TOLTU Motors и HAVAL возилата го одбележаа Red Bull Half Court во Аеродром

Сподели

Спортска енергија, одлична атмосфера и врвен баскет го одбележаа овогодинешниот Red Bull Half Court турнир кој се одржа во Парк „Авионче“ во Општина Аеродром.

Реклама

Значаен дел од настанот беше и присуството на HAVAL возилата изложени од страна на TOLTU Motors – официјален увозник и застапник на GWM HAVAL за Република Северна Македонија, кои како официјален спонзор дадоа силна поддршка на овој престижен спортски настан.

Реклама

Во текот на целиот турнир, изложените HAVAL модели привлекоа големо внимание кај посетителите и љубителите на автомобилизмот.

Публиката имаше можност одблиску да се запознае со современиот дизајн, напредната технологија, високото ниво на комфор и практичноста што ги нудат возилата од брендот HAVAL, кои бележат сè поголем интерес на македонскиот пазар.

Преку своето учество на Red Bull Half Court, TOLTU Motors уште еднаш ја потврди својата посветеност кон поддршка на спортот, младите и урбаната култура, активно придонесувајќи за развојот на настани кои ја зближуваат заедницата и промовираат здрав и активен начин на живот.

Како официјален застапник на GWM HAVAL во Македонија, TOLTU Motors на домашниот пазар нуди современи SUV модели кои се издвојуваат по својата безбедност, сигурност, комфор и одличен однос помеѓу квалитет и цена. Благодарение на широката понуда на модели, брендот успешно одговара на потребите на семејните, деловните и авантуристичките корисници.

GWM (Great Wall Motor) е една од водечките автомобилски компании во светот, специјализирана за развој, производство и продажба на интелигентни возила и напредни автомобилски технологии. Во рамките на групацијата функционираат глобално препознатливите брендови HAVAL, WEY, ORA и POER.

Red Bull Half Court претставуваше одлична можност посетителите да уживаат во врвен баскет, музика и дружење, а истовремено да се запознаат со најновите HAVAL модели. Со своето впечатливо присуство, изложените возила дополнително ја збогатија атмосферата на настанот и оставија силен впечаток кај бројните посетители.

Најново

Може ќе ве интересира