КАФЕ ПАУЗА

Храбро, разиграно, во боја: dm ја бои оваа есен во шарени бои!

rnrnСо доаѓање на есента не престанува шаренилото од бои, нијанси, слободата во нивното комбинирање и храброста во создавање на нов и смел изглед. Напротив, треба да продолжиме уште посмело во нови предизвици, самоуверено и храбро! Главниот фокус оваа есен во dm дрогериите се токму боите и поттикот да се задржи шаренилото со слоганот: Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја”. Акцентот е на шаренилото од бои, храброста во креирање нов изглед и фокусот на автентичноста која секој од нас ја носи во себе.rnrnКако дополнително изненадување за да може да ја истакнете вашата убавина, во период од 2.10 до 15.10.2023 односно до истек на залихите, со сметка над 999 мкд за шминки и додатоци за шминкање купени во dm дрогериите, на каса ќе добиете подарок: 3 во 1 четка за шминкање. rnrnВо оваа кампања ќе ве инспирираат: Фросина Ангеловска – @frozi_fran, Миа Арабаџиева – @mia.arabi, Сандра Кирков – @sandra_kirkov и Марија Илиев – @marysejolene. Смелата Фросина, впечатливата Миа, влијателната Сандра, самоуверената Марија, сите посебни и свои ќе ви покажат комбинации од најактуелните бои за оваа есен: viva magenta, silver, gold и red orange, со што dm ги става во фокус смелоста, самодовербата и уникатноста кои лежат во секој од нас.rnrnНајголем дел од трендовите и инспирациите ќе може да ги пронајдете на социјалните мрежи, каде ќе имате можност да се вклучите и вие и да ја покажете вашата креативност во месец октомври. Следете го инста профилот на dm за да ги дознаете сите активности.rnrnВe очекуваме да ни се придружите и на возбудливиот dm настан што ќе се случи кон крајот на месец октомври, каде ќе имате можност да ги запознаете Фросина, Миа, Сандра и Марија, да ги видите одблизу најактуелните makeup производи, да дегустирате од превкусните и органски dmBio производи, да се забавуваме заедно со DJ, да се фотографираме и дружиме. Ова ќе биде вистинска авантура каде заедно ќе ја истакнеме нашата креативна и смела страна и ќе го направиме светот разнобоен. Вистинско уживање за сите сетила, а за да ги дознаете сите останати детали, следете ги социјалните мрежи на dm!rnrnАјде да ја ослободиме убавината, да се инспирираме и да бидеме самоуверени во изразување на автентичноста. Шминката е украс на внатрешниот свет, да го изразиме низ боите на есента! Храбро, разиграно, во боја!rnrnОваа есен светот останува токму таков – шарен, со сите нијанси, како тој внатре, така и тој надвор.