КАФЕ ПАУЗА

Битолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 години

Битолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 години

Наутро или навечер, како закуска или, пак, како додаток на омилените јадења, препознатливиот синоним за освежување, полн, автентичен вкус и полезност за организмот – Битолското кисело млеко веќе 66 години е дел од семејната трпеза на голем број генерации.rnrnБитолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 годиниrnrnПриказната за Битолското кисело млеко започнува уште во далечната 1952 година, кога врвните мајстори од повеќе трговски претпријатија го формираат млекарското претпријатие „Млекар“ – Битола. Уште од самите почетоци, Битолското кисело млеко зазема значајно место во портфолиото на производи на млекарницата, како производ со уникатна рецептура, подготвен со особено внимание и посветеност од неговите искусни креатори.rnrnБитолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 годиниБитолско кисело млеко – омилениот вкус веќе 66 годиниrnrnОттогаш, па до денес, производството на Битолското кисело млеко еволуираше во согласност со новите иновативни технологии за унапредување на неговиот квалитет, зголемувањето на капацитетите за производство и пакување. Но, она што останува константа низ годините се вниманието, грижата и посветеноста во неговата подготовка. Токму затоа, денес, Битолското кисело млеко е омилениот производ на многу генерации и неизоставен дел од семејната трпеза во кој било период од денот. Неговиот богат, препознатлив и сестран вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.rn

„Денес, Битолското кисело млеко е водечки бренд во својата категорија на македонскиот пазар, бидејќи нашите потрошувачи имаат доверба во нас, во нашето искуство и традиција во производството на производи со врвен квалитет. Токму затоа, креираме кампања преку која сакаме да ја раскажеме приказната за традицијата и квалитетот, за вистинското мајсторство и уникатноста, за посветеноста со која веќе 66 години се произведува Битолското кисело млеко. Кампања што ќе ги разбуди сеќавањата и емоциите на многу генерации, но ќе создаде и нови. Несомнено, успехот на Битолското кисело млеко, како и на сите други производи од портфолиото на Бимилк, се темели врз нашата постојана посветеност и фокусот кон нашите потрошувачи. Тоа е нашата стратегија за успешност по која ќе продолжиме да чекориме и ќе останеме верен и омилен избор за здрав и балансиран начин на живот за сите генерации“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

rnБитолското кисело млеко најпрво беше достапно во пакување од 400 г, а подоцна, на барање на потрошувачите, беа воведени и пакувањата од 180 г и 700 г.rnrnКако компанија, Бимилк останува посветена на обезбедувањето на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи, со цел подигнување на нивото на свесност и неопходност од здрав и избалансиран начин на исхрана.rnrnНовата реклама за Битолско кисело млеко можете да ја видите подолу.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=0W4KoIi1nf0