Брзиот начин на живот наметнува потреба од промена и приспособување кон новите навики на купувачите во Македонија, кои секојдневно сè повеќе пазарат онлајн, од удобноста на својот дом или секаде каде што имаат пристап до Интернет. Доколку и вие сте едни од оние на кои им е здодевно да губат време и енергија во талкање и чекање редици во туристичките агенции пред секое патување, тогаш имаме една одлична вест за Вас.rnrn
rnrnКонечно на онлајн пазарот во Македонија е достапен првиот веб-сервис за букинг на туристички понуди, кој со само неколку кликови ќе ви овозможи да си го пронајдете и резервирате одморот од соништата.rnrnАјде на одмор е бренд кој постои на онлајн пазарот веќе четврта летна сезона и е најпознат веб-сервис за туризам во РМ, кој рекламира многу туристички понуди на едно место. Поради потребата на корисниците да добијат информација за слободни соби за посакуваниот термин, отсега во резултатите од пребарувањето ќе се прикажуваат само оние аранжмани што се достапни за букирање, и тоа секој работен ден, викенд или празник, 24 часа дневно, преку ajdenaodmor.mk.rnrnКако и досега, корисниците и понатаму ќе можат детално да се информираат за секој аранжман кој е понуден на пазарот како и да ги споредат цените и условите кои ги нудат македонските агенции, но овој пат ќе можат и веднаш да платат и да го резервираат своето патување, за само неколку минути. Системот е брз, едноставен и целосно безбеден, изграден врз основа на најновите Microsoft технологии, а плаќањето ќе може да биде извршено со сите платежни картички, преку регионалниот процесинг центар за електронско плаќање преку Интернет „CaSys“.rnrnПонудите внесени во сервисот се поврзани со систем кој го користат македонските туристички агенции за ажурирање и онлајн продажба на нивните аранжмани, па токму затоа корисниците во реално време ќе добиваат точни информации за слободни места за посакуваниот термин.rnrnПрикажаните резултати се сместени во уредна табела, во која на лесен начин можат да се увидат разликите помеѓу секоја понуда. Наместо собирање брошури, флаери и следење реклами за разните аранжмани кои ги нудат агенциите, сега сите потребни информации се достапни со само неколку кликови: избор на дестинации, детали за сместувањето со опис, фотографии и цени, превоз, оброци и попусти, туристичка агенција – организатор на аранжманот…rnrnСо овој новитет на онлајн пазарот во Македонија, според светски терк, ќе исчезнат лутањата низ бројните туристички агенции, гужвите, нервозите и изгубеното време, потребно за класичниот начин на купување, а ќе се добијат истите услови и права како при уплата во туристичка агенција. Крајната цел е да им се помогне на корисниците при изборот на најдобрата понуда за нивното патување или одмор, без промена на цената и условите кои ги нуди организаторот на патувањето.rnrnВе покануваме да го посетите веб-сервисот и да го решите прашањето за вашиот оводишен летен одмор. Доколку сакате навремено да бидете информирани за сите аранжмани и да добивате корисни совети за патување, придружете ни се на бројната Фејсбук заедница од 100.000 фанови или на Твитер.
Конечно Македонците онлајн ќе купуваат туристички аранжмани
