Брзате на работа, на училиште, факултет или пак едноставно ви треба такси за да одите на кафе со пријателите? Со апликацијата МОЕТО ТАКСИ брзо и едноставно може да повикате НАШЕ ТАКСИ во секое време.rnrnСо новата апликација МОЕТО ТАКСИ, повикувањето такси е полесно од кога било. Брзо и едноставно од својот смарт телефон патникот повикува такси возило, го следи додека не пристигне до бараното место, а во исто време може и директно да комуницира со такси возачот.rnrn
rn
„На почетокот бев скептичен за новиов начин на повикување такси, сè додека не видов колку е едноставна апликацијата. Сега со помош на апликацијата сум во директна комуникација со патникот и секогаш доаѓам на точната локација“ – такси возач на Наше Такси.
rn
„Си повикувам такси преку апликацијата, го следам неговото приближување и знам кога да се симнам пред зграда за да се качам во такси. Ако на возачот му е тешко да ме најде, лесно се разбираме преку директната комуникација“ – Александар, патник на Наше Такси.
rnДонка Лазаревска од компанијата Наше Такси тврди дека со новата апликација значително се олеснила комуникацијата со патникот. Бенефитот е видлив при секој повик, не се губи време, нема забуни околу местото за качување на патникот, а во исто време може да се оствари директна комуникација патник со возач, нешто кое досега не било возможно.rnrnБидете и вие дел од патниците кои го уживате овој бенефит. Сè што треба да направите за да ја преземете апликацијата Моето Такси на вашиот андроид телефон, е да го скенирате овој QR код:rnrn
rnrnили да ја преземете од Google Play.rnrnДознајте повеќе за апликацијата: https://www.facebook.com/MoetoTaksi rnrnПријатно возење!