апликацијата поставува дваесетина прашања за да ви помогне самите да ја дијагностицирате вашата болест за помалку од неколку минути.rnrnСѐ што треба да направите е бесплатно да ја симнете апликацијата и да отворите акаунт со вашата имејл адреса. Веднаш потоа ќе можете да почнете со размена на пораки поврзани со вашите симптоми. На пример, медицинскиот робот по име AI ќе ве праша: „Кој симптом најмногу ви пречи?“. Ако одговорите со „Кашлањето“, ќе следува прашањето „Дали чувствувате шлајм во вашето грло?“ и така натаму. Прашањата ќе стануваат сѐ подетални како што ќе ги опишувате вашите симптоми.rnrnНа крајот, апликацијата која користи податоци извлечени од медицинска литература и вистински доктори, ќе ја постави вашата дијагноза. Вреди да се спомене дека апликацијата ја давала истата дијагноза што ја поставувале и вистинските доктори во 90% од случаите.rnrnСекако дека ова не е замена за вистински доктор, но дефинитивно подобро е да ја користите оваа апликација отколку да пребарувате по Гугл. Доколку сакате да ја испробате и симнете апликацијата, кликнете тука.rnrnПогледнете ги и овие 7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат.

  • Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Станува збор за проблем кој се случува насекаде. На работното место, во баровите, во училниците… Прекинувањата од страна на мажите се толку чести, што жените дури и не ги забележуваат. Но, сега постои една нова алатка која може да смени сѐ! Станува збор за апликацијата Woman Interrupted која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на секојдневните разговори.rnrnНајнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговоритеrnrnАпликацијата стана достапна за симнување на iOS и Android уредите, вечерта на 8-ми март кога жените низ целиот свет протестираа за да се чуе нивниот глас. Главната цел на апликацијата е да го потенцира фактот дека честопати жените мораат да се борат за да го искажат нивното мислење во секојдневниот живот.rnrnАпликацијата е креација на маркетинг агенцијата BETC која се надева дека ќе ја разбуди свеста за машките прекинувања на жените и притоа ќе ја промовира идејата за полова еднаквост.rn

    „На прв поглед, ова делува како мал проблем, но тој е голем показател на половата нееднаквост на работните места и во општеството. Апликацијата ќе покаже дека прекинувањето е вистинско и алармантно“, изјавила Гал Барадас, основач на BETC.

    rnПа, како функционира ова најново откритие? Апликацијата го користи микрофонот од телефонот за да ги слуша секојдневните разговори и притоа ги анализира гласовите за да одреди колку пати мажите ги прекинале жените. Вистина е дека овој принцип на работа малку ја загризува приватноста на паметните уреди, така што нормално е ако не сакате да ѝ овозможите на апликацијата да ве набљудува преку микрофонот на телефонот. Меѓутоа, BETC потенцира дека апликацијата нема да ги задржи добиените информации по извршената анализа.rn

    „Ниту еден разговор нема да биде снимен и зачуван, сите информации автоматски преминуваат од глас во податоци“, гарантира апликацијата.

    rnЗа да можете да ја користите, симнете ја апликацијата на вашиот мобилен телефон и пријавете се преку Фејсбук, Твитер или имејл. Апликацијата ќе побара информации поврзани со вашиот пол, земја на потекло и име. Потоа ќе треба да поминете низ тест за препознавање на гласот за да може микрофонот да ги распознава машките од женските гласовни фреквенции. BETC изјавил дека сите податоци што ќе бидат собрани од корисниците на апликацијата ќе бидат објавени онлајн со цел да се информираат луѓето за оваа негативна појава.rnrnМора да се признае дека припадниците на двата пола ги прекинуваат жените, но оваа апликација брои колку пати жените биле прекинати и колку пати биле прекинати од страна на мажи. Луѓето што ќе ја користат оваа апликација може да дојдат до шокантни откритија кои несомнено ќе ги поттикнат на размислување.rnrnПогледнете го следново видео за да дознаете повеќе за апликацијата Woman Interrupted…rnrn

  • Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

    Заштитете се: Кои лозинки во 2016-та година биле најлесни за пробивање?

    Што се однесува до технологијата, претходната година се забележани многу хакирања, како на приватни профили, така и на големи компании и државни администрации. Сепак, иако не можете лесно да ги запрете врвните хакери, потребно е да направите сѐ што е во ваша моќ за да им ја отежните работата.rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnКомпанијата „Keepr“ која е специјализирана за сајбер-заштита, објавила студија која покажува кои се највообичаените лозинки на корисниците и кои најлесно може да бидат пробиени, без помош од некои напредни програми. Нивниот тим анализирал над 10 милиони лозинки од различни профили на социјалните мрежи, веб-сајтовите и електронските пошти, така што со сигурност може да се заклучи дека нивните резултати се веродостојни. Имено, вообичаената лозинка „123456“ е виновна за дури 17% од сите пробиени приватни профили ширум светот.rn

    Која апликација е моментално најсигурна за заштита?

    rnСпоред најновите истражувања, апликацијата која може да ви овозможи максимална заштита за време на комуникацијата преку вашиот мобилен телефон е Biocoded, бидејќи експертите од оваа компанија успеале да направат најголема можна заштита за вашите податоци. Таа поседува двоен заштитен протокол кој ви овозможува целосна безбедност,  а исто така е проверена и одобрена од страна на независни безбедносни агенции. Додека ја користите оваа апликација, вашите пораки и повици се енкриптирани, а најинтересната опција што ја овозможува е криптираната „групна комуникација“ и временски ограничените пораки кои сами се уништуваат. Сите податоци кои ги праќате или ги разменувате во рамките на оваа апликација, целосно се заштитени и никој не може да им пристапи, дури и доколку ви го украдат телефонот.rnrnЕдвард Сноуден ја препорачува Signal како апликација која нуди најголем степен на сигурност на податоците. Меѓутоа, со појавата на апликацијата Biocoded, таа добила реална конкуренција, а можеби и ја изгубила водечката позиција, затоа што Biocoded нуди подобра заштита, што потврдува и фактот дека безбедносните сили на некои земји ја користат за интерна комуникација. На тој начин секој корисник на апликацијата има најголема можна заштита на податоците на својот телефон и во комуникацијата преку Интернет. Signal е достапна за сите мобилни уреди (Android, iOS, Windows).rnrnЗаштитете се: Овие лозинки се најмногу хакирани во 2016-та годинаrnrnОва се 25-те највообичаени лозинки кои најлесно може да бидат пробиени. Проверете дали и вашата се наоѓа меѓу нив и ако е на оваа листа, веднаш сменете ја за да се заштитите.rnrn1. 123456rnrn2. 123456789rnrn3. qwertyrnrn4. 12345678rnrn5. 111111rnrn6. 1234567890rnrn7. 1234567rnrn8. passwordrnrn9. 123123rnrn10. 987654321rnrn11. qwertyuioprnrn12. mynoobrnrn13. 123321rnrn14. 666666rnrn15. 18atcskd2wrnrn16. 7777777rnrn17. 1q2w3e4rrnrn18. 654321rnrn19. 555555rnrn20. 3rjs1la7qernrn21.googlernrn22. 1q2w3e4r5trnrn23. 123qwernrn24. zxcvbnmrnrn25. 1q2w3ernrnСакате да станете гуру за лозинки? Прочитајте како да имате максимална заштита на вашите профили!

  • Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

    Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебе

    Можеби еден од највозбудливите моменти од бременоста е кога за прв пат ќе го чуете срцебиењето на вашето бебе. Тоа е магично, необјасниво и… нешто што сега и самите можете да го доживеете со помош на вашиот смартфон. Бесплатно.rnrn(1) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебеrnrnBellabeat Shell е нова апликација која го следи и зачувува срцебиењето на вашето неродено бебе. Едноставно симнете ја, допрете го микрофонот на смартфонот до вашиот стомак и почнете со снимање. Откако ќе го зачувате документот на вашиот телефон, не само што можете да го преслушате, туку исто така имате можност и да го споделите со вашите пријатели и семејството. Технологијата е неверојатна, се согласувате?rnrn(2) Оваа апликација ви помага да го чуете и споделите срцебиењето на вашето неродено бебеrnrnПостои само една мала забелешка. Колку повеќе месеци се поминати, толку подобро таа работи, па затоа најдобро е да почекате до 7-от месец со цел да го доживеете искуството во целост. Па мајки, што мислите, би ја пробале оваа апликација која ќе биде достапна некаде околу средината на декември?