„Еден на Еден“ се сели на „Канал 5“

Сподели

Нов термин и нова телевизија за „Еден на Еден“. Најгледаното ток-шоу од оваа недела се сели на „Канал 5“ телевизија. Емисијата ќе се емитува секоја недела во 18.50 часот.

Долгоочекуваната епизода со „Фамилијата Марковски“ и гостувањето на Силвија, Тамара, Владимир и Петар, ќе ја гледаме оваа недела, 29 октомври, во 18.50 часот.

Реклама

Oд екипата на „Еден на Еден“ велат дека покрај тоа што ќе пробаат да дознаат дали ќе има втора сезона на хит-серијата „Фамилијата Марковски“, ќе се обидат да одговорат и на неколку прашања кои ги мачат сите: Која е тајната на животот, зошто оваа емисија не одеше на претходната телевизија, кој ја цензурираше, дали има задгробен живот и многу други…

А, можеби и нема – додаваат тие.

Реклама

Гледајте ја сезона 9 на „Еден на Еден“ секоја недела од 18.50 часот на „Канал 5“.

https://www.youtube.com/watch?v=5XCXkp7V7Pk

Најново

Може ќе ве интересира