Сега, повеќе од кога и да е, на децата им е потребно чувство на сигурност: ЈП Водовод и канализација – Скопје со поддршка на децата и младите од СОС Детско село

Сподели

Корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје овие денови заедно со мартовската сметка за вода ќе добијат и писмо со кое ги повикуваме по пат на доброволно донирање да ги поддржат децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години.

Реклама

За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација – Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика.rn

„Благодарни сме на оваа акција, која во овие тешки моменти за сите нас, ни дава надеж дека хуманоста и солидарноста опстојуваат, а луѓето и компаниите се покрај нас и продолжуваат да ни помагаат и да не поддржуваат. Она што останува непроменето е дека со помош на донаторите СОС Детско село ќе продолжи со реализација на планираните активности и во овој период, но со посебен фокус на здравјето на децата и младите, едукација во однос на коронавирусот и како да се заштитат од него, онлајн обуки и  обезбедување на можности за спроведување на тоа, како и материјална поддршка на семејствата во социјални ризици во храна и хигиенски средства“, вели Гапо.

rnСо оваа акција, ЈП Водовод и канализација – Скопје се придружи на СОС Суперхероите и ја поддржа нашата заложбата „Ниту едно дете не треба да расте само“.rn

„Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна“ – велат од ЈП Водовод и Канализација  – Скопје.

rnСамо заедно можеме да создадеме подобро општество за сите. Создадете и Вие капка среќа и капка љубов за децата и младите од СОС Детско село и донирајте онлајн на https://sos.org.mk/sos-superheroi/ или со следење на упатствата на задната страна од додатокот на мартовската сметка за вода. Останете дома и продолжете да се придржувате на препораките издадени од Министерството за здравство за доброто на сите.

Најново

Може ќе ве интересира