КАФЕ ПАУЗА

Премиера на театарската претстава „Експеримент“ во МКЦ

Ни претставува особено задоволство да ја најавиме премиерата на театарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА – Скопје.rnrnpremiera-na-teatarskata-pretstava-eksperiment-vo-mkc-www.kafepauza.mkrnrnПо успехот на првата театарска претстава во продукција на здружението АРТОПИЈА, „Да го поздравиш и да ми го бациш“, новиот театарски продукт претендира да го задржи континуитетот на критика на негативните општествени појави и цели да го збогати диверзитетот во театарскиот израз на независната театарска сцена во Р. Македонија.rnrnГлавна инспирација за претставата е книгата „The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.rnrnГрупа на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат…rnrnРежисер на претставата е Јане Спасиќ, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.rnrnПремиерната изведба е закажана за петок (09.06.), 20.00 часот, во „Фросина“, во Младински културен центар, а по неа следуваат 2 репризни изданија, недела (18.06.) и понеделник (19.06.) со ист „тајминг“ и локација.rnrnБилетите можат да се набават на билетарницата на МКЦ, по цена од 300 денари.rn

Промо настан „Здраво Млади“

rnПремиерата на претставата е во склоп на овогодишното издание на фестивалот Здраво Млади (т.н. нулти ден на Здраво Млади 2017), па по премиерата следува одлично музичко освежување.rnrnНа 9-ти јуни, на платото пред МКЦ, по 22.00 часот следува музички сет на DJ Fitz, кој го паметиме по минатогодишниот настап на Cinedays, во тандем со холивудскиот актер Elijah Wood.rnrnDJ Fitz има за цел да докаже дека постои и друга култура, култура којашто верувала и сè уште верува во психоделична музика.rnrnОд 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот.rnrnАко постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!rnrnСе гледаме на претстава и журка!