Од сите континенти, Антарктикот е дефинитивно најмистериозен, па поради тоа и најинтересен. Тоа е последниот откриен континент и единствениот кој никогаш немал своја човечка популација, односно луѓе што живеат таму. Антарктикот крие многу изненадување, а ние ви ги откриваме 12-те најинтересни кои сигурно не сте ги чуле досега.rnrn
rnrn1. Чиле и Аргентина имаат свои мали градови на Антарктикот – Вила Лас Естрелјас и База Есперанса.rnrn2. Многу земји имаа свој аеродром на Антарктикот, а за пистите користат лед и снег.rnrn3. За Нова година, традиционално се одржува концертот „Icestock“ во местото што е познато како Станица Мекмурдо.rnrn4. По реткиот концерт одржан во 2013 година на Антарктикот, Металика станал првиот бенд што свирел на сите седум континенти.rnrn
rnrn5. Истражувачкиот центар Мекмудро има своја куглана од 1961 година.rnrn6. Постои антарктички леден маратон, кој го обожаваат љубителите на трчањето и снегот.rnrn7. Постои и натпревар познат како Полар Планџ, во кој луѓето се бањаат во ледените води на Антарктикот.rnrn8. Можете да се пријавите и за набљудување китови, што се смета за еден од најинтересните активности на Антарктикот.rnrn
rnrn9. Научниците често нуркаат по водите на Антарктикот, со цел да истражуваат. Истата можност им е достапна и на туристите.rnrn10. На Антарктикот поларната светлина позната како Аурора Аустралис е честа појава.rnrn11. Хорор филмот „Јужно од разумот“ (South of Sanity) е првиот кој во целост бил снимен на Антарктикот.rnrn12. Антарктикот е едно од најдобрите места за наоѓање метеорити, бидејќи сувата и ладна клима помага тие да бидат совршено зачувани.rnrn
Tag: Антарктик
-

12 факти за мистериозниот Антарктик што сигурно не сте ги знаеле
-

10 интересни теории на заговор за Антарктикот
Антарктикот е опкружен со мраз и теории на заговор, нешто што не е необично за најоддалеченото и најмалку разбраното место на Земјата. Овде е невозможно да живеете без соодветна опрема и местото станало совршен кандидат за теории на заговор. Од вонземјани и чудни пирамиди, па сè до тајни воени бази, погледнете некои од најинтересните теории на заговор што кружат за Антарктикот.rn
1. Некои древни цивилизации изградиле пирамиди на Антарктикот
rn
rnrnВо 2016-та година, целиот Интернет полуде кога на Антарктикот беа откриен пирамиди. Пирамидите се со височина од над 1.220 метри, односно 10 пати повисоки од Големата пирамида во Гиза. Ова беше навистина чудно, бидејќи досега не е пронајден никаков дока дека овде постоела некаква цивилизација. Покрај тоа, овие масивни зданија би барале многу ресурси и работна рака.rnrnСепак, ова не ги спречи љубителите на заговори да веруваат дека пирамидите се изградени од цивилизација која живеела на Антарктикот, пред 100.000 милиони години. Наводно, овој период Антарктикот бил екваторот, па условите за живеење биле подобри.rnrnНаучниците сметаат дека пирамидите се дело на природата. Градбите сигурно не се дело на древна цивилизацијата бидејќи пред 100 милиони години, Антарктикот бил Јужниот Пол. Исто така, првите човечки видови се појавиле пред околу 2 милиони години.rn2. Нацистите имаат тајна база на Антарктикот
rn
rnrnОваа теорија се прославила откако некои луѓе откриле дека нацистите организирале експедиција до Антарктикот во 1938-ма година. Наводно, додека биле таму, тие откриле неколку подземни пештери и реки, а најголемата пештера ја претвориле во таен град каде што живееле со Илуминатите. Некои луѓе тврдат дека Хитлер избегал во оваа тајна база, откако ја изгубил војната. Верниците исто така тврдат дека нацистите некако нашле вонзејманска технологија што ја искористиле за нивни оружја.rnrnВо реалноста, нацистите немаат тајна база на Антарктикот. Не постојат докази дека правеле оружје со вонзејманска технологија, ниту пак дека го тестирале. Тие испратиле само еден брод во регионот во 1938-ма година за да најдат нови ловишта за китови. Експедицијата била напуштена по крајот на Втората светска војна.rn3. Атлантида се наоѓа под Антарктикот
rn
rnrnНекои луѓе тврдат дека познатата Атлантида се наоѓа токму овде. Оваа идеја се појавила во 1950-тите, откако историчарот професор Чарлс Хапгуд предложил дека Антарктикот е дом на некоја неоткриена древна цивилизација. Верувањето на Чарлс е засновано на теоријата дека Антарктикот не бил под мраз пред 11.600 години. Некои луѓе го прифатиле ова како вистина, и додале дека најверојатно станува збор за изгубената Атлантида.rn4. Правоаголните ледени брегови биле изградени од вонземјани
rn
rnrnНаучниците го открија постоењето на чудни, речиси совршени правоаголни ледени брегови на Антарктикот. Најчесто тие се огромни и понекогаш видливи од вселената. Овие ледени брегови повеќе изгледаат како да се направени од човек наместо од природата, но сепак, тие се природни и настануваат кога дел од ледениот брег ќе се открши.rnrnСпоред некои луѓе, овие ледени брегови се направени или од луѓе, или од вонземјани. Некои веруваат дека станува збор и за владини установи. Наводно, овие форми се многу ретки во природата, но научниците истакнале дека не сите рабови на ледените брегови се совршени.rn5. На Антарктикот се срушил НЛО
rn
rnrnПостојат луѓе кои се познати како „ловци на вонземјани“ и тие тврдат дека нашле докази за срушен НЛО на Антарктикот. Тие дошле до овој заклучок откако анализирале сомнителна трага што ја нашле на Google Earth. Трагата започнува од место кое наликува на срушен планински врв, па наводно, леталото удрило во врвот пред да се сруши. Геолозите не се согласуваат и тврдат дека трагата е од лавина.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

7 неверојатни факти за животот на Антарктикот
Антарктикот често е нарекуван и Бел Марс поради суровите услови за живеење. Во 2015-та година овде беше изградена француско-италијанската поларна станица Конкордија. Европската вселенска агенција овде спроведува истражувања. Истовремено, овде живеат речиси 60 луѓе во изолација, на екстремно ниски температури и со недостаток од светлина и кислород. Секој од нив поминал најмалку 9 месеци обука за да работи тука. Станицата е составена од две цилиндрични згради. Првата е наречена „тивка“ и овде се наоѓаат лабораториите, просториите за дневен престој и болниците. Втората зграда е наречена „гласна“ и има теретана, складиште, трпезарија, кино и соба за снимање. Во продолжение прочитајте нешто повеќе за животот на Конкордија.rn
1. Просечната температура на Антарктикот е -50 степени Целзиусови, а најниската -78,8
rn
rnrnДури и во текот на летото, температурата никогаш не е повисока од -28 степени Целзиусови. Обичните бактерии не можат да преживеат овде, а кога луѓето излегуваат надвор облекуваат неколку слоеви облека. Целата облека тежи колку еден скафандер. Конкордија е лоцирана на 3.000 метри надморска височина, па воздухот овде е редок и има ниско ниво на кислород. Исто така овде е толку чисто, што не мириса на ништо. Луѓето што живеат овде имаат кажувано за шокот од мириси што го доживуваат кога ќе се вратат внатре во станицата.rn2. Луѓето живеат во целосна темница 4 месеци годишно
rn
rnrnНа Антарктикот нема ноќи и денови на коишто сме навикнати. Во текот на зимата сонцето не изгрева и луѓето минуваат 4 месеци во целосна темница. Во текот на летото сонцето не заоѓа, и на луѓето им е навистина тешко да се прилагодат. Првите сончеви зраци по темницата се вистински празник за тамошните жители. Сите излегуваат надвор и го гледаат првото изгрејсонце после 4 месеци.rn3. Најблискиот супермаркет се наоѓа на 4.000 километри
rn
rnrnКонкордија е пооддалечена од цивилизација и од Интернационалната вселенска станица и воопшто не е лесно да се стигне овде. Потребните продукти се носат со караван од санки и за ова се потребни 10 до 12 дена. Ако се носи помал товар и храна, се користат мали авиони направени специјално за екстремни температури. И покрај тоа што немаат продавница, луѓето овде ја имаат потребната храна и редовно готват.rn4. Во текот на зимата станицата е целосно изолирана од светот
rn
rnrnНевозможно е да се напушти Конкордија во текот на зимата, па ако се случи нешто неочекувано луѓето се оставени сами на себе. Поради ова во станицата има добро опремена болница и огромен дел од градбата е полн со храна. Обично во станицата остануваат околу 15 луѓе во текот на зимата и речиси сите имаат по две специјалности. На пример водоводџијата може да помага во контролната соба, а готвачот можеби е и пожарникар.rn5. Истражувачите се обидуваат да откријат како оваа сурова средина им влијае на луѓето
rn
rnrnЧувството на целосна изолација често предизвикува стрес и други психолошки проблеми – од ментална отсутност до депресија. Овие појави редовно се истражуваат овде. Научниците веруваат дека знаењето што ќе го соберат од станицата ќе им помогне да ги подготват астронаутите за долгите вселенски летови. Сите членови на тимот имаат посебни дигитални дневници и носат посебни часовници со чија помош го запишуваат времето на работа и спиење и колку време поминале со другите луѓе. Откако ќе се соберат, податоците детално се анализираат за да се пронајдат промени во однесувањето. Покрај тоа на станицата се спроведуваат над 20 научни проекти од областа на астрономијата, метеорологијата, физиката и слично.rn6. Луѓето овде знаат и да се забавуваат
rn
rnrnРаботниците на станицата уживаат во времето за забава. Тие прават тури низ нивните лаборатории, играат кошарка на снегот и ги сакаат забавите со костими и танцување. Понекогаш користат видео повици за да одговараат на прашања на ученици и на студенти. На Божиќ му се јавуваат на претседателот на Италија преку Скајп. Бидејќи тимот има членови од Шведска, Франција, Италија, Англија и Русија, тие се обидуваат да ги научат нивните јазици.rn7. Уринирањето за време на туширање е забрането во Конкордија
rn
rnrnЦелата слатка вода во Конкордија се добива од снег. Бидејќи е потребно многу гориво за да се стопи, целиот тим мора да штеди. Откако ќе биде искористена за туширање, водата се чисти и се рециклира. Поради ова луѓето не можат да користат свои шампони и купки, туку добиваат 3 во 1 шампон којшто е компатибилен со системот за чистење. Исто така членовите не смеат да уринираат во туш кабините бидејќи системот не рециклира урина.rnrnСигурно ќе ве интересираат и овие факти за Интернационалната вселенска станица. -

Необичните растенија на Антарктикот кои имаат супермоќи
Хибернираат со векови, а потоа оживуваат. Сами си создаваат антифриз и заштита од сончевите зраци. Веќе никогаш нема да ја гледате мовта со исти очи.rnrn
rnrnАко ви било тешко да одржите во живот домашно растение, замислете како е да се обидувате да одгледате што било на Антарктикот. Во лето сонцето грее 24 часа, а во зима целосно исчезнува. Свежата вода е достапна само во текот на пролетта и летото, ако времето е доволно топло, но во поголемиот дел од годината, таа е замрзната. Температурата во текот на зимите е околу -45 степени Целзиусови, а овде не спаѓа студот од ветерот. Па, како овде воопшто преживуваат растенија?rnrnИ покрај сето ова, една група мов всушност расте на Антарктикот. Шерон Робинсон, екофизиолог од Австралија истражува 3 вида мов – Schistidium antarctici, Brym preudotriquetrum и Ceratodon purpureus, кои растат на источниот дел од континентот. Преку нивните мали ливчиња тие собираат хранливи материи и вода од извори како што е измет од пингвини.rn„Секогаш кога доаѓам овде се прашувам како овие мали, мали растенија преживуваат во овие услови. Ние луѓето имаме слоеви и слоеви од волна, крзно и секаква облека, а тие само си стојат така“, изјавила Робинсон.
rnТаа сака да ја открие причината за нивната отпорност и со тоа да разјасни како може да се преживее во сурова средина.rn
Мовта може да хибернира со векови
rnТие едноставно се сушат, а кога ќе се растопи мразот повторно растат. Во 2014 година, еден тим од Британија успеа да оживее мов која била „мртва“ веќе 1.500 години. Истражувачите собирале мов која била заробена во мраз. Потоа ја сечеле на делчиња и ја ставале во инкубатор со пролетна температура. Наскоро еден дел од мовта, стара 1.500 години, почнала да создава нови ливчиња.rnrn
rnСамата си создава антифриз
rnКога во клетката на растение или животно ќе се формира мраз, мразот ќе се прошири и ќе ја распрсне клетката. Ова, се разбира, ја убива клетката, а може да го усмрти и целиот организам. Мовта од Антарктикот си има свој антифриз, комбинација од шеќери и шеќерни алкохоли, во клетките. За време на есенските и зимските месеци, овие состојки стануваат поконцентрирани и го спречуваат формирањето мраз.rn
Создава и заштита од сонце
rnСекоја пролет, над Антарктикот се појавува озонска дупка. Оваа дупка ја изложува мовта на опасни ултравиолетови зраци, и тоа баш кога почнува процесот на фотосинтеза. Но, мовта создава антиоксиданси кои ѝ помагаат да ги неутрализира штетните ефекти.rnrn
rnСуштествата кои живеат во мовта се исто толку неверојатни
rnВо овие растенија постои цела заедница од микроорганизми, и тоа од едноклеточни алги до инсекти, кои се сушат за време на зимата. Иако некои од „жителите“ се идентификувани, сè уште има уште многу за истражување.rn
Мовта е како барометар за климатските промени
rnИсто како што меурите воздух заробени во поларниот мраз откриваат информации за атмосферата во минатото, така и јаглеродот во мовта ни ги покажува промените на нивото на јаглерод низ вековите.rn
„Мовта има хемиски потпис кој може да ни каже колку било суво или влажно во одредено време во минатото. На пример, денес мовта расте на посуви услови отколку пред 100 години“, изјавила Робинсон.
rn
rnЗаштита на растенијата
rnСо цел да ги заштити овие растенија, кои се едни од најстарите живи суштества на Земјата, Робинсон се обидува да ја мапира мовта на целиот континент.rn
„Проблемот со Антарктикот е тоа што мовта е расфрлана ширум голема површина со многу камења. Не сакаме да стапнуваме на нив бидејќи се многу стари, но вистински предизвик е да ја поминеме целата површина без да газиме преку нив.“
rnВо соработка со НАСА, тимот на Робинсон користи дронови кои летаат ниско и кои имаат спектрометри и термални камери. Целта е да се соберат доволно информации за да се направи стратегија безбедно да се изучуваат сите растенија.rn
„Антарктикот е резерват за мир и наука, па мораме да ја зачуваме таа биоразновидност и да делуваме на климатската промена. Ако го изведеме тоа правилно, можеби овие растенија ќе дочекаат уште многу родендени.“
-

Како изгледа да заглавите на Антарктикот?
Ако заглавите на Антарктикот со членовите на рускиот истражувачки брод Академик Шокалскиј многу е веројатно дека ќе изгледате среќно како тие на оваа слика.rnrn
rnrnИако останале забарикадирани во Антарктичкиот мраз, далеку од цивилизацијата, тие сепак имале можност да комуницираат со остатокот од светот преку социјалните мрежи. На бродот имало 74 патници, повеќето научници и студенти, но и по некој турист. Еден од нив, д-р Ендрју Пикок направил неколку фотографии со кои го пренесува амбиентот кој можете да го доживеете ако заглавите таму.rnrnИнаку, сите биле за брзо време спасени откако кинеската влада испратила брод-мразокршач во спасувачка мисија. За жал тој не можел да го скрши сиот мраз пред себе и да стигне до нив, но успеале да го сторат тоа со хеликоптер кој ги пренел на друг брод.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Аурора аустралис – јужни светлини
Автор: marfirnrnrnАурора аустралис или јужните светлини се смирувачки, динамични дисплеи од светлина кои се јавуваат на небото над Антарктикот во зима, како и во Нов Зеланд, Австралија и Јужна Америка. Тие се всушност како лајт-шоу на природата, визуелна поезија од атмосферските гасови. Оние коишто биле сведоци на ваква глетка, со сигурност можат да потврдат дека многу малку глетки може да се израмнат со магијата и мистеријата на овие бои кои се појавуваат на антарктичкото небо.rnrn
rnШто е Аурора аустралис?
rnАурора е заедничкото име на светлината од фотоните емитувана од атомите, молекулите и јоните кои се наелектризирани од разни партикули (најчесто електрони) кои патуваат низ магнетското поле на повисоката атмосфера на Земјата. Како резултат на интеракцијата меѓу соларниот ветер (соларна плазма) и магнетското поле на Земјата, се јавува Аурора.rnrnОвие судари произведуваат електрични празнења кои ги исполнуваат атомите со кислород и азот, кои ги даваат разните бои на светлината. Магнетските полиња на Земјата ги насочуваат овие празнења кон половите, а пак активноста на Сонцето и короналните дупки ги зајакнуваат празнењата на електроните од кои пак зависи интензитетот и траењето на дисплеите.rnrn
rnКолку трае?
rnАктивната фаза може да трае 15-40 минути и повторно да се појави два-три часа подоцна. Траењето и интензитетот зависи од локацијата на која се појавува оваа светлина на јужниот пол.rnrn
rnКакви се боите?
rnДисплеите може да се појават во многу бои, а бледо зелената и розовата се најдоминантни. Забележани се и сенки од црвена, жолта, зелена, сина и виолетова. Разните атоми на гасовите даваат различна боја. Атоми од наелектризиран кислород даваат црвена боја, јони од азотот даваат виолетова. А комбинацијата од овие гасови даваат белузлав изглед. Овие варијации зависат од висината, композицијата и густината на јоните на одредената висина.rnrn
rnКолку е оддалечена Аурора аустралис?
rnГенерално, лакот на аустралис е во пониските граници на околу 113 км во висина. Ако долната граница е со розова боја, тоа значи дека висината е пониска, околу 80 метри, а ако има црвеникава боја тоа значи дека аустралис е во висина од над 240 км.rnrn
rnВо какви форми може да се јави?
rnАустралис може да се јави во многу форми – столбови, снопчиња, ореоли од вибрирачки бои. Се простира од исток кон запад, а формата најчесто зависи од бројот на наелектризирани електрони во атмосферата и интеракцијата на електричните празнења и магнетните полиња. Ако ги има доволно, лакот на аустралис може неколку пати да ја промени формата и бојата.rnrn
rnrnПогледнете го прекрасното видео за појавата на Аурора бореалис во Северна Русија.















