Компанијата dm drogerie markt со својот слоган „Тука сум човек тука купувам“ покажува дека се фокусира на луѓето и на нивните потреби, a во последниот месец на европско ниво почна нова кампања која има за цел и дополнително да ги мотивира потрошувачите.rn
Менаџерскиот тим вели: „Оваа кампања е многу повеќе од само реклама. Сакаме да бидеме мотиватори и да дадеме импулс за промена со кој ќе го поттикнеме личниот развој на секој човек“.
rnПред сè, акцентот е ставен на фактот дека само оние кои се подготвени да се променат, можат да го искористат целиот свој потенцијал.rnrnНо, и на суштинската порака: ПРОМЕНАТА ЗАПОЧНУВА ВО МЕНЕ!rnrnВо филмовите најчесто сретнуваме луѓе кои прво се борат со себеси пред да бидат подготвени да го направат првиот чекор и да дозволат реална промена.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=y7nY7_S0r0ErnrnКаква улога имаат промените во животот на човекот? Каде почнува промената? Што нѐ спречува да го направиме првиот чекор?rn
„Само оние кои имаат храброст да тргнат по нови патишта можат да откријат нови перспективи. Само со оттргнување од познатото, можеме да откриеме нови можности кои често ги пропуштаме во секојдневниот живот. Покрај тоа, со напуштање на старите навики на размислување ја поттикнуваме креативноста и инспирираме нови идеи“ – велат од компанија dm за идејата зад новата кампања.
rnНо сепак, и покрај многуте причини за промена, таа најчесто и предизвикува страв. Влезот во непознатото и отфрлањето на старите навики значи и напуштање на комфор зоната.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=udO1bKz4QsQrnrnСамо оние кои ќе ги победат сопствените внатрешни стравови воедно создаваат простор за напредок, за нова и поинаква иднина во која ќе живеат така како што сакаат. Токму денес е најдоброто време за промена, бидејќи секоја промена почнува само со еден, прв чекор.rnrnЦелта на кампањата е да ги мотивира и охрабри сите луѓе кога е во прашање прифаќањето на промените.rnrnНовата кампања се спроведува во 12 земји во централна и источна Европа.rnrnПесната која е користена е „It´s a new day“ во изведба на Anouk.
