Од компанијата ги повикуваат Фејсбук корисниците да ја поддржат страницата на Пекабеско и со секој нов лајк да донираат по 3 денари наменети за пакети на храна за социјално загрозени семејства.
rn
rnrnДенеска Пекабеско започна со нова Фејсбук акција насловена „Секој твој лајк помага“. За секој нов лајк на страницата на Пекабеско на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страницата на Пекабеско.rnrnСтратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини, како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.rnrnКако што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Твитер и Инстаграм заедницата, каде Пекабеско има активни профили и страни.rnrnДа помогнеме заедно со лајк на оваа страна: https://www.facebook.com/Pekabesko.rnrn
