„Да бидам искрена, првата работа која ме мотивираше да станам дел од компанијата е заработката. Но сега сум сигурна дека ова е мојата работа од соништата“, вели Катерина.
rn
rnrnКатерина Павлевска од Битола, дипломирала на Економскиот факултет, но својата вистинска амбиција ја пронашла откако станала дел од тимот на козметичката компанија AVON. Моментално е на позицијата Јуниор менаџер и ориентирана е кон успех и финансиска заработка која доаѓа како резултат на нејзините сериозни и секојдневни залагања. Вели дека да се биде AVON дама е привилегија и чест и во основата на работата се наоѓа задоволството, убавината и хуманоста.rn
„Да бидам искрена, првата работа која ме мотивираше да станам дел од компанијата е заработката која зависи од тоа колку ние ќе се вложиме во работата. Но кога подобро го запознавав АVON, бев сигурна дека тоа е мојата работа од соништата“ – објаснува 25-годишната Катерина.
rn
Признанија, подароци и нови пријатели
rnКомпанијата ја сака поради тоа што нуди квалитетни производи чија палета постојано се надградува и збогатува.rn
„Особено ми значи начинот на кој AVON ја искажува почитта и им оддава признание на своите претставници за она што го работат и за успесите кои ги постигнуваат. Компанијата е дел од моето секојдневие, дел од мојот живот и мој долгорочен план за во иднина“ – вели таа.
rnРаботата со АVON ѝ донела нови пријатели и познаници, присуството на годишните гала конференции, признанија, награди и подароци.rn
„AVON на исклучително позитивен начин влијаеше пред сѐ на мене како личност. Станав поотворена, покомуникативна и почнав повеќе да верувам во самата себеси и во моите деловни способности“ – посочува Катерина.
rnНејзиниот досегашен успех се должи на добрата мотивација и комуникација со луѓето, добрите продажни резултати и нејзините големи амбиции да чекори кон врвот.rnrn
rn
Станав успешна и среќна девојка
rnКатерина посочува дека секој ден се труди да биде подобра во работата и да се гордее со самата себе.rn
„Мојата постојана заложба е да ја споделувам мисијата да го направиме светот поубав и побезбеден за сите жени во светот, но и да поканам што повеќе нови претставници да се придружат на нашето големо АVON семејство“ – дополнува таа.
rnПавлевска се смета за успешна девојка и благодарна е на компанијата што ѝ овозможила да се надградува и да израсне во тој правец.rn
„АVON ме поттикна да станам сама свој шеф со флексибилно работно време и да менаџирам со тим кој самата си го формирам, да имам сопствена канцеларија, добра репутација и голема заработка“ – вели таа.
rnВо линија со мотото на AVON, „Убавина со цел“, Катерина истакнува дека за неа убавина е добро негувана жена која знае што сака од себеси и од животот и чекори цврсто по патот да ги оствари своите соништа.rn
„Комплетната жена е инспирација за останатите жени и ако таа се чувствува убаво, истовремено ќе гледа и шири убавина околу себе“ – завршува Павлевска.
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=nXgk9ZMIjgs
