Остануваат уште само два дена до крајот на една од најнесекојдневните кулинарски манифестации која што ja воодушеви јавноста. Имено, „Деновите на шведска храна во Македонија“ под мотото Try Swedish кои што се одржуваат во ресторанот Дистрикт во Скопје Мериот хотел во организација на Амбасадата на Шведска.rnrn
rnrnЖелбата на Шведска да ја запознае македонската јавност со вкусовите на прекрасната шведска кујна и интересните шведски рецепти стана реалност во која што уживаат голем број на граѓани од 7-ми до 16-ти јуни.rnrn
rnrnСветски познатите шведски ќофтиња со лингонбери бобинки, харинга, мариниран лосос со сос од сенф и копер, иновативните вкусни десерти како свежи малини со крем од лимон, пуслици со екстракт од сладок корен се де од големото мени кое што се служи во Дистрикт. Менито е креирано од Питер Татар, главен шеф на Скопје Мериот и Дистрикт ресторан заедно со шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.rnrn
rnrnШведска во последните децении е на врвот на листата на светската гастрономска мапа благодарение на иновативноста и уникатните, маркантни вкусови кои овозможуваат вистинско уживање.rnrn
rnrnTry Swedish е вистински предизвик и за познатите македонски блогери кои што од самото отворање ги преплавија македонските социјални медиуми со прекрасни фотографии од шведските јадења. Погледнете ги блоговите на:rn
- rn011
- Garlicky Girl
- Monica Potter
- Daniel Cuklev
- Missy Onion
rn011
rn011
rn011
rn
rn
