Фондацијата „Борис Трајковски“ и Меѓународното училиште „Нова“ по 14. пат го распишаа конкурсот за стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“. Повикот е отворен до 22 февруари и може да се пријавуваат деветтоодделенци од цела Македонија кои се со одличен успех од петто до деветто одделение.rnrn
rnrnЌе бидат доделени три целосни стипендии, но учениците кои ќе влезат во вториот круг ќе може да аплицираат и за делумна финансиска помош со која ќе бидат покриени до 50 отсто од школарината.rnrnСите заинтересирани до 22 февруари треба да ја пополнат електронската апликација која може да се најде на веб-страницата на „Нова“.rnrnНа 23 февруари ќе бидат организирани тестирања по англиски јазик и математика, а учениците кои ќе влезат во вториот круг пред повеќечлена комисија ќе презентираат лидерски, тимски и креативни вештини. Финалните резултати ќе бидат објавени на 14 март.rnrn
rn
„Самиот факт дека го отвораме конкурсот по 14. пат е доволен показател дека бројот на заинтересирани секоја година се зголемува и задоволни сме од тоа како овој проект расте и се развива. Чест ни е што веќе традиционално соработуваме со фондацијата ‘Борис Трајковски’ и што голем број на млади, амбициозни луѓе аплицираат и сакаат да станат дел од нашата образовна институција“ – велат од меѓународното училиште „Нова“.
rnПрограмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија 10 генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.rnrn
