КАФЕ ПАУЗА

Третото издание на фестивалот на краток филм Winter Apricots во Прилеп

Третото издание на фестивалот на краток филм Winter Apricots во Прилеп

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots ќе почне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во киното „Мис Стон“ каде ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и негови дела од неколку филмски остварувања.rnrnТретото издание на фестивалот на краток филм Winter Apricots во ПрилепrnrnФестивалот кој што ќе трае до сабота носи и доста новитети во филмската програма која ќе биде кохезивна и ќе се состои исклучиво од кратки филмови. Прикажувањето на 10-те финалисти од официјалната селекција, што воедно е и јадрото на фестивалот ќе биде во петок и сабота навечер.rnrnТретото издание на фестивалот на краток филм Winter Apricots во ПрилепrnrnПридружната програма, која што ќе започне од четврток е составена од денс-филмовите од италијанскиот фестивал „Stories We Dance“ и две други натпреварувачки селекции. Првата селекција за свој фокус ќе ја има темата „Патишта“, додека втората ќе биде националната селекција од која што публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.rnrnВо сабота на пладне ќе се одржи работилница за филмска критика: „Интерактивно дружење со сите кои се чувствуваат потенцијални филмски рецензенти, преку теориски и практични примери до квалитетна филмска критика“ со Влатко Галевски.rnrnЗавршната церемонија на која што ќе бидат прогласени победниците е во сабота вечер, а посетителите ќе можат да уживаат и во концерт на бендот Калевала.rnrnСите активности ќе бидат со бесплатен влез за сите посетители и ќе се одржат во киното „Мис Стон“.